ТОП

uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Прв пациент суспектен со мајмунски сипаници во Македонија

Во продолжение е соопштение од Министерството за здравство:Информираме дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање.Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници.

Македонија | пред 3 години

Fatm

Револтот го достигнува максимумот: „Уште данок во крв и готово“, „Значи кој плаќа данок ќе плаќа уште поише, кој не плаќа никому ништо“

Според даночните реформи, кои ги најави министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се плаќаат придонеси за договорите на дело, а ќе се воведе и данок на каматите на штедните влогови. Како што кажа Бесими, ако некој има заштеда од 100.000 денари со камата од 2 процента, приходот од камата ќе му биде 2.000 денари, а 10 проценти данок е 200 денари.Ова наиде на бројни негодувања, критики и барање до Владата итно да престане да размислува за воведување на вакви даноци.Дел од низата критики:„Еве веќе 1 саат вртам во УЈП и никој не ми се јавува за да си платам данок. Мислам дека @VladaMK треба да ги зголеми даноците за да може да вработат уште 10 гласачи што нема да креваат на телефон“.https://twitter.com/ddimkooooo/status/1556948059904409600„После грујовото фијаско за плаќање на придонеси на хонорарците, оваа власт повторно ќе ги воведува. Ако веќе го воведувате уплаќањето нека биде електронско како персоналниот данок. Имате 6 месеци за подготовка, да не испадне пак со еден куп документи да треба да се иде во ПИОМ“.https://twitter.com/sveste_tese/status/1556972252331220992„Дечки значи мора да се уведе данок и на штедни влогови и воздух ќе воведеме на све, кај ви укинавме радиодифузна такса па уште пекате, не може синиша да ви твита бесплатно е*аве тоа вмраните небањати“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1556990253851971584„Значи кој плаќа данок ќе плаќа уште поише, кој не плаќа никому ништо“.https://twitter.com/kacisevidija/status/1557013059348070403„Данок на заштеда. И онда чуди се зошто народот ќе продолжи да чува пари под јастук“.https://twitter.com/karafilio/status/1557027472553775104„Уште данок во крв и готово“https://twitter.com/Broj181/status/1557038661979488258„Што ви зема, а што ви дава РСМ? Мене пример ми зема пари за здравство, ми дава болест, ми зема данок на имот, не ми дава безбедност на имотот. Самоволно ѝ се дадив себе си, ја потрошив младоста, работев на еко-проекти, на туризам, сѐ еба и растури. Вам како ви е односот со РСМ?“.https://twitter.com/EdenStriko/status/1557052142862716928„Прибраниот персонален данок, по стапка од 10 отсто на овој каматен износ, би изнесувал "мочани" 5,3 милиони евра со кои не може државата да купи ниту еден германски тенк Леопард 2А6 што чини 6,7 милиони евра, какви што веројатно ќе не тераат да купуваме утре во НАТО“https://twitter.com/Beliotpesjak/status/1557093201068134401„Па може уште некој данок да ни воведат пошо малце ни е замешана владата и политиката у животот. Во заблуда сме дека живееме слободно, јебо вас фридом поголема диктарура немало“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1557159445209251840„Иронија е да се викаш АРАЧиново а да не наплаќаш данок...“https://twitter.com/Dean06618857/status/1557237272503787522„Струја не плаќаат а не па данок. На секои 5-6 години владата носи одлуки да им се опрости стариот долг за данок, струја, вода и никому ништо. Ајмо јово наново. Градинката во карпош на која и падна плафонот уште зјае празна и нереновирана, албанецот што ја реновираше си го прчи“https://twitter.com/principe984/status/1557260855791738880„Прогресивниот данок кој СДСМ го ветуваше изгледа не го свативме на почетокот. Прогресивно ќе ги оданочувал најсиромашните и најмалите компании, а не најбогатите“https://twitter.com/GoceOdPrilep/status/1557260876369260544https://twitter.com/centraphor09/status/1556724787497541632 

Коментари | пред 3 години

moj-ddv

Доколку скенирате сметки: “МојДДВ” од сега е достапна, објавено упатство

На Google playstore корисниците на апликацијата МојДДВ можат да го симнат напредниот начин на скенирање.„Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на Playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер,, да одберат ,,напреден,,Управата за јавни приходи исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.epdd.ujp.gov.mk“; стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

kompjuter

АЕК: Малолетниците поминуваат над 5 часа на интернет дневно

Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, само 29,5% ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 76,8% сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот велат од Агенцијата за електронски комуникацииВо последните четири години, може да се забележи тренд на раст на бројот на испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2022 само 29% од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција водомаќинството. Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (34,2%), прекини/недостапност науслугата (30,6%), и проблеми со техничката опрема. Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 38,4% од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7% од нив проблемот поради кој пријавиле бил отстранет истиот ден.Во последните четири години се забележува тренд на раст во бројот на домаќинства каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Во 2022 година, дури 43,2% од испитаниците одговориле дела малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а кај дури 85,6% од нив малолетните лица користат интернет секој ден. Според 39% испитаниците малолетните лица во нивното домаќинство во просек поминуваат и повеќе од 5 часа приклучени на интернет.Приближно половина од испитаниците или 46,3% знаат дека постои програм за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет. Од нив само 10,2% имаат веќе инсталирано таков софтвер, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, околу 61% би инсталирале. Околу 10% од испитаниците кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, знаат каде може да го најдат тој софтвер.Околу 27% од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот провајдер, а 30,7% од испитаниците се изјасниле дека се потполно задоволни со одговорот кој го добиле од интернет провајдерот. Само 1,6% од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот“, информираат од АЕК

Македонија | пред 3 години

ljubotenski-bacila-zaginati-960x852-1

СЛАВА ИМ: 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Македонија денеска одбележува 21 година од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година.На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-24-195610

Уште е активен пожарот кај Расино, во последните 24 часа се изгаснати 26 пожари во земјава

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово (09/10.08.2022) направи пресек за пожарите во последните 24 часа: има еден активен пожар и 26 се изгаснати. ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:Активен пожар на ден 09-10.08.20221. Охрид с.Вапила и с. Сирула - гори борова дабова шума и ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило на ТППЕ – Охрид со 3 пожарникари и 3 лица на ЈП Национални шуми подружница „Галичица“Изгасени пожари на ден 09-10.08.20221. Скопје Студеничани с. Пагаруша - горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12.40 до 13.45.2. Скопје Ѓорче Петров - с.Орман горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 15.40 до 16.45.3. Куманово Табановце с.Речица - сува трева и заштитен багремов појас и е интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 16.20до23:00 на површина од 50 х и е ликвидиран.4. Куманово - с.Ропалцеи с.Никуштак – горело стрниште и е интервенирано со 1пп возило и 3 пожарникари од 21:50 до 23:10.5. Куманово - нас. Бедиње горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 19:50 до 20:27.6. Куманово - ул.Моша Пијаде горела станбена зграда и е интервенирано со 1пп возило и 5 пожарникари од 20:45 до 21:30.7. Битола - нас. Баир горело ѓубре и гуми и е интервенирано со 1пп возило и 2 пожарникари 14:00 до 16:10.8. Битола - магистрален пат горела сува трева и ниска вегетација – ликвидиран.9.Прилеп-Битола-Ресен горело запалено ѓубре и е интервенирано со 1 пп возила и 3 пожарникари 20:40 до 21:3510. Демир Хисар - с.Журче - горела ниска вегетација и капини и е интервенирано со 1пп возило и 1 пожарникар 10:10 до 10:45 на површина од 0.2 ха11. Прилеп - с.Житоше горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило 3 пожарникари 12:34 до 14:20.12. Тетово - с.Фалише горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 13:50 до14:40.13. Тетово - Мала Речица горела ниска вегетација 1 пп возило и 3 пожарникари 16:30 до 17:1014. Тетово - с. Боговиње горела ниска вегетација и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 16:15 до17:3015. Тетово - с.Орачше изгорена куќа и е интервенирано со 1 пп возила и 3 пожарникари 17:28 до 18:30.16. Гостивар - с.Неготино горела нива со жито ниска, вегетација, дрва покрај нивите и е интервенирано со 2 пп возила и 5 пожарникари од 13:07 до 16:10.17. Кавадарци - поранешна Јого Комерц горела ниска вегетација и е интервенирано со 1пп возило и 2 пожарникари 06:20 до 08:00.18. Свети Николе - с.Пошириво горела ниска вегетација и ѓубре и е интервенирано со 1 пп возило и 3 пожарникари 12:10 до 13:55.19. Штип - с.Аргулца горела ниска вегетација и е интервенирано со 1пп возило и 3 пожарникари.20. Струмица - С. Фурка борова шума и ниско деградирана шума и е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари и 2 вработени во ЈП НШ подружница Кожув 07.08.2022 од 09:30 на 09.08.2022 до18.00 еликвидиран.21. Прилеп -Општина Долнени с.Дебреште горела сува трева и е интервенирано со 1 ПП возило и 6 пожарникари1 теренско возило, 4 вработени од ЕЛС Долнени, 2 полицајци од ПС Ропотово и 4 лица од месното население кои со 2 трактори 14.12 до16.45 е ликвидиран на површина од 4 ха.22. Дебар - с.Могорче – горела депонија и е ликвидирен.23. Скопје - Гази Баба горела трска и е интервенирано со 1 пп возило и 4 пожарникари 19:40 до20:40.24. Скопје - Арачиново горело ѓубре и е интервенирано со 1 пп возилои 4 пожарникари 21:40 до23:0525. Скопје - Арачиново горела сува трева и броило и е интервенирано со 1 пп возило и 4 пожарникари 22,25 до 23.55.26. Скопје - Шуто Оризари горела сува трева и ѓубре и е интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари 23:50 до 00:40 часот.

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_3

Бесими најави: Ќе се плаќаат придонеси за договорите на дело, а ќе се воведе и данок на каматите на штедните влогови

Според даночните реформи, кои ги најави министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се плаќаат придонеси за договорите на дело, а ќе се воведе и данок на каматите на штедните влогови. Како што кажа Бесими, ако некој има заштеда од 100.000 денари со камата од 2 процента, приходот од камата ќе му биде 2.000 денари, а 10 проценти данок е 200 денари. Со реформите што треба да стартуваат од 1 јануари вгодина, се очекува да се слеат над 54 милиони евра годишно во државната каса од новите даноци.Бесими вели дека дали ќе се воведува прогресивно оданочување или не ќе биде дел од јавната дебата. Според прогресивното оданочување, личниот доход над 90.000 денари треба да се оданочува со стапка од 18 проценти, но како што сега изгледа, оваа одредба може да се ревидира, одложи или пак прогресивен данок воопшто да не се воведе.Министерот кажа дека основата на Концептот за даночната реформа е проширување на даночната основа преку повеќе измени во даноците на добивка, личен доход и додадена вредност, како и зелено оданочување, а тоа претходно ќе биде дискутирани и дебатирани со сите општествени чинители. Исто така, ќе се работи интензивно и на намалување на сивата економија и на подобрување на услугите во јавниот сектор.„Концептот за даночна реформа се заснова на Стратегијата за даночна реформа, кој е долгорочен, планиран и добро анализиран процес, односно дел од големата фискална реформа за СМАРТ или паметни јавни финансии. Со подобрувањето на наплатата на приходите ќе се обезбедат повеќе средства за развојни проекти на среден рок, додека на кус рок ќе има повеќе средства за антикризни мерки и заздравување на економијата“, вели Бесими.Како што напиша министерот во последната колумна, концептот на СМАРТ финансиите е сите да го плаќаме својот праведен дел.„Зборувам и за оние што се дел од формалната економија, но пред сè за формализација на неформалниот сектор, преку вклучување во системот на даночни обврзници. Ова е реално најисправниот начин за да обезбедиме средства за забрзување на економскиот раст, но и за тековни потреби, како на пример за антикризни пакети, без притоа да го зголемуваме јавниот долг“, вели Бесими.Суштина на предложената даночна реформа е праведно оданочување, проширување на даночната база и „зелено“ оданочување. Зеленото оданочување се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат загадувањето на животната средина. Главната цел е справување со загадувањето и со климатските промени и и заштита на природните ресурси.Како што вели Бесими, кај данокот на додадена вредност, потребно е натамошно зајакнување на основните принципи на неутралност и конкурентност, преку стеснување на листата на добра и услуги за кои се применува повластена стапка, како и оданочување на определен промет. Исто така, потребно е допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници за правото на одбивка на претходен данок, што ќе овозможи поголема правна сигурност за даночните обврзници, поголема ефикасност во спроведување на контролата и во прибирањето на даночните приходи од страна на даночната администрција.

Македонија | пред 3 години

apasiev-kosana-danela

Апасиев се гордее со Косана и Данела, по бркањето на вработени по Рамковен

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по одлуката на Данела Арсовска и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева договорите на дело да не ги продолжат поради тоа што вработените не ги извршувале своите работни задачи и не се појавувале на работните места.„Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми#СамоОстро#RuleOfLaw“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

rabotnik-gradezen-

За двојно поголеми плати, 30.000 Македонци заминуваат во Србија, објавува српски Курир

Околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари и медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи, пишува српски курир.Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, целиот наш регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори бидејќи полесно ќе ги најдат работниците што им недостасуваат, сметаат експертите.Директорот на Канцеларијата за ИТ и е-Влада Михаило Јовановиќ рече дека сите занимања што ни се потребни се интересни за луѓето од Северна Македонија и Албанија.– Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Градежништвото и работниците во областа на земјоделството се многу барани. Треба да има многу заинтересирани и за здравството бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори бидејќи побрзо и полесно ќе се дојде до работниците, а тоа е една од причините тие да инвестираат во овој дел од Европа – вели Јовановиќ.Небојша Атанацковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија вели дека поголема работна сила ќе им користи на нашите работодавци за позиции кои инаку се секогаш слободни.– Мислам дека граѓаните на Северна Македонија и Албанија во рамките на „Отворениот Балкан“ ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност конечно да пополнат позиции за кои долго време не можат да најдат соодветна работна сила . Ни недостигаат сите трговски профили во градежништвото, заварувачите, потоа сите работници во угостителството и туризмот и за сезонски работи како овоштари. Од септември очекуваме да пристигнат околу 30.000 – вели Атанацковиќ.Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви „Отворен Балкан“ без дополнителни административни бариери.Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесува своите податоци преку порталот е-Влада и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот на сите три земји.Целта е постапката да биде иста во Србија, Северна Македонија и Албанија.Советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ , вели дека веќе подолг период има недостиг на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Тој додаде дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои ланци на Далечниот Исток ја разгледуваат можноста своето производство да го доближат до нивните матични компании во Западна Европа.– Како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков тип на работа – вели Ѓурѓевиќ.Тој наведува дека ПКС не располага со прецизни податоци колку работна сила недостасува, но наведе дека има потреба од работници на сезонски работни места, како и во меѓународни компании кои работат овде.– Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји и од одредени земји од ЕУ, така што тој недостаток некако се надоместува, но има потреба да се регулира, овие луѓе да имаат здравствено осигурување, да им оди стажот – нагласи Ѓурѓевиќ.Просечната плата во Србија е 631 евро, додека граѓаните на Северна Македонија во просек заработуваат 360, а Албанија 248 евра месечно.

Македонија | пред 3 години

26219_114092825285955_6514242_n

По страшното сведоштво се собираат докази за случувањата во средното музичко

Маја Блажевска собра храброст јавно и гласно да зборува за вистината која се крие позади ѕидовите на училиштето ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Таа преку својата фејсбук објава, отворено го раскажа хоророт и ужасот со кој таа и многу други ученици се соочувале, секојдневно, како ученици таму. Таа низ редовите на својата искрена исповед посака темелни промени во оваа институција, особено во односот професор-ученик. Раскажа дека не посакува никој, особено не на идните генерации деца, на само петнаесет години да слушаат навреди, пцовки и уцени од своите професори.Под нејзината објава се огласија голем број на поранешни ученици кои сведочеа за своите искуства во училиштето, а една од нив ги повика сите оние кои имаат докази и сакаат да сведочат.„Кој има докази (ученици, бивши ученици, родители, професори и било кој друг), аудио/видео или сака да пише изјава, значи да сведочи (на било кој начин), писмено за било кој професор, било која година или оддел/смер, а и нижо, поради: дискриминација по било кој основ, мобинг, заплашување, сексуално вознемирување/загрозување/насилство, психичко, физичко, вербално, емоционално насилство, мито, корупција, рекетирање...Може да се поднесат и белешки од психијатри/психолози/невропсихијатри со примана терапија поврзана со Луј или документи од истите кои што ќе ви ги издаде матичен доктор/психолог/психијатар/невропсихијатар кој што е во системот за да се направи статистика за тоа колку ученици биле на седативи, антидепресиви, антипсихотици, ве молам да се пратат кај мене или кај Маја Блажевска, во инбокс. Доколку сакате сведочењето може да остане анонимно, нема да бидете споменати никаде со име и презиме, ќе ви биде сокриен идентитетот од тие документи но, не препорачувам затоа што со име и презиме има поголема тежина и единствени институции кои што ќе ја имаат вашата изјава се: Министерство за образование и наука, невладините организации и судот. Овие институции не смеат и не би требало да пренесат кои сте вие. Доколку се случи тоа секако ќе се дознае и ќе има последици за кој и да пренесувал такви информации. Доколку не ми верувате мене со истите обратете се во инбокс ќе ви објаснам каде да ги пратите/однесете. Безбедно место е секако.Ако сакате ова да престане имате време до петок, пратете ми да направиме се што можеме. Имаме доволно сведоци и материјални докази но, колку повеќе толку подобро. До петок очекувам видео/аудио записи и сведочења. Имате од прилика три дена за да доставите информации. Доколку сакате да помогнете мора да направите нешто, жртвите се сепак малолетни лица. Нека не ве води стравот, не ви можат апсолутно ништо ни сега па ни во понатамошното школување. Кој и да проба да ве заплаши телефонски, преку социјални мрежи или на било кој друг начин (исто да напоменам, да ве тераат да бришете коментари и да се извинувате, затоа што знаеме дека почнаа да го прават тоа како и секогаш) може да го пријавите кај мене и тие особи ќе се сносат со последици затоа што повторно прават дел од горенаведеното.Ве очекувам“, стои во ојбавата.

Македонија | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Пожар во околината на Охрид, екипи од сите општински јавни претпријатија на терен

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави дека од утринава теренот Вапила – Расино – Сирула е зафатен од пожар.„Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија. Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“.На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“.Согласно последните информации од терен во моментов пожарот према Расино е локализиран“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

GP-Bogorodica

Гужва на Табановце и Богородица, се чека и до еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Еден активен и 20 изгаснати пожари во изминативе 24 часа

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од Регионалните центри за управување со кризи од градовте во државата, регистрира дека утрово има еден (1) активен пожар и 20 изгаснати за последното деноноќие.Активни пожари1. ОхридШумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е се уште активен.Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина.ТППЕ – Охрид и денес се на терен со 1 пп возило и 6 пожарникари. Од утрово од 05,00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато.Изгаснати пожари1.СтрумицаПожарот кај с.Фурка нема активно горење и е локализиран во 19.00ч. На терен се останати екипи на ДЗС, а другите се повлечени.Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.2.СтрумицаКај с. Добрашинци, Општина Василево, имало интервенција на депонија во време од 21.10 до 00.10 часот со 1 пожарникар со 1ПП возило.3. СкопјеКај с.Јурумлари - Гази Баба е интервенирано за запалени отпадоци (ѓубре),при што биле ангажирани 2 ПП возило и 4 пожарникари од 15.00 до 16.10 часот.4. ГрадскоКај Градско за запалена сува трева, е интервенирано со 1 возило со 2пожарникари од 14,30 до 15,00 часот на површина од 7 декари.5. ГрадскоКај с.Виничани, е интервенирано за запалена сува трева 1 возило со 6 пожарникари 18.11 до 19.20 часот на површина од 6 декари.6. Свети НиколеКај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, со 2 пожарникара со 1 ПП возило од 12.50 до 13.10 часот на површина 50м2.7. ТеарцеКај с.Теарце е интервенирано за запалена сува трева со 1 возило со 2 пожарникари.8. ОхридКај с.Велестово е интервенирано за гаснење запалена куќа со 1 пп возило и 3 пожарникари.9. КичевоКај с. Другово е интервенирано за гаснење запалена куќа и плевна со 8 пп возила и 15 пожарникари од 08.35 на 08.08.2022 до 02.00 часот на 09.08.202210. БитолаКај с.Крстоар е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17,50 до 20,00 часот.11. КумановоВо населбата Доброшане изгорела 1 штала, при што за да не се прошири пожарот е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12:45 до 13:50 ч.12. КумановоВо близина на автопат кај с.Табановце е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.20 до 12.50 часот.13. КумановоВо местото „Стари Лозја“ изгорела 1 куќа, а е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 11.25 до 13.10 часот.14. КумановоКај с.Брзак е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17.50 до 20.10 часот.15. ЛипковоКај с. Никуштак е интервенирано за гаснење сува трева и борова шума со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 21.20 до 23,00 часот на површина од два (2) хектара.16. Старо НагоричанеКај с.Макреш е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.10 до 14.30 часот.17. Крива ПаланкаКај с.Луке е интервенирано за гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки) со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 14.30 до 17.30 часот на површина од 1,5 декар.18. РанковцеКај с.Псача е интервенирано за гаснење запалена сува трева со 1 ПП возило и 5 пожарникари и 7 лица од месното население од 13.10 до 14.30 часот на површина од 8 декари.19.СкопјеВо Општина Бутел е интервенирано за гаснење сува трева на површина од 100 м2 со 1 пп возило и 3 пожарникари од 22.15 до 23.15 часот.20.СкопјеВо Општина Шуто Оризари е гасена запалена депонија со 1 пп возило и 3 пожарникари од 01:50 до 03:05 часот на површина од 30 м2.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-08-205319

Осуден за „Монструм“ до Русковска: Од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете и да кукате

Фејзи Азири, првостепено осуден за случајот „Монструм„ од затворот Идризово испрати отворено писмо до Русковска.Писмото Ви го пренесуваме во целостПардон, госпоѓо Русковска, многу добро сте ги посочиле законите, правилата и прописите на правната држава, но, сте заборавиле да ја спомнете и (не)довербата кон институцијата која ја раководите и во која работите целиот ваш работен век. Граѓаните (народот) во оваа држава кои Ве финансисраат преку буџетот, 92% од нив немат доверба во правосудниот систем и сметаат дека е нај корумпирана институција во Република Северна Македонија.По овој факт нема што да барате од граѓаните и народот да ја оценува вашата работа.“Обвинителке” Русковска, од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете, да кукате, да ги повикувате сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции, амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш за секогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти конечно – кој во оваа држава се бори против криминалот а кој го прави криминалот.Исто така, ја замолувате Европската обвинителка г. Лаура Кодрута Ковеси, да дојде и да ги провери сите предмети на ЈО за ГОКК, како тоа функционира и работи ?!Добро бе “Обвинителке” Русковска, ако сте толку праведна, чесна, чиста, некорумпирана и патриотка како што велите, а и потекнувате од патриотска фамилија, зошто тогаш не сте го истражиле и предметот “Монструм” кога бевте повикана јавно од судница (одрзана на ден 23-02-2021 година) од мене Фезји Азири, како обвинет и првостепено осуден во тој случај?!Ве спомнав директно вас обвинителке Русковска да ме посетите во затворот во Скопје за да пријавам кои се вистнските сторители, со име и презиме за 5 кратното убиство кај Смилковското Езеро - Скопје?По тој Јавен повик Вие имавте законска должност да постапувате по таква пријава, имаше јавен повик и преку медиумите кои беше следен од домашната јавност и од меѓународната заедница, а сега “Обвинителке“ самата ги повикувате и барате токму од таа меѓународна заедница Вам да Ви помогнат!Нели “Обвинителке” ова е малку чудно?!Ова е класичен пример од каде произлегува поговорката: “село гори, Баба се чешла”?!Во тој случај, кога Вие не ја вршевте вашата службена должност, јас бев приморан писмено да се обратам до домашната јавност, домашните инстутици, медиуми и до мегународната заедница со изјава од 20-тина страници, кои се нарачателите на 5 кратното убиство, кои се организаторите, кои се убијците, кои се помагачите на тој грозоморен чин. Јас бев приморан јавно да ја објавам писмената Изјава и да ја пратам до медиумите, до Министерство за Правда, до Претседателот на СР Македонија, до Амбасадата на САД, до Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ, за да побарам меѓународна Истрага за така наречениот случај “Монструм” за да се утврди вистината за овој монтиран политички, полициски, обвинителски и - судски процес кој трае веке 11 години а кого самите монструми го кодирале како случај “Монструм”!“Обвинителке” ве прашувам:- дали и тогаш ви се вршело притсок, влијаније или пак од националистички побуди не постапивте по мојот јавен повик, не ја вршевте законската обврска - службената должност туку ја злоупотребивте службената положба и овластување.“Обвинителке” Русковска, кога бевте прашана од медиумите како го коментирате јавниот повик од страната на обвинетиот Фејзи Азири да го посетите во затвор во Скопје, за да ви ги даде имињата и доказите на 5 кратното убиство за случајот “Монструм”, кој побарал мегјународна Истрага за да се утврди вистината, Вие “Обвинителке” во тоа време изјавивте:- “ Нема потреба од меѓународна истрага затоа што обвинтелите добро ја завршиле работата и затоа што меѓународната заедница не може да се меша во националната правна држава и правосудните органи, просто недозволиво е”!“Обвинителке” Русковска, јавно ве прашувам, кога бевте во право, тогаш или сега кога ви гори под нозе па барате меѓународна помош од амбасадите на САД, Канцеларијата на ЕУ и Европската обвинителка г-га Лаура Кодрута Ковеси?“Обвинителке”, јас Фејзи Азири, се обратив до јавноста и побарав од институциите на државата и од меѓународната заедница, Американската Амбасада во Скопје, Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ во Скопје да извршат увид во досието за случајот “Монструм” и да дадат проценка на работењето на истражителите, ЈО и СЈО, како е водена Истрагата, дали имало намерни пропусити и дали има пренасочување на вината кон други лица, со умисла да се скријат вистинските сторители. Ова намерно пренасочување многу ни наштети на нас обвинетите, ни го извалка лицето и честа на сите, на мене како личност и на мојата фамилија од страна на валканите и корумпираните правосудни органи! Поради овие злоупотреби на службените положби укажуваше и меѓународната заедница, дека во Македонија нема правна држава.Дека Правосудниот систем е корумпиран се докажа со факти и дела поради што беше разрешен Државниот Обвинител Марко Зврлевски, бесе разрешена и Специјалната Обвинителка Катица Јанева која е и осудена со правосилна пресуда за корупција а вие “Обвинителке” ги браневте овие органи дека ЈО и СЈО успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај.“Обвинителке”, сега барате помош од меѓународната заедница како Државен Обвинител за организиран криминал и корупција за да не ви води никој Истрага, како сте работеле, дали има пропусти во Вашето работење, намерни или ненамерни, дали има корупција и дали влијаел некој од власта за одредени предмети како што ги има многу во текот на вашето работење, за кои предмети јавноста и меѓународната заедница многу добро се запознати а пак вие барате помош од нив како не би се валкало вашето лице.Впрочем која е вистината?!Дали за оваа побарана помош, фактички сакате да ја попречите истрагата и дали сакате да се скриете зад меѓународата зедница, демек одредени лица од власта Ви вршеле и ви вршат притисок за одредени предмети и водење Истрага за нив зашто лично сметам дека веќе е доцна од кога е отворен предмет за вашето работење каде велите дека власта ви врши притисок за одредени предмети?!За крај да се вратиме уште еднаш кај ЈО и СЈО, кои според вас “успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај”. Бидејки вие сметате дека Обвинението е валидна и законита а и пресудите се донесени наводно врз основа на тие факти, сведочења и докази, јас како обвинет и лаик би ве запрашал:- Според Вас, кое Обвинение и Пресуда е точна и законита, првата, средната или последната?!

Коментари | пред 3 години

2

ФОТО: Намерно запален пожар над автопатот кон Битола

Гори автопатот над Битола.Неофицијално граѓани го запалиле поради тоа што им ја исклучиле струјата.„Во 21:00 патот Прилеп-Битола (обиколница на Битола) е блокиран од страна на жителите од околните населби.Сообраќајот се пренасочува по градското подрачје“, се вели во соопштението од АМСМ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања