ТОП

279708115_5427770763920022_5993868853031655708_n

„Си беше еднаш во Србија“ има премиера во Македонија

Новиот српски филм на епохата – мелодрамата „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонимир Шимунец, во продукција на Ле Филм е романсирана приказна за еден град на југот на Србија кој од турска чаршија израснува во европско гратче и го добива епитетот „српски Манчестер“. Лесковачката драма во три чина „со среќен крај“ претставува омаж на прочуените лесковачки семејства и нивниот ненадминат претриемачки дух.Во центарот на приказната е девојка пред своето време, маркантната Зорка (Теодора Ристовски) која што Првата светска војна ја одвојува од вереникот Цоне (Виктор Савиќ), на кој му се губи секоја трага во виорот на војната.Таа по наговор на своите родители пристанува да се вери за друг, воениот лиферант Аќим Прокиќ (Радован Вујовиќ). Воените страдања, ранувањето и амнезијата Цуне го водат на другиот крај на светот – во Манчестер во кој тогаш цути индустријализацијата. По пет години немање никакви вести за него чаршијата го прогласила за мртов и го сохранила. Меѓутоа, тој во далечниот свет научил дека само низ црниот фабрички чад и тешка работа се стигнува до успех.Опиен со победата во војната и неповратно инфициран со „духот на слободата и напредокот“ Цоне се враќа во својот запуштен Лековац, со желба да го поврати угледот, но и својата стара љубов.Како Зорка ќе се справи со предрасудите на примитивната средина?На кого на крајот ќе му го подари своето срце?Кој од двајцата момци ќе биде поподготвен во деловните и животните битки погледнете во оваа мелодрама со елементи на комедија, која премиерно се прикажува од 02. мај во киното Cineplex во Скопје од 20 часот.Во филмот „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ играат и: Слобода Миќаловиќ,Виктор Савиќ, Немања Оливериќ, Радован Вујовиќ, Теодора Ристовски, Миодраг Мики Манојловиќ, Зоран Цвијановиќ и други.

Магазин | пред 3 години

nikoloski-press

Донесена одлука: ВМРО-ДПМНЕ почнува блокада на Собранието

Ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодоворно однесување и за секој понатамошен чекор единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.-Токму на седницата на Извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи кои што доаѓаат од СДСМ И ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај. Власта има време да си го преиспита однесувањето и да прифати лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори, рече Николоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-04-at-19.04.41

(ВИДЕО) Комитите пред гробот на великанот: Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев!

Навивачката група „Комити“ се поклонија на гробот на великанот Гоце Делчев. Тие напишаа: „Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на Македонската Револуционерна Борба“.Нивната објава во целост:„Негова желба беше моштите да почиваат во главниот град на идната Независна Македонија. Па затоа на 7, 8 и 9 Октомври пешки неговите Македонски следбеници од Софија до Скопје го носат пеш, за на 10-ти Октомври, 1946-та го положат неговото тело во саркофагот во црквата Свети Спас во Скопје, каде што почиваат сега.По пат на улиците излезени луѓе, Македонци, натажени, во цела Пиринска Македонија, во сите места каде живеат Македонци.Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на Македонската Револуционерна Борба.Наша должност, право и чест е да ги браниме неговите дела, неговите идеали, и борба за Слободна, Суверена и Независна Македонија, за кои го положи својот живот пред точно 119 години, во Баница наша страдна.Ние можеме да бидеме пријатели, па дури и браќа со сите наши соседи, но ние сме Македонци, по род, по коски, по крв, по убедување. Па затоа заедно да ја продолжиме сплотени нашата заедничка борба, која Великанот ни ја остави во аманет. И да не заборавиме дека оние кои се борат за интересите на Бугарија, Србија, Грција, може да бидат големи Бугари, Срби и Грци но никогаш големи Македонци ! Слобода или Смрт за Македонија !“, напишаа Комити-Скопје.

Скопје | пред 3 години

tupanceski

„Тешка перверзија е министерот кој без срам лажеше да зборува за подобрување на перцепцијата за судството“

Новинарот Кристијан Ландов го искоментира излагањето на министерот за правда Никола Тупанчевски во кое зборува за враќање на довербата во правосудството, а откако ја излажа јавноста дека сам ги платил трошоците за патување во Палермо, а потоа, призна дека летот и картата ги платила ФФМ.„За мене тешка перверзија е министер за правда, кој без срам лажеше цела јавност, да зборува за подобрување на перцепција за судството. Истиот тој кој на трибини беше со судски претседател и обвинител. Уште потешка перверзија е кога ќе ми текне дека истиот тој министер додека лажеше беше во Палермо, а овде странска амбасада ни соопшти дека само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство. И тоа не е сѐ, најголема трагедија е што сѐ уште е министер и се прашува за подобрување на состојбата во судството, а не за тоа зошто не беше искрен кон јавноста. Ако завршивте со перверзии, да си легнеме порано денеска“, напиша новинарот.

Коментари | пред 3 години

Benzinski-pumpi-9

Втор ден по ред зголемување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 % во однос на одлуката од 3.05.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,498 %, кај дизелот за 3,023%, кај екстра лесното масло за 3,262% и кај мазутот зголемување е за 1,555%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,290%.Клучни елементи кои влегуваат во структурата на формирање на малопродажните цени на нафтените деривати се: берзанските цени и курсот на доларот во однос на денарот. Анализите покажуваат дека курсот на доларот во однос на денарот, во изминатите два месеци поради геополитичките случувања во Украина и Русија бележи постојан раст, што прави сериозен притисок врз формирање на малопродажните цени на нафтените деривати. Во изминатата недела од 25 април до 29 април курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 3,83 % и овој пораст има директно влијание во формирањето на крајните малопродажни цени на нафтените деривати.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг и ќе изнесува 53,587 ден/кг.Од 5.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,587 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Во продолжение споредбен график на цените на нафтените деривати во регионот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ако не се покачат платите на наставниците за десет дена, рокот за решение ќе се продолжи за уште десет

На почеток на преговорите сме, што е добар сигнал и продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.Тој потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.„Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот, рече Неделков.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-kovid-skopje

135 нови лабораториски позитивни случаи и едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 19, Прилеп – 4, Тетово, Кавадарци и Кичево – по 3, Берово и Куманово – по 2, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кочани, Неготино и Кратово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.Направени се 1.661 тестови преку: ИЈЗ-217, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-62, Систина-45, лабораторија Лаор-59, Синлаб-4, Ремедика-19, Плодност-14, Генеа-15, Никоб Лаб-137, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 647.Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145691, Активни 302Куманово 16634, Активни 6Битола 15391, Активни 130Прилеп 14150, Активни 20Тетово 13455, Активни 11Кавадарци 10644, Активни 17Велес 9762, Активни 6Гостивар 9583, Активни 9Охрид 8849, Активни 19Струмица 8060, Активни 12Штип 8029, Активни 17Кичево 5623, Активни 10Кочани 5075, Активни 2Струга 4718, Активни 4Гевгелија 4404, Активни 5Неготино 3679, Активни 2Ресен 2726, Активни 13Свети Николе 2626, Активни 2Радовиш 2528, Активни 0Крива Паланка 2413, Активни 0Делчево 1979, Активни 9Дебар 1673, Активни 0Берово 1662, Активни 13Валандово 1488, Активни 3Виница 1392, Активни 4Пробиштип 1266, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 966, Активни 2Крушево 926, Активни 0Демир Хисар 830, Активни 2Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 593, Активни 0Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 346, Активни 0

пред 3 години

mickovski-mickoski-hristijan-5

Мицкоски: И СДСМ признаа дека Македонија е во криза, затоа ВМРО ДПМНЕ размислува да пристапи кон активен бојкот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Карбинци, одговараше на новинарско прашање кое се однесува на вчерашните најави за активен бојкот на Собранието на Република Македонија доколку власта нема слух за барањата на опозицијата, како и изјавите од страна на СДСМ по однос на тие најави.Мицкоски рече дека СДСМ со таа изјава практично признава дека Македонија е во криза, а во оваа криза, тие наместо да се обратат на најголемата политичка партија со најголемата пратеничка група и најголем број градоначалници и советници, тие одлучиле да молчат.- Два месеци буквално ги молевме и секој наш чекор е реакција на нивната акција. Јас на самата прес конференција кога го најавив ова кажав дека за сѐ понатаму единствената одговорност ќе биде врз Ковачевски и СДСМ. Ако некој за тоа не е свесен, еве уште еднаш ја користам оваа прилика да ја потенцирам нашата сериозност.Ќе повторам, ова нема да трае еден, два, три или пет дена, ова ќе трае со недели а можеби и со месеци сѐ додека оваа влада конечно не се вразуми, не седне да разговара со опозицијата и не организираме предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.Во однос на изјавите од страна СДСМ дека не е потребно во време на криза да се организираат избори, Мицкоски запраша дали било домаќински да се закажуваат локални избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без консултација со опозицијата, ако знаеле дека тие нема да успеат, како што впрочем и не успеале?- За кои домаќини зборуваме, за оние кои се наполнија со пари на криминален начин на грбот на народот? За тие домаќини зборуваме? Тие се сѐ само не се домаќини, тие се расипници но не на своите пари, туку на парите и на маката на граѓаните. А дали треба да се организираат избори – избори треба да се организираат час поскоро за да излеземе од оваа криза. Денеска Европа се подготвува за есента и зимата, веќе е мај месец и за четири месеци ќе ни дојде есента а за шест месеци од денеска и зимата, дали вие слушнавте некој од владава денеска да каже дали и што презема за тоа што ќе нѐ очекува за четири месеци од денеска? Еве јас ќе ви кажам, не можете да слушнете затоа што овие луѓе немаат капацитет. Нивниот капацитет е само да обезбедат што поголема моќ за себе и што повеќе тендери во четири очи, сето останато е оставено народот сам да се снаоѓа кој како умее. Е тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и партија од народот и ќе дадеме сѐ од себе на овој народот да му помогнеме, а така ќе ѝ помогнеме и на Македонија – додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

den

119 години од смртта на Гоце Делчев: “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”

Гоце Делчев нашиот иделог и визионер е роден на 4. февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11. октомври 1946 година, биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.Пзнати мисли од Гоце Делчев:„ Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа... “„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?"„ Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите “„ Ќе удри утринската зора и за нас... “„ Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива “„ Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех! “„ Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија “„ Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух “„ Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население “„ Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница “„ Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце “„ Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите “

Македонија | пред 3 години

kovacevski-vucic

„Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма, Вучиќ смирува дека има храна, ние корења ќе јадеме“, вели Јоци

Јорданка Ивановска-Јоци, политиколог и новинар, ја искоментира актуелната политичка ситуација во земјава. Таа вели: „Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма“.„Во неа има ликови кои немаат поим од економија и што е најстрашно - абер немаат дека сме влезени во спирала на ценовни шокови кои допрва ќе ескалираат! Прашање е и колку цената на струјата ќе се покачи до есен. За храната знаеме - дека цените нема да сопрат да се качуваат. Пола држава, претпоставувам, не ни прочитала за доаѓањето на ММФ, а другата половина веќе заборавила дека парното едвај го истуркаа да работи уште месец дена до април.Следната сезона еве не знам што ќе прават. Ќе ви речат да се греете со јамболии. Вучиќ денеска предупреди дека поради енергетската и индустриската криза, како и инфлацијата, нè чека тешка зима каква немало во последни 50 години. (обраќајќи се на Србите). Секако, како што е и насловот, ги смирил дека храна ќе имаат. Ние ќе јадеме корења, претпоставувам“, вели таа.„На нас нема кој да ни се обрати! Ние имаме лик викан Таќе, чиј центар за комуникации, нè убедува дека сме блескале на секој можен план⁉️ Вучиќ меѓудругото ги информирал граѓаните дека една Германија веќе се подготвува за страшната зима! Нашиот народ, од друга страна, ги спрема пераите и уплаќа аранжани и ќе спиќка околу 2000 јура во грчки-мрчки, пошто пола народ стварно верува дека власта знае што прави. Сите уште си прават смешки од зејтинот...оној од Србија увезен. Ќе видам во октомври колку ќе им биде смешно.

Коментари | пред 3 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Уште од каде треба да ја вратат Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена, вели ВМРО-ДПМНЕ„Очигледно е дека ниту во Вашингтон, ниту во Анкара, ниту пак во Брисел сакаат за амбасадори лица кои на платен список имале над 800 лица кои фиктивно се воделе како вработени или вршители на разни дејности, само за да земат плата, а не доаѓале на работа.Никој не сака за амбасадор политичар кој договарал спорна бетонизација како таа на ШИК Јелак, со контроверзниот Миодраг Давидовиќ Дака.Ковачевски да не ја бламира државата, амбасадорските позиции, особено во држави наши стратешки партнери треба да бидат заземени од дипломати со долго искуство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-Kovacevski

Мицкоски најави блокада, СДСМ му порача дека нема да дозволи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во дневникот на ТВ Сител најави блокада на Собранието во обид да се издејствува одржување на предвремени парламентарни избори.„Македонија никогаш не била полоша. И во таква состојба, не треба да се гледаат тесните партиски интереси, туку да се подаде рака. Во услови на криза, треба да генерираме единство. Се чудам како премиерот пред само 100 дена се фалеше дека имал телефонски разговор со мене, за 100 дена подоцна се плаши да излезе на лидерска средба на која ќе разговараме за предвремени избори. Јас не се плашам да излезам на избори, тој бега од предвремени избори“, рече тој.СДСМ возвраќa дека нема да дозволи блокада на Собранието.„Деструктивноста на Христијан Мицкоски не познава граници, особено кога се во прашање неговиот личен и партискиот интерес. Во услови на криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое ќе носи закони во интерес токму на најважните, граѓаните, Мицкоски решава да го блокира. Очигледно решил по деструкција и пакост да го надмине и неговиот шеф Груевски. Или токму ова е насоката на Груевски којашто ја спроведува“, вака возвраќаат од владејачката СДСМ на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва изјави дека после 10-ти мај ќе го блокираат Собранието.„Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.Ништо друго и не се очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие продолжуваат во ист стил, со иста цел - блокада на државата.Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ испратено вечерва до медиумите.Оттаму додаваат дека остануваат отворени, како што велат, за сите добронамерни конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси, во време кога се води секојдневна борба против последиците од кризита и за заштита на стандардот на граѓаните.„СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи со сите сили ја брани Теута и ја претстави како жртва

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, тврди дека никогаш немало предлог поранешната градоначалничка Тута Арифи да биде амбасадор во Анкара.„Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара. Вчера беа објавувани информации без да се бара став од МНР. Немало размислување, предлог, ниту одбивање. Ниту предлог во Вашингтон. Немало формализиран предлог за во Брисел, имало само размислувања. Три дена се споменува име, места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што пуштивме соопштение, за второто не бев прашан, така да, да внимаваме, во однос на споменување на имиња. Јас не можам да коментирам имиња, но бидејќи беше спомената Арифи, да кажам дека немало таков предлог“, рече Османи.Тој посочи дека кога влегле во политиката, како политичари, биле свесни дека ќе бидат жртви на лажни вести.„Ве замолувам да внимаваме, затоа сум толку транспаретен, ние работиме со луѓе. Важно е кога луѓето ги ставаме на тапет без проверени информации“, кажа Османи.

Македонија | пред 3 години

244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

Се укинуваат сите мерки за коронавирус

Минитерството за здравство ја информира јавноста дека се укинуваат сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19. Исклучок се единствено аптеките, домовите за стари лица, здравствените институции и јавниот превоз, каде заштитните маски и понатаму ќе бидат задолжителни.

пред 3 години

IMG_0038

Двоцифрен број заразени и двајца починати од корона

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.Регистриран e 71 оздравен пациент од: Битола – 21, Скопје – 16, Кавадарци и Охрид - по 7, Кичево – 5, Прилеп и Берово – по 4, Куманово – 2, Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 29.04.-01.05.2022 година.Направени се 773 тестови преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-22, Биотек-26, Систина-20, лабораторија Лаор-23, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-12, Генеа-0, Никоб Лаб-114, ВФВ Медикал-24, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 400.Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145626, Активни 280Куманово 16632, Активни 6Битола 15372, Активни 130Прилеп 14150, Активни 24Тетово 13449, Активни 8Кавадарци 10641, Активни 17Велес 9762, Активни 6Гостивар 9579, Активни 6Охрид 8845, Активни 17Струмица 8056, Активни 8Штип 8029, Активни 17Кичево 5622, Активни 12Кочани 5074, Активни 2Струга 4716, Активни 2Гевгелија 4401, Активни 3Неготино 3678, Активни 2Ресен 2718, Активни 5Свети Николе 2626, Активни 2Радовиш 2528, Активни 0Крива Паланка 2413, Активни 0Делчево 1976, Активни 6Дебар 1673, Активни 0Берово 1658, Активни 11Валандово 1485, Активни 0Виница 1391, Активни 3Пробиштип 1266, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 965, Активни 2Крушево 926, Активни 0Демир Хисар 830, Активни 2Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 593, Активни 0Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 346, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања