ТОП

mirjana-najcevska

„Рамковниот договор го зацементира неправото како модус на работа на државата“, вели Најчевска

Годинава се одбележуваат 21 година од Охридскиот рамковен договор. По тој повод се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека тој е внатрешно контрадикторен, недоделкан и наменски ориентиран. Таа додава дека тој не е и не може да биде дел од правниот систем затоа што е донесен и склучен надвор од правниот систем и во себе содржи низа решенија кои немаат врска со правото.„Во Македонија имаше дискриминација врз основа на етничка припадност. Долготрајна, неприкриена, со погубни последици. Етничките Албанци имаа пониско образование, полоша здравствена заштита, помалку услуги од страна на администрацијата, помала судска заштита и беа надвор од клучните процеси на одлучување.Промената беше неопходна. Меѓутоа немаше ниту политичка свест ниту пак демократска зрелост за да може да се направи таа промена.Вооружениот конфликт од 2001 година не беше потребен. Можеа проблемите да се решат и на друг начин. Меѓутоа беше неизбежен заради нискиот интелектуален капацитет на раководните структури и демократскиот дефицит во државните институции.Охридскиот рамковен договор е мировен договор кој стави крај на вооружениот конфликт.Како и секој мировен договор тој е внатрешно контрадикторен, недоделкан и наменски ориентиран. Во секој случај не е и не може да биде дел од правниот систем затоа што е донесен и склучен надвор од правниот систем и во себе содржи низа решенија кои немаат врска со правото.Охридскиот рамковен договор требаше да создаде елементарни услови за промена која понатаму правно ќе се обликува и ќе обезбеди соодветен институционален и нормативен развој.Во моментот кога беа направени уставните промени овој договор требаше да стане дел од историјата.Се случи токму спротивното! Тој беше мумифициран и претворен во свет објект на клањање и ритуално почитување. Документот кој немаше правна основа стана највисок извор на правото. Поради религиозниот карактер кој му беше даден можеше да биде и е толкуван од посветените свештеници на начин кој ќе им обезбеди непречено заобиколување на правото и беспоговорно владеење.Со ова, наместо да се пристапи кон развој на демократијата и владеењето на правото кои треба да обезбедат заштита од дискриминација и практикување на правата на припадниците на различни етнички заедници, се изгради систем базиран на етничка припадност во кој колективитетите ги заменуваат индивидуите.Светоста која му се припиша ги отфрли како ерес сите алтернативни решенија, сите меѓународни алатки изградени со цел обезбедување на еднаквоста во едно граѓанско општество и го зацементира неправото како модус на работа на државата.Резултатот беше/е, замена на правото, принципите, правилата и критериумите со партиски пазар.Наместо подобро образование, здравство, услуги, учество во одлучувањето за припадниците на помалите етнички заедници, партиите од доминантната етничка заедница го прифатија отсуството на правото како правило и со воодушевување влегоа во политичкиот пазар кој доведе до симнување на нивото на образованието, здравството, услугите, учеството во процесите за одлучување на сите.На тој начин беше постигната еднаквост, меѓутоа како еднаквост во незнаење, сиромаштија, еднаквост во изложеност на криминал и еднаквост во отсуство на вистинска правна заштита.Крајно време е Охридскиот рамковен договор да биде ставен на полица, да бидат отстранети сите институции поврзани со негово спроведување, и да се воспостави систем на правила, процедури и критериуми кои ќе го издигнат функционирањето на државата на повисоко ниво во полза на сите граѓани независно од нивната етничка припадност“, вели професорката Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-13-112524

(ВИДЕО) Излезе и снимка од тепачката во Гостивар, 15 лица се соочуваат со пријави

Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар, каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.– На 11 август околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

ohrid-Andrej

За “Гардијан”, Македонија е „дивиот исток”: Кои препораки ги добива светот ако патува кај нас

Британскиот весник „Гардијан“ објави текст за патувањата на Балканот, кој го нарече „Дивиот Исток“. Во текстот беа претставени пет земји и нивните туристички потенцијали. Меѓу нив се најде и Македонија, која ја опишува како планинска, но зелена балканска земја.Текстот на Гардијан го пренесуваме во целост.„Завршивте со Шпанија, Италија и Грција? Овие земји нудат спектакуларни пејзажи, недопрени места за капење, антички градови – и пристапни цени.Црна ГораСо Јадранот на југ и планинските масиви на север, Црна Гора е добро место едноставно да го комбинирате одморот на плажа со поактивен одмор. Плажата е центрирана на средновековниот град Будва, кој има песочен и каменест брег долг 35 километри. Скадарското Езеро, најголемото во јужна Европа, е оддалечено околу еден час возење и е совршено за пловење со чамци меѓу водени лилјани и далматински пеликани.Заливот Бока Котор кој наликува на фјорд, кој е заштитен од УНЕСКО и опкружен со планини, исто така не може да се пропушти. Околу неговото крајбрежје има неколку средновековни градови, бројни цркви и манастири. Туристите можат да го посетат барокниот град Пераст, како и островот Госпа од Шкрпјела. Во градот Котор, 1.355 скалила водат до тврдината Свети Иван, со спектакуларен поглед.Упатувајќи се кон север, знаменитостите вклучуваат мавзолеј на планината на владетелот Петар II Петровиќ Његош од 19 век, потоа Цетиње, поранешната престолнина, и манастирот Острог, кој е изграден во карпа.Тука е и Националниот парк Дурмитор со своите шуми, езера и планини, кои се крајна дестинација за авантура на отворено во Црна Гора. Жабљак, највисокиот град на Балканот (1.456 метри), е исто така добра база. Посетителите можат со зиплајн низ кањонот Тара длабок 1,3 километри, да одат на рафтинг на реката Тара и да пливаат во Црното езеро.КосовоКосово прогласи независност од Србија во 2008 година и останува главно неоткриена туристичка дестинација, можеби сè уште поврзана со едногодишната војна во 1998 година. Но, денес тоа е безбедно место за патување, со малку гужви и ниски цени.Без излез на море Косово се состои од две големи рамнини опкружени со планини со 50 врвови повисоки од 2.000 метри. Ова значи одлично пешачење, јавање и скијање.Со оглед на тоа што нема море, популарно е пливањето во природни базени - слаповите на Мируша имаат кањони, пештери и 13 езера.Приштина, главниот град, и Призрен, вториот град, имаат добар ноќен живот. Ова делумно се должи на фактот што оваа балканска земја ја има најмладата популација во Европа - повеќе од 65 проценти од луѓето се на возраст под 30 години. Овие два града имаат и многу џамии, музеи и споменици.Главните знаменитости вклучуваат четири манастири и цркви под заштита на УНЕСКО - Дечани, Пеќ, Грачаница и Љевиш, потоа светилиштето за мечки, кое е дом на европските кафеави мечки спасени од заробеништво од хуманитарната организација „Четири шепи“ и пештерата Гадиме, полна со кристализирани сталагмити и сталактити.СловенијаСловенија има шармантен главен град - планини, езера и шуми, врвни вина, па дури и мал дел од брегот.Љубљана, компактен главен град, е изграден околу реката Љубљаница, со барокни и хабсбуршки згради на двата брега. Градот има и замок на врвот на ридот, уметнички галерии, театри и музеи (со единствениот целосен скелет на мамут во Европа во Природонаучниот музеј), иконична архитектура од 20 век од Јожа Плечник и пошумениот парк Тиволи.Во северозападниот дел на земјата, главни атракции се спектакуларното езеро Блед и езерото Бохињ. Од другата страна на планините, помалку посетената долина Соча нуди планинарење, рафтинг и кајак во лето, а скијање и сноуборд во зима.Одејќи кон југ, мора да се видат пештерите Постојна и Шкочјан и замокот Предјам, изграден во влезот на пештерата. Пиран е град со разгледници на брегот, со италијанска архитектура која го одразува вековното венецијанско владеење.Источна Словенија е винска земја - живиот Марибор, вториот град, може да се пофали со најстарите лози во светот - и е добар избор за престој на фарма.Птуј, најстариот град во Словенија, е убаво место за еднодневно патување.Босна и ХерцеговинаУште една земја поврзана со војните во 1990-тите, Босна и Херцеговина. Главниот град Сараево е споредуван со Истанбул или Ерусалим, поради неговиот стар град, Башчаршија, полн со чаршии, џамии и ресторани. Но, поновата историја не е заборавена, па можете да ги посетите Историскиот музеј и музејот „Тунел на спасот“, кои ја раскажуваат приказната за четиригодишната опсада во која загинаа 10.000 луѓе во 1990-тите.Мостар, на југ, е втората најголема атракција, познат по својот прекрасен Стар мост - посетителите можат да скокнат од него ако се осмелат.Помалку туристички (и подолг) е мостот Арсланагиќа во прекрасниот град Требиње на крајниот југозапад.Други познати градови се Травник, поранешниот османлиски главен град и Јајце со својот спектакуларен водопад.Рафтингот е популарен од март до октомври; Еден од најдобрите региони за рафтинг е околу градот Бихаќ, погоден за брзаците на реката Уна. Други активни опции вклучуваат повеќедневни пешачење во Националниот парк Сутјеска, ноќевања во планински колиби и 10-дневна планинска велосипедска патека TransDinarica од Мостар до Сараево.Во зима, скијањето е достапно во Бјелашница и Јахорина, јужно од Сараево.МакедонијаМакедонија е планинска, но зелена балканска земја. Иако можеби нема излез на море, таа е благословена со езера, од кои најпознато е Охридското Езеро. Тоа е едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но ги има и Преспанско, Дојранско и повеќе од 50 помали глацијални езера.Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, е најголемата атракција, опкружено со антички манастири, барови на плажа и рибни ресторани. Активностите вклучуваат возење велосипед, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се наоѓаат живописни рибарски села.Скопје, главниот град, е помалку атрактивен, но го задржува својот османлиски центар, плус модерните додатоци како што е Музејот на современа уметност.Националниот парк Маврово, каде се наоѓа и Мавровското езеро, е дом на мечки, волци и рисови, нуди планинарење, возење велосипед, јавање коњи, пливање во лето, а скијање во зима. Тука е и живописниот манастир Св. Јован Бигорски од 11 век. Други национални паркови се Галичица која се наоѓа помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и Пелистер, планина со две езера“, пишува Гардијан.

Магазин | пред 3 години

44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

Во Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината, вели СДСМ

Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните, вели СДСМ„Освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови.Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место им се личните и партиските интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

koridor-deset34

„Грѓаните ќе почекаат за изградбата на новите автопатишта, СДСМ и ДУИ пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Грѓаните ќе почекаат уште неколку неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола, вели ВМРО-ДПМНЕ„Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните.Научени се само да крадат, никако нешто да изгрдат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапкна во место и еден километар асфалт немаат поставено.Реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови.Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип.Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази.За целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност. За многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

lekari-715x420

Повторно како и со Ковид-19, здравствените власти доцнат со протоколите за мајмунски сипаници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Здравствениот систем во Македонија е во целосен колапс. Пациенти бегаат од тестирање, а здравствените власти без протоколи за лечење од заразната болест „мајмунски сипаници“, вели ВМРО-ДПМНЕ„Повторно како и со Ковид-19, здравствените власти доцнат со протоколите и начинот на лечење и изолација со оваа нова пандемија која масовно се шири низ Европа и светот.Кој ќе понесеше одговорнот доколку пациентот кои одбиваше да биде тестиран, откако некако го пронајдоа, беше позитивен на оваа зараза?Дали министерот или пак комисијата ќе одговараа доколку ова лице заразеше свои сограѓани со овие сипаници, бидејќи по кој знае пат ние не сме подготвени за справување со пандемии.Илјадници наши сограѓани починаа од Ковид-19 заради тоа што немавме навреме вакцини, немавме доволен капацитет во болниците за примање на пациенти, но оваа неодговорна власт не ја научи лекцијата од Ковид-19 пандемија.За тоа повторно прашуваме, кога министерот Беким Сали и комисијата за заразни болести ќе донесат протоколи за оваа нова пандемија со „мајмунски сипаници“?Дали повторно треба да ни се случи истото сценарио како со Ковид-19?Властите да престанат да бркаат тендери и да се богатат врз здравјето и животот на граѓаните. Веднаш треба да се преземат итни мерки за да не се повтори како првиот суспектен случај кој за среќа е негативен на оваа болест.Неодговорноста на здравствените власти мора да запре, пред да биде доцна“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

Capture-2

„Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот, Бочварски и Ковачевски кривично да одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот.Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има.Министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга.Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните.Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија.Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

rus-mak

Македонија ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот Битола, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи и најави одговор на тој чекор, информира „РТВ“.Според заменик-портпаролот на Министерството, Иван Нечајев, властите на Северна Македонија не ги навеле причините за тој чекор, пренесува агенцијата ТАСС.„Нема сомнеж дека ова е уште една политички мотивирана одлука“ – вели Нечајев.Според него, овој „антируски чекор ќе го зголеми јазот во односите меѓу двете земји“, кој започна, како што рече, со однесувањето на Скопје, кое покажува слепа лојалност кон западните сојузници, нивната политика на санкции и силен притисок врз Русија.„За жал, поради својата антируска политика, Скопје ја жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат да се развијат контакти меѓу луѓето, да им се помогне на луѓето и бизнисите. Се чини дека Северна Македонија не се грижи многу за сопствените интереси и се обидува да предизвика нашиот одговор, кој неизбежно ќе следи“- смета заменик-портпаролот на руското МНР.

Македонија | пред 3 години

unguq1uqvfhqjvyzjmn8

Во Македонија нема мајмунски сипаници

Од Институтот за јавно здравје сме информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници и резултатот е негативен.Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Кој ќе го направи мнозинството за уставни измени, Груби најави дека има пратеници кои сакаат да гласаат

Според потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот, напомена Груби во одговорот на новинарско пршање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.

Македонија | пред 3 години

zabava-skopje

(ВИДЕО) Хаос до сабајле со добра музика и пијачка, на Скопје очајно му фалел ноќниот живот: Првата вечер била маестрално одлична

Дека на Скопје му недостигал ноќниот живот, говори фактот што синоќа клубот Хавана во градскипт парк беше премал за да ги собере сите гости. Журката со македонски безвременски хитови и странски најпопуларни песни, траеше до разденување. Скопјани, но и посетителите на градот се чини дека се пресреќни што одново ќе можат да се журкаат по цело ноќи.“Неопходен е ноќен живот, ако сакаме да сме метропола која чека туристи и сака задоволни граѓани”, се коментира на социјалните мрежи.Идниве денови се отвораат уште неколку ноќни клубови. Меѓу нив и “Привилиџ” каде и досега имало одлични журки.Летните клубови добија дозволи за работа, од вчера. Од Здружението на летни ноќни клубови информираа дека успеале да најдат слух со надлежните институции.– Во заедничка координација со сите служби најдовме решение и можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат – нагласија од Здружението.Програмите за добри забави се креираат.

Скопје | пред 3 години

297389781_427532446068382_9137607272880174001_n

И Владо Јаневски откажа, ќе успее ли Груби да му најде замена

Владо Јаневски го откажа настапот на Мировниот фестивал кој министерството за политички систем на Артан Груби го организира во рамки на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.Владо Јанеvски се огласи на Инстаграм со објава дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“ на 13 август.„Владо Јанеvски не настапува на прославата која се одржува на 13.8.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, се наведува во официјалното соопштение на профилот на пејачот.Јаневски требаше да биде замена за Антониа Гиговска која вчера го откажа настапот на плоштадот затоа што не знаела дека менаџментот ја пријавил на настан со политичка конотација.

Магазин | пред 3 години

arberia-dizajn

Свидестелства нема, фирмата која треба да ги испечати е зафатена со органзирање на прославата за рамковниот договор

Од едната страна потписници владини функционери од ДУИ, од другата на договорот за јавни набавки сопственикот на „Арбериа Дизајн“, Хасим Хамзаи. Истата пракса со години, а само лани 61 јавна набавка завршила во раце на тетовскиот печатарски магнат. Фирмата којашто традиционално победува на јавните набавки за печатење свидестелства, објави Телма.На 2 седмици од почетокот на учебната година, сведителства нема. Но затоа има два тендери на контото на „Арберија дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ се понуди и победи на тендерот на министерството водено од Артан Груби и утре треба да ја организира прославата за одбележување на Рамковниот договор. 100.000 евра за хотелско сместување, озвучување, хостеси, пејачи и кетеринг.Фирмата е основана со шифра на дејност „печатање“, но на нивната интернет страница се промовираат неколку други бизнис понуди. Сопственикот е основач и добитник на јавни набавки во вредност од 1 милијарда денари.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

grubi-koli-fabrika

Не му веруваат на Груби дека во Тетово ќе се произведуваат автомобили: „Таму нема вода, а не па фабрика“, „Лага е“, „Ќе се изгради кога ќе има тунели под Кале“

Вицепремиерот Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово. За ова ќе се вложи државната помош во износ од 130 милиони евра. Граѓаните со свои гледишта. Иако ова не беше главна тема на муабетење, песимизнот од рализација за оваа инвестиција е голем.Песимизмот е дотаму голем што дел од граѓаните сметаат дека фабриката за автомобили ќе се изгради кога ќе има и тунели под Кале (проект на Петре Шилегов кој не е реализиран), автопат од Велес до Прилеп (ветување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски), кога Илинденска ќе се продолжи со висечки мост.Дел од другите коментари:„Лага е бре. Од кај 130 милиони кај владата. Им фалат 1,5 милијарди во буџет,кредит не дава никој. Пробуваат со казни и даноци да поправат нешто. За брзо ќе нема ни за плати ,а не пак ќе правеле фабрика они. Предизборна лага за локалните во Тетово на 20ти сега“, пишува на „Твитер“, твитерџија потпишан како Жива вода.https://twitter.com/Zivavoda1/status/1557978652406587392На „Твитер“ може да се најде и потсетување дека во Тетово се уште граѓаните немаат вода.„Тетово немаат водовод и депонија, ама им сметала улица што се вика Никола Тесла!“, пишува Пaвел Николаевич.https://twitter.com/pavnikolaevic/status/1557840674451496960„На оваа сиромаштија и криза за владата да вложи 130 МИЛИОНИ € народни пари, прво треба да распише референдум и да го праша народот дали се согласува. #лоповиЕдни“, стои во друг твит.https://twitter.com/edna_makedonka/status/1557974360299814912Коментар има и од новинарот Цветин Чилиманов.„Ако стварно им дадеме 130 милиони државни пари, можат да направат и вистинска кола“, пишува тој.https://twitter.com/Cvetin/status/1557823774757724160Други, имаат дилеми каква е таа инвестиција во која државата вложува пари на граѓаните.„Како тоа странска инвестиција, а владата ќе вложи 130 милиони евра наши пари?“, прашува Рејмонд Редингтон.https://twitter.com/Redington_M5/status/1557783389834452992На „Твитер“ оценуваат дека ова ќе биде со свој камен, по своја глава.„Владата ќе инвестира 130 милиони пари од кредити инвестицијата кошта 100 милиони,30 мил.провизија Со свој камен по глава“ пишува друга твитерџика.https://twitter.com/Anasonka3/status/1557998223104565249

Коментари | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

За пет часа, во Македонија стотина возачи „летале“ по патиштата

Во текот на изминатата вечер (11.08.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 165 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања