ТОП

Screenshot-2022-08-17-220511

(ВИДЕО) На Маричиќ му се „стемни“ од Ландов, драма за бифтеците на прес-конференцијата

Вицепремиерот Бојан Маричиќ пред повеќе од еден месец најави извештаи со кои ќе докаже дека не јадел сам бифтеци, калифорниски пастрмки, но и пици за над 17.000 денари во еден ден на државна сметка, но се предомисли, пишува новинарот Кристијан Ландов од „А1он“.Според порталот, Маричиќ сега бара Министерството за правда со кое раководи министерот Никола Тупанчески да му ги оправда трошењата за кои јавноста никогаш не ги виде задолжителните извештаи кои треба да покажат дали навистина имало работни средби и со кого кога се плаќало со државни пари.„А1он“ први објавија што јаде Маричиќ по ресторани, како и дека нема месец без тој на државна сметка да се гоштева по меани.Повеќе...

Македонија | пред 3 години

soliter-696x497-1

„На администрацијата ќе им купеле по еден шпил карти да не трошат струја со Солитаре“, реакции по мерките за штедење струја

Вклучување на болјер само кога тоа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода, се дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои се усвоени на вчерашната седница. Исто така државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.Граѓаните на социјалните мрежи се шегуваат околу овие мерки, велат дека администрацијата која не оди на работа, а зема плата испадна најштедлива.https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1559789444663762944?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1559779076872830976?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/bojankuk/status/1559666183376437249?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/BatmanSaysT/status/1559958575396671488?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/S7black7GMC/status/1559951671886757889?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/dragi_crni/status/1559812416032178176?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/osmini_/status/1559666480488353795?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/Tomche29/status/1559612539633295360?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aA 

Коментари | пред 3 години

struja

Во Скопје се краде струја на големо, мапирано каде најмногу

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува МКД.МКСпоред неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

skopje-12

Пукотници кои наликуваат на експлозии во Скопје, детали за тоа што се случува

Силни пукотници кои наликуваат на експлозии ги вознемирија скопјани доцна попладнево. Дел од граѓаните мислеа дека се случува нешто во главниот град, но сепак, станува збор само за стрелидба.Според последните информации, Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечер во 19 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија.

Скопје | пред 3 години

vilma-ruskovska

Се частело за суспензијата на Вилма Русковска: „Ајде и притвор да си исчекаме!“

И частење имало за суспензијата на Вилма Русковска. Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит, дел од протестите „За Заедничка Македонија“ по кои следуваше и упадот во Собранието на 27-април, за кои беше обвинет, на обвинителката и посака: „Ајде и притвор да си исчекаме! И за неа и за тие што ја затвораат бидејќи се исти го**а. Среќен ден, ќе се пие, ќе се пие!“.Илиевски имаше и втор статус, каде споделуваше дека пие пиво во име на суспензијата на обвинителката.Тој ги праша неговите следачи: „Која е разликата меѓу мене и Вилма? Јас сум убав, вработен и веќе одлежав“.Инаку, Русковска е суспендирана поради кривичната постапка која се води против неа за претресот во Финансиската полиција.

Коментари | пред 3 години

cetiri-1

Чочоровска до Русковска: Уништи животи за моќ, пари, лажна кариера - ќе лежиш во Шутка или Идризово

Станислава Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор.Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.Оваа казна подоцна беше потврдена и од Апелациониот суд.Тогаш тие тврдеа дека се наместени, а за нивната казна главна беше Вилма Русковска, која денес е суспендирана од својата позиција.За сето ова не и остана должна Чочоровска, која на социјалните мрежи напиша:-Така е кад се курчиш ќурко, а не знаш да летиш. Секое зло се враќа…уништи животи за моќ,пари,лажна кариера, алавост, ку*чење, па*авро на секоја власт. Полуписмена тупава незналицо од зло и завист саткана. Пи*аницо. П*чка ти материна твоја, ќе преноќиш во Шутка или Идризово и ти, ќе ти дојде редот како на сите што мислевте дека сте газди на туѓи животи да правите што сакате!

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-16-194018

(ВИДЕО) Страшно невреме во Неготино

Големо невреме го зафати градот Неготино денеска од 16.00 до 16.30 часот. Пожарникарите се веќе на терен и интервенираат.На фотографиите објавени на социјаланите мрежи може да се забележат искорнати кровови и големи материјални штети. Жителите бараат помош на ул.Пиринска, напоменувајќи дека штетите биле огромни.

Македонија | пред 3 години

bebe

Бебе киднапирано во ГТЦ, пронајдено во Ѓорче Петров

„Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица“, велат од МВР.Тие додаваат:Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа ќе биде изнесена пред судија на претходна постапка.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-12-15-at-22.39.12

Вилма Русковска е суспендирана, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска добија дисциплински

Дисциплинска одговорност се бара од обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Постапката ја поведе републичкиот обвинител Љубомир Јовески, а по претресот во Финансиската полиција за кој беше утврдено дека е незаконски направен. Дисциплинската комисија ќе треба да утврди кои повреди се направени.„За обвинителите постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, велат од Обвинителството.Од трите обвинителки, само за Вилма Русковска е донесена одлука за суспендирање. Тоа го потврдуваат и од Обвинителството.„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, додаваат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Македонија ќе штеди, Владата им кажа на граѓаните: Исклучувајте сијалици, компјутери, штедете!

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.-Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши.Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

digital-technology-background-with-abstract-wave-border_53876-117508

„Кирил и Методиј станаа Кирчо и Митко“, „Комисијата ги продала за две червени“, јавноста се бунтува по препораките на историската комисија

Лавина реакции на сметка на историската комисија на чело со Драги Ѓоргиев има во јавноста откако се обзнани дека Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум ќе се чествуваат со Бугарија. Јавноста за дел од овие личности протолкува дека сега се бугаризирани. Остри критики се испратени за ваквиот чекор.„Јас би им го понудила Заев како “историска личност”, заеднички да си го слават Бугарија и Грција. Може и пошироко“, напиша Солза Грчева.https://twitter.com/Solza_Grceva/status/1559281322530570240„Историска комисија be like...“, се коментира во друг твит, со фотографија како еволуирале премиерите Зоран Заев и Димитар Ковачевски.https://twitter.com/P0KIO/status/1559234683291975680„Нашиве историчари членови на мешовитата историска комисија од толку што се емпати, имаат разбирање и ги прифаќаат сите приговори на нивните бугарски колеги...јер ние нема што да бараме, целта е јасна- ЕУ.. море МВЕ објаснувањава ни дете од 4 години ќе ви ги оспори и побие“.https://twitter.com/Trim4e_1/status/1559231308160802824„Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел одсовремената историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија“https://twitter.com/No_name_No_user/status/1559168230253625353„Еве што прифати комисијата: Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Македонија. мајмуни“.https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1559146688719339520„Бугарите ќе ги слават Кирил и Методиј а ние реципроцитет одма Васко Жабата !!! Ехххх оваа чудесна земја“https://twitter.com/kojprvpocnamme/status/1559304040999260161„Синко:-Што менуваат бе мамо сега ?Викам Цар Самоил, Кирил и Методиј, сега се бугари.Он:-Ама како може некој да знае тоа од пред 500 години и да кажува дека не било така како што сме знаеле до сега?Викам еве знаат овие изродите.Мамо вика ова е срамно ова вака не може!“https://twitter.com/Minskonhet_/status/1559270840386068480„Никој нема да не бугаризира...... само што Св Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, Цар Самоил, од денес ни ги направивте бугари!“https://twitter.com/igorhadzievski/status/1559215593554853888„Денес Кирил и Методиј станаа Кирчо и Митко“.https://twitter.com/Shoeder006/status/1559170064024215552https://twitter.com/mkdpoezija/status/1559168960888819712„Ќе бараме ли дозвола од Бугарите за да ги чествуваме Кирил и Методиј? Комисијата наша ги продала за две червени“https://twitter.com/Shoeder006/status/1559167556728102917„Ајде, честитки!Заедно прославување на Кирил и Методија, Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил...со Бугарите.Фала многу Драги Ѓеоргиев, Господ да ти плати!“https://twitter.com/BubaMar36409771/status/1559185684560314370

Коментари | пред 3 години

mirjana-najcevska-huliganka

Секој нека се чествува кај себе за она за што мисли дека треба, вели Најчевска за одлуките на историската комисија

Професорката Мирјана Најчевска не ги коментира промените во учебниците и сака да види што точно ќе се менува. Нејзиниот став го сподели на социјалните мрежи. За чествувањето на празници, заедно со Бугарија, дава друг предлог.„Би сакала да ги видам препораките за промени во учебниците на Македонија и Бугарија за да можам да судам за нив. Не ми е јасно ова со заедничкото чествување. Зошто треба заедно? Зошто сега одеднаш се форса сесловенството? Или сакаме да докажеме дека сепак сме еден народ разделен во две држави? Секој нека се чествува кај себе за она за што мисли дека треба. Овде во Чешка на пример браќата Кирил и Методиј ги чествуваат на 5 јули. Тоа е датумот за кој се претпоставува дека бил датум на пристигнување на браќата во Моравија“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 3 години

245846307_4950688168342178_3621803565900854679_n

Академик Ќулафкова: Препораките на историската комисија се уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет и потекло

Препораките на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“, објавени денес, 15 август 2022, се повеќекратно сомнителни (научно, политички, развојно) и особено штетни по однос на востановените македонски историски наративи и националниот уставен кодекс, вели академик Катица Ќулафкова.„Ќе упатам само на неколку проблематични места:Прво, секоја нација при своето конституирање е рефлексија на одредена самосвест и на сплет од изградена колективна, митска, научна и политичка историска свест. Промената на востановената историска свест и национална самосвест е симптоматична. Таа обично се случува во периоди на длабока општествена и институционална криза. И овој, актуелен упад во востановената македонска национална самосвест и научно заснована историска свест, е симптом на општествена криза. Општествената криза неминовно ќе се одрази негативно врз постојната институционална структура и суверенитет на македонската држава.Второ, политичкото инсистирање да се усогласат заеднички препораки за т.н. заедничка историја е удар врз интегритетот на научната мисла и ја спречува слободата на толкување на историските факти, личности, настани и процеси. Оваа „експертска комисија“ го црпи својот легитимитет од политиката, не од науката. Нејзините препораки не се научни референци и како такви повеќе зборуваат за самата функција на комисијата одошто за македонската и историјата на балканските простори, народи и култури. Препораките се одглас на еден тоталитарен и заробен ум, никако плод на научно засновано толкување на сложените историски процеси на Балканот.Балканот, како подрачје на коешто владееле големи империи и цивилизации, логично е и подрачје на коешто сите народи ги споделувале владејачките империјални, колонијални и цивилизациски стандарди. Може да се зборува за ‘споделени места на меморија’ на балканските народи, но не и за ‘заедничка историја’. Тоа се две различни категории.Од друга страна, постојат и несподелени историски настани и периоди, односно различни начини на колективно доживување на историјата: на еден начин се доживува истата епоха (античка македонска, античка римска, византиска, отоманска) од владетелите, а на друг од освоените, потчинети и поробени народи.Методолошки, не може современиот политички интерес да ги менува произволно историските и националните приказни/толкувања влезени од Уставот и неговата преамбула. Тоа се култни места и нивната ревизија се доживува како трауматична за Македонците и како агресија врз нивната историска и национална свест.Така, нема никаква причина да се излегува со билатерални македонски и бугарски препораки за значењето на светите Кирил и Методија, кога е ноторен факт дека тие се сесловенски просветители. Освен тоа, веќе постои научен кодекс за нивната улога во словенскиот и во европскиот свет и никој нема право да ги присвојува небаре се работи за приватен имот.Светите Климент и Наум, исто така, како средновековни културни и црковни вредности од особено значење за македонската култура и народ, не може да се претставуваат како туѓа традиција и сопственост. Секоја современа нација, вклучително и бугарската, може слободно да ги слави и да ги вклучи во своето историско наследство, но не по цена да ги демакедонизира.Историските и цивилизациските вредности им припаѓаат на сите оние кои ги практикуваат тие вредности. Само народи кои не ги практикуваат наследените цивилизациски вредности и не дораснале на нивното ниво може да пишуваат записници и препораки (ултимативни) за тоа како треба да се прославуваат и како да се прикажуваат во истражувачкиот, образовниот, воспитниот процес и на јавната културна и медиумска сцена.Трето, Препораките „ни дозволуваат“ нам, на Македонците, да ги прославуваме своите домицилни историски личности само под услов ако ги третираме како бугарски. И во врска со препорачаниот третман на Цар Самуил се насетува истата намера да се признае неговиот и на неговото царство, бугарски карактер, потекло и припадност.Дали само мене ми се чини дека со Препоракиве се сугерира идејата дека Македонците немаат право самостојно да ги слават своите национални и историски вредности, па затоа од нив се бара да ги слават само заедно со Бугарија? Дали повторно некој ни кажува дека немаме своја историја?Од секоја ставка произлегува ставот дека сите историски личности, настани, институции и вредности се, всушност, бугарски, оти сите постојат и се наведени, од Тракиската голема култура, до Дарданците, само Македонците никаде ги нема на историската мапа.Препораките, всушност, произлегуваат од ригидниот став дека на територијата на Македонија живеат „македонски Булгари“, а не и етнички Македонци. Македонците во Грција, пак се, веќе признати како наследници на античка Македонија. Македонците во Бугарија, и домородните пирински Македонци, и асимилираните мигранти, се „чисти“ Бугари. „Чиста“ конфузија.Препораките налагаат дури и нови елементи на етно-национален континуитет на Бугарите, веројатно и на другите соседни народи, но го укинуваат историскиот развоен национален и политички континуитет на Македонците. Тие небаре се предвидени да бидат неавтохтони доселеници со одземени историски права. Балканските држави-нации, поддржани од западноевропските сили и монархии во 19 век, денес се однесуваат по логиката според којашто (тие) се виши нации кои имаат колонијални права над македонскиот народ и држава.Препораките, дури и со тајмингот во којшто се објавуваат за да ги поткрепат позициите на Протоколот за условениот почеток на преговорите за прием на Р Македонија во ЕУ, докажуваат дека на Македонците им е ограничено, ако не и одземено правото суверено и самостојно да одлучуваат за својот Устав и за државното име, за државотворната улога на македонскиот народ, за државните симболи, за историското и културното наследство. Македонското историско и културно наследство станаа туѓо наследство, македонската нација е или оспорена или делумно признаена или привидно признаена.Со вакви квазинаучни акти какви што се Препораките само ја поткрепуваме позицијата на соседите кои не покажаа нужна почит спрема реалноста на македонската нација и држава. А отсуството на меѓунационална почит ја продлабочува кризата. Стекнатите историски, културни, политички, демократски и национални придобивки самите македонски институции си ги доведуваат во прашање. Она што беше затворено и решено македонско прашање, денес е широко отворено.На Балканот има опасен вишок национализам, опасен вишок опседнатост со историјата и културното наследство и идентитетите, но тоа западните демократии, ОН и ЕУ не им го замеруваат на вистинските носители/држави. Они имаат право да бараат гаранции за историјата таква каква што ќе ја посакаат, само остана Македонија лишена од елементарно право на заштита на своето културно-историско наследство.Препораките се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет. Дури и не се обидува да биде некаква софистицирана и научно поткрепена мимикрија. Напротив. Толку се површни и очигледни во својата намера, што е веќе дегутантно да се коментираат“, вели Ќулафкова

Коментари | пред 3 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Или уставни измени веднаш во Собрание, или оставка и избори

Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Константните притисоците од власта на Ковачевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат.Јасно му е тоа и на Ковачевски, па затоа на секаков начин се обидува да се задржи на премиерската фотелја што може подолго.За да престанат притисоците од страна на власта кон пратениците, СДСМ и Ковачевски имаат избор и понуда од страна на претседателот Христијан Мицкоски.Доколку Ковачевски и СДСМ се сигурни дека имаат 80 пратеници, веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница.Но, ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори.Ако од власта се сигурни дека она што го прават е исправно еве им избор, или слугување на Бугарија и промена на Уставот или предвремени избори.Ова е чесна и фер понуда. На потег е Ковачевски.На националните предавства треба да им се стави крај. Секојдневните изјави од страна на бугарските политичари само го потврдува она за кое го говоревме, дека секој ден ќе пристигнуваат нови и нови услови и барања од страна на Бугарија кон оваа сервилна власт на чело со Ковачевски.ВМРО-ДПМНЕ е за европеизација, а не асимилација и бугаризација. Европеизација на Македонија да, но не под бугарски диктат. И за заштита на националните интереси пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто ќе опстојат на овој став“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Десет починати, нови 889 случаи на коронавирус

Почитувани,Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022):Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 3 дена (12.08 - 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.Направени се 2.095 тестови преку: ИЈЗ-214, ЦЈЗ Скопје-115, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-30, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–131, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-77, Систина-62, лабораторија Лаор-13, Синлаб-15, Ремедика-5, Плодност-17, Генеа-11, Никоб Лаб-77, ВФВ Медикал-9, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.027.Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      157955, Активни   1445Куманово    17836, Активни    167Битола      17386, Активни    251Прилеп      15169, Активни    152Тетово      14288, Активни    124Кавадарци   11745, Активни    150Велес 10586, Активни    118Гостивар    10167, Активни    108Охрид 9948, Активни     204Струмица    8642, Активни     95Штип  8594, Активни     97Кичево      5994, Активни     63Кочани      5395, Активни     58Струга      5094, Активни     68Гевгелија   4722, Активни     62Неготино    4053, Активни     80Ресен 2966, Активни     28Радовиш     2773, Активни     62Свети Николе      2753, Активни     13Крива Паланка     2579, Активни     20Делчево     2070, Активни     46Берово      1785, Активни     24Дебар 1784, Активни     19Валандово   1577, Активни     7Виница      1444, Активни     14Пробиштип   1292, Активни     4Богданци    1075, Активни     16Кратово     1072, Активни     15Крушево     1006, Активни     20Демир Хисар 907, Активни      10Македонски Брод   780, Активни      6Демир Капија      618, Активни      7Македонска Каменица     531, Активни      2Пехчево     500, Активни      4Дојран      365, Активни      0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања