ТОП

272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

Се бара итна реакција на МВР: Новинари малтретирани од службеници во Комунална хигиена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од секторот за односи со јавност и од обезбедувањето на „Комунална хигиена – Скопје“ кои денеска сериозно ги прекршиле правата на новинарите Фуркан Салиу и Авни Тахири, преку насилно одземање на нивната опрема и нивно незаконско задржување против нивна волја.„Според колегите, овој скандалозен настан се случил денеска во просториите на ова јавно претпријатие во Скопје. Во овој инцидент службеничка која се претставила како одговорна за односи со јавност, по претходна вербална расправа со двајцата новинари, на колегата Салиу му го одзела телефонот и одбивала да го врати. Истовремено, тројца членови на обезбедувањето од Дирекцијата на „Комунална хигиена – Скопје“, против волја на двајцата новинари ги задржале во просториите на оваа институција и истите биле ослободени дури откако пристигнале припадници на МВР, кои дошле набргу по претходна пријава од новинарот Тахири.Инцидентот претставува тешка повреда на правата на новинарите и попречување во нивната работа како и правото на слободно движење. Колегите Салиу и Тахири уредно закажале средба со претставници за односи со јавност за прилог поврзан со прашања од работните односи во оваа институција и истите имале обврска да одговорат на новинарските прашања, а не да ја одземаат нивната опрема како и незаконски да ги држат против нивната волја во просториите на јавното претпријатие.Затоа ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи веднаш да го истражи овој случај и да ја извести јавноста за оваа недозволива постапка кон новинарите од страна на службениците на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“. Освен ова, бараме од страна на ново назначената директорка на оваа институција, Косана Мазнева, итно да ја испита постапката на вработените и да покрене дисциплински мерки во рамки на своите законски надлежности“, велат од ЗНМ.

Македонија | пред 3 години

leb

За еден месец цената на лебот пораснала за речиси 5%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.9, а индексот на цените на мало изнесува 102.5. Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4.8 %, сирењето и урдата за 4.5 %, млекото за 3.6 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, виното за 2.5 %, месото за 1.8 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 1.1 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.0 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4 % и кафето, чајот, какаото за 0.2 %.Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 36.5 %, туристичките аранжмани за 11.3 %, електричната енергија за 9.9 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 8.8 %, услугите за сместување за 5.9 %, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 5.0 %, другите печатени материјали за 3.3 %, рестораните, кафулињата и слично за 3.1 %, моторциклите за 2.7 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 2.5 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.4 %, велосипедите за 2.3 %, течните горива за домаќинствата, цврстите горива за 1.8 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.6 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.5 %, производите за домаќинставата-нетрајни, домашните миленици и сродните производи за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.2 %, гасот за домаќинствата за 1.1 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.0 %, другите лични предмети за 0.8 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 0.7 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0.5 %, мебелот и покуќнината, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, медиумите за снимање, канцелариските материјали и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 %, облеката, другата облека и додатоците за облека, патниот патнички транспорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, парамедицинските услуги, другите услуги неспоменати на друго место за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6.4 %, рибата и морските плодови за 1.8 % и маслото и маснотиите за 1.6 %.Во јули, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај актуелните ренти исплатени од станарите за 2.7 %, другите медицински производи за 1.7 %, другото образование за 1.1 %, моторните возила за 0.9 %, теписите и другите подни покривки, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.8 %, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 %. Индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи зголемување од 16.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.0 %.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva1

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос наодлуката од 5.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за2,960% и кај мазутот намалување за 1,402%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,117%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.8.2022 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Новинар за Карпалак: Убиство е точниот збор

Новинарот Огнен Чанчаревиќ преку социјалните мрежи им се обрати на колегите но и до Владата на Република Македонија. Тој вели дека армиските резервисти кај Карпалак се убиени, и тоа е точната формулација.„Колеги не е “загинувањето на армиските резервисти кај Карапалак”…Убиство е точниот збор.Влада, ако сте се окуражиле да им оддадете почит тогаш сторете го тоа како што треба!Убиените е точната формулација.Слава им“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-08-104930

(ВИДЕО) „Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, сведоштво на скопјанецот кој беше спасен на Халкидики

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето.„Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.„Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час“.Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишува за грчката телевизија СКАИ.Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на  својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки“, вели Иван.„Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога“, изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија.Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

Македонија | пред 3 години

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

(ФОТО) Еден загинат во страшната сообраќајка кај Тајмиште

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот рано утринава се случи на патот Кичево-Гостивар кај „Тајмишка раскрсница“.Во несреќата учествувале товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.-На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.(Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски)

Македонија | пред 3 години

semejno-nasilstvo

Ја претепал, па и се заканувал дека ако не се смират ќе ја убие

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.На 10 јули, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.На 4 август, осомничениот отишол на работното место на оштетената и најпрвин вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да и се заканува по телефон дека ако не согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите. Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица. Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела.Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 3 години

298387236_615717286576868_2533546003901415090_n

„Жртвата на 10 армиски припадници кај Карпалак за нашата слобода нема да биде заборавена“, вели Мицкоски

Денес се одбележуваат 21 година од масакрот кај Карпалак во кој загинаа 10 армиски припадници. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека нивната жртва за нашата слобода нема да биде заборавена.„21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.На 8 август 2001 година на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.

Македонија | пред 3 години

0-02-0a-732d7981e7f78b18ba28355131d79f404b1eed12830b94c653d8de6714cdb7fa_265efd09be9

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Кичево-Гостивар

Од 7:30 часот утрово во прекин е сообраќајот на патот Кичево-Гостивар.„Пoради случена сообраќајна незгода кај с.Тајмиште на магистрален пат Кичево-Гостивар и магистрален пат Гостивар-Кичево е во прекин од 07:30ч“, информираат од АМСМ.Според неофицијални информации станува збор за сообраќајка помеѓу камион и автомобил.Фото: Илустрација

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пожарот кај Фурка се уште активен

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово (08.08.2022) направи пресек за пожарите на отворено во последните 24 часа: има еден активен пожар и 12 изгаснати. ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:Активен пожар -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часотРегионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе. Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.Изгаснати пожари во последните 24 часа -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часот се:1. Струмица с.Ангелци и с.Вељуса стрениште со 2 ПП возила и 6 пожарникари. од 16:25 до 18:30 часот. 2 ха2. Валандово с.Пирава м.б Оџа борум деградирана шума ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово 6 вработени и 2 возила. од 12:00 до 16:00 часот. 5 ха3. Радовиш с.Ињево и с.Воиславци стрениште со 2 ПП возило и 5 пожарникари. од 11:00 до 14:06 часот.РЦУК Битола с. Житоше кон с. Борино. Шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума 1 ПП возило со 4 пожарникари, 3 вработени во ЈП Национални Шуми подружница Липа Крушево и 4 лица од месно население. од 16:00 до 19:30 часот 1 ха4. Крушево на депонијата во Крушево. со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 12:00 до 14:00 часот.5. РЦУК Штип стрениште кај м.в. Лезовски Кантон со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:10 до 14:50 часот.6. РЦУК Тетово Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата во с. Орашје (Опш. Јегуновце), со 3 ПП возила и 12 пожарникари. од 06:40 до 10:00 часот.7. Тетово сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно поправниот дом Тетово со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 15:35 до 16:35 часот.8. РЦУК Куманово стрениште во с. Рамановце. со 1 ПП возило и 3 пожарникари. од 09:55 до 10:45 часот.9. РЦУК Охрид стрниште во с. Ложани (опш.Кичево) со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 16:30 до 18:20 часот.10.Пожарот кој започна денес околу 11:55 часот во село Гајре опш. Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на Тппе Тетово со 2 ПП возила и 6 пожарникари.11.Пожар кај стариот пат од Тетово накај Желино при што гореше сува трева и ѓубре локализиран е од страна на Тппе Тетово во 11:20 часот со едно ПП возило и 4 пожарникари.12.Во 14,25 часот Од Тппе Тетово известија дека во село Челопек Општина Брвеница од страна на мали деца било запалено од невнимание балирано сено.Се интервенира со 2 пп возило и 5 пожарникари.

Македонија | пред 3 години

karpalak-1

ВЕЧНА ВИ СЛАВА: 21 година од загинувањето на резервистите на АРМ кај Карпалак

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.– Делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана Драган Николиќ, во 09:00 часот ќе положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. Во 13:00 часот, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата ќе положи венец пред комплексот „Карпалак” во центарот на Прилеп, информираа од МО и АРСМ.На 8 август 2001 година на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.

Македонија | пред 3 години

01FC77C1-6E50-41F0-9AED-8FC11909DFC2

Станува се посериозно: Пожарот помеѓу општина Дојран и Богданци брзо се шири поради ветрот

Пожарот кај село Фурка се интензивира и побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето на истиот.Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци - Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.Ангажирани сили и службиТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в. , Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода,Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари,ДЗС-Валандово со 1 Возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.

Македонија | пред 3 години

klinika-brza-pomos

Почина жената од Неготино, која беше претепана од нејзиниот партнер

Во тек на вчерашниот ден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје почина 46-годишната жена од Неготино, која беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) во раните утрински часови на втори август. Таа од тогаш беше во кома поради тешките повреди и се бореше за живот.Според д-р Маја Мојсова, раководителка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, жената кај нив била донесена со многу тешки повреди на мозокот и черепот.-Пациентката кај нас беше донесена во кома. Стануваше збор за многу тешки повреди на мозок и на череп и веднаш беше оперирана. За жал, почина – изјави за ,,Фокус” д-р Мојсова.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Снимки од две кражби во Охрид: Лопов ограби каса и украл новчаници

Охридски бутици изминативе денови се ограбени. Од еден, одземени се новчаници, а во друг, ограбена е касата. Постои сомнеж дека двете кражби ги извршило исто лице. Засега полицијата го нема пронајдено ниту уапсено. Снимките се објавени на социјалните мрежи и се бара помош - секој што ќе го препознае одма да јави на наджелните служби.На втората снимка се гледа како одзема предмети од ранец оставен во локалот.

Охрид | пред 3 години

radar-policija

Радари на секој чекор, за еден ден 468 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 468 возачи.Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања