ТОП

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

179 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.Изречени се 16 мерки за возач почетник, 10 мерки за користење на мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Andrea-Evrovizija

МТВ одлучи дали ќе настапува Андреа на Евровизија

Од Македонската Радио Телевизија (МРТ) информираат дека по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледале сите аспекти за евентуално повлекување на нашата претставничка од Евровизија.„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштението на МРТ.Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот ‘Евровизија’ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, стои во соопштението.

Магазин | пред 3 години

280561443_398535868949484_8333241533045701760_n

Јаулески за собранискиот хаос: ва се случува само во длабоките комунистички режими и кај нас

Јован Јаулески, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, за хаосот во Собрание вели: „Ова се случува само во длабоките комунистички режими и кај нас“.„Самоволие, донесување дневен ред без претходно да биде прочитан и поделен на пратениците. Брутално силување на деловникот и процедурите за работа, без етика и морал и без грам почит кон опозицијата. Но ние не се откажуваме Одиме до крај, за Македонија!“, вели Јаулески.Хаосот се случуваше за време на собраниската седница која трае и по работното време на Собранието. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски прво бараше процедурално, но спикерот Талат Џафери не дозволи. По ова, Џафери му рече на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-11-at-19.37.44

(ВИДЕО) „Ако не си за тепање оди на место“, тензично е во македонското Собрание

По два дена натегање, се изгласа дневниот ред на Собранието. Но и ова помина со тензии. Претседателот на Собранието, Талат Џафери му се закани на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да се тргне од говорницата.„Правите што сакате да правите до мене да не се доблиожувате. Што сакајте правите, до мене не се доближувајте. Оди седи на твое место ако не си за тепање, оди на свое место ако не си за тепање“, рече Џафери.Собранискиот претседател се расправаше со сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.Видете детали од видеото:

Македонија | пред 3 години

petkov-76

Дали во јуни добиваме зелено светло за преговори со ЕУ?

Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај, јавија денеска бугарските медиуми.Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е во НАТО.Во однос на компромисот за ветото за евроинтеграцијата на Скопје и за тоа што ќе се случи со односите ако неговата Влада падне Петков рекол дека не може да биде одговорен за ништо во таков случај.– Не можам да сум одговорен за ништо во таков сллучај. Одлучив дека иднината на Северна Македонија и на Албанија треба да е во ЕУ, и тоа е добро за регионот, изјавил Петков.Тој на крајот на април ја посети Романија и таму со својот колега Николае Чука разговараше на тема природниот гас и можностите за набавка на енергенсот преку гасоводот од северениот бугарски сосед.

Македонија | пред 3 години

51826955070_dba3d1dfd6_c

(ВИДЕО) Бектеши се налути бидејќи му рекоа дека е македонски министер

Министерот за економија, Крешник Бектеши, не му се допадна тоа што го нарекоа „македонски министер“, и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите не се двоумеле да го прашаат министерот Бектеши за прашањето за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.Новинар: Имав прашање до македонскиот министер за флота, (зборува за легализација на медицинскиот канабис).Бектеши: Извинете, јас сум министер за Северна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.Ова остави впечаток дека Бектеши не е среќен кога ќе му речат македонски министер, иако тоа е, бидејќи е назначен од македонската Влада и работи за македонската Влада односно македонскиот народ. Се чини дека министерот не знае што е нација, што е етничко потекло, а што народ.

Македонија | пред 3 години

avtobus

Жена нападната и ограбена во автобус додека патувала од Волково до Центар

На 10.05.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје, Т.Ч. од Скопје пријавила дека во автобус, кој сообраќал на релација Волково – Центар, била физички нападната од неколку лица, кои ѝ одзеле лични предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Одново поскапува струјата; Стојаноски: Бесмилоски ќе троши 80 евра дневно за кафе, народот ќе плаќа поскапо!

Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат.Првиот човек на Регулаторната комисија Бислимовски за Утрински брифинг вели дека операторите имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука.Билсомовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и се очекува цела оваа година таа да биде висока. За заштита од поголеми ценовни шокови вели дека решението е во зголемено домашно производство, но и во штедење. Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, посочи дека избори се решение за крај на катастрофата.„Покрај досегашното поскапување на електричната енергија од 30%, се очекува ново до крајот на месецот.Регулаторната комисија за енергетика и нејзиниот предводник Марко Бислимовски ќе трошат по 5.000 евра дневно за оперативни трошоци, по 80 евра дневно за кафе и милиони за непродуктивни трошоци, а народот ќе плаќа поскапа струја. Избори се решение за крај на оваа национална катастрофа“, посочи Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 12.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 %, кај дизелот има намалување за 3,343%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442% и кај мазутот има намалување за 2,142%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

nbrm-narodna-banka

Зголемена основната каматна стапка!

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.„Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка“ - се вели во соопштението.Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.„Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката“ - појаснуваат од Народната банка.Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.

Македонија | пред 3 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

166 казнети возачи во Скопје, 52 пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 52 мерки за прекшоци што ги прават пешаците, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-11-at-08.08.58

(ВИДЕО) Маж во Тафталиџе згрози многумина со неговиот потег: „Ѓубре од човек!“

Возрасен маж украл кутии за бездомни мачки кои биле поставени од здружението „Ангелкетс“. Снимката направена од безбедносните камери покажува како тој прво доаѓа и ги забележува кутиите кои се скривалиште од ладното за бездомните животни, потоа заминува, па повторно се враќа за да ги земе„Си дошол, си разгледал, си отишол. Размислил два саати, па се врати и си ги земал. Му требаат за нешто. Со дупка, со дупка во кутијата, што има врска. Ова се кутии за бездомни мачки што заедно со неколкумина активисти се изработени изминатава зима со мал грант од Цивика Мобилитас. Срцкава е снимен во Тафралиџе кај пазарчето во еден трговски локал“, стои во објавата.Овој потег предизвика лавина реакции, дотолку што по потегот, повеќемина коментираат: „Ѓубре од човек“.

Скопје | пред 3 години

248287349_345946824048768_3738017654012925334_n

Нема веќе бесплатен паркинг во дел од Карпош

Наскоро треба да се реши проблемот со паркирање на одредени локации во општина Карпош, особено во населбата Карпош 1, каде жителите не можат да најдат слободно паркинг место поради возилата кои ги паркираат граѓаните кои работат или одат на гости во соседната општина Центар. Ќе се воведува зонско паркирање.Јавното претпријатие „Градски паркинг” ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање во општината, односно ќе функционира како организатор на сообраќајот во мирување. Ова е одлучено на денешната седница на Советот на Карпош, со мнозинство гласови на советниците.„Градски паркинг“ треба да преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи ги тука обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.Во овој случај, за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг” – Скопје има обврска да плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје. Оттаму, јавното претпријатие е должно да поднесува до Советот на Општина Карпош/градоначалникот на локалната самоуправа, полугодишни извештаи за преземените мерки и активности во насока на одржување и информација за тековната состојбата на јавните паркиралишта и јавни површини наменети за зонско паркирање – велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 3 години

IMG_4387

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.На денешната седница Владата донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед.Одлуката е донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, дека постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.На оваа своја седница Владата ги задолжи Министерството за здравство и Министерството за финансии да ги обезбедат неопходните средства за обезбедување на антиретровирусната терапија како составен дел од Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година.Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Северна Македонија“, меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа - ЦЕБ.Грантот доаѓа од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во висина од три милиони евра и е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-02-at-14.35.54

Камчев и Јосифовиќ се преселиле во Охрид, каде ќе ја издржуваат казната

Бизнисмените Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ ги промениле скопските адреси и со живеалиште се запишале од Скопје во Охрид. Поради сето тоа, постапувањето со издржувањето на затворската казна од една година и за Камчев и за Јосифовиќ се сели на друг терен, односно во јурисдикција на судот во Охрид. Па така, од охридскиот суд ќе треба да одлучи каде ќе ја издржуваат и едногодишната казна.„Заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека: До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид. Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, велат од Кривичен суд.Претходно, односно на 30 април, Бојан Јовановски-Боки 13 кој е осуден за „Рекет“ напиша дека Камчев ќе ја издржува казната во Охрид.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања