ТОП

benzinska-benzin-nafta-

Ново зголемување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 %, кај дизелот за 2,503%, кај екстра лесното масло за 2,674% и кај мазутот намалување е за 0,222%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,225%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Судар меѓу два автобуси, еден со патници: Се прави увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​

Македонија | пред 3 години

272068539_936822460302195_7652125397501837460_n

Македонија е на 57-мо место на листата за слобода во медиумите

Северна Македонија е на 57-мо место на листата од 180 земји според Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници за 2022 година, што е скок од 33 позиции во однос на лани кога беше рангирана на 90. место.Во Извештајот за државава се наведува дека иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, распространетите дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.– Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат професионални новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои објавуваат плагијат и прават копи-пејст на таквата содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост, стои во Извештајот во однос на медиумскиот пејзаж.Во однос на политичкиот контекст се наведува дека „целокупната средина останува поволна за слободата на печатот и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат подложени на притисок од страна на властите, политичарите и бизнисмените”.– Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност, стои во Извештајот.Во однос на правната рамка се наведува дека додека Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата заостанува во однос на усогласувањето на законодавството за медиумите со стандардите на Европската Унија, на која има намера да се приклучи.– Судската злоупотреба на Законот за граѓанска одговорност за клевета поттикнува самоцензура во медиумите. Тужбите се користат како алатка за заплашување и притисок врз независните медиуми. Етичката рамка е составена од Кодекс на однесување и медиумски саморегулатор што и двете поттикнуваат добри новинарски практики, иако имплементацијата е слаба, стои во Извештајот.За економскиот контекст се вели дека „иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Постои влијание меѓу маркетиншките агенции и одредени медиумски куќи”.Во однос на социокулурниот концепт се наведува дека иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните мрежи и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани.– Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на полови, етнички или верски критериуми, стои во Извештајот.

Македонија | пред 3 години

279669757_534943067999820_2130571516573861787_n

„Влегле во Собрание и се осудени на драконски казни, другите убавле демек за права и никому ништо“

Коментар објавен јавно од Дарија Андоновска стана вирален на социјалните мрежи. Тој доаѓа како споредба на осудните за „27 април“ и борците на т.н. ОНА односно УЧК. За Македонија, вели дека е вандализирана и расчеречена.„Едните, оти влегле во собрание, се судени за терористичко загрозување и осудени на страшни, драконски казни. Другите масакрирале, дигале во воздух, палеле (па и живи луѓе), киднапирале, малтретирале, убивале демек во името на човекови права. Е, после влегле во собрание. Никому ништо. Никој никогаш не ги судел.Денес и огромен споменик подигнаа за декларирана терористичка и сепаратистичка организација, со огромно знаме од друга држава, незаконски. Сите спомен плочи за бранителите на Македонија се редовно вандализирани, а шеснаесеткракото сонце се шмиргла. Македонија е вандализирана. Расчеречена. Однатре и однадвор. Со децении. Од наши и ваши. Ова е само мала забелешка, да ми пројде маката, малку од малку...“, е јавниот коментар на Дарија Андоновска.

Коментари | пред 3 години

279527024_534943114666482_7102584340100191531_n

Ахмети да го објасни бенефитот за граѓаните на Липково од споменикот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Добро е ДУИ да каже дали овој нејзин проект е од зелената агенда, или пак од онаа стандардната, кога треба да се краде, да се дефокусира вниманието со политички теми за ширење на национализам, вели ВМРО-ДПМНЕ„Добро би било да го објасни Ахмети бенефитот за граѓаните на Липково од споменикот, со оглед на тоа што тамошните жители се иселија во отсуство и бесконечно чекање на инвестиции.Липково чекаше фабрика, а доби уште едно замајување, споменик и лага на ДУИ.Секако ваквите теми и потези предизвикуваат фрустрација на останатите граѓани, и во таков еден случај кога ќе има други чекори, кога некое друго спомен обележје ќе изникне, ДУИ и СДСМ не треба да глумат изненадена страна.Жално е што Ковачевски и СДСМ останаа неми за активностите на нивниот коалициски партнер.СДСМ и Димитар Ковачевски како по обичај кога се случуваат вакви нешта се прават недоветни, на тој начин со нечинење придонесувајќи натамошно да се разградат кревките мостови на соживот во земјата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

279423378_534943257999801_2181165300071415301_n

Ахмети: Да потсетиме дека без УЧК оваа земја нема историја и иднина

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети денеска од Слупчане, по повод отворањето на спомен-кулата во чест на војниците на УЧК рече дека овој споменик ги обединува народите од Македонија, пренесува ТВ21.Ахмети истакна дека УЧК е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.-Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. УЧК е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без УЧК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување.Да потсетиме дека без УЧК оваа земја нема историја и иднина. Иднината на државата е обележана токму со овие три златни букви и генеза од 2001 година. Дури и Охридскиот мировен договор е резултат на оваа армија, како и идниот договор од Преспа кој не направи членки на НАТО. Вечноста е во делото на војниците на слободата, во благословот на нашите мајки, во маченичките маченици и во посветувањето на татковината, изјави меѓудругото Ахмети.0

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-02-at-18.22.36

Километарска колона: Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, едно возило излетано

Сообраќајка го блокираше патот од Охрид односно Дебрца до Кичево. Километарска колона веќе еден час стои во место, односно споро се движи. Бројни викендаши не можат да стигнат до Скопје и попатните градови.Сообраќајката се случила на местото викано Пресека.Според првичните информации, сударот е меѓу две возила. Нема информации од МВР за тоа дали има повредени.Инаку, за време на продолжениот викенд, Охрид беше полн.

Охрид | пред 3 години

RAMAZAN-3

Денеска е Рамазан Бајрам, како се слави?

За Рамазан се вели дека е Султанот на 11-те месеци. Верниците во текот на цел еден месец не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Се чуваа да не направат било каков грев, а сега со завршувањето на постите го слават Рамазан бајрам. Насекаде таму каде што живее Муслиманот низ целиот свет се слави Рамазан бајрам.Бајрамот првин се слави во домот. Мажите во раните утрински часови итаат на првиот бајрамски намаз, а жените кои исто така стануваат рано и ги подготвуваат мажите за во џамија ги будат децата, ги облекуваат во најубавата и нова облека и заедно ги чекаат машките членови од семејството да се вратат од џамија. Кога сето семејство ќе се собере дома, почнува меѓусебното честитање на бајрамот. Пред тоа мажите кои биле на бајрам намазот на излегување од џамија си честитаат бајрам едни на други и си посакуваат уште многу години заеднички и среќен живот.После честитањето во кругот на семејството се оди на честитање на постарите роднини и пријатели ако живеат во истиот град или село, а ако не, честитките се реализираат преку телефон или другите видови на комуникација, а денес веќе и преку раширената појава на социјалните мрежи на интернет.Децата добиваат подароци и пари како од повозрасните членови на семејството така и од гостите, роднините и пријателите кои доаѓаат или кај кои се оди на честитање.Бајрамскиот ручек е богат со разни видови јадења и секако со традиционалната баклава.Бајрамските празнични денови поминуваат во весела и срдечна атмосфера, со чувството на гордост и среќа поради припадноста на муслиманската вера. Бајрамот е исто така време на помирување на скараните на љубење рака на постарите и на делење подароци и пари на децата.Постарите на бајрам секогаш копнеат по младоста велејќи “ ех, каде се старите денови кога се славеше бајрам“. Најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека, нови кондури, понекогаш велосипеди и играчки. Децата исто така добиваат чоколади и бонбони кога и да заѕвонат на ѕвоното на кој било дом.RAMAZANБајрамот се слави со големи прослави во целиот муслимански свет. Почнувајќи од далечната Кина во регионите каде што живеат муслиманите Ујгури, па преку азиските земји, Индонезија, до земјите на Блискиот исток, Палестина, африканските земји и земјите на Балканот, дури и до Европа, насекаде каде што се распространети Муслиманите, било во заедници или поединечно.Бајрамот е исто така повод да се истакнува солидарност со Муслиманите кои трпат маки, кои што живеат во услови на војна и кои што се потчинети. Се испраќаат пораки полни со солидарност, изрази на морална помош и пораки за што поскоро поминување на мачните и тешките денови.Бајрамот е исто така повод за да се потсети на сиромашните, децата без родители и осамените. Малите садаки кои ќе се приложат на нивна адреса можат да предизвикаат голема среќа кај овие луѓе.Тоа е должност на секој Муслиман во Бајрам.

Македонија | пред 3 години

05701AEE-EF6B-4C21-905F-2D876174AECA

ФОТО: Несфатлива сообраќајка во скопски трговски

Два автомобили со скопски регистерски таблички денеска се судрија на паркингот во трговскиот и забавен центар East Gate Mall во Скопје.Според фотографијата споделена на социјалната мрежа Твитер, автомобили марка „Волксваген Поло“ и „Хјундаи Елантра“ се видно оштетени, а повеќе детали како дошло до судирот при попупразен мол засега не се познати.Засега нема информации дали при инцидентот има можеби и повредени лица или пак станува збор само за материјална штета на автомобилите.

Скопје | пред 3 години

droga-UO

Скопје: Уапсени 14 лица, највозарсниот има 29 години, сите поради дрога

Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје. Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

И Турција не ја прифаќа Арифи за амбасадор

Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, изгледа дека нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одбила таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени, се вели во Текстот. 

Македонија | пред 3 години

FRbv-tuWYAAIl4b

„Ви сметаа спомениците на Александар и Ќосето, сега одете летнете на двоглавиот орел на УЧК“, лавина реакции за споменикот во Слупчане

И споменикот на УЧК вреден 200 илјади евра наиде на лавина реакции од страна на јавноста. Критиките се во насока дека градењето на таков споменик е удар врз македонските борци во 2001 година. Надлежните институции кренаа раце, никој не издал дозвола. Велат дека одлучувала општина Липково.„Фронтот кај Слупчане го браневме со бугарските тенкови што ги стопи Бучко како старо железо“, се вели во првиот коментар.https://twitter.com/osmini_/status/1519628555906424833„Па зошто во Слупчане? Спомеников на УЧК треба да се стави во паркот Жена Борец веднаш до Градски ѕид а на платото да им и групна склуптура на Грчев, Тричковски и Ориѓански како се саблазнуваат со дилдо со ингравиран двоглав орел“, се додава во нов коментар.https://twitter.com/boni99943/status/1519642889495719936„Споменикот во Слупчане да не е донација од граѓаните кои не плаќаат данок и струја?“, прашува твитерџија.https://twitter.com/KashlicOfficial/status/1519686481388122113„Споменикот у слупчане е мост за збратимување на народите на нашата земја“, коментира друг.https://twitter.com/Becka_skola/status/1519684915423555585„Сега коа ќе нагрнат туристи у слупчане“, се вели во еден од коментарите.https://twitter.com/Becka_skola/status/1520096104872054784„Каде за 2ри мај? Па тоа е лесно на отварање на споменикот на ОНА во Слупчане“, пишува Безценна.https://twitter.com/DeboraSkunk/status/1520428379220160514„Споменикот во Слупчане уште еднаш покажа на дело, дека ДУИ е навистина, вистинска, „ЗЕЛЕНА ПАРТИЈА“...“, пишува во еден од коментарите на темата.https://twitter.com/ZoranJovanoski3/status/1520452880548909064„Спомен кула на УЧК... 20м, 200к евра. Немам зборој поќе за ова држава“, пишува твитерџија со прекар Ержебет Батори.https://twitter.com/erzebet_batori/status/1520405986703466502„Ви сметаа спомениците на Александар и Ќосето, сега одете летнете на двоглавиот орел на УЧК“, пишува твитерџијата со прекар Недопирливата.https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1520450306164858880„Дали доколку Македонија во 2001 имаше паравојска која е обвинувана за злодела врз Албанците и за радикална идеологија, но успеала да го одбрани Тетово или Дебар од УЧК, за вас денеска ќе беа херои?“, пишува во друг коментар.https://twitter.com/avalsiniarku/status/1520458413846806531„Си изградиле кула во Слупчане за борците од УЧК без никој да знае и се тоа е нормално во оваа вукојебина бе“, се коментира на „Твитер“.https://twitter.com/djamadanceto/status/1520458815833059329

Коментари | пред 3 години

pavle-bogoevski

„Кога судиите и обвинителите дозволуваат богаташите да се спогодат, покажуваат дека криминалот во Македонија не е забранет“, вели Богоевски

Павле Богоевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога обвинителите и судиите им дозволуваат на богаташите да се спогодат, покажуваат дека криминалот во Македонија не е забранет.„Кога обвинителите и судиите им дозволуваат на богаташите како Орце да се 'спогодат' со правдата за определена цена, покажуваат две работи:1. Дека не се сигурни дека случајот можат да го докажат во редовната постапка; и2. Дека криминалот во Македонија не е забранет, туку е комодитет кој најбогатите можат да си го дозволат за одредена цена и без никакви дополнителни последици.п.с. Конфискацијата на имотот треба да оди дополнително со, а не наместо главната казна затвор“, вели Богоевски.

Коментари | пред 3 години

tekstilna-industrija

„Поради изложеноста на хемикалии, вработени во фабрика се заболени со карцином, но немаме регистар за да го докажеме тоа“, вели Ампева

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека до сега околу 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.„Според пријавите кои ги имаме до сега, околу 1000 работници, од текстилни компании, има исплати под минималец, има исплати на минимална плата, без вклучени додатоци кои што се за минат труд за прекувремена работа, или работа за празник. Има голем дел од фирммите кои ги сметаат работниците за вистински капитал. Додека има некои фирми кои го заобиколуваат законот, што институциите на државата ги дозволиле како менување на фирми, неисплаќање на три плати на работниците, пуштање по 2 денари плата, а потоа се жалат дека немаат работници“, вели Ампева.Таа додава дека постои фабрика каде се појавуваат белодробни заболувања и карциноми поради изложеноста на хемикалии, но поради тоа што не постои регистар на професионални заболувања, тие тоа не можат да го докажат.„Земавме податоци од систематски прегледи од 6447 текстилни работници, и направено е теренско анкетно истражување со текстилни работници, и детектирани се проблеми со видот, проблеми со слухот, анемија, зголемен крвен притисок, проблеми со срце, крвни садови, респиратеорни болести и карциноми. Како главни проблеми и фактори се прашината, хемикалиите, бучавата и начинот на кој се работи. Ние немаме регистар на професионални заболувања. Знам една фабрика каде што се појавуваат белодробни заболувања и карциноми на горен и долен респираторен систем и ние неможеме да докажеме дека тоа е поради изложеноста на хемикалии во конкретната фабрика. Тоа е така оти немаме регистар. А имаме 9 или 10 случаеви на вработени кои имаат карциноми“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_1-2

Изграден споменик посветен на борците на УЧК во Слупчане

Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри, во понеделник, на 2 мај ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане.Споменикот ќе биде посветен на борците на УЧК.Свеченото откривање на споменикот преку Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, напиша Арифи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања