ТОП

paridenari1

Инфлацијата е двоцифрена, стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Во месец април Македонија бележи двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните е во стрмоглав пад. Државниот завод за статистика објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1%. Патем инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ова е резултат на неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ. Секој месец инфлацијата расте и расте се повеќе, што покажува дека мерките на власта не дале никакви резултати, туку напротив состојбите во економијата се влошуваат од ден во ден. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, 7000 компании ставија клуч на врата, 2021-ва година ја завршивме со најмал раст на БДП во споредба со земјите од регионот, долгот незапирливо расте, веќе е над 7 милијарди евра, а се најавува уште едно рекордно задолжување од 900 милиони евра со што ќе дојде до 65% од БДП. Ова се само дел од поразителните економски параметри, што се резултат на катастрофалните економски политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ.Затоа велиме дека најдобро за економијата во Македонија е промена на оваа криминална, неспособна и неодговорна власт. Ковачевски покажа дека има голем мерак на фотелјата и не го интересираат граѓаните. Ако сака нека ја земе фотелјата дома, само нека ја спаси државата од својата неспособност“.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите, граѓаните не смее да плаќаат неработници, бара власта

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување“, бара СДСМ.Тие додаваат:„Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат.Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите.Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики“.

Македонија | пред 3 години

image-163537

Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија меѓу другото се вели:-Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“.По повеќедеценискиот спор на нашата Црква со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.Оттогаш и државниот врв на Република Северна Македонија упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука.Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе не сме во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви. За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори.Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

Македонија | пред 3 години

20220509121234

Шефицата на македонската делегација за сѐ има оправдување!

Шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова за инцидентот со македонското знаме, што се случи вчера во Торино, Италија, за „Нова Македонија“ вели дека претставничката Андреа Коевска имала само 30 секунди за фотографирање на Евросонг.– Сè се случи навистина многу брзо. Протоколите и организацијата налагаа по 30 секунди официјално фотографирање за сите евровизиски претставници. Останатиот дел од делегацијата беше тргнат на сосема спротивна страна, зад камерите, со оглед на директниот пренос. Претпоставувам дека во целата еуфорија, кога од Андреа побарале фотографии и без знамето, едноставно не успеала да изреагира поинаку, туку го поттурна знамето по тиркизниот ќилим. Ниту видовме, ниту слушнавме кој го побарал тоа од неа, зошто повторувам бевме далеку од неа. Потоа си го зема и продолжи на средбите и интервјуата со сите други многубројни присутни медиуми, вели Попова за „Нова Македонија“.Попова побара од јавноста да и прости на Андреа за моменталната непромисленост и да и се даде ветер во грб заради влогот во неколку месечната напорна работа и да може да го даде максимумот на 12-ти мај.

Македонија | пред 3 години

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Ново зголемување на цените на горивата, бензинот пројде 90 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 % во однос на одлуката од 4.05.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,261 ден/кг и сега ќе изнесува 53,848 ден/кг.Од 10.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 89,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,129 %, кај дизелот има намалување за 1,064%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,958% и кај мазутот има зголемување за 0,344%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,223%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

tepacka

Кривична за насилство во Аеродром: Влегле, го натепале додека пиел кафе, мавале по него и со ногарка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат.Со дејствијата, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.​​

Скопје | пред 3 години

fgadfga

„Тоа е сувенир и не е баш знаме“, професор по право за потегот на Андреа

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, доктор Гордан Калајџиев, за настанот кој ја вознемири македонската јавност, а се однесува на синоќешниот инцидент кога евровизиската претставничка Андреа Коевска го фрли националното знаме на подот излезе со свој коментар.Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

130 казнети возачи во Скопје, 54 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест санкции за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

FSQgCRbXsAAKCex

„Држава ли е? Буниште ли е?“, „Девојчево со врски ли е пратено?“, ужасни реакции откако Андреа го фрли македонското знаме

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции.https://twitter.com/cresha99/status/1523366861370368000https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1523367031214645250https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1523374047211315200https://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1523382137017159680https://twitter.com/igorhadzievski/status/1523385586081357825https://twitter.com/Mk55519/status/1523387625754660864https://twitter.com/dukoska_ana/status/1523352398995288065https://twitter.com/BiguzDikuz/status/1523363216088174592https://twitter.com/radevska_rita/status/1523377804536033280https://twitter.com/IwasStrange_/status/1523351405993414660https://twitter.com/visocina/status/1523363882814689280https://twitter.com/IskrenoDete/status/1523390323548102656 https://twitter.com/bejbiboy2/status/1523389676412805120https://twitter.com/ana_k34/status/1523386789276254208https://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1523386032455966720https://twitter.com/rsena_a/status/1523385514773999616https://twitter.com/nadrobena/status/1523383465302843392https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1523383006278602753https://twitter.com/BrlaBrla/status/1523381338828869632https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1523374859044016130  

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.17.55

(ВИДЕО) Евровизиската претставничка го фрли македонското знаме, се цени дека го прекрши и Законот

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции. Се цени дека ова е непочит кон сопствената земја, а со оглед дека на платото не беше сама и можеше да го подаде на некој од придружниците.Дел од правниците ценат и дека ваквото постапување со македонското знаме претставува прекршување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата.Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Магазин | пред 3 години

Web-capture_8-5-2022_17239_www.gol_.mk_-1

Скандал во Тетово: Нападнат тимот на Шкупи, има повредени

При пристигнувањето на стадионот во Тетово се случил скандал и нападнати се клубот и играчите на фудбалскиот клуб Шкупи, јавува Телевизија 21.Телевизијата објави видеоматеријал во кој се гледа нападот. Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку, во изјава за за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер. На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како еден од играчите на чаирчани лежи на земја.Инаку, претходно на патарината Скопје – Тетово полицијата ја сопре навивачката група на Шкупи, „Шверцери“ и не дозволи присуство на гостинските навивачи во градот под Шара.Натпреварот е од поголемо значење за Шкендија која се бори за Европа, затоа што Шкупи веќе ја осигура титулата. Не се знае дали оваа средба ќе започне во планираниот термин од 17:00 часот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-12.26.38

„За нас не постои замена за членството во ЕУ“, Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Македонија ќе се движи кон евроатланските интеграции. Тој смета дека ЕУ треба да ја исполни својата обврска.„Тоа што вчера го кажа министерот за надворешни работи, не се разликува од тоа што јас го имам кажано. Тоа е дека 17 години РС Македонија е земја со кандидатски статус, која има 45 отсто од законодавството хармонизирано со законодавството со ЕУ. Имаме направено многу работа за преговори со ЕУ. Имаме донесено и тешки одлуки. И затоа ЕУ треба да ја донесе одлуката за сите земји членки, сосе Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција. Се намалува довербата од оние кои даваат поддршка за патот кон ЕУ. Османи тоа и го кажа дека ЕУ треба да се одважи и да го исполни своето ветување и да определи датум за првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски.„РС Македонија во секој случај ќе се движи кон евроатланските интеграции. Граѓаните имаат јасна ориентација во насока на интеграциите. Да не заборавиме дека оваа владина коалиција направи тешки одлуки и станавме дел од НАТО. За нас не постои замена за членството во ЕУ. Ние сме дел од Европа. Односите со ЕУ и сите земји членки е на високо ниво“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-11.19.01

(ВИДЕО) Ѓубре и преполни канти за отпадоци на скопскиот кеј, снимката ја сподели Шилегов

Снимка на која се гледа расфрлан смет, сподели ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Локацијата каде е направена е на кејот од реката Вардар, близу галијата чие отстранување беше започнато но не и довршено. Освен расфрланиот шут, се гледаат и препочни канти. Веројатно, ова е последица на вчерашното издание на „Виноскоп“.Инаку, градоначалничката Данела Арсовска постојано организира акции за чистење. Таа вчера и самата учествуваше во една таква, во Градскиот парк. Вакви снимки беа споделувани и во време на Шилегов, кога граѓаните реагираа на лошата хигиена. Ова на јавноста и остава впечаток дека градот не може да исчисти толку колку што граѓаните можат да расфрлаат

Скопје | пред 3 години

vasil-sterjovski

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија: Дојдено е време Македонец да дојде на чело на Албанија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.-Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија еден ваков кандидат, проф. д-р Кимет Фетаху, одговори Стерјовски.Додава дека тој е предложен од МАЕИ и смета дека е време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.– Прво ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница, вели тој.Одговара и на прашањето дали за овој предлог имало влијание од страна на македонската политика.– Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме, одговори Стерјовски.Тој е убеден дека Албанија и Македонија не треба да ги разделат интегративните патишта, и додава дека изборот на Македонец за претседател во Албанија ќе биде силен сигнал за ЕУ.

Коментари | пред 3 години

240479909_952817318628780_6714018822441776893_n

164 казнети возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат оттаму.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања