ТОП

arafat-muaremi-ruskoska

Русковска незаконски правела претрес кај Муареми, а дозвола од судот добила без ниту еден доказ

Јавното обвинителство на Република Севера Македонија, постапувајќи по претставка од Управата за финансиска полиција, во согласност со членот 28 од Законот на јавното обвинителство, изврши надзор и увид во предмет оформен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надзорот е извршен од двајца јавни обвинители определени со годишниот распоред за надзор над работата на Обвинителството. Јавните обвинители изготвија службена белешка за увидот во постапувањето во предметот и ја доставија до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.При вршењето на надзорот, јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале во предметот беа задолжени да изготват информација за наводите во претставката. Меѓутоа, само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето.Со надзорот во предметот е утврдено дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција примило анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 година изготвено е барање за издавање наредба за претрес. Барањето истиот ден е доставено до Основниот кривичен суд Скопје.Во согласност со утврдената состојба, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде укажување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во кое се наведуваат констатираните неправилности во постапувањето во конкретниот предмет.При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои согласно чл.33 ст.2 од Законот за јавното обвинителство имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение.​Исто така, укажано е дека во образложението на барањето на Судот погрешно му се даваат податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот има само анонимна кривична пријава. Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице.Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес се наведува дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот е констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои се први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава.Исто така, укажано е дека од содржината и наводите во кривичната пријава не произлегуваат дејствија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание по чл.359 ст.7 вв со ст.3 вв со ст.2 од Кривичниот законик.При постапувањето по пријавата, за исти дејствија доставено е и писмено барање до Управата за финансиска полиција за да ги достави истите списи, кои исто така се бараат да се обезбедат со претресот.Во согласност со чл.27 ст.4 од Законот за јавното обвинителство, со укажувањето, задолжен е јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Укажувањето е во согласност со чл.7 ст.3 од Законот за јавното обвинителство и има за цел да се отстранат сите неправилности по предметот и во иднина да не се дозволат пропусти во постапувањето.​

Македонија | пред 3 години

fasdfasdfasdfasdf

Нова катастрофа, сега на кеј: Нашљакала, невестава, асфалт на травертиинот и гранитните коцки на патеката, поставени пред 60 години, вели Јоц

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го уништува и мајор коритото на Вардар во Влае. Ова е ставот на Јорданка Ивановска-Јоци, која ги анализира состојбите во градот.Јоци посочуа: „Чумата се вратила во градот, може да заклучиме“.Таа во продолжение пишува:Нашљакала, невестава, асфалт на травертинот и гранитните коцки на патеката, поставени пред 60 години. Камењата се носеа од рудник од Матка, а ,,базалтната" коцка исто од рудник од околината.И сега патекава изгледа како да несреќава белосветска пљукнала мастика на кејов и агресивно ја залепила со нога.П.С: Ај, сега Арсовска, оди земи и нарачај нова лага за мене, кај вошкине на Стефчо - нек те бранат од мене.Него, за разлика од тебе, јас го сакам градов. Ти немаш капацитет тоа да го сфатиш.Нема компромис со мене кога некој вака го уништува ко ти. Напишав милион текстови досега за несреќи ко ти, ќе напишам уште десет милиони страници и по тебе. Благодарност до сите кои ми пратија фотографии: Иван Коцев и Наташа Арсовска.И до другарка ми...

Коментари | пред 3 години

ilinden-1

Таче дал директива на членството за Илинден сите да бидат вештачка поддршка на Мечкин Камен, тврди Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дал директива на Илинден сите да одат на Мечкин Камен. Ова доаѓа откако неколку години со ред, делегациите за Илинден од СДСМ и ДУИ се исвиркувани од присутните.„Инсајдери од пробугарската СДС ми кажуваат дека Таче дал директива до членството, на Илинден сите да се нацртаат на Мечкин Камен - за да глумат вештачка "народна поддршка"!?А, бе, квислинзи - да не сум ви во кожата. Кај и да идете ќе бидете исвиркани! Оти народ не може органски да ве поднесе. А вие глумете си "народна поддршка" уште некое време, таман додека не исчезнете“, напиша Апасиев.За Илинден, има цела агенда за прославување.

Македонија | пред 3 години

3C2773EE-781D-4313-91B0-55605F519162

(ВИДЕО) Потоп на граничниот премин “Богородица”, снимка покажува 11 километарска колона

И до десет километри колони со возила има на граничниот премин Богородица. Видео снимка објавена денеска покажува каква гужва има за време на викендот, а се чека со саати.(ВИДЕОТО ТУКА)“Добро утро “Илинденци”, убав провод”, пишува објавувачот.Од почетокот на летната сезона, постојано кружат информациите за гужва на границите. Истите се интезивираат во време на продолжени викенди.

Македонија | пред 3 години

vilma-54352

„Судбината на Катица ти тропа на порти“ и порачуваат на Русковска по снимка која протече, а за која се бара истрага

Коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Откако протече снимка со фотографија од обвинителката Вилма Русковска, каде се слуша разговор меѓу женско лице (бидејќи обвинителката не кажува дали е таа) и мутиран глас (кој звучи како машки), јавноста има свое гледиште на работите.Многумина се згрозени од моментот на мубаетот каде женското лице вели: „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално.. го заборавив, намерно.. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци, хаха“. По ова, следува гласно смеење.Атанасовски е поранешен директор на УБК. Тој беше обвинет од Русковска во случајот „27 април“, кој таа го застапуваше пред суд. Тој доби и затворска казна, а за време на процесот, беше во притвор во затворот во Шутка.Дел од коментарите на твитерџиите кои ја споделуваат снимката:https://twitter.com/ThalliumMK/status/1553098169529024512https://twitter.com/C4i7Z/status/1553105753635946496https://twitter.com/chodjukot/status/1553108319992258563https://twitter.com/MakFalanga/status/1553125766732316675https://twitter.com/aleks_photo/status/1553305532492140544https://twitter.com/jabandzija/status/1553399531210932226https://twitter.com/KajMakamot/status/1553419531246239745https://twitter.com/ShutkaMining/status/1553434872437506048https://twitter.com/KatttP/status/1553454419819331590https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1553096746703753216https://twitter.com/RistoSmilevski/status/1553311947361325056https://twitter.com/LTortilia/status/1553376302220148736https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1553479592219918336https://twitter.com/Roma92377181/status/1553626570014736386 

Коментари | пред 3 години

35qgfasdfae

(ВИДЕО) Очевидец тврди дека пожарот во тетовската болница не е од продолжен кабел, јавно кажа што се видел

Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во модуларната болница во Тетово. Тој не се согласува со вештачењето дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел и тврди дека избувнал од дефибрилаторот кој бил вклучен во струја во соба број 3. Во моментот на несреќата тој бил со својата мајка, која настрадала во катастрофалниот пожар.Во собата во која избувна пожарот беше мојата мајка и една 21-годишна Македонка, Марија. Таа беше со ментална попреченост и таа ноќ состојбата на Марија се влоши. Потоа, лекарите донесоа дефибрилатор за срце за да ја реанимираат, и кога го поставија апаратот на нејзиното тело, тогаш почна пожарот. Иако излегоа германски експерти и рекоа дека причина за пожарот е продолжен кабел, тоа не е вистина. Јас бев во собата, дефибрилаторот на беше приклучен на продолжен кабел, иако во собата имаше два, а не еден продолжен. Дефибрилаторот беше поставен…. на пример единица беше Марија, вториот кревет беше празен, на третиот беше сместена мајка ми. Дефибрилаторот беше кај креветот број два, директно во штекер, немаше продолжен кабел. Кабли имаше во собата како што открија вештаците, но дефибрилаторот не беше приклучен на продолжен кабел. Пламенот почна кога пукна дефибрилаторот. Пожарот почна од тука“, вели очевидецот Мумин Исмаили за ТВ21.„Кога ја земав мајка ми од креветот за да излезе надвор, бидејќи вратата од соба 3 ми беше на 2 метри од вратата за излез надвор, првиот лекар ми рече да ја внесам во соба бр.2… мајка ми не изгоре во 3-ка, туку во соба 2. Кога влегов во 2-ката, имаше еден слободен кревет, имаше 5 пациенти и ја легнав мајка ми на слободниот кревет, но кај слободниот кревет немаше апарат за кислород, бидејќи обично пациентите ги земаат, и за мајка ми немаше. Му реков на брат ми да донесе еден апарат. Во тој момент, ако видовте, снема струја, стана темно и избувна пожар. Му благодарам на Бога што сум жив, ама знаете ли како останав жив? Со молитвите на мајка ми! Секое парче леб и го ставав во уста, а таа ми велеше – душо моја, се грижиш за мене, Господ да те благослови! Јас во собите видов луѓе како горат, а јас како што гледате жив и здрав сум. Имав повреди, но добар сум“, додава Исмаили.Целиот текст овде.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski-telefon

Референдумска тепачка: едни се „за“ другите бунтуваат

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово.„Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа? Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи?“, прашаа од партијата.ВМРО-ДПМНЕ го оцени потегот на претседателот Стево Пендаровски да го поддржи референдумот како добар почеток, и се надеваат дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта.Доколку тие одлучат да не го поддржат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт.„Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува“, се додава во партиската објава.На истата тема утрово се огласи и владејачкиот СДСМ од каде што порачаа дека референдум против македонски јазик во ЕУ не може да успее. Според нив, референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднале сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата.„Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека Мицкоски е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси.„Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија. Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_e9bd7ac18c7dc2d5aadfa6ea84d8b10e

Талат за Илинден на Мечкин Камен, а Божиновски му вели: Последен пат кога беше во природа не поминавме убаво

Собранискиот спикер, Талат Џафери најави дека ќе оди на Мечкин Камен за празнувањето на македонскиот празник 2 Август - Илинден во Крушево. Ова наиде на коментари на социјалните мрежи.„Последен пат ко беше во природа не поминавме убо“, напиша Божиновски.За најголемиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Македонија традиционално ќе се одржат повеќе манифестации и народни собири бидејќи празникот е и верски.Според најавите за учество на државниот политички врв премиерот Димитар Ковачевски излегува „комита“ на Мечкин Камен во Крушево, собранискиот спикер Талат Џафери „партизан“ во Пелинце, а претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија, Стево Пендаровски „бега“ од народните собири и ќе остане во кругот на Вила Водно.Пендаровски, во вторник ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и ќе се поклони на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров, Борис Трајковски и генерал Михајло Апостолски.

Коментари | пред 3 години

271441411_1316939408808124_4587910942610835444_n

Хаос се случил во скопски ресторан, татко и син осомничени за насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица, татко и син од Скопје, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 41-годишник, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, со оглед дека се работи за лице кое и претходно е осудувано за повеќе слични кривични дела. Исто така, постои и опасност осомничениот да му се заканува или да го нападне оштетениот во обид да го принуди да го смени исказот. За неговиот 21-годишен син, пак, предложени се мерки на претпазливост.

Скопје | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Мицкоски: Нема да го поддржиме заемот од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните од претходната енергетско кризна состојба

„Оптимизмот е дека ќе се набави јаглен, а не дека нема да имаме енергетска криза. А, не е оптимизмот по која цена и од каде пари. Еве сега да речеме повторно ќе дојде во Парламентот закон со кој што вие граѓаните ќе се задолжите со 100 милиони евра. И они сега што сакаат да направат? Сакаат да прогласат енергетско кризна состојба, за да можат овие 100 милиони евра при оваа набавка на јаглен, на мазут, и на останато, да ги трошат во четири очи, да ги крадат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посета на општина Петровец одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра се додека власта не каже каде ги потроши парите од минатата енергетско кризна состојба.„Нашиот став е ДА за енергетската кризна состојба, но прво да видиме каде ги потрошија парите на граѓаните од минатата енергетско кризна состојба. И нема да го поддржиме овој заем од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„Владата и владините министри се сѐ побогати, а народот е се посиромашен. Додека не видиме каде отидоа парите ние нема да се согласиме ниту на нова енергетска кризна состојба, ако треба мерки за поддршка на стопанството подготвени сме како мерки да ги поддржиме, но не и да дозволиме Владата да биде на начин на кој што ќе ги краде парите преку условно кажано енергетско кризна состојба. И сега видете го вториот парадокс, првиот парадокс е го опљачкаа ЕЛЕМ, ЕЛЕМ кој што произведувал по 6 – 6 ипол терават саати, сега произведува помалку од 3 терават саати и како награда добија нова компанија со нови управни, со нови надзорни одбори која што треба да го врши затоплувањето на Скопје. Овие „способниве“ што ја уништија ЕЛЕМ сега треба да им дадеме во рака нови 100-тина – 200 милиони евра, пари на граѓаните да ја доуништат новата компанија со нови управни, со нови надзорни одбори итн. Од прилика тоа е планот, и тоа е она кое што ни го нуди Владата, а нормално во јавноста пред граѓаните шири условно би рекол песимизам и позади завесата ги бројат провизиите од тендерите во четири очи. Тоа е суштината, а тоа ние нема да го дозволиме како ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

296268678_474391848034168_3991550570247439334_n

ФОТО: Охрид го направиле депонија, „Охридски Комуналец“ од зори го чисти

Екипи на Јавното претпријатие "Охридски Комуналец" од рано утрово на терен ги расчистуваат големите количини смет кој беше направен во доцните часови.„Апелираме за подостоинствено однесување во користењето на јавните површини“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

DSC_0052

Полицијата ги направи „попара“ возачите во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се осум санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

269763897_805643980301785_3353312909023763222_n

Тешка сообраќајка вечерва во Скопје, неофицијално има и загинати

Тешка сообраќајна несреќа на патот од Драчево кон Студеничани во Скопје, објави порталот 4news.mk.– Според информациите од терен, се судриле мотор и трактор. Неофицијално има и загинати лица, објави порталот.Патот е целосно затворен за сообраќај. Наскоро повеќе информации…

Скопје | пред 3 години

Bislimovski

За просечна сметка за топлинска енергија од 1800 денари, зголемувањето на сметката ќе изнесува 250 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се зголемува крајната цена на испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од БЕГ за 14,18%. За просечна сметка за топлинска енергија од 1800 денари, зголемувањето на сметката ќе изнесува 250 денари.„Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини на природен гас што се увезуваат од Русија. За производство на топлинска енергија користиме увозен природен гас чија цена денес е околу 10 пати повисока од цената во јули 2021 година. Енергетските компании што вршат снабдување со топлинска енергија побараа зголемување на цената и до 78%. Во денешните одлуки зголемувањето на цената за најголемиот број потрошувачи кои се снабдуваат од БЕГ е само 14,18% што се должи на значајната субвенција во цената на топлинската енергија за домаќинствата од страна на Владата. Според одлуките се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70% од потребната топлинска енергија, а 30% да се обезбедат од топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, цената ќе се зголемеше за над 100%. Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут. Апелирам сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во следната грејна сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето, бидејќи еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5%“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Скопје | пред 3 години

281126796_151427464074854_4584871628793186757_n

Ексдиректорот на „Идризово“ со шок детали, открива за притисоци и рекет од Марјан Спасовски

Поранешниот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи за „А1он“ сведочи дека трпел притисоци од директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, за да го премести Бојан Јовановски-Боки 13 во полоши услови. Реџепи открива дека Спасовски постојано го правел тоа, но тој не подлегнал на притисоците. Јовановски го оставил да ја отслужува казната, онаму каде бил сместен кога влегол во затворот.„Марјан Спасовски секогаш ми правеше притисок за овие две личности, Бојан Јовановски и Сеад Кочан. Тој викаше дека тоа го бара СДСМ. Моето мислење е дека тоа не е барање на СДСМ, бидејќи тој сакаше да ја постигне неговата цел. Да рекетира. Тоа му е целта на него“, открива Реџепи за „А1он“. Прочитајте ја целата вест

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања