ТОП

ucebnici

На брза лента: Ќе се менува историјата во учебниците за петто и шесто одделение, откриени измените

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна МакедонијаЗаедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:- неосновани историографски сугестии за античката историја,- недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,- фактографски непрецизности.Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците).5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија:1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани.4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

Македонија | пред 3 години

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Ќе се менуваат учебници, има договор за св. Кирил и Методиј - ова се решенијата на историската комисија

Во изјава за медиуми на копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев кажа детали за усвоените решенија на Комисијата за заеднички чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за 6 одделение во Македонија и 5 клас Бугарија.Постигнат договор за Цар Самуил и Светите браќа Кирил и Методи со кој ќе се менуваат и македонските и бугарските учебници.Ѓорѓиев открива дека заедно со Бугарија ќе се чествуваат овие славни личности. Сепак посочува дека овие препораки на комисијата не се задолжителни за Владата туку останува самата Влада да одлучи.Препораки има и за антиката која не смее да се романтизира, вели Ѓорѓиев и истата повеќе нема да се претставува од модерно гледиште на национални држави.

Македонија | пред 3 години

298538878_611689493653906_7273867637071238821_n

Владата да се извини за исвиркувањето македонскиот јазик на партиската забава на ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од скандал до скандал за прославата за Рамковниот договор. Илјадници евра потрошени за партиска прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик, вели ВМРО-ДПМНЕ„Два дена без никаква реакција од власта за овој скандал на приватната забава на власта.Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава.За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза.Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави.Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ. Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

dfasdfasdf

„Во држава изградена врз етничка основа постојат само племиња“, „На ДУИ им е во опис да шират омраза кон се македонско“, жестоки реакции за исвиркувањето

Професорката Мирјана Најчевска и пратеникот од Левица Борислав Крмов, се меѓу првите кои се јавија со реакција по видеото на кое се гледа како дел од публиката ја исвиркува водителката додека таа зборува на македонски јазик.Најчевска смета дека вака не се гради современа држава.„Државата која се базира на колективитети изградени врз етнича основа не може да биде современа демократска граѓанска држава која ги штити права на поединците. Во ваквата држава нема индивидуи. Постојат само племиња и племенска заштита“, напиша таа.Крмов смета дека е нормално за ДУИ да шират омраза кон се што е македонско.„Со големоалбанска и етно-шовинистичка матрица, ширењето омраза кон се што е македонско, на ДУИ им е во опис на работно место. Шовинизмот и омразата на ДУИ се 'борба за човекови права', додека барањето заштита на Македонците од асимилаторските политики на соседите е 'национализам'“, напиша тој.Бројни осуди имаше и од граѓаните на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

skenderbeg-prosalva

ВИДЕО: Водителката на „рамковниот фестивал“ исвиркана кога зборуваше на македонски јазик

На синоќешната прослава по повод 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор, која се одржа на плоштадот Скендербег, водителката која читаше на македонски јазик беше исвиркана од страна на публиката.На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик.Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто Груби ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

Македонија | пред 3 години

guzva-granica

ВИДЕО: Хаос по границите, насекаде гужви

Гужва на граничниот премin Блаце. Возачите чекаат најмалку 30 минути за влез во Македонија.Од почетокот на летната сезона, постојано кружат информациите за гужва на границите. Истите се интезивираат во време викендите.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез од државата време на чекање е околу 1 час, а на ГП Богородица се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-14-140119

(ВИДЕО) Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.– Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, изјави Мицкоски.Мицкоски нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.– Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ке ја напуштам политиката ако некој од партијата глаза за промена на Уставо во вакви услови изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

FaEqLZ9XoAYRrAD

„Ќе правеле електрични возила, а струја не плаќаат“, „Ојдоја у неповрат 130 милиони евра за ДУИ“, граѓаните револтирани за фабриката во Тетово

Со потпишување Договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ и со поставување камен темелник во ТИРЗ Тетово, вчера беше означен почетокот на новата инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира прв пат во Република Северна Македонија.Ивестицијата тежи 130 милиони евра само во првата фаза и планирани се 900 нови вработувања, посочи премиерот Ковачевски во своетоо обраќање.Граѓаните се револтирани, велат дека од „инвестицијата“ во Тетово ќе остане само камен темелникот, а парите како што велат ќе ги лапне ДУИ.„Отидоа во неповрат 130 милиониевра на ДУИ, пари на народот“, „нов грабеж на повидок“,https://twitter.com/ArhimedB/status/1558595785385803776?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/P0KIO/status/1558440146034466816?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/nAPLZjJ7amEPNQq/status/1558496753371979777?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/CufkaL/status/1558441652527693825?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/t_dragi/status/1558634399922802688?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/SvetiNeo/status/1558571639696154644?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/osmini_/status/1558537354914267136?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/arozgj/status/1558566002606178307?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/bajkoal/status/1558553812322902016?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/saso_arsov/status/1558540638630584321?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/nAPLZjJ7amEPNQq/status/1558534303637803010?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/marsedonec/status/1558528979992297472?s=20&t=Ei8QgOLbQeMOoLPdTfckwghttps://twitter.com/buturipol/status/1558589214165549058?s=20&t=he3REkhIj42oOM7jtqIofghttps://twitter.com/Littlep80541710/status/1558726642733912064?s=20&t=he3REkhIj42oOM7jtqIofghttps://twitter.com/StojkoGolemiot/status/1558465054042951681?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/KajMakamot/status/1558550591244308481?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/SestraTi/status/1558506286559404032?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/P0KIO/status/1558524796366999552?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcAhttps://twitter.com/SancoPansa5/status/1558516036634386433?s=20&t=7tp-r3R2gEMgw8rPVxYHcA 

Коментари | пред 3 години

pozar-sutomore-700x394-1

Нема активни пожари во Македонија, изминатите 24 часа изгасени се четири

Вчера голем дел од Македонија беше зафатена со силни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави. Центарот за управување со кризи објави каква е состојбата со порои и поплавите во државата.1.КавадарциОд вчерашната настаната ситуација со поројни врнежите од дожд во Кавадарци полавени се околу 10-тина подруми од куќи, за испумпување на водата од поплавените подруми на терен биле 6 пожарникари со 4 ПП возила и 3 пумпи, и екипи со 2 пумпи од ЈП Комуналец Кавадарци. Санирана е исто така и оштетената ул.7-ми Септември, на која се работело со 3 екипи. Активностите на екипите се завршени во 01.30ч.2. ШтипПоплавена куќа од подрум на ул. Љубен Иванов бр.48 од затната канализација. Известени се ЈП Исар Штип.Во моментов нема активни пожари, а во изминатите 24 часа изгасени се вкупно четири.Изгаснати пожари1.Куманово с.Ваксинцесува трева 1 ПП возило и 3 пожарникари 16,05-17,552. Куманово с.Романовцезапалено стрниште1 ППвозило и 3 пожарникари20:20 - 21:203.Кривогаштани с.Кривогаштани опожарена хала за откуп на земјоделски производи Од ТППЕ Прилеп испратено е 1 ПП возило со 3 пожарникариод ТППЕ Кривогаштани испратено е и 1ПП возило со 4 пожарникари20,00-21,254. Скопје Илиндензапалено ѓубре на површина од 100 м21 ПП возило и 3 пожарникари20.40 -21.50

Македонија | пред 3 години

362148-salman-ruzhdi-proboden-so-nozh-na-scena-vo-njujork

Прободен со нож во вратот, стомакот и окото, во каква состојба е писателот Ружди

Британскиот автор Салман Ружди останува во болница во тешка состојба, еден ден откако беше избоден повеќе пати додека беше на литературен собир во Њујорк, а неговиот напаѓач рече дека не се чувствува виновен, но како што јави Би-би-си, Ружди бил исклучен од респиратор и може да зборува.Обвинетиот напаѓач, 24-годишниот Хади Матар од Фервју, Њу Џерси, се изјасни за невин пред судот во саботата, објави неговиот официјален адвокат. Матар се товари за убиство во обид и нанесување тешка телесна повреда.Ружди (75) се подготвувал да одржи предавање во Чаутаука, во западниот дел на Њујорк, кога Матар го нападнал со нож и неколку пати го избодел.Според окружниот обвинител Џејсон Шмит, Ружди бил избоден три пати во вратот и четири пати во стомакот. И окото му беше прободено.Писателот беше опериран во петокот вечерта, по што беше ставен на респиратор.Писателите и политичарите ширум светот го осудија нападот. Во саботата, американскиот претседател Џо Бајден им се придружи, пофалувајќи ја посветеноста на Ружди за „универзалните идеали“.Полицијата сè уште не го утврдила мотивот за нападот, но NBC објави дека прелиминарниот полициски преглед на профилите на социјалните мрежи на Матар покажал дека тој имал наклонетост кон шиитскиот екстремизам и иранската Револуционерна гарда.Матар е роден во Калифорнија, но неодамна се преселил во Њу Џерси. Тој бил фатен на местото на нападот, а очевидци велат дека не кажал ништо. Неговото следно судско рочиште ќе биде во петок.

Магазин | пред 3 години

298673155_432893482209120_1854581748262527985_n

Европската комисија со „едукативна мапа“, греѓаните навредени: „Изгледа има голем национален парк на Балканот населен со мечки“

Европската комисија на социјалните мрежи објави едукативна содржина, поточно илустрирана мапа, каде што на секоја европска земја има нацртани симболи со нејзините културни, историски и природни знаменитости.Така, гледајќи ја оваа карта, поголемиот дел од Блаканот е обоен со зелена боја, а единствените симболи што се нацртани се кафеава мечка и камениот мост над Дунав.Проблемот, судејќи според реакциите, беше што во описот пишуваше дека содржината е од едукативен карактер.„Во духот на утрешниот Ден на младите, играме игра. Можете ли да ги најдете сите икони на мапата?“, стои во описот на објавената фотографија.Токму тоа предизвика низа остри коментари против мапата и против Европската комисија.„Поздрав од земјата на мечките на Западен Балкан!!! Се надевам дека во блиска иднина ќе ја корегирате вашата мапа и ќе додадете нешто позабележително за нашите најстари културни и цивилизациски знаменитости. Јас сум од Скопје, и не сум дивјак како што ни покажавте. Го имаме Камениот мост во Скопје и родното место на Јустинијан Први, го имаме местото за набљудување на просторот Кокино кој датира од пред 4.000 години, имаме кирилично писмо од Охрид и многу други знаменитости“, „Се чини дека има голем национален парк на Балканот населен со мечки“, коментираат под фотографијата.

Коментари | пред 3 години

080651kavad4

(ВИДЕО) Силно невреме во Кавадарци, поплавени улици и подруми, екипите интервенираат на терен

Кавадарци синоќа беше зафатено од силно невреме. До повикувачкиот центар во општината,имало бројни пријави за поплавени подрумски простории и други штети.Градоначалникот Митко Јанчев фотографии од повеќечасовните активности, а метеорологот Славчо Попоски објави видео од силното невреме кое направи вистински пустош во градот.„Подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-13-195109

Бугарскиот клуб во Битола со нова провокација: Македонија е под протекторат

Нова провокација доаѓа од бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов кој е отворен во Битола. Ова е ставот на граѓаните кои ја коментираат најновата објава на фејсбук.Во неа стои некаков си цитат во кој ја оспоруваат државотворноста и независноста на Македонија. Според објавата Македонија е земја со која управуваат две други странски држави.„Паролата на студентите:Долу експонатите на србизмот,Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!”, „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев!!Обвинението на крвниците:Така, под раководство на обвинетиот Калкашев – истите се организираат во организација која што има за цел борбата против денешната ФНРЈ и нејзиниот уставен поредок и одвојување на Н.Р Македонија од составот на ФНРЈ во некаква си „Автономна Македонија” на чело со крволокот на мак. народ Ванчо Михајлов, а под протекторат на Англија и Америка“; стои во објавата.Бугарскиот културен клуб во Битола беше оспорен од граѓаните, а неговото име уште не е утврдено дали смее да биде применувано и за тоа има комисија во министерството за правда која треба да одлучи каква ќе биде иднината на ова здружение чие седиште беше и запалено.

Коментари | пред 3 години

woman-playing-piano

Страотно сведоштво за средното музичко училиште: Страдав од нагони за повраќање и психичко растројство, а митото и корупцијата беа јавна тајна

Поранешна ученичка во средното музичко училиште "ДМБУЦ Илија Николовски - Луј", се огласи на социјалните мрежи каде напиша дека оваа институција е „дувло на единки со тешки психо-патологии и комплексни фрустрации“.„Јас, Сара Александровска имам 27 години и со цела одговорност на возрасен и свесен човек изјавувам дека музичкото училиште "ДМБУЦ Илија Николовски - Луј" во кое пред 9 години завршив средно школо пред се е дувло на единки со тешки психо-патологии и комплексни фрустрации, со чест на многу малку исклучоци.Јас кога бев дете на 15 годишна возраст по пат на првите блок часови клавир страдав од нагони за повраќање и психичко растројство бидејќи се среќавав со гнасни навреди и со песници мавани по ниските октави на школските клавири, тоа звучно е рамно на гром да мава до тебе. Ние учениците се соочувавме со коментари и навреди како "неписмен, глупак, неталентиран, ќе пропаднеш, никад нема да те биде, глув, смрдиш на ефтин парфем, сељак, копук, клошар, хемиски експеримент, татко ти у тегла свршил кога те правел, у гз си правен" и многу многу други.Помеѓу професорите постоеше реваншизам, омраза и изопачен натпревар на тоа кој е поуништен креативно, креативноста во училиштето беше страна тема и секој кој имаше креативна нишка и потенцијал беше исмеван и понижуван, а славени беа сите оние кои се вклопуваа во оваа демонска шема односно процесија за конечното уништување на духот на музиката и нејзиното претварање во алатка за изживување врз психите на децата ученици. Таму музиката губеше секаква уметност и се претвараше во површна логична математика пренесувана посурово и од во среден век. Во среден век се палеле музичари ако згрешат интервал што не е дозволен од црквата, во ДМБУЦ, во 21 век беа нарушувани детски психи ако не одиш по правилата на демонска шема.Митото и корупцијата беа јавна тајна и суптилно со божем приватни часови се уценуваше ученикот за тоа дали ќе помине или не на некој од предметните испити. Многу талентирани и светли душички си ја загубија искрата и тотално се тргнаа од патот на музиката, души што дури и компонираа суштински композиции во тие години, подлабоки и поискрени од тие на професорите кои беа изопачени од докажување едни кон други кој е поталентиран.Јас Сара ги охрабрувам сите ученици што ја поминале оваа државна институција која наликуваше на лудница за благи пореметувања да го искажат своето мислење јавно и да создадат јавен притисок. Ако доволно луѓе се искажат јавно и ако има добра правна заштита јас ќе именувам по име и презиме.Убивање на духот на музиката е зло дело од вселенски размери и мора да биде воочено и соодветно казнето од нацијата на која и се одземаат идните културни амбасадори и двигатели“, стои во објавата.Фото: Freepik

Коментари | пред 3 години

298765661_611256243697231_3573059103043223608_n

Денес ќе се постави камен-темелникот на фабриката за електромобили во Тетово

Голем ден не очекува денеска на годишнината од Охридскиот мировен договор, вели Артан Груби.„Денеска во 12 часот го поставуваме камен-темелникот на фабриката со современа технологија за производство на електромобили e.GO во Слободната економска зона во Тетово.Инвестицијата вредна 130 милиони евра ќе отвори 900 нови работни места директно во Тетово и Полог како и над 3.000 индиректни вработувања од локални компании кои ќе соработуваат со инвеститорот, додека очекувањата се дека прометот во последните години со производство со вкупен капацитет ќе достигне до 720 милиони евра.На фотографијата е бразилскиот фудбалер Нејмар промовирајќи го новиот модел на e.GO Mobile во Берлин.Додека вечерва се гледаме на Фестивалот на мирот со почеток во 21:00 часот на плоштадот Скендербег“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања