ТОП

298777316_479490137517858_6638014015795964042_n

За помалку од два дена откако е поставен, уништен дигиталниот споменик на Прличев: Исечени кабли, отстрането знаме и натписи

Проф. д-р Анис Сефиданис кој работеше на креацијата на виртуелниот Прличев, кој е првиот дигитален споменик во Охрид, соопшти дека тој бил вандализиран. Сефиданис посочува дека пресечен е доводот на струја, ги искорнале натписите, ја онеспособиле работата.„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, напиша Сефиданис.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

12 изгаснати пожари во изминатите 24 часа, во моментов нема активни

Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).„Изгаснети пожари во период од 08:30 часот на ден 11.08.2022година до 08:30 часот на ден 12.08.2022година1.Скопје- Бутел(бул. Христијан Тодоровски Карпош -Раштански лозја).Сува трева,3 ПП возило и 10 пожарникари, од 18:05 до 21:002.Скопје- Бутел(Ферид Бајрам), сува трева, 1ПП и 5 пожарникари, од 19:20 до 19:403 Скопје - Гази Баба(автопат Скопје- Велес), сува трева и дрва, со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 21:50 до 22:504.Градско- С.Ногоевци,Ниска вегетација, шавар, багрем, и јасика, 1 ПП возило и 5пожарникари, од 14:00 од 18:15, 2ха5.Ресен-С.Курбиново, Ниска вегетација и јаболкиви насади, 5 ПП возило и 15 пожарникари од ТППЕ Ресен, 1 возило за дотур на вода од Комунално Претпријатие, 1 возило и 8 вработени од Национални Шуми, 1 возило и 4 Ренџери од Ренџерска служба, 1 возило и 2 вработени од Национален парк – Пелистер, 1 возило и 1 вработен од опш.Ресен и месно население од 20:4510.08.2022 до 00:4511.08.2022, 10 ха6.Битола-Стриот млин – патот Битола – Прилеп, Стрниште. 1 пп возило и 2 пожарникари, од 09:41 до 11:257.Новаци-С. Горно агларци,Сува трева, 1 пп возило и 2 пожарникари од 14:07 до 15:208.Прилеп-С.варош,Сува трева1 ПП возило и 3 пожарникари, од 12:40 до 13:159.Охрид- С.пештани, Сува трева и грмушки,1 ПП возило и 3 пожарникари 23:40 до00:0010.Тетово-С.Беловиште кон Куново,Сува трева 1 ПП возило и 3пожарникари и 4 вработени од Национални шуми Шар од 08:00 до11:1511.Куманово- Автопат Скопје-Куманово, Ниска вегетација, 1 ПП возило и 3 пожарникари од 19:20 до 20:2512.Куманово-Пчински пат,Сува трева, 1 ПП возило и 3 пожарникари, од 14:10 до 16:00“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

284167043_563865018436354_3361047703136901283_n

Граѓаните гневни за прославата на ДУИ: „Додека ние собираме пари за лечење на деца, вие трошите на прослави“

Министерството за политички систем и односи со заедниците ќе потроши 70 илјади евра за прославата за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Артан Груби вели дека сакаат прославата да прерасне во фестивал како Егзит.На ова бурно реагираа граѓаните, велат дека додека со донации се собираат пари за лечење на деца, тие трошат на прослави.https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1557694697698631682?s=20&t=UpT2qbVQPPV-xa60lDm45Qhttps://twitter.com/boni99943/status/1557722015187869696?s=20&t=UpT2qbVQPPV-xa60lDm45Qhttps://twitter.com/0_incognito_/status/1557705393140338689?s=20&t=UpT2qbVQPPV-xa60lDm45Qhttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1557700870028001282?s=20&t=JW4sbX15RGyIVpc9GS2IHghttps://twitter.com/KirilMKD/status/1557711111146840065?s=20&t=JW4sbX15RGyIVpc9GS2IHghttps://twitter.com/ZSaldziev/status/1557689940359659521?s=20&t=JW4sbX15RGyIVpc9GS2IHg 

Коментари | пред 3 години

295940670_603889331100589_8540195361086490617_n

И најдоа замена на Гиговска за прославата на ДУИ, ќе настапува познат македонски пејач

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денес информираше дека македонскиот пејач Владо Јаневски ќе настапува во сабота на „Peace festival“.„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира "PEACE FESTIVAL", како и Школа за млади лидери "Peace Forum Dialogue".Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот "Скендербег" во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Владо Јаневски.сабота, 13 август 2022плоштад "Скендербег" Скопје21:00чЗаедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.Пред два дена од министерството објавија дека Антониа Гиговска ќе настапува на фестивалот во сабота, но пејачката објави дека го откажалa настапот.

Магазин | пред 3 години

grubi-4

„Во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе субвенционира 130 милиони евра“, тврди Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово.„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, напиша тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-11-at-09.47.32

Како да се заштитиме себеси и другите од мајмунски сипаници?

Мајмунските сипаници се вирусно заболување предизвикано од вирус кој е сличен на вирусот на сипаници, но не се шири меѓу луѓето толку ефикасно и има помала стапка на смртност од малите сипаници, пишува Инфо.семед.мкПриродниот резервоар на вирусот најверојатно се некои видови верверички и други глодари во дивината во земјите од Централна и Западна Африка. Иако болеста се нарекува мајмунска сипаница, се чини дека мајмуните не се резервоар на вирусот, туку случајно се инфицираат, исто како и луѓето, со контакт со други животни и нивните секрети. Болеста се пренесува на луѓето во контакт со секрет на болни животни преку мукозните мембрани или оштетената кожа на човекот. Може да се пренесе и со каснување или гребење на болно животно.Болеста може да се пренесе од човек на човек преку капки (близок контакт) и контакт со кожни промени кои се јавуваат кај пациентот. Кај луѓето, болеста најчесто се јавува во руралните области во некои земји од централна и западна Африка ( Конго, Нигерија).Од средината на мај 2022 година, забележано е значително зголемување на бројот на заболени од мајмунски сипаници надвор од ендемичните земји, кај луѓето кои не патувале во ендемични земји. На 21 јули 2022 година, Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за закана за јавното здравје од меѓународно значење. Засега, мнозинството од сите заболени се мажи кои се идентификуваат како мажи кои имаат секс со мажи. Се пренесува со близок контакт и секој што е во близок контакт со болно лице може да се зарази и да се разболи.Симптоми и третман                                                                                                                Инкубацијата на болеста обично е 6-13 дена, а може да се движи од 5 до 21 ден.Според собраните податоци за пациентите во сегашната епидемија надвор од ендемските земји, клиничката слика често отстапува од онаа вообичаена во ендемските области.Во ендемските земји, болеста обично започнува со продромална фаза која се карактеризира со замор, треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, а исто така може да бидат присутни и болки во грлото. По еден до три дена се појавува осип кој се шири центрифугално, почнувајќи од лицето и се спушта до трупот,екстремитетите, а може да започне од местото на навлегување на вирусот во телото. Во случај на дисеминиран осип, дланките и стапалата исто така се засегнати. Може да бидат присутни и лезии на мукозната мембрана на устата и очите (енантем). Осипот може да биде со јадеж и  болен, а со почетокот на осипот се појавува болна лимфаденопатија.    Кај пациенти во неендемични земји, продромалните симптоми често се отсутни или најпрво им претходи осип кој е често атипичен – само неколку лезии и/или ограничени на гениталниот или перианалниот регион, а присутните лезии можат да бидат во различни фази на развој, од макула, преку папула, везикула и пустули до кора.Обично, осипот еволуира од макула, папула, везикула и пустула до кора.Третманот е симптоматски и во повеќето случаи болеста поминува за две до четири недели.Како можам да се заштитам себеси и другите од мајмунски сипаници?Провери на Како да се заштитиме себеси и другите од мајмунски сипаници ? - Семед Инфо (semed.mk)

Магазин | пред 3 години

bugarija-MNR

Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски се крие и збор не кажува за новонастаната ситуација во односите со Бугарија. Впрочем цела влада е на одмор и нема ниту еден ресорен министер да излезе во јаноста и каже каков е тој нов бугарски документ со нови услови за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Имено, Бугарија подготвува нов пишан документ кој треба да содржи нови обвски за Македонија и по кој веројатно бугарската страна ќе оценува дали Македонија ќе добие ново вето во некое поглевја, односно кластер. Патем министерот за надворешни работи Милков вели дека ваквиот пишан документ ќе им овозможи „систематски пристап и јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“. Ковачевски треба да излезе и да каже што значи ова за Македонија. Кои се новите понижувања кои се подготвени да ги направат заради нивните лични кариери.Патем Милков, бугарскиот МНР меѓу редови вели дека СДСМ е партијата со која им оди работата, па логично се поставува прашањето дали и овој нов пишан документ Ковачевски и компанија прво ќе го негираат, па ќе го кријат, па ќе го прифатат и ќе го прикажат како историски момент, исто како што направија со сите предавства претходно.Ваквите понижувања мора да престанат. Македонија мора да има цврсти национални и државни позиции. За жал со оваа влада тоа не е можно. Затоа народот треба да одлучи“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

gigovska-352192

Им откажа ли Гиговска љубов на ДУИ: По најавите за настап на “Скендербег”, доби јавен “ќотек”

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците организира фестивал на плоштадот Скендербег во Скопје. Фестивалот се организира по повод одбележување 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор.МАЈК, ФИФИ, Нора Истрефи, Луми Б, КИДА и Ермал Фејзулаху се пејачите кои ќе настапат на фестивалот за кој министерството вели дека се стреми да стане традиционален.„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира "PEACE FESTIVAL", како и Школа за млади лидери "Peace Forum Dialogue". Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот "Скендербег" во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.сабота, 13 август 2022, плоштад "Скендербег" Скопје, 21:00чЗаедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.Вчера министерството објави дека меѓу учесниците ќе биде и македонската пејачка Антониа Гиговска.„За колку пари се шитна бе девојче??“, „Не можам да разберам, со кој памет Антониа Гиговска прифатила да пее на овој настан?“, се само дел од коментарите на граѓаните.Денес на социјалните мрежи се појави дел од разговор на Инстаграм за кој се тврди дека е направен со пејачката. Во него стои дека менаџментот на Гиговска го прифатил ангажманот, но потоа истиот го откажал.„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот 'Peace Festival'... Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира... Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“, стои во пораката.https://twitter.com/Grdo_pajce/status/1557442283464712192?s=20&t=Kc_1Ff4skwVg1I-KQNOQvgНа Инстаграм профилот на Гиговска стои дека на 13 август таа ќе настапува во клуб во Радовиш.

Магазин | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Во моментов нема активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов нема активни пожари.„Во текот на изминатите 24 часа изгасени се вкупно 8 пожари и тоа:1. РЦУК - Орхид, ТППЕ -Охрид интервенирале на шумскиот пожар во атарите на с.Расино, с.Вапила и с.Сирула кој започна на 08.08.2022 година во 13.15 часот. Интервенирано е со 1 пп/в и 4 пожарникари. Пожарот е локализиран во 14,50 часот2. РЦУК Битола - Запалена сува трева кај депонијата во с. Мегленци. Интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари. Интервенирано од 15.00 до 16.30 часот.3. РЦУК Битола Пожар во шума кај манастирот во с.Курбиново, општина Ресен. Интервенирано од 21.15 до 22.30 часот со 3 ПП возила и 5 пожарникари од ТППЕ Ресен. На терен во текот на ноќта ќе останат екипите од ТППЕ Ресен и ЈПНШ -подружница Преспа Дрво од Ресен кои ќе ја следат состојбата.4. РЦУК – Тетово, ТППЕ Тетово во текот на изминатото деноноќие имале 2 интервенции надвор од градското подрачје за запалена сува трева.5. РЦУК – Куманово, ТППЕ Куманово 4 интервенции. Интервенција во с. Зебрањак на запалено сува трева во периодот од 23,20-00,35ч. каде учествувале со 1 ПП возило и 3 пожарникари5. РЦУК – Куманово во период од 10:25 до 11:20 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на сува трева на автопат Куманово -Табановце кај бензинска пумпа Детоил.6. РЦУК – Куманово во период од 12:25 до 14:40часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на сува трева во ,с.Шупли Камен мест.7. РЦУК – Куманово Во период од 16:00 до 19.40 часот, со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалена шума во с.Сопот8. РЦУК – Штип, ТППЕ-Кочани во период од 19:56 до 21:20 часот, во атерот на с. Кучишино интервенирале на гаснење на запалена сува трева со 1ПП возило и 2 пожарникари како и 4 лица од месното население“, се вели во соопштението од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

296343631_616459769844937_5479740406919195163_n

Срамна епизода „Стево и Плочата“ – до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен плоча од времен карактер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски води политика од денес за утре. Се е сведено само на гол пиар и зад неговите ставови и потези нема никакна стратегија, туку се води според народната купи ден помини. Пред само една недела Пендаровски бомбастично ја промовираше својата посета на манастирот Свети Прохор Пчински кај што се одржало првото заседание на АСНОМ, вели ВМРО-ДПМНЕ„Поминаа само фалбите на Пендаровски, помина пиарот и по принципот на потемкино село, работите ги снема.Она на кое што Пендаовски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови. Тој секој пораз знае да го преставува како победа, ама сосема друго прашање е колку му веруваат граѓаните. Па така и во овој случај неговиот кабинет се брукаше па објаснува дека спомен плочата била од “времен карактер“ (!?) Веројатно во светот ова е единствен случај на времена стави-вади спомен плоча која како потемкино село се става и вади само за очите на јавноста.Ова срамна епизода „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Пендаровски, која во последните неколку месеци ја збогати со зачестени пишман изјави во стилот на неговиот соработник Заев. Пендаровски треба да знае дека и тој како и целата оваа екипа на СДСМ ќе завршат на историското и политичкото буниште заради сите лаги, понижувања и порази кои му ги приредија на народот“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

brza-pomos-belgrad

Сообраќајка на патот Удово - Гевгелија, повредени 29 лица

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово – Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.„Добивме повик за поголем број повредени мигранти – 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, биле околу педесетина, такви ни се првичните информации“, рекоа од Брза помош Кавадарци.Кавадаречката итна медицинска помош, исто како и неготинската, била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените. Тоа за МИА го потврдија од двете служби на брза помош. Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.Од МВР потврдија дека вечерва во 18.10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од с. Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Демир Капија.„Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално“, велат од МВР.

Македонија | пред 3 години

nenad-lazarov4

„Ако ова не е ратно профитерство, не знам што е, арам да ви е“, вели доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров се огласи на социјалните мрежи во врска со информацијата дека како јавни набавки за ковид-19 се набавувани производи што не можат лесно да се доведат во врска со пандемијата, како, на пример, службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.„Не спиевме со денови за да обезбедиме и донираме заштитна опрема, штампаа луѓе на 3Д принтери заштитни визири со ноќи за да помогнат, БЕЗ ДЕНАР да побараат, дури и фабричко производство организиравме и делевме бесплатно, со лични коли од Пехчево до Ресен, плачеа и молеа колеги за помош, секоја едно парче заштитна опрема го споделивме, додека некој профитирал дебело а други лечеле фрустрации од мал пенис со купување аута на народна сметка. Ако ова не е ратно профитерство, не знам што е, арам да ви е“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Итен состанок за мајмунските сипаници, се бараат конкретни рестрикции

Во продолжение соопштение од Комисија за заразни болести:Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата. Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојденвно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден. КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Македонија | пред 3 години

testovi-korona-germanija

За еден ден регистрирани речиси 700 нови случаи на ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.Регистрирани сe 827 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница - по 2, Македонски Брод, Струга и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 1.480 теста преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-35, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–143, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-26, Биотек-68, Систина-47, лабораторија Лаор-9, Синлаб-7, Ремедика-11, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 623.Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      157099, Активни   1645Куманово    17739, Активни    195Битола      17233, Активни    288Прилеп      15075, Активни    188Тетово      14220, Активни    200Кавадарци   11660, Активни    207Велес 10514, Активни    133Гостивар    10102, Активни    156Охрид 9830, Активни     217Струмица    8582, Активни     105Штип  8539, Активни     104Кичево      5958, Активни     59Кочани      5361, Активни     76Струга      5060, Активни     109Гевгелија   4685, Активни     67Неготино    4002, Активни     73Ресен 2949, Активни     37Радовиш     2751, Активни     89Свети Николе      2745, Активни     27Крива Паланка     2563, Активни     25Делчево     2043, Активни     28Берово      1774, Активни     39Дебар 1772, Активни     31Валандово   1574, Активни     14Виница      1437, Активни     19Пробиштип   1290, Активни     2Богданци    1064, Активни     12Кратово     1064, Активни     27Крушево     996, Активни      32Демир Хисар 902, Активни      18Македонски Брод   774, Активни      7Демир Капија      616, Активни      8Македонска Каменица     530, Активни      4Пехчево     493, Активни      0Дојран      364, Активни      2

Македонија | пред 3 години

yb78

Арсовски се огласи за патувањето во Монте Карло: Мојот одмор чинеше ич пари

Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди.Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил.Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ.НО, слика од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:- историски најлошо менаџирање на власта- историски највисок степен на корупција- распродавање на национални интереси- штетен протокол со Бугарија- наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ- најзадолжена држава во регионот- најнеуспешна Влада што постоела- историски најниска доверба во судството од 8%- покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето- илјадници починато заради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМНикогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак.Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сѐ што се случува во државава, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин на кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене, ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели?“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања