ТОП

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

Загина велосипедист, прегазен од автомобил

На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.Фото: Илустрација

Македонија | пред 3 години

2022-08-06_10-08-35-098

(ФОТО) Седум уапсени, фатени биле со марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3 часот и 30 минути, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, "фолксваген голф" и "туран" со тетовски регистерски ознаки и "бмв" со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

2

Хорор во затворот „Идризово“: Заклан американски државанин

Американски државјанин со потекло од Струга бил заклан во затворот „Идризово“ во Скопје, дознава „Скопје1.мк“. Станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога. Тој, бил прободен од друг затворени, а во болница завршил со две рани. За случајот потврда има и од МВР, каде е пријавен случајот. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.Прободениот затвореник имал нарушени односи со друг затвореник. Сместен е во старата зграда на затворот. Во неколку наврати упатувал барања кон директорот Шпенд Таири за преместување во други простории, но неговите барања биле игнорирани. Прободениот алармирал дека ако не биде префрлен во друго одделение може да дојде до ваква ситуација, како и дека животот му е згрозен. Директорот Таири, исто така не реагирал.Овој грозоморен чин доаѓа откако во затворот „Идризово“ беше направен претрес и беа одземени ножеви и други недозволени предмети. Поради ваква причина беше разрешен и директорот Реџеп Реџепи. Ако се следи тој пример, а откако може да се утврди дека во затворот повторно има недозволени предмети но и прободен затвореник, може да се очекува и барање за разрешување и на новиот директор Шпенд Таири.

Македонија | пред 3 години

1234123412341234

Му испрати ли Русковска порака на Спасовски поврзувајќи го со претресот во Финансиската полиција?

Од Арафат Муареми, директор на Финансиската полиција, Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска топката ја сврте кон Оливер Спасовски. Преку брифинзи дадени по медиуми, се чини дека започнува нова битка. Иако во јавноста беше познато дека Русковска го „тресела“ Муареми поради како што изјавила, 300 предмети кои се заборавени и по кои не е постапено, но и поради кривична пријава од сопственик на дебарска перална, сега со брифинзи се менува реториката.„СДК.мк“ објави дека една од пријавите (чија содржина велат дека ја знаат од брифинг) кои наводно ги добило Обвинителството каде шефува Русковска, а се однесувала на станицата во која што бил извршен технички преглед на автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија. Во текстот, експлицитно се додава: „а е против МВР“. Ова се толкува дека пријавата е против Оливер Спасовски, а од Обвинителството со кое раководи Русковска се испраќа некаква порака.Со ова се отвора старо-новиот фронт Русковска-Спасовски. Но нејасно е како ова го оправдува претресот во Финансиската полиција, која е надлежна само за финансиски криминал, но не и за издавање на дозволи за исправност на возило, како и лиценци.Јавна тајна е дека Русковска и Спасовски не се во добри односи. Познато е дека искри летаа уште кога таа го ангажираше поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, во нејзиниот тим, а само неколку дена откако тој од Спасовски, односно МВР, доби предвремено пензионирање. Се чини дека овој брифинг може дополнително да ги влоши односите.Освен ова, Русковска за „Призма“ во мај минатата година се пофалила дека сѐ помалку МВР знае што таа работи. Таа гордо се фалеше дека малку луѓе од МВР знаеле за предметите „Рашковски“ и „Планина“, но и други отворени случаи.Спасовски досега, никогаш не и давал на значење на Русковска, ниту ги коментирал нејзините постапки.Од Русковска досега „раце кренаа“нејзини колеги обвинители кои се дел од Здружението на јавни обвинители, додека таа се караше со Муареми. Незаконско постапување констатираше и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески со неговите колеги. Шефицата на Обвинителството за организиран криминал се обиде да добие поддршка од странските амбасади како САД, но и од ЕУ, но и тие ѝ рекоа: „Ова прашање треба да го решат надлежните органи“.Доколку биде покрената постапка пред дисциплинската комисија или пред Советот на јавни обвинители, Русковска може уште пред нејзиното пензионирање во ноември да биде суспендирана.

Македонија | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Едно починато лице, 739 случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на КОВИД-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.Од вкупниот број на позитивни (739), регистрирани се 153 реинфекции.Регистрирани сe 659 оздравени пациенти од: Скопје – 317, Битола – 69, Велес – 36, Кавадарци и Прилеп – по 34, Штип – 22, Гостивар – 21, Тетово – 20, Струмица – 14, Неготино и Гевгелија – по 11, Радовиш, Кичево и Кочани – по 10, Кратово и Валандово – по 6, Ресен – 5, Крива Паланка – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 3, Берово и Демир Хисар – по 3, Куманово, Охрид, Струга, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (73г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се  регистрирани  починати лица.Направени се 1.570 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–146, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-40, Биотек-36, Систина-27, лабораторија Лаор-5, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-16, Генеа-6, Никоб Лаб-29, ВФВ Медикал-15, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 724.Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.

Македонија | пред 3 години

297674758_5988856367796499_3086257061501720625_n

(ВИДЕО) Почина доајенот на македонското глумиште Митко Апостоловски кој кажа: „Македонија е свето име, мамето ваше“

Почина актерот Митко Апостоловски кој ја кажа најмоќната реплика: „Македонија е свето име, мамето ваше“.МитМитко Апостоловски (р. 7 март 1955 година во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работи во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола.Апостоловски ги одиграл театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…Апостоловски во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…Бил глумец во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.Неговите колеги од Народниот театар во Битола, како и многу битолчани од него се простуваат на социјалните мрежи, а неговиот колега Петар Горко напиша дека ова е неизмерна загуба.

Македонија | пред 3 години

bisera-kostadinovska-kultura

(ВИДЕО) Министерката за култура ги налути уметниците на кои им кажа како да творат

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, вели дека авторите треба да творат слободно, но „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“.„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, вели министерката.Во македонската јавност се појавија дилеми во врска со тоа што, според Протоколот, претставува говор на омраза и кој ќе го утврдува. Членот 16 од македонскиот Устав ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот.„И впрочем, што е говор на омраза? Дали историската вистина е говор на омраза?, прашува во прилогот на Гласот на Америка на македонски јазик писателот Петар Андоновски.

Магазин | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Нови цени на горивата: Бензинот поевтинува, дизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,077%, кај дизелот за 1,823%, кај екстра лесното масло за 2,619% и кај мазутот зголемување за 0,624%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 94,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,083%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

gabriel-bajram-1

Габриел Бајрам ќе остане уште 30 дена во затворот во Шутка, судот се сомнева дека ако го пушти ќе избега

Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам, доби нови 30 дена притвор. Тој останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела, дознава „Скопје1.мк“. Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи.Кривичниот суд смета дека ова е исправно и дека постојат основни сомневања кои го потврдуваат ставот на Обвинителството. Ова значи дека Бајрам ќе остане во притвор до септември.Големо влијание на судската одлука за продолжување на притворот е тоа што Габриел Бајрам е осудуван. Тој и порано бил пријавуван за слични дела, но ги повторувал истите.Габриел Бајрам е осомничен за насилство кое го сторил пред два дена на семејна веселба во ресторан на улица Словенечка. Насилниот советник барал тањири за да кршат гостите додека се веселат, но вработениот не му дозволил по што Бајрам фрлал шишиња и чаши кпн него. Во насилството му се придружил и синот Валентин кој исто така е осомничен.„ Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот“, соопштија од Обвинителството.

Македонија | пред 3 години

DSC_0610

Месечните трошоци за живот пораснаа за 100 евра, Апасиев впери прст кон Ковачевски

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев посочува дека трошоците за живот растат, а ако едно семејство со минимална плата, има и две малолетни деца, тогаш ќе треба да најдат плус пари за да преживеат.„Месечните ТРОШОЦИ за живот пораснаа за +100€. Тоа значи дека ако имате две деца и со жена ти работите за минималец, ќе треба да се позајмите 4.000 денари за да го поминете месецот. Ете толку се "успешни" политиките на економистот Таче и бугарофилската СДС“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 3 години

moj-ddv

Доколку скенирате сметки, насоки што треба да направите со апликацијата „Мој ДДВ“

„МојДДВ“ засега е функционална само за уредите на „Apple“. Управата за јавни приходи преку соопштение објаснува:Почитувани корисници на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи, информира дека прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.За новата верзија на МојДДВ ќе треба да се направи ажурирање (update) на апликацијата на Apple appstore односно Huawei app gallery, а потоа да се изврши најава во апликацијата МојДДВ и во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ да се одбере „напреден“.По објавувањето на новата верзија на МојДДВ и на playstore, УЈП ќе повторно ќе извести.

Македонија | пред 3 години

ruskoska

Јавноста и суди на Вилма: „Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“

Караниците меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организинран криминал Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција Арафат Мауреми никако да запрат. Сите погледи се насочени кон оваа драма, која резултира и со кривични пријави, но и поплаки од Русковска упатени до странските амбасади.Директорот Муареми вчера ја повика обвинителката Рускосква ако има со сознанија за сторен криминал, да ги докаже и да пласира обвинителен акт против него наместо да споделува неосновани информации.Руковска отворено ги повика сите надлежни домашни и меѓународни институции „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.Во писмото, таа побара во Македонија да дојде европската обвинителка Лаура Ковеши за да ги провери сите предмети на „нејзиното“ ОЈОГОКК, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и најновиот за Муареми.Јавноста има свој суд за Русковска. Дел од пишувањата:„Љубовната приказна на Ненси Пелоси потврди дека е поданик, а не жалба до судот, возврати Русковска“.https://twitter.com/bakraci/status/1555463660713164801„Што кажа владата за случајот со Русковска и Муареми?“https://twitter.com/1VidiVidi/status/1555465790538883072„Од каде слобода - Русковска да бара помош од странците? Веројатно бара реванш, за услугите што тие од неа ги барале!“https://twitter.com/OTrajkovska/status/1555426194924912640„Откако си прават што сакаат и притоа никој ништо не им може, функционерите на власта меѓу себе ќе се изедат. Муареми и Русковска ја забављаат јавноста сега со своите сомнителни дејства, секој во својата област“.https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1555420183996645379„Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“https://twitter.com/Totoska666/status/1555274479537881091„Никој не смее да и писне на Русковска се додека не налета на тврдиот орев ДУИ“https://twitter.com/johnqqqqqqq/status/1555219190721773569„Русковска се раскокодакала ко свекрва на селска чешма, а ја сметав за личност со интегритет и достоинство. Каков блам за обвинителството“https://twitter.com/markoski_goce/status/1555145825822511104„Повикот на Рускоска за спас кон Американците, е злосторство против сопствената етимологија“https://twitter.com/sedo_pero/status/1555295139937112065„Рускоска е Кавал од Раштиман Оркестар“https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1555251757315399680„Рускоска бара да се вклучат Сад и Еу. Муареми ќе ги бара чеченците“https://twitter.com/IdamNaMore/status/1555192451949887489„Од утре продолжува сагата со Вилма Рускоска и Арафат Муареми во главните улоги. Како стојат работите, Вилма ќе е трагичарот“.https://twitter.com/toopersonal_1/status/1554584372942176259

Коментари | пред 3 години

2

Ременски со „нокаут“ за Русковска: Се заканувате, покажвате непозанвање на законите, злонамерни сте, ве победив!

Поранешната пратеничка Фросина Ременски која беше и висок функционер во СДСМ упати отворено писмо кон обвинителката Вилма Русковска која ја гонеше во случајот „Меѓународен сојуз“ каде доби ослободителна пресуда. Ременски и се обраќа откако Русковска ја споменува поранешната пратненичка како лице од високата политика која ја гонела.Нејзиното обраќање во целост:Обвинителке Русковска, кога веќе решивте да го спомнете моето презиме во вашето конфузно и панично полноќно обраќање до странските амбасади, европската јавна обвинителка и меѓународните организации, дозволете да ви одговорам со аргументирани. Ќе ве пресирам со мали букви.Вашата свесна и намерна манипулација со фактите, процедурите, законите и уставните гаранции за човековите слободи и права од позиција на одговорно лице на орган на прогон кои подолг временски период ги практикуватенадвор од етичкиот кодекс за обвинителите се во директна спротивност со вредностите кои ги негуваат европски институции и амбасади кои ги повикувате. Кој ви го напиша обраќањето, побогу?Покажавте основно непознавање на законите и надлежностите на македонските државни институции. Како јавен обвинител самите го погазивте суверенитетот и независноста на државата и нејзините институции, а имате обврска да ги штитите! Од позиција која ја имате во моментот, знаејќи дека писмото е само за домашна „патриотска“ употреба и за кревање на вашиот одамна пропаднат рејтинг, се осмеливте без срам да повикате на меѓународен кривично-правен интервенционизам во кривични постапки за кои вие и Судот имате одговорност. Клеветнички го рушите угледот на државата, Владата и институциите преку свесна и безобразна генерализација дека сите се криминалци, а само вие сте светица и борец против криминалот. Ова е патологија обвинителке!Ова ви го пошувам со чиста совест и без грам страв од сите ваши досегашни, докажани злонамери и тенденции кон мене како личност во време кога пред години пријавував милионски криминал кој вие не го видовте и извршував функција Потпретседател на Собранието на РСМ.Јас проф. д-р Фросина Ташевска-Ременски имам право и општествена одговорност да ги прикажам и обелоденам сите ваши злонамери и злоупотреби. Го должам тоа и на мојата професија и на моите студенти кои ќе истражуваат како не треба. Неосновано бев предмет на ваша пристрасност, (зло)намера, пропречување на правдата, измами и закани кон Судот, кон сведоци во кривичната постапка, кон изнуди за лажни искази, кон докажан на Суд незаконски претрес во мојот дом, кон закани кон судии кои одлучувале за казни, со попречување на сите можни истраги во случајот во институции кои воделе постапки против вас и гнев кога Судот кој пресуди дека вие како обвинителство не сте докажале ништо од едната единствена реченица во обвинението против мене без грам докази.Имам право да ви одговорам обвинителке и од причина што во „гро планот“ на вашето обраќање кон странските фактори се повикувате на вашата „чест, углед и поштење“, кое сте ги научиле од вашите родители кои страдале од „бугарските фашисти и бугарски куршуми“.Знаете зошто имам право?Прво, затоа што мешате баби и жаби и  недозволено се ставате во дневно-политички контекст кој ја загрозува нашата ЕУ интеграција, токму заради овој речник. Второ, затоа што вие лично неосновано ме обвинивте и го најдовте како зло токму мојот углед и авторитет. Тој мој „углед и авторитет вие го ставивте во обвинение“ и го поставивте како таргет за јавен отстрел, ругање, говор на омраза и насилство. Го внесовте во судница во која се срамев од вашиот дилетантизам со кој клеветевте без докази, преку протурање на невистини за создаваање на јавен впечаток и пропаганда за вина.Кога сме кај родителите обвинителке од кои сте учеле за чест и поштење ... И јас научив многу од моите родители обвинителке. Татко ми не загина од бугарски куршум, не беше обвинител што ќе ја бутне ќерка му во обвинителство. Мојот татко беше угледен мајстор и чесен човек од најстарата градска фамилија во Крива Паланка. Почина на сред судскиот процес во кој вие ме втурнавте со вашата зланамера. Се бранев од вербалните куршуми со кои стрелавте секој ден на сите страни. Од татко ми научив многу, затоа што како шнајдер и стечаен работник со години се мачеше со неправдите и лоповлукот од приватизацијата кои со мајка ми ги остави на улица додека бев студент – студент на генерација. Да ..., од таа приватизација и таа олигархија на која вие денес ѝ слугувате и ја третирате како зашитена сибирска мечка. Додека ние - децата на стечајците и работничката класа со мака се бориме против неправдите и криминалот на тие тридеценски заштитени мечки, вие обвинителке одбравте да им слугувате без грам срам!И да ..., и јас нема да дозволам личности како тебе обвинителке да фрлаат клевета и дамка на мојата макотрпно градена универзитетска кариера која произведе 18 генерации студенти кои работат и во вашите истражни центри со кои раководите ..., и за жал извршуваат незаконски наредби издадени од вас лично. Зар не ви е срам безобразно се криете зад тие млади луѓе кои имаат години работа пред себе и зборуваат во какво заробено (од вас) обвинителство работат?Имам право да ви напишам обвинителке и стојам зад се што сум напишала за вас. Додека вие по нарачка и злонамерно „ме пакувавте без докази во ПР-обвинение“ во кое требаше да се пофалите дека гоните високи владини функционери (а јас бев пратеник) и додека селективно брифиравте избрани новинари за наводни сознанија од „тајната истрага која лично ја водевте“, јас во Собранието на РСМ без грам дилема ги гласав сите закони на кои вие денес се повикувате, а прва ги прекршивте. Тоа беше време обвинителке, кога се лулаше кворумот во Собранието и кога сите калкулираа со мојата „суета“ и глас „за“ тој пакет на закони. Мислеа дека ќе реагирам дезориентирани и конфузно како вас овие денови. Се излажаа сите!Обвинителке, бев и останав застапник на сите европски вредности и многу добро го знам духот на тие вредности кои очигледно токму вие свесно ги заборавате.Во тој период како Потпретседател на Собранието на РСМ и јас можев да напишам јавно писмо до сите амбасади, меѓународни институции и да лелекам и да барам помош од неправдите сторени од вас лично. За позицијата обвинителке треба и достоинство, разум и знаење!Не го направив тоа, зошто сметав дека немам право да се издигам над законот, иако знаев каква неправда трпам. Не издржете вие обвинителке, а сте на почетокот на многу полоша состоја ода онаа која злонамерно ми ја креиравте. Нели сите се еднакви пред законот? Зошто тогаш се плашите од соочувањето со сопствените грешки? Зарем не верувате во професионалноста на нашите институции, па ги повикувате станците? Ако вие немате доверба во вашиот шеф обвинителке, што останува за обичниот човек кој е заборавен (намерно) од вашата „ажурност и човечност“? Дали мислите дека за вас законите не смеат да важат и дека, вие и ќе обвинувате и ќе бидете Суд, истовремено? Сте се излажале обвинителке – вие сметате дека никој не смее да ве контролира!Признавам дека, она за што се информирани и добро упатени најповиканите државни институции од моја страна е попречувањето на (најбараниот од ЕУ) парламентарен надзор што се обидовте да го направите преку незаконскиот влез во мојот дом. Сите до еден мижите пред сите процесуирани неанонимски пријави потпишани со мое име и презиме по сознанија и докази добиени како пратеник во надзорно тело. Проблемот е во тоа што вие свесно ги штитите од прогон лицата кои се дел од тие пријавите од „само за вас“ познати причини. Да не ве уценуваат обвинителке?Европските институции и амбасадите знаат дека обинителот и обвинителството е страна во секоја кривична постапка; дека, треба да се водат од начелото на правичност и законитост, презумцијата на невиност и да го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата во постапката, да ја заштити тајноста на предистрагата и истрагата, да не прејудицира вина додека надлежен Суд не ги утврди аргументите на двете страни, да не се служи со недозволени средства за изнуда на признание или лажен исказ, да не кокетира со медиумите во пласирање на полувистини заради пропаганда и да не влијае на институциите преку наметнување на перцепција и суд на вина, додека пред Суд не се докаже тоа.Обвинителке ..., јас ве победив на Суд, сакале вие тоа да го признаете или не!Додека јас не се обидував да добијам медиумски простор „за да се препукувам со вас како Потпретседател на Собрание“, вие се препукувавте и ми стававте сопки на секој чекот. Ја попречувавте мојата правда пред сите надлежни институции кои постапуваа по многу пострашни наводи од они со кои денес ви се обраќа Управата за финансиска полиција. Но, има разлика обвинителке !Сите ваши злоупотреби јас ги докажав на Суд обвинителке – Суд пред кој вие изгубивте со вашата импровизација и (зло)намера. Поднесував претставки и пријави и се што ми стоеше на располагање (според закон) да го докажам тоа што во мал дел на хартија го напиша како извештај Републичкото јавно обвинителство за вашето постапување во УФП.Но, има разлика обвинителке, затоа што тогаш под ваш притисок и закани не дозволивте да се утврди вашата злоупотреба на службената положба и доведувањето во заблуда на Судот со пласирање на невистини информации за претресот. Се заканувавте кон судијата на претходна постапка (Весна Димишкова), за да ви даде наредба за претрес во мојот дом во кој вашите заштитени истражители влегоа како каубојци и го лажеа Судот за присуство на свекрва ми, за да ја покријат „законитоста“. Еден лист хартија без докази во барање за претрес во дом на Потпретседател на Собрание на РСМ. Го имам барањето обвинителке. Ваша среќа е што не побаравте претрес во Собранието на РСМ, за да не влезете, така влезени во поголема злоупотреба. Судот, а и вашата колешка Трајчева не беа слепи кога во Судот ги видоа вашите лаги и когс преку видео снимки ја докажав таа ваша измама кон Судот. Тоа е ваш срам обвинителке кој го криевте од јавноста!Лаура Ковеси ви кажала дека нема да дојде. Ме фати срам кога прочитав дека, таа вам ви укажува за што е надлежна нејзината канцеларија и на што е упатена да соработува со обвинителството со кое раководите. Зарем не знаевте кога го пишувавте писмото и ја повикувавте?Амбасадите во принцип не се мешаат во внатрешните (правосудни) работи на државата обвинителке. Тие седат, набљудуваат, пишуваат извештаи, анализираат и ни го мерат паметот и постапките на сите нас. Не сте вие исклучок, обвинителке.Не е мое да ценам во состојбата  сте се наоѓале кога сте го пишувале синоќешното писмо, но пред да ги повиката амбасадите на „ваша припомош“ во тоа што со години го проектиравте кон други лица, сте требале да се присетите на изјавите на германската и американската амбасадорка кога јавно ги коментираа вашите спододби со профитерите од случајот Империја. За тој случај не се жали ниту државата. Зошто? Тие изјави од странските амбасади кои ги повикувате, а кои ве треснаа од земја се фокусот кој го изгубивте кога тргнувате во рушењето на државните институции. За жал, поматен ви бил фокусот кога мислите дека сте над законот и дека, сите ќе се одговорат на вашиот очаен повик кога е во прашање вашата одговорност – веќе утврдена.Обвинителке Русковска,Тргнете ги рацете од судиите во Кривичниот суд – Скопје и престанете секојдневно им се заканувате по блиски лица дека ќе ги гоните, доколку не досудат како вие сте замислиле во обвинителско-кафанскиот подрум!Тргнете ги рацете од Внатрешната контрола на МВР која направи фермани за вашиот незаконски претрес во мојот дом (докажан на Суд), но надвор од памет и закон се прогласи за ненадлежна, токму заради вашите закани кон инспекторите. Се осмеливте на укажувач со пријава да му поведете постапка за некакво оддавање на службена тајна. Зарем, вистината и констатираните злоупотреби по вашите наредба се службена тајна обвинителке?!Тргнете ги рацете од Граѓанскиот суд - Скопје во кој под ваша закани се прават злоупотреби и се „редуцираат“ докази од тужби против вас!Тргнете ги рацете од Апелацискиот суд - Скопје кон кој ажурно и секојдневно упатувате суптилни закани за начинот како да одлучуваат и да исполнуваат ваши желби за предмети, после кои вие треба да одговарате кривично!Немојте да мислите обвинителке дека, државата ќе треба да ги плаќа трошоците за вашите кривотворења и (зло)намери за кои и Европскиот суд за човекови права од Стразбург (ЕУ која ја повикувате) ќе одлучи дека, токму вие сте прекршителот на човековите слободи и права. Вие ќе ја платите штетата што ја нанесовте лично на луѓето заради кои вие сте таму кај што се, но очигледно сте ја заборавиле вашата вистинска улога и задача.Ова ви го пишувам како социолог кој е добар познавач на правото, благодарение на ликови како вас изминативе 20 години. И јас сакам (ама нема) Лаура Ковеси „да направи увид“ во обвинението во кое како „мечка во циркуз“ го вметнавте моето име. Сакам сите да ја видат таа ваша „професионалност“ обвинителке. Еве објавете ги сите докази, за да цени народ. Но, ќе треба да објасните една многу битна работа, а тоа е како од таа широката лепеза на угледни и авторитетни претставници на партијата „сликани и во комуникација со педерот“ (како што милувате да говорите, така европски), како најугледна и најавторитетна ме избравте мене, а (на пример), ја скокнавте министерката за одбрана Шеќеринска која со Катица Јанева и Бојан Јовановски во сред Рекет, зборувала за вашиот Закон за ЈО, а мажот ѝ пиел вино и гледал фудбал со лицето кое под совет на вашиот другар Горан Николовски-Џони од УБК снимал во домашен притвор. Многу прашања има обвинителке!Ова ви го пишувам намерно, затоа што свесно ја правите недоветна целата јавност која слушна дека и вас обвинителке ве снимал/е, а вие тоа го потврдивте сами.Затоа обвинителке, наместо да фрлате чифтиња на сите страни, да обвинувате и преку вашето писмо да се обидувате токму вие да вршите притисок над институциите кои сега вас ве оценуваат (во стилот на познатата фраза „калето кажа“ – изговор на вашите удбашките другари), одговорете ѝ на јавноста на прашањата кои јавно ви ги поставив – „Кој ве снимал, обвинителке?“ и „Дали тоа ве доведе во ситуација да тргнете самите против себе преку овие писма кои само потврдуваат колку малку знаете за што зборувате и која е вашата вистинска улога во државата?“Прочитав дека „Никој не се мешал во туѓа битка“. Се согасувам ..., со таа разлика што сите мои аргументи за начинот на вашето постапување не добија толкав публицитет како вашиот дуел со УФП. Јас мојата битка против вас ја добив на Суд без ничие мешање и навивање, туку напротив – со сопки, со аргументи и со вистинското оружје – вистината која очигледно многу ве заболе!За сега толку обвинителке ...Следниот пат кога ќе решите да го земете во уста моето име презиме, бидете спремни дека нема да ве персирам како во ова јавно обраќање. Бидете свесни и спремни дека, неможете на сила да замолчите правдољубив човек во битка која вие ја водите на погрешната страна. Кога нема да бидете на таа позиција која несовесно и неетички ја практикувате ќе се соочите со многу болни факти за вашите злоупотреби за кои има живи сведоци, предмети и факти, а тие не одат заедно реториката за „бугаризацијата“ и „уставобранителите“ ... Знаеш за што зборувам!Наместо да се додворувате на протестантите против „бугаризацијата“ обвинителке, која очигледно сакате да ја нагласите преку воведот од писмото со „бугарски куршум“ и „бугарски затвор“ и да ја добието поддршката од сите про протестираа, одлучете се дали сте политичар или сте јавен обвинител. Едното со другото не оди ! Од приложеното до сега очигледно сте латентен политичар кој има став за преговорите со ЕУ, а тој став го практикувате преку рушење на државните институции и угледот на државата преку вашите полноќни „прохибициски“ писма, ала Елиот Несс.Да ..., РСМ ќе почнепреговори со ЕУ и тогаш ќе ви дојдат сите европски институции  кои ги повикувате. До тогаш, обвинителке, ќе треба да ги вметнеме Бугарите во Уставот на РСМ кои и вие треба да го штитите и нема да може да го рушите правниот поредок заради интересите на несудениот „бугарски конзул во РСМ“ со кој се спогодивте. Тој ве снимал (вие го посочивте) со помош на неговите бугарски пријатели?Очигледно обвинителке, вашите заложби и желби за ЕУ и вредностите се само блеф за некој иден митинг на која и вие може да зборувате зошто РСМ не треба да почне преговори со ЕУ под вакви услови ..., заради таквите како вас и вашата клиентела на која ѝ дадовте привилигирани анти-ЕУ услови.Се гледаме во иднината обвинителке Русковска ! 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-04-at-14.53.33

Хорор во скопско училиште и исповед на ученик: На ниедно дете не посакувам да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак...

Маја Блажевска, ученичка која завршила во средното ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” опишува низ каков хорор поминала.Таа вели дека ова е „најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате. Четири ужасни години“.Нејзиното обраќање во целост:Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени.Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек.Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат.И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе.Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате.Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени.Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите.Со љубов❤️

Коментари | пред 3 години

PrtScr-capture_3

Здружението на обвинители ја осуди Русковска: Го нарушувате нашиот углед и го прекршувате Етичкиот кодекс!

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации.„Како професионално здружение, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители.Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност.Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители мора да се водат од начелата на законитост и правичност. Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство.Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката.Јавното обвинителство имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации“, велат од Здружението на јавните обвинители.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања