ТОП

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Теута не го помина филтерот на ЕУ

Предлогот за амбасадор во Европската Унија, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи, кадар на ДУИ, не го поминала филтерот на ЕУ.Информацијата ја oбјави МКД.мк повикувајќи се на доверливи дипломатски извори.Претходно, Алијанса за Албанците беше против обидите Арифи да биде испратена како амбасадорка, бидејќи сметаат дека на тој начин ДУИ сака да ја заштити со дипломатски имунитет поранешната градоначалничка на Тетово од кривичните постапки кои се водат против неа. Токму поради тоа на почетокот од месецов Алијанса за Албанците ја повика ЕУ да ја одбие акредитацијата на Арифи за амбасадор.Таа претходно беше градоначалник и раководеше со Општина Тетово.

Македонија | пред 3 години

ustav-1

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и внес на Бугарите без писмени гаранции за македонскиот јазик, народ и историја

 ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати и дозволи во рамки на преговорите со Бугарија да се отвори македонскиот Устав со цел промена на преамбулата, без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност.„ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи на исполнување на барањата во Бугарската декларација, затоа што тоа ќе значи негација на македонскиот јазик, историја и народ. Тоа е став не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на мнозинството македонски граѓани.Не може Ковачевски воден од желбата да му удоволи на Петков да прави есап спротивно на државните интереси и интересите на народот во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

277855109_247167797562351_2330856545089821216_n

Боки 13 за кредитот на Камчев: Русковска да не е кокредитобарател, освен што му е жирант и гарант?

Дали јавноста ќе биде позадоволна ако добијат 5 или 10 години казна затвор и државата да не може да ги наплати парите или да поминат со помали казни а државата да ги наплати парите. Јас мислам дека поважно на државата ќе и биде да ги наплати парите, а да има помали казни“ изјави вечерва Русковска во нејзиниот обид да ја оправда КРИМИНАЛНАТА СПОГОДБА СО КАМЧЕВ, вели Бојан Јовановски во својата објава на социјалните мрежи.„Тоа е онаа истата Русковска која без ниеден доказ за случајот Рекет и Меѓународен сојуз бараше максимални казни затвор !!!!Се извинувам, имам прашење кое ме мачи, дали Русковска со погоре цитираната несреќна изјава е сеуште обвинител или од вечерва и официјално е адвокат на Камчев?Вечерва Русковска така насмеана и среќна ни кажа дека нејзиниот властодавател Камчев подигнал кредит, па да прашам покрај тоа што е негов жирант и гарант да не е случајно и кокредитобарател и кој од нив ќе ги плаќа ратите за кредитот???Ратите за тој милионски "кредит" однапред ги имаат платено граѓаните на оваа држава, е така да си знаете!!!Денеска на виделина излезе пактот на Камчев со Русковска и останатите "заинтересирани"Меѓудругото, вечерва Русковска призна како е Рашковски пуштен од притвор да се брани на слобода.... па чисто да ја потсетам на член 353 од КЗ !!!Ова не беше историска спогодба, ова е историски државен и правосуден срам !!!До конечна правда!!!Рекет е паднат“, вели Јовановски.

Коментари | пред 3 години

12592457_10205179965691757_4019399508081063760_n

Синот и адвокат на Катица Јанева по спогодбата за “Империја”: Од денеска нема да ја бараме Луј Витон чантата!

Злосторничко здружување од член 394 ст.1 од КЗ - (казна затвор 1-5 години), вели синот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Лазар Јанев„Продолжено кривично дело Оштетување или повластување на доверители од член 257 ст.3 вв ст 2 од КЗ (казна затвор од 1-10 години)Продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 од КЗ (казна затвор од 1 -10 години)Измама од член 247 ст.4 вв ст.1 од КЗ (казна затвор 1-10 години)Продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст 5 од КЗ (најмалку 5 години затвор)Овие се кривичните дела кои му се ставаат на товар на најголемиот плаќач на даноци!Овие се кривичните дела за кои се склучена (прифатена/одобрена) спогодба за казна затвор од 1 година!Да не се замајува јавноста со 5 милиони евра! Биле платени пред спогодбата! Па знаеме дека се платени пред спогодбата. Еве од денеска нема да ја бараме чантата Луи Витон!Биле легални 5-тте милиони евра, за нив бил земен кредит! Не се проблем парите уплатени во буџетот па да прашуваме дали се од кредит. Проблем е како и од каде ќе биде вратен овој кредит! Кое е покритието на овие средства и да не случајно му текне на некој да го опрости кредитот..На која ли „гарнитура“ се потпирале обвинителиве !?!„Во наше време“ ние најпрво ги дознавме одлуките од медиумите, овдека ручекот ќе загорел од средата а никој не дознал и не бил известен“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-29-at-17.27.54

„Кога Албанците зборат само македонски тие се каури и предавници, а премиерот Албанец на Црна Гора е патриот иако зборува само на црногорски“

Умејр Муамеди кој е правник од Скопје, го искоментира величењето на Дритан Абазовиќ кој е нов премиер на Црна Гора. Тој вели дека Абазовиќ го користи исклучивло црногорскот јазик во своите излагања и е херој за Албанците во Македонија. Истовремено, посочува на апсурдната вистина, каде истите Албанци ги понижуваат сограѓаните кои ги користат само македонскиот јазик.„Новиот Премиер на Црна Гора (Дритан Абазовиќ) во своите објави на социјалните мрежи како и во други излагања го користи исклучиво црногорскиот јазик ама за некои Албанци од Македонија тој е херој, тој е албанец патриот, тој го отвори патот за Етничка Албанија итн. За истите овие Албанци ако некој Албанец од Македонија го користи исклучиво македонскиот јазик пред албанскиот тогаш тој е предавник, каур, шпиун итн. ДА, и за мене Абазовиќ е патриот, тој е патриот бидејки ја сака својата Држава, бидејки за разлика од овие “големите албанци” кои живеат во Македонија а сонуваат за “Етничка Албанија” тој храбро се бори за Црна Гора, кој знае да прави разлика помеѓу нација и држава“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

orce-kamcev

Сите детали за спогодбите во Империја, Обвинителството кажа какво перење пари признал Камчев

Во текот вчерашниот ден, Основниот кривичен суд Скопје прифати две Предлог спогодби склучени пред поднесување на Обвинителен акт помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и двајца обвинети во предметот „Империја“. Спогодбите се однесуваат за кривични дела опфатени со Наредбата за спроведување на истражна постапка за период до 2009 година. Со опишаните дејствија обвинетиот Ј.К. сторил кривично дело – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 и чл.22 од КЗ, додека обвинетиот Н.Ј. сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273 ст.1 од КЗ. Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела што им се ставаат на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година во која ќе им се засмета и времето поминато во притвор. Во исто време, правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци беше задолжено да ја надомести штетата на Буџетот на Република Северна Македонија на име на неплатени даноци во износ од 320.918.372,00 денари.Во временскиот период од јануари 2004 година до март 2006 година обвинетиот Ј.К. заедно со обвинетите К.К.С. и З.А. и покојниот И.К., како одговорни лица извршни и неизвршни членови на Одборот на директори во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје кое во октомври 2004 година е преименувано во ДПТУ „ХООР“ АД Кавадарци, ги искористиле своите овластувања и положба и го оштетиле доверителот – Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, за износ 322.918.371,00 денари.Обвинетиот Ј.К., во јануари 2004 година, основал оф-шор компанија во САД. Од страна на обвинетите Ј.К., К.К.С. и З.А. заедно со сега покојниот И.К. била донесена одлука за склучување на фиктивен договор со компанијата за наводна изработка и испорака на конфекција – воени униформи. Компанијата која немала вработени лица, ниту деловни активности, била застапувана од обвинетиот Д.Ј. – вработен како возач во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје, кој прифатил да се потпишува како полномошник. Заради наводно обезбедување дека униформите ќе бидат изработени, поголем дел од имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје бил ставен под хипотека. За да го намали имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје, обвинетиот Ј.К. во име на правното лице од САД во период од месец мај 2004 година до мај 2005 година, во неколку наврати изготвувал невистинити фактури со вкупен износ од 11.000.000,00 евра кои биле евидентирани во книговодствена евиденција како вистинити. Овие фактури биле основа правното лице во чие име постапувал обвинетиот Д.Ј. да поведе судски постапки и да бидат признаени побарувањата што произлегуваат од нив. Врз основа на извршни решенија, правното лице – доверител ја блокира жиро сметката на „Орка холдинг“ АД Скопје кое во меѓувреме се преименува во ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци.На крајот на месец август 2005 година обвинетиот Ј.К. иако знаел дека побарувањата се невистинити преку правното лице – доверител, поднесува барање за отворање на стечајна постапка над ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци. Со тоа Ј.К. како вистински сопственик на правното лице – доверител поднел невистинито стечајно побарување, по што Основниот суд Кавадарци во 2006 година донел решение со кое го одобрил планот за реорганизација на стечајниот должник ДПТУ“ХООР”АД во стечај – Кавадарци. Со ова за правното лице од САД е прибавена противправна имотна корист од 108.251 акции и станува доминантен сопственик на акциите на правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на кое правен претходник е „Орка холдинг“ АД Скопје. Правното лице од Швајцарија каде еден од крајните сопственици бил сега покојниот И.К. станува сопственик на 18.381 акција, па доверителот Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје е оневозможена да го наплати побарувањето во износ од 322.918.371,00 денари утврдено со решение на Основен суд Кавадарци.Во јуни 2006 година на седница на Собранието на ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на која двете правни лица – сопственици на капиталот биле застапувани од обвинетиот Н.Ј. е донесена одлука правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци повторно да се преименува во „Орка холдинг“АД Скопје. Обвинетиот Н.Ј. поттикнат од сега покојниот И.К. како полномошник на двете правни лица – сопственици на капиталот, во јули 2007 година, иако знаел дека 126.632 акции од „Орка холдинг“ АД Скопје се прибавени со кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ, склучил договор за купoпродажба. За износ од 21.588.000,00 денари на правно лице од Лугано му продал 99,88% од акционерскиот капитал, а правното лице било преименувано во Евро балкан груп. Во август 2012 година акциите повторно се продадени на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје за износ од 61.380.000,00 денари, по што правното лице Евро балкан груп во септември истата година е преименувано во „Кара“АД Скопје со што бил прикриен изворот и сопственоста на акциите.Правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на 26.04.2022 година по претходно дадена сметка и износ од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исплати износ од 320.918.372,00 денари на сметката на Управата за јавни приходи.За останатиот дел од истражната постапка позната во јавноста како „Империја“, во која е опфатен период по 2009 година, како и стечајната постапка на МПМ, постапката продолжува, течат роковите во кои согласно закон обвинетите и одбраната имаат право на увид во доказите и предлагање на докази. По истекот на овие рокови предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука.​​

Македонија | пред 3 години

IMG_0038

Двајца починати и нови 137 слуачи на лица со корона

Почитувани,Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.Направени се 2.303 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-37, Биотек-77, Систина-47, лабораторија Лаор-34, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-18, Генеа-16, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-56, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.255Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145532, Активни 270Куманово 16629, Активни 10Битола 15316, Активни 118Прилеп 14137, Активни 18Тетово 13450, Активни 7Кавадарци 10631, Активни 19Велес 9762, Активни 13Гостивар 9576, Активни 4Охрид 8836, Активни 16Струмица 8050, Активни 5Штип 8021, Активни 16Кичево 5618, Активни 17Кочани 5075, Активни 4Струга 4715, Активни 1Гевгелија 4401, Активни 5Неготино 3677, Активни 3Ресен 2717, Активни 5Свети Николе 2626, Активни 2Радовиш 2528, Активни 0Крива Паланка 2413, Активни 0Делчево 1971, Активни 1Дебар 1673, Активни 0Берово 1655, Активни 12Валандово 1485, Активни 0Виница 1391, Активни 3Пробиштип 1265, Активни 0Богданци 1019, Активни 0Кратово 964, Активни 2Крушево 926, Активни 0Демир Хисар 828, Активни 0Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 593, Активни 2Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 346, Активни 0

пред 3 години

orce-kamcev-2

Камчев триумфираше: плаќа пет милиони за да добие една година затвор за „Империја“

Бизнисменот Јордан Камчев со спогодба признал вина во случајот „Империја“ и добил казна затвор од една година, изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма. Камчев исто така се согласил да уплати 5,1 милиони евра во државниот буџет.Русковска вели дека спогодбата е верификувана од судија на претходна постапка и тоа значи дека нема да се води постапка против Камчев.Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 година за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Мицкоски: Ако на едната страна се наставниците и професорите, а на другата криминалната Влада, јас и ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидеме на страната на наставниците

Тоа е стратегијата на СДСМ, јас не очекувам дека они мене ќе ме пофалат или дека ќе го пофалат тоа што го работат градоначалниците. Имаше еден збор, завидлизам мислам дека се викаше, тој претходниот, уствари вистинскиот лидер на СДСМ што го користеше во минатото. Но, ако тие нека се занимаваат со ниски страсти, нека завидуваат ние ќе работиме за она што му е потребно на народот. Најпрвин велеа пионот Јаким Неделков на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, па откако гледам дека Јаким Неделков сега стана нивен добар коалиционен партнер, он си знае зошто и како, се завртеа спротивно на интересите на наставниците, па почнаа нив да ги навредуваат и да велат, ете тие биле тие кои што сакале да предизвикаат криза, да имало избори, да ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт и т.н., вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Штип, запрашан за коментар на обвинувањата на СДСМ дека стои зад професорите кои се за продолжување на штрајкот во училиштата.„Јас сум пред се просветен работник, универзитетски професор, педагог и како професор и како педагог едноставно јас немам друг избор. Ако од едната страна е корумпирана и криминална Влада, а од другата страна се наставниците и професорите, јас знам дека наставниците и професорите тогаш ќе бидат мојот избор и изборот на ВМРО-ДПМНЕ и интересот на наставниците и професорите, бидејќи тоа се луѓето кои што треба да создадат генерации млади луѓе како овие деца овдека, кој што утре задутре треба да ја градат Македонија“, рече Мицкоски.Додаде дека негов и интерес на ВМРО-ДПМНЕ се наставниците и професорите и дека не разбира зошто Владата се плаши од пркосот и желбата за достоинствен живот на македонските работници, посочувајќи дека дури и да падне оваа влада ако се сигурни дека владата е многу јака, тогаш на предвремените избори ќе победат.Мицкоски додаде дека суштината е поинаква и дека власта се плаши од дебакл и голем пораз на тие избори и затоа грчевито се бори за своите фотелји и привилегии на грбот на напатените и сиромашни македонски граѓани, но и дека секој почеток има и свој крај и дека тие одлучуваат дали достоинствено и недостоинствено ќе си заминат од владата.„Мојот интерес и интересот на ВМРО-ДПМНЕ се наставниците и професорите. Јас не знам зошто Владата е толку исплашена дека овој пркос, оваа желба за повеќе правда и достоинствен живот, мислат дека е од некаде политички мотивиран. И навистина, глупаво делуваат оние изјави од страна на владата и Ковачевски дека сето ова било организирано од ВМРО-ДПМНЕ за да падне владата. Па, еве и да падне владата, ако таа влада е доволно јака на избори ќе победи. Суштината е поинаква, суштината е што тие се плашат од дебакл и од жесток пораз на тие избори и затоа грчевито се борат за своите фотелји и привилегии на грбот на овој напатен и сиромашен народ. Но, како што кажав и вчера така и денеска, секоја една работа има свој почеток но има и свој крај. Тие во владата се тие кои што треба да изберат каков крај ќе имаат, достоинствен или недостоинствен“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-45312

Мицкоски: Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај

„Почекајте, чекор по чекор“. Ова е одговорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето што мисли кога вели дека на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе им се случи народ. Ставот на Мицкоски доаѓа откако Ковачевски одби да се сретне со опозицискиот лидер, за да договорат датум за предвремени избори. Според ВМРО-ДПМНЕ, понудата има подадена рака за единство, за кое Мицкоски смета дека Владата нема капацитет за тоа.„Жалам што во СДСМ и Владата нема мудрост ниту државотворен капацитет. Жалам што вака постапуваат кога на народот му е потребно обединување. Од Ковачевски гледаме сѐ освен она што му е потребно на народот. Не можам да разберам, зар толку им се важни тендерите во четири очи и привилегиите кои ги уживаат? Не можам да разберам како можат денот да го започнуваат и завршуваат кога знаат дека огромно мнозинство граѓани сакаат оваа Влада да замине и огромно мнозинство македонски граѓани велат дека Македонија се движи во погрешна насока. Очекував аналитичност, Ковачевски да излезе пред медиумите, и ако се одлучил да ја одбие подадената рака од мене, тоа да го направи на отворена сцена, да не се крие позади статуси на социјалните мрежи или да испраќа непознати ликови да тоа го прават место него на прес-конференции. Во Ковачевски и Владата гледам неодговорно однесување. Набргу денеска на сето ова ќе му дојде крај“, рече Мицкоски.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста постојано ги прашува „Што правите вие? Каде сте вие? Што прави ВМРО-ДПМНЕ?“. Мицкоски на ова вели: „Одговорот на тоа прашање го дадов и вчера, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција изминативе пет години е на браникот на татковината. Така и ќе продолжиме“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

Шамарите на Груевски во Центар ги потврди и Врховниот суд

Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело - Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021.

Македонија | пред 3 години

pucko-petrol

Кој и зошто пресуди милионски обесштетувања во корист на „Пуцко“ и „Полет“?

Само еден ден откако Советот на Општина Карпош ја врати укинатата маркичка за бензинска пумпа во Карпош на парцела на „Пуцко Петрол“, граѓанскиот суд донесе одлука со која нафтената компанија го губи договорот за земјиштето, но ги добива назад средствата од над 2 милиони евра платени за плацот, како и дополнителни 6,5 милиони евра за „испуштена корист“, плус камати, пишува Фокус.На чело со судечкиот совет била истата судијка, која речиси истовремено „пресуди“ милионско обесштетување и во друг предмет.Се работи за случај каде што друштвото „Полет“, доколку првостепената пресуда стане правосилна, ќе наплати над еден милион евра за вложувањата во објектот што со години го држи под закуп, каде што е сместен Олимпискиот базен.Повеќе на Фокус.

Македонија | пред 3 години

shilegov-012

Млади скопјани го запалиле автомобилот на Шилегов, детали за инцидентот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 24 и 22 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.Со кривичната пријава за истиот настан беше опфатено уште едно лице за кое надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на пријавата, бидејќи за него не се утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.Двајцата осомничени соизвршители, на 9 март, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето. Првиот осомничен повикал такси возило во Ѓорче Петров и влегол на совозачкото седиште, носејќи со себе пластична туба со жолта течност. На таксистот му кажал да вози до улицата „Козле“, каде во возилото се качил вториот осомничен. По пат двајцата се договарале за начинот на кој ќе го извршат кривичното дело. Од такси возилото се симнале на булеварот „Партизански одреди“ и продолжиле да се движат пеш.Кога пристигнале на улицата „Мексичка“, двајцата осомничени со течноста полеале паркиран автомобил Ауди Q5 и го запалиле. Пламенот се проширил, па освен автомобилот Ауди, целосно изгорел и автомобил Фолксваген пасат, додека делумно биле зафатени и оштетени уште два други автомобили и еден објект. Со тоа осомничените предизвикале поголема имотна штета.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Македонија | пред 3 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

(ФОТО) Мнозинство од граѓаните не веруваат дека Боки 13 и Катица направиле рекет

Анкета на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека 82 проценти од испитаниците не веруваат во реалноста на пресудата за случајот „Рекет“. Во тој предмет се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева. Анкетата е споделена на профилот на Бојан Јовановски кој има скоро 40 илјади следачи. Најголем дел од нив не се ниту негови поддржувачи, а тоа произлегува и од коментарите кои се споделувани на фотографиите кои ги има објавено. Ова би значело дека пристрасноста би била минимална или незначајна.„Дали верувате во пресудата за ‘Рекет’?“ е прашањето, на кое, резултатите покажуваат дека 18 проценти веруваат, а 82 проценти не веруваат дека бил вршен рекет, иако судииите Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска го досудија тоа.Не е за занемарување ниту фактот дека Боки 13 и Катица Јанева добиваат низа од позитивни коментари на социјалните мрежи. Поддршката не изостанува, иако, судот ги осуди истовремено со јавноста. Реткост е во јавноста, покрај пресуда со затворска казна, поединци да се охрабрат да кажат дека пресудата е нерелевантна и дека вистината е поинаква. Таква е случајот со „Рекет“, каде Боки 13 и Катица Јанева добија поддршка дека ги осудиле без да се докаже дека сториле нешто спротивно на закон.

Македонија | пред 3 години

sudstvo-2

Син и татко тепале жена во судот во Гостивар

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, инаку полициски службеник, додека за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања