ТОП

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: Нема да се случат преговори, овој народ многу направил за Европа, ред е таа да се обедини за овој нас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека единственото што може да се случи е прва меѓувладина конференција, доколку се следат позициите на Софија. Според него: „Нема да се случат преговорите, ако не се исполнат сите услови од преговарачката рамка, а таму ќе бидат и барањата на Бугарија“.„ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во Уставот бидејќи немаме гаранција дека ние нема да имаме вакви хегимониски барања од страна на источниот сосед. Османи манипулира. Едно е јасно, ако зависи, него и Петков, преговори нема да има. Туку ќе има невладина конференција, односно сликање за пред јавноста“, рече Мицкоски.„Ги охрабрувам Како што се обединети за кршењето на меѓународното право на Украина, да се обединат и за кршењето на меѓународното право на Македонија. Жално и тажно е што во 21 век зборуваме за вакви теми. Овој народ многу направил за таа Европа.. Овој народ очекува Европа да се обедини за овој народ и да почнеме преговори во јуни“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

IMG_4251

Четири лица уапсени во Аеродром и Гази Баба

На 06.05.2022 во 16.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ф.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 06.05.2022 во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

DSC_0420

Во Скопје и натаму се вози лудо, бројот на казни не е занемарувачки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 7 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

jildiz-veaposka

Има лекарска грешка кај Јулдиз: При породување и ја оштетиле бубрежната артерија, задоцниле со реакција, настанал шок

Има лекарска грешка во случајот со родилката Јилдиз Веапоска. Ова е одлуката на обвинителот од Струга кој поднесе и обвинителен предлог за три лица поради направено кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.„Првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба“, велат од Обвинителството.Оттаму додаваат:„Родилката била примена на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија.Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок.Во такви услови, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената.Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје“, посочуваат тие.

Македонија | пред 3 години

w_56097563

77 нови случаи на ковид, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (77), регистрирани се 8 реинфекции.Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 27, Берово – 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Кавадарци и Велес – по 3, Куманово, Тетово, Охрид и Кичево по 2, Гостивар, Штип, Ресен, Виница и Кратово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не сее регистрирани починати лица.Направени се 1.084 тестови преку: ИЈЗ-122, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-43, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–51, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-40, Систина-21, лабораторија Лаор-11, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-6, Генеа-20, Никоб Лаб-58, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 465.Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145776, Активни 306Куманово 16640, Активни 8Битола 15446, Активни 139Прилеп 14161, Активни 26Тетово 13460, Активни 13Кавадарци 10649, Активни 16Велес 9771, Активни 10Гостивар 9590, Активни 15Охрид 8858, Активни 26Струмица 8066, Активни 14Штип 8029, Активни 12Кичево 5627, Активни 7Кочани 5078, Активни 4Струга 4719, Активни 4Гевгелија 4406, Активни 5Неготино 3679, Активни 2Ресен 2727, Активни 11Свети Николе 2626, Активни 0Радовиш 2529, Активни 1Крива Паланка 2413, Активни 0Делчево 1979, Активни 9Дебар 1674, Активни 1Берово 1662, Активни 6Валандово 1488, Активни 3Виница 1393, Активни 3Пробиштип 1266, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 966, Активни 1Крушево 926, Активни 0Демир Хисар 832, Активни 4Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 593, Активни 0Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 347, Активни 1

пред 3 години

collage-1

„Платија“, „Драги спомна за распределба?“, „Перо треба да направи пресметка“, пораки разоткриваа како Рашковски си го купил сопствениот софтвер со државни пари

Обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето за предметот „Софтвери“ каде првообвинет е Драги Рашковски презентираше разговори помеѓу Даниел Станчев, кој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ која го добила спорниот тендер, и Ивица Димитровски, кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Влада.Според истите, откако до добиле тендерот, си честитале.„Ова интересно било, аукции и чуда“, вели едниот, а другиот одговара: „Да уште да има некој да збори кога се наддава, како во филмовите во живо, поинтересно ќе биде“, па следува порака: „Да“.На 13 јули 2020 година, се разговара и за плаќањето.На пораката „Здраво Даниел како си? Да не платија случајно?“, на што се одговора: „Да, префрлија“. Следната порака е: „Да супер. Драги ти спомна нешто за распределба“. И по ова, следува порака во која се зборува за Перо кој требало да направи пресметка. Инаку, на претходните рочишта обвинителката кажа дека Рашковски бил заведен во телефонскиот именик како „Перо 078“„Здраво Даниел. Еве ја фактурата од ФИНКИ. Останатите ако може преку фирма. 15 илјади евра е фактурата“. По ова следува порака: „Океј. Треба Перо да направи пресметка. Тој направи на 70 к, а не е тој износ. Конверзија во ЕУР. Сега ќе ја платиме на ФИНКИ“.Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Македонија | пред 3 години

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja

„Имаме управни одбори што генерираат загуби, а имаат поголеми плати од Претседателот на државата“, вели Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21 истакна дека е отпочнат процес за реформа во администрацијата и дека веќе има пилот министерства каде што ќе започне реорганизација и унапредување на процесите.„Веќе е отворен процес на усогласување на општиот колективен договор со цел за дефинирање прво на износ на средства кои што ќе бидат искористени за зголемување на платите, како и нова методологија за порастот на платите која што ќе овозможи и зголемување на продуктивноста во јавниот сектор“, рече Ковачевски.„Тоа не значи априори дека некој ќе го загуби работното место, меѓутоа во секој случај значи оптимизација, значи унапредување на работењето, вреднување на најдобрите, зголемување на перформансите, бидејќи вие можете да барате цело време поголема плата, меѓутоа таа треба да биде поддржана со одредени перформанси“, објасни премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски нагласи дека заедно со процесот за постигнување на нов општ колективен договор се работи и на подготовка на нов закон за платите во јавен сектор.„Во овој момент имаме членови на управни одбори што генерираат загуби, а коишто имаат поголеми плати од Претседателот на држава, од претседателот на Врховен суд и од претседателот на Владата. Јас како претседател на Владата побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа на Комисија за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача: Во период до крајот на годината да се изработи закон за плати, со сите потребни консултации, во кои ќе се знае во јавниот сектор која е највисоката плата и потоа да бидат усогласени другите плати“, посочи премиерот Ковачевски.Тој дополни дека ова е начин применет во многу европски држави.„Постои една голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа и кај вработените во различни министерства. Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните. Да не заборавиме платата во јавниот сектор ја плаќаат луѓето од приватниот сектор. Ние имаме 435 илјади вработени во приватниот сектор, кој што им плаќаат плата на 132 илјади од јавниот сектор“, посочи премиерот Ковачевски.9

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

168 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон, 36 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 38 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ вели МВР.

Скопје | пред 3 години

Omo-Ilinden-Pirin

„Односите со Бугарија се влошија откако имав средба со ОМО Илинден“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека нарушувањето во односите со Бугарија почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин.Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна се врати на стариот вокабулар.„Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

279527024_534943114666482_7102584340100191531_n

Пендаровски: Споменикот на УЧК во Слупчане е дивградба

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека споменикот на УЧК во липковското село Слупчане е дивоградба.„Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран“, рече Пендаровски.Тој вели дека комисија на претходната влада составена од експерти и урбанисти, утврдила дека повеќе од 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

Македонија | пред 3 години

struja-2

Ковачевски: Производството на електрична енергија е поставено на максимално ниво

„За да се справиме со најтешката зима која што ни претстои, од аспект на снабдување со енергенси, од аспект на цени на храна, од аспект на цени на суровини, присуствуваме на сите регионални и европски средби за изнаоѓање на најдобри решенија во однос на заштитата на основните потреби на граѓаните и во таа насока беше и она што се случуваше во Александропулис, односно почетокот на изградба на гасниот терминал“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во емисија на ТВ 21.„Ние во моментов имаме снабдување само со руски гас и секоја алтернатива дополнителна како што што е течниот гас којшто треба да биде овозможен преку Александропулис е добредојдена. Рокот зададен на инвеститорите е 20 месеци за да биде завршено. Дополнително на тоа ние сме подготвени веднаш да влеземе во проектот за изградба на гасоводот од Александропулис преку Солун до Неготино и тоа во истиот период за да се реализира снабдувањето со гасот во нашата земја“, објасни премиерот Ковачевски.Тој дополни дека како држава веќе донесовме одлука да се закупат одредени количини гас потребни за државата и дека следно е поврзувањето со Бугарија со интерконектор за азербејџанскиот гас кој што ќе треба да овозможи трета алтернатива за снабдување.„Во тој случај би имале снабдување со гас непречено и по цени кои што се пониски бидејќи секогаш кога имате повеќе алтернативи цената паѓа. Дополнително на тоа енергетските компании во државата работат и на обезбедување, односно осигурување на алтернативни горива“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 21.Ковачевски посочи дека на максимално ниво е поставено производството на електрична енергија во државата и дека во полна функција се ставени РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино.„Дополнително, пред три недели ја пуштивме 10 мегаватната фотоволтаична централа во Осломеј каде што се потпишани договорите за уште една 10 мегаватна централа во сопственост на ЕСМ и 100 мегавати кои што ќе бидат изградени од страна на партнери, едниот турски, другиот бугарски партнер со што ќе имаме дополнителни 120 мегавати производство на електрична енергија“, рече Ковачевски.Премиерот укажа и на фактот дека проектот ХЕЦ Чебрен е во втора фаза и дека нуди можност за енергетски капацитет кој што ќе овозможи базна енергија за државата и дополнителна можност за изградба дополнителни обновливи извори на енергија.Од капацитетите од обновливи извори на енергија, како наша определба на нашата стратешка енергетска транзиција, премиерот Ковачевски ги истакна стратешките инвестиции за ветерен парк од Куманово до Крива Паланка на германската компанија ВПД, како и изградбата на голема соларна централа во штипско на француската „Акуо“.

Македонија | пред 3 години

51526937453_a86d217aee_c

Зеќири нудел 280.000 евра имот за да излезе од затворот во Шутка

Мухамед Зеќири барал слобода, а за неа нудел и имот од 280 илјади евра. Судиите од Кривичниот суд сепак одлучиле дека парите не се доволни за да гарантираат дека тој нема да избега, па му го продолжиле притворот за нови триесет дена. Според нив, опасноста да влијае на сведоци и да избега – се уште постои. Сепак, можноста Зеќири да излезе останува, бидејќи Апелација треба да одлучува веќе во наредните денови по однос на притворот, бидејќи адвокатите поднеле жалба.Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Македонија | пред 3 години

05052022_PVRSM_intervjuTV21

Нѐ очекува најтешката зима досега, призна Ковачевски

„Лидери се луѓе кои носат одлуки и решаваат прашања кои ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните како и справување на најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој, кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само на тоа, кога ќе бидат наредните избори“, посочи премиерот Димитар Ковачевски вечерва на ТВ 21, коментирајќи ги најавите на опозицијата за активна блокада во Парламентот на Северна Македонија.Подвлекувајќи дека бојкотот ќе им нанесе штета на граѓаните на нашата земја, кои ги бираат пратениците во Собранието, а не на Владата, Ковачевски оцени дека тоа што го прави претседателот на ВМРО - ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата светска, економска криза по Втората светска војна.Тој потсети дека и на денот кога се формираше новата Влада нагласи дека заради тешките услови, постојаниот раст на цените на енергенсите, на цените на храната и заради здравствената криза, 2022 година нѐ очекува една од најтешките години.„Тоа ќе биде најтешката зима затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ е исклучително неодговорно. Собранието е место каде што треба да се носат закони, да се унапредуваат тие закони и каде што треба да се носат брзи решенија заради справување со кризата“, подвлече Ковачевски во дебатниот магазин „Клик“ на ТВ 21.Тој додаде дека во услови кога гледаме како во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоѓање на начини за задржување на животниот стандард во државите и преку регионални соработки бараат начини да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима, неодговорно е да се врши постојан притисок и блокади на Собранието.„Меѓутоа уценување или за тоа ќе се разговара или нема да има средба јас не прифаќам. Закани, инфантилни закани, одбројување, тоа се минати времиња. Ние сме демократска држава, ако мисли претседателот на ВМРО - ДПМНЕ дека сѐ уште живее во времето на неговиот претходник и сегашен ментор кога се организираа на две години избори тогаш кога на нему му одговараше тогаш се лаже. Оваа држава веќе не е заробена држава, ни хибриден режим, ова е демократска држава според независното истражување на ЕКОНОМИСТ, држава во која се унапредени правата на новинарите според извештајот на Репортери без граници и никогаш нема да се врати назад во тоа време“, истакна премиерот Ковачевски во емисијата на ТВ 21.

Македонија | пред 3 години

240143350_551677006054435_6591692462113688778_n

139 новозаразени со коронавирус, 86 се оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови. Починато на ден 01.05.2022 година.Направени се 1.424 тестови преку: ИЈЗ-167, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-29, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-33, Синлаб-6, Ремедика-12, Плодност-21, Генеа-6, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 586.Досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 145747 317Куманово 16639 9Битола 15426 146Прилеп 14156 26Тетово 13458 13Кавадарци 10648 18Велес 9766 8Гостивар 9585 11Охрид 8853 23Струмица 8065 17Штип 8029 13Кичево 5627 9Кочани 5077 3Струга 4718 3Гевгелија 4405 4Неготино 3679 2Ресен 2727 12Свети Николе 2626 0Радовиш 2529 1Крива Паланка 2413 0Делчево 1979 9Дебар 1674 1Берово 1662 12Валандово 1488 3Виница 1393 4Пробиштип 1266 1Богданци 1019 0Кратово 966 2Крушево 926 0Демир Хисар 832 4Македонски Брод 736 0Демир Капија 593 0Македонска Каменица 523 0Пехчево 486 0Дојран 347 1

пред 3 години

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски: Блокадата на Собранието е неодговорно однесување на Мицкоски

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски најавената блокада на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието ја оцени како неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кое не носи добро никому а штета им прави на граѓаните.„Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да прави вакви чекори.“ рече претседателот Ковачевски.Претседателот Ковачевски истакна дека блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ се случува во време на најголема економска и енергетска криза и ги повика пратениците од сите пратенички групи да покажат одговорност и да бидат на висина на својата задача.„Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризата што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.,“ посочи Ковачевски.Втора работа која што исто така е многу важна, рече претседателот Ковачевски е дека тој не подлегнува на уцени и закани.„Ги гледам денешните натписи, не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и закани. Јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството“ порача претседателот Ковачевски.Ковачевски повтори дека со резигнација ги отфла деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, и додаде дека граѓаните не поддржуват предвремени избори. Сега е врее да се справиме со последиците од кризата и да го поддржиме стандардот на граѓаните.-Ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам. Одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика од опозицијата во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања