ТОП

bisijana-dzaferi-750x430-1

Ќерката на Џафери ќе се грижи за топлите домови на скопјани

Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џефери, Бесиана Џафери Беќири е избрана во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за преземање на парното во Скопје, објави порталот Фактор.Според порталот, со ЕСМ снабдување со мандат од 6 месеци ќе управува Месуд Јакупи (ИТ администратор) познат по тоа што беше шеф на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, а во надзорниот одбор покрај Бесиана ќе седнат Петар Петровски и Зорица Гиовска.Во ЕСМ производство на топлина за директор е назначен Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Во Надзорниот одбор се Соња Стефановска, Љупчо Кижевски и Валбона Халили.За директор на ЕСМ дистрибуција на топлина е назначена Менка Јовановска, дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова.ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетига ѝ ги одзеде лиценците.

Скопје | пред 3 години

nuklearka-vo-ukraina

Шефот на атомска енергија: Дозволете ми да ја посетам најголемата нуклеарна централа, треба да го проценам нивото на опасност

Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повторно апелираше за пристап до украинската нуклеарна централа, која сега е под контрола на руските сили, за да се утврди дали таа претставува одредена закана.„Контактот со најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа во Запорожје и е управувана од украински техничари, не е стабилен и не работи на дневна основа“, изјави Рафаел Гроси за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“.„Не можеме да си дозволиме да имаме несоодветна комуникација со објектот во областите критични за безбедноста. Свесни сме за наводите дека во објектот се складира боева муниција и дека се случуваат напади врз електраната“, рече тој.„Да бидам искрен, ако немам пристап, не можам да одредам степен на опасност. Има контрадикторности меѓу извештаите од руската и украинската страна. Добивам информации, ги спомнувам во извештаите, но можам „Одреди дали тоа одговара на фактите“, рече Гроси, како што пренесува „Гардијан“.Русија соопшти дека и понудила на МААЕ да го посети објектот, но дека Украина одбива да соработува. Од друга страна, Украина не сака да ја легитимира руската окупација на објектот.Гроси рече дека засега не гледа оти конфликтните страни се подготвени да постигнат каков било конкретен договор.Да потсетиме, Гроси вчера упати драматично предупредување во врска со најголемата европска централа Запорожје, наведувајќи дека нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“.Ситуацијата таму станува се поопасна секој ден, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се спречи нуклеарна несреќа.„Секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен“, рече тој. „Заканата е исклучително сериозна и опасна“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

arafat-muaremi-finansiska-policija-F-1

Муареми и врати на Вилма: Обвинителке, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета

Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, се вели во реакцијата на директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми насочена кон шефицата на ОЈОГОК, Вилма Русковска.„Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам.Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување.Одговорност за вашето самоволие мора да има“ вели Муареми.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-29-at-19.36.42

Русковска бара странска помош, додека е на одмор надвор од Македонија: САД нека провери кој се бори против криминалот

Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска вечерва ги повика амбасадите на помош од, како што вели, притисоците на директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, а кој е владин функционер и е нејзин подреден.Повикот на Русковска дојде по брифингот со селективно одбрани новинари на Муареми, додека во Финансовата полиција обвинители од организиран криминал се обидуваат да дојдат до отворени, но незавршени истраги, а во кој брифинг тој ги информирал новинарите дека ќе им поднесе и кривични пријави на обвинителките кои влегле да му вршат претрес.Во овој момент, Русковска се наоѓа на одмор во странска држава.„Јас како обвинител со стаж повеке од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, го почнува Русковска обраќањето до јавноста и до амбасадите.Таа ги повика пред сè домашните институции да реагираат за притисоците лично кон неа и кон Обвинителството за гонење организиран криминал. Обвини дека во државата има криминал, но има притисоци тој да не се гони.„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.Таа ѝ се обраќа посебно на Владата.„Згрозувачки е овој притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата Арафат Муареми, како и мешањето во предмет на ОЈО ГОКК кое е стриктно забрането, согласно Законот за јавно обвинителство. Ако Владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку ПР преку медиумите, вистината мора да излезе на виделина!“, бара Русковска.Потоа, вели дека сака да праша – како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Ременски, Рашковски и Зеќири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери?„Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК треба и меѓународните институции какои амбасадите на САД на ЕУ сериозно да преземат мерки, затоа што ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив! Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија, во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери, за обвинители да замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта“, вели Русковска.Таа вели дека сака да ги сподели веднаш наодите од почнатата предистрага кај Муареми.„Во периодот што следува сум подготвена со јавноста да ги споделам информациите кои ОЈО ГОКК ги има и ќе ги обезбеди за лицето за кое се проверува постапувањето Арафат Муареми (сè уште директор на Финансова полиција), па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против криминалот“, велии шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал.„Никогаш нема две вистини. Има само една“, завршува Русковска.На 18 јули, Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Управата за финансиска полиција, кај директорот Арафат Муареми во предистражна постапка,а Русковска рече дека наредбата ја дала по пријава на група граѓани против директорот.На 25 јули директорот Муареми ја пријави Русковска кај државниот обвинител Љубомир Јовески. На 28 јули Муареми побара од Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова полиција на барање на Русковска.На 1 август, државниот обвинител Јовески по пријавата на Муареми соопшти дека утврдил оти Русковска дала наредба за незаконски претрес во Финансиска полиција, давајќи му претходно погрешни информации на судијата на претходна постапка за да ја обезбеди наредбата. На тоа Русковска кажа дека ни државниот Јавниот обвинител Јовески, ниту вишите јавни обвинители имаат прaво да се мешаат во работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-03-at-10.04.22

(ВИДЕО) Момент во Охрид кој ќе се памети: Најбараниот светски диџеј Timmy Trumpet направи шоу!

Timmy Trumpet- моментално најбаран диџеј , на 9-то место на топ 100 DJMag листата на најдобрите диџеи во светот, првпат со настап во регионот на Ohrid Calling.Во чест на Илинден, не заборави да го честита празникот со три македонски песни во сетот, кој го заврши со Јовано, Јованке.Овој момент ќе остане запомнат:

Магазин | пред 3 години

837B12BA-F55D-49D7-92D1-2DBEC2EBB217

Сведоштво: Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот

Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство таму, реагираше Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија кој присуствуваше на денешната 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.„Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Тодор Александров и Ванчо Михајлов не ги почитуваме. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас“, рече Ѓоргиев.

Македонија | пред 3 години

46B91DD6-E95F-4A93-8D14-C47469FF292C

(ФОТО) Најважниот момент за годинешниот “Илинден”

Во манастирот Прохор Пчински во Република Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.Поставената табла е двојазична, на македонски и на српски јазик, пишува:„На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.Во манастирот Св.Прохор Пчински утринава за верскиот празник Св.Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА.Македонската делегација на чествувањето ја предводи претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

Македонија | пред 3 години

Foto-5

Пендаровски: Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт

По повод државниот празник 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечената церемонија што се одржа во Кабинетот на претседателот и во чии рамки беа доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.На Свети Илија го славиме нашиот најголем државен празник, затоа што на денешен ден, македонскиот народ и неговите сонародници ги воспоставија своите две републики – Крушевската во 1903-та и асномската во 1944 година. Барајќи излез од авторитарните монархии и автократските режими кои систематски го обесправувале, асимилирале и експлоатирале, македонскиот народ спасот го нашол во републиката како најправеден и најпрогресивен државен поредок. Поредок кој требало да му овозможи да има слободна, функционална политичка заедница обединета околу општото добро и јавниот интерес.Крушевскиот манифест ни ги дава контурите на Републиката за која се бореле илинденците - Република положена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера.Визијата за Републиката е надградена за време на Народноослободителната и антифашистичка војна во која партизаните ги обединија сите прогресивни сили во широк национален фронт. На слободните територии беа воспоставени народноослободителни одбори како никулци на идната асномска република, која по самата своја суштина беше национална и антифашистичка.Борејќи се за една таква прогресивна антифашистичка република многумина ги дадоа своите животи, меѓу нив и нашата прва партизанка, Невена Николова Георгиева-Дуња. Невена својот краток живот го посвети на борбата за социјална правда и национална слобода. Веруваше дека преку антифашистичката борба и жените ќе се изборат за својата рамноправност со мажите. Невена учествувала во формирањето на дури три партизански одреди – Скопскиот, Струмичкиот и Велешкиот. Пеш ја има крстосувано татковината и како Дуња, Стојка и Рајна го мотивирала народот да се вклучи во борбата. Гонета од фашистичкиот окупатор и неговите контрачети, Невена херојски загина за да им овозможи на своите соборци безбедно да се повлечат и да ја продолжат борбата за слобода.Споменот за неа е толку силно врежан во нашата колективна меморија, што ако денеска ги прашаме луѓето, огромното мнозинство од нив, без задршка ќе речат дека Дуња е народен херој од НОБ. За жал, фактите зборуваат дека е направен пропуст и дека таа никогаш не била прогласена за народен херој. Затоа, во знак на благодарност, ние денешните генерации, постхумно ја одликуваме со Орден за воени заслуги.За да видиме за каква република се избориле учесниците во НОБ, треба да погледнеме во животната активност на великаните на таа славна антифашистичка генерација, по војната. Еден од нив е и Крсте Црвенковски, првоборец и народен херој кој активно учествувал во народното востание од самиот почеток на 11 октомври 1941. Тој лично сведочи дека „во одлуките на АСНОМ стремежите за сувереност и државност на македонскиот народ и Републиката се кристално јасно формулирани. На таа основа беше заснована новата македонска република“.Како долгогодишен член на највисокото политичко и државно раководство на републичко и на сојузно ниво, Крсте Црвенковски имал можност да ја преточи во дело неговата визија за Републиката како општо добро. Третирајќи ги сојузните републики како национални држави на конститутивните народи на Југославија, Црвенковски се залагал за децентрализација на федерацијата и почитување на легитимните интереси на републиките. Неговата улога во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, развојот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и возобновувањето на Македонската православна црква, сведочи за неговата визија за македонска република со развиено образование и наука и со автономија на културниот и духовниот живот. Бил против ригидното разбирање на партискиот монопол, за либерализација на политиката и демократизација на државата. Доживувајќи го македонскиот мултиетнички амбиент како предност, а не како недостаток, активно се залагал за целосна еманципација и афирмација на немнозинските заедници.Пред 33 години, како млад човек кој прв пат навлегува во водите на политиката, имав чест да го запознам, заедно со неговите истомисленици Славко Милосавлевски и Ќамуран Тахир и лично да посведочам дека иако биле дел од монопартискиот систем, знаеја да го насочат погледот и надвор од идеолошките параметри на времето.Имајќи ги предвид сите негови заслуги, постхумно го одликуваме Крсте Црвенковски со Орден на Република Северна Македонија.Славната антифашистичка генерација полека ја напушта историската сцена. Се помалку меѓу нас ги има живите учесници во тие настани. За жал, низ годините на независноста сведочевме и на обиди да се релативизира значењето на НОБ, а со тоа и на делото на нашите партизани. Во пресрет на Илинден имав чест да посетам неколкумина од преживеаните борци и да ги прашам за што се бореа и против кого се бореа. Сеќавајќи се на борбата за слободна македонска република, Илија Дуновски од Охрид ми рече, „битката не се добива само со пушка, но и со срце, со храброст.“ Затоа, денес, на сите живи партизани, им се заблагодаруваме со Медали за храброст.Со овие одликувања ние денес на симболичен начин правиме обид за исправање на неколку историски неправди. Првата, направена со пропустот Невена Георгиева-Дуња да биде прогласена за народен херој. Втората со отстранувањето на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики. Третата со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како папочна врска меѓу нашиот прв и нашиот трет Илинден.Овој чин го правиме во период кога нашата држава по кој знае кој пат се соочува со обидите да биде негирана националната самобитност на македонскиот народ и да бидат оспорени неговите уникатни национални белези.Револтот на граѓаните е оправдан, затоа што сите успеси како независна држава ги добиваме по потешкиот пат, но, не се откажуваме од стратешката цел да станеме дел од заедницата која со сите свои недостатоци, сепак, создала простор во кој луѓето се слободни и свои.Во рамките на нашите заложби за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, имаме цврста намера да ги исполниме сите услови од европските преговарачки поглавја, но, немаме намера со кого било, наместо за европски вредности да разговараме за возобновување на империјалистички концепти и идеи од минатите векови.Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на Северна Македонија како современа европска република. Овие напори се жртвата на нашата генерација за нашите млади и за нивната иднина. Но, за сето ова да не биде залудно, огромна незавршена работа нè чека дома каде што треба да продолжиме да ја градиме државата како праведна и прогресивна во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство и ефикасен правен систем што ќе ги сузбива криминалот и корупцијата.Свесен сум дека кај дел од граѓаните постои стравување дека на тој пат кон Европа ќе биде цензурирано нашето историско паметење. Дека наводно веќе нема да можеме да спомнуваме против кого се бореле нашите херои. Или дека ќе треба да ги затвориме очите пред фактите за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и масакрот на младинците во Ваташа. Дека ќе ги затвораме ушите за да не ги чуеме сведоштвата на нашите последни живи борци, на генерацијата која на своја кожа ја искуси окупацијата во периодот 1941-1944, спроведувана од профашистичката влада во Софија.Но, кога би престанале да ја зборуваме историската вистина ние би станале соучесници во креирањето на една нова историска неправда. Токму овие одликувања се нашиот одговор на секој обид да се замолкне вистината. Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт.Со историската вистина нема компромис, говорењето на историските факти, никогаш не било, ниту може да биде говор на омраза. Проектот на обединета Европа недвосмислено потврдува дека патот до автентично и трајно помирување меѓу народите води преку правдата втемелена врз вистината. Затоа, ќе продолжиме да ја зборуваме вистината и само вистината.Драги сограѓани,Не треба да чувствуваме никаков страв. Ако македонскиот народ не подлегнал на обидите за асимилација, денационализација и историски ревизионизам во периодите кога бил обесправен и немал своја држава, денес, при своја држава, шансите за такво нешто се непостоечки. А наша должност е да се грижиме нашата република, сите нејзини граѓани подеднакво да ја чувствуваат како своја татковина.Нека е за многу години Илинден!

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Хаос на Мечкин Камен: Едни ја исвиркуваат Владата, други и аплаудираат

Едни извикуваат „У-а“ и ги исвиркуваат, другите аплаудираат на Мечкин Камен. Ова е атмосферата за време на одбележување на Илинден. Заштитна ограда за граѓаните и засилено полициско присуство. Има развиени македонски знамиња, како и знамиња на ЕУ. Соседниот табор вее знамиња од Вергина и ги исврикува владините претставници.Веќе имаше најави дека СДСМ организирала автобуси кои ќе носат партиско членство и симпатизери на Мечкин Камин. За ова се коментираше дека се организира за да има повеќе аплаузи.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-02-at-10.33.38

Јоци ја „расшљака“ Тамара: Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше

Тамара Тодевска, вчеравечер во Крушево на владината приватна манифестација ја пееше „Тајно моја“ од Тоше Проески. За прославата, Јорданка Ивановска-Јоци во својство на политиколог вели дека е настан каде каде власта се опкружи со многу полиција и партиски бодигарди.За неа, пеењето на „Тајно моја“ од страна на Тамара е најбесрамно.„Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше! Но, тој никогаш не го направи тоа, затоа што сметаше дека ,,тоа се проколнати пари". Да не зборувам како никогаш не би ја поддржал оваа влада која потпиша договор со Бугарија, на наша штета и уште еднаш стрелаше и ги уби нашите претци кои загинаа за слобода.Мршупичкуматер! П.С: И, те молам поштедете ме овојпат од плачки, патетики и јавување на некои твои другарки, да мољакаат за тебе“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

vo-borba

(ВИДЕО) Владата слави Илинден во Крушево, а го бришат Гоце Делчев од песната „Во борба, во борба“

Скандал на вечерашното отворање на прославата за Иинден од страна на Владата на премиерот Димитар Ковачевски. Во текот на изведбата на добро подготвената програма, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.Впрочем еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:“Излеговме ние смели партизани,над нас на Гоце знамето се вее,во гори, полја и на сите страни,фашистичка крв насекаде се лее.“Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака:Како што можете да видите, односно чуете, исфрлена е и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци, и Албанци!За да се уверите, послушајте го видеото со токму овој дел од вечерашната прослава.

Македонија | пред 3 години

296385553_10228915353577908_999786771921361173_n

Коментар на денот: Илиден е непокор, а Илинденците се нападнати и денес од коие кои мртви сакаат да ги победат и збришат

„Илинден е непокор, вечна борба, сеќавање на жртвите кои ги дале многу луѓе за да ја имаме Македонија. Многу битки се воделе, многу гробови се ископале, многу семејства останале без своите, а како што изгледа битките не се готови. И денес се нападнати и Илинденците и партизаните од оние кои мртви сакаат да ги победат и да ги збришат, но ние живите нема да им дозволиме“, коментира Божидар Божиноски, сценарист и критичар.Тој додава:1903-та се крена поробен народ, негиран и мал, заедно со сите други народи кои живееа тука, братски, против една окупација. Може и никогаш немаа шанса да издржат повеќе од 10 дена против моќна империја, но на нивниот пример конечно се оствари вековниот сон да имаме држава.1944-та повторно заедно и Македонци и Албанци и Турци, Роми, Власи го довршија делото на Илинденците со пушка во рака и петокрака на чело против најголемото зло - фашизмот. Никој не ни ја подари Македонија, Македонија е платена со крв и животите на многу партизани и партизанки, антифашисти чија борба не ни дозволува да се откажеме пред налетот на фашизмот во ова време. Биле победени фашистите еднаш, ќе бидат на колена повторно.Македонија е убава земја, но лоша држава. А можеме и ќе биде подобро.

Коментари | пред 3 години

ilinden

Сто и деветнаесет години од Крушевската република 🇲🇰

Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Годинава, 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.По тој повод, претседателот на државата и делегации на Собранието и на Владата, ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. Институциите ја објавија агендата за денешното чествување, според која оваа година, шефот на државата Стево Пендаровски ќе ја предводи државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на свеченоста во Крушево, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настаните организирани во Пелинце.Одбележувањето на Денот на Републиката и Илинден на 2 Август ќе започне со настани во Скопје, во 8:00 часот, кога делегацијата предводена од шефот на државата Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“.Потоа, делегации ќе положат свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.Одбележувањето на празникот ќе продолжи со обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски на платото во вилата на Водно во 9:00 часот, по што ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество.Со Орден за воени заслуги, постхумно ќе биде одликувана Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.Со Медал за храброст ќе бидат одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дaфинка Богоева.– Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.Владината делегација на манифестациите во Скопје ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а о нејзин состав ќе бидат и министрите за одбрана и за информатичко општество и администрација, Славјанка Петровска и Адмирим Алити, заменик-министрите за животна средина и просторно планирање и за одбрана, Христина Оџаклиеска и Башким Хасани и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски.По свеченостите во Скопје, државнo-црковна делегација, предводена од претседателот Пендаровски, по осумнаесет години, по повод 2 Август – Илинден, во 12:30 ќе го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година. Во состав на делегацијата ќе бидат министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополитот кумановско-осоговски Григориј, епископот Стобиски Јаков, како и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ.Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската православна црква.По повод посетата на манастирот, претседателот Пендаровски во саботата оствари телефонски разговори со неговиот српски колега Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј.Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области, а посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении, е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.Во разговорот со патријархот Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на одлуката да биде овозможена посетата на манастирот, што следува со прифаќањето на канонското единство и автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.Покрај одбележувањето на Илинден, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ.Заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ.Пред Меморијалниот центар во Пелинце, пак, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, пред споменикот на АСНОМ, претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10:00 часот ќе положени цвеќе. Пред споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце цвеќе ќе положи и владината делегација во состав од министрите за труд и социјална политика и за здравство Јована Тренчевска и Беким Сали и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.По полагањето цвеќе ќе следува обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе биде организирана културно-уметничка програма.Премиерот Димитар Ковачевски, предводејќи висока владина делегација, со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево. Во состав на владината делегација ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министрите за култура и за внатрешни работи, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Оливер Спасовски.Владината делегација, во 8:30 часот, ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република. На спомениците цвеќе ќе положи и собраниска.Во 10:30 часот, со присуство на владината делегација на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“ и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен, продолжува церемонијата во чест на националниот празник. Свечениот дел на манифестацијата ќе започне во 11:30 часот на Мечкин камен, со обраќање на премиерот Ковачевски.Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана и празнична културно-уметничка програма.Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.Од 9:00 часот, владината делегација, предводена од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во придружба на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски ќе оддадат почит на могилата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што ќе следува посета на Меморијалниот музеј со положување на цвеќе на споменикот на Даме Груев, а во 10:00 часот во спомен паркот „Даме Груев“ ќе започне традиционалната прослава.По повод Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ќе го посети струшкото село Ташмаруништа, каде во 10 часот предвидено е да одржи и говор пред присутните.Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателот Александар Николоски, во чиј состав ќе бидат и членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, додека друга партиска делегација предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот центар во Пелинце.На денешен ден се одбележуваат два важи датуми во македонската историја. Во 1903 година, на полноќ спроти Илинден, камбаните во Крушево го објавиле почетокот на Илинденското востание, за време на кое околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Заседанието го отворил најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, Панко Брашнаров. На заседанието бил избран Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто, а биле усвоени и неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на Демократска Македонија.

Македонија | пред 3 години

0FA2B28F-57E1-4C2F-97C6-613438459EF9

Почина Илинка Митрева, ексминистерка за надворешни

“Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи”, објави СДСМ и додаде:Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.Нека почива во мир.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поскапува дизелот, нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 27.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,344%, кај дизелот зголемување за 1,336%, кај екстра лесното масло намалување за 0,95% и кај мазутот зголемување за 1,137%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.Од 2.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,484%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања