ТОП

janeva-katica-reket-skopje1mk

Катица за изјавата на Камчев: Човекот халуцинира

Поранешната специјална јавна обивнителка Катица Јанева во судницата посочи дека бизнисменот Орце Камчев халуцинира, додека тој даваше исказ и кажуваше како според него бил ракетиран.Камчев рече дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош: „За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на Гранит ниту на Реплек не дале согласност за таков проект“.„Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцинира“, додаде поранешната специјална јавна обвинителка.„Бојан Јовановски ми пристапи преку заеднички пријател во врска со наводна соработка да ми понуди а со крајна цел изнуда на парични средства со лажни проекти. Првиот проект беше фешн молови, концепт кој тој го измислил, а во кои ќе има модни ревии, популарни дуќани. Притоа, при поднесувањето на договорот за соработка беше потпишано лицето Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира тогашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кажувајќи дека и тој стои позади проектот за бизнис молови. Споменувајќи дека Лазар користи возило од неговата телевизија дека со него соработува директно и слично. Откако го одбив ова барање, ми беше понудено инвестиција во старечки домови, додаде Камчев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.22.57

Повторно се запали „Треска“

Утрово повторно гореше во кругот на фабриката „Треска“. Жителите за „Скопје1“ јавуваат дека овојпат се гледале и пламени. Густ чад повторно го покри небото, како и миризба. Од околните згради реагираа дека ова што се случува им влева несигурност, особено по вчерашните случувања кога се евакуираа.Интервенирала и Противпожарната бригада. Се претпоставува дека овојпат, пожарот настанал како последица на искри, а со оглед дека вчера таму гореше и дрво, кое и кога ќе се изгасне, ако не се отстрани, може од него лесно да избие нов пожар.

Скопје | пред 3 години

kcs0smtrvsi9qjygrdls

Нови фрапирачки моменти од убиството на Денис Тот, „А1он“ ја објави причината поради која бил претепан

Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ, објави А1он.мк.Несогласување меѓу убиениот и првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски од Ново Село, настанало дури откако влегле во таксито, додава порталот.„А1он“ дознава дека осомничените прво му направиле место на Тот да влезе во таксито, но потоа, по неколку секунди се предомислуваат. Надвор, прв го удира Анџело, па потоа го клоцаат Андреј и Клементина. Откако стануваат свесни дека дека Тот не дава знаци на живот, нивни другар почнува да го оживува, а Клементина и натаму го клоца. Се обидуваат и со вештачко дишење и масирање на срцето да го вратат во живот, а откако тој не реагира, телото го вртат на левата, па десната страна. На крајот, Анџело и Андреј со влечење го преместуваат телото на Тот.Повеќе:Што се случувало вечерта и зошто е убиен Тот: Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци (a1on.mk)

пред 3 години

grujo-1

„Јадни Грујо за 20 ЕУ мито се срамел и се криел у гепек на граница“, реакции по скандалот на Блаце

По 20 евра од човек. Вака шефот на полицијата на граничниот прекин Блаце им зема мито на граѓаните за полесно да го минат граничниот премин.Веднаш по овој скандал објавен во емисијата Стоп, реагираше МВР свикувајќи ги на распит двајцата службеници Е. Ш. И З. Р. Како што информираат од МВР, двајцата се суспендирани од работа и против нив се поднесени кривични пријави, оба се дел од реакциите на социјалните мрежи.https://twitter.com/Zmugalo/status/1514610035581616133?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/TinoBeBrat/status/1514325230008905736?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/Becka_skola/status/1514321746190647306?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/KlimentieS/status/1514301723560628225?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/algorit007/status/1514256655806083072?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/Magnolija__/status/1514232924207521795?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/koloski_/status/1514188424710062083?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1514162813828227073?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/BP080880/status/1514159135511781376?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/Zmugalo/status/1514158356952453123?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCAhttps://twitter.com/malistaPulikala/status/1514016964846534658?s=20&t=u-UfxuQCgmaP3-crYPAHCA 

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Жители на Треска: Со години се случуваат пожари, Треска е небезбедно место за живеење

„Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба“ вели Група граѓани, жители на Треска.Тие додаваат:„Повеќепати сме биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни. Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани.Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци.Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее.Ние жителите стравуваме дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а нашите повици за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот.Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија“.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Пожарот е речиси целосно изгаснат

Градоначалникот на Општина Центар, веднаш по добивањето на информацијата за пожарот кај поранешната фабрика Треска, излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на истиот. Со 10 возила, противпожарната бригада го гаснеше пожарот, а општинскиот кризен штаб, заедно со градоначалникот Герасимовски и со екипите на Црвениот крст им даваа поддршка на пожарникарите.„Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени“, изјави градоначалникот Герасимовски.Жителите и вработените во околните продавници беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.

Скопје | пред 3 години

w_56803989

Четири лица починаа од ковид, 142 новозаразени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.Регистрирани сe 198 оздравени пациенти од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7, Ресен – 6, Велес, Делчево и Берово – по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Дебар и Валандово – по 1Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82г), починато во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.Направени се 1.997 тестови преку: ИЈЗ-144, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-34, Биотек-41, Систина-36, лабораторија Лаор-44, Синлаб-13, Ремедика-19, Плодност-15, Генеа-7, Никоб Лаб-133, ВФВ Медикал-36, Ели Медика Плус-12, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.070Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а бројот на активни случаи изнесува 1.112Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 144845, Активни 592Куманово 16604, Активни 20Битола 15078, Активни 164Прилеп 14090, Активни 55Тетово 13438, Активни 13Кавадарци 10591, Активни 38Велес 9716, Активни 15Гостивар 9563, Активни 21Охрид 8807, Активни 38Струмица 8034, Активни 19Штип 7994, Активни 15Кичево 5595, Активни 28Кочани 5067, Активни 6Струга 4708, Активни 6Гевгелија 4392, Активни 7Неготино 3668, Активни 5Ресен 2708, Активни 12Свети Николе 2622, Активни 5Радовиш 2524, Активни 12Крива Паланка 2413, Активни 3Делчево 1972, Активни 15Дебар 1673, Активни 0Берово 1643, Активни 1Валандово 1481, Активни 1Виница 1387, Активни 5Пробиштип 1264, Активни 0Богданци 1019, Активни 1Кратово 962, Активни 2Крушево 928, Активни 5Демир Хисар 828, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 591, Активни 5Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 2Дојран 344, Активни 0

пред 3 години

275653726_296609415813477_1927427767190083268_n

ВИДЕО: Гори кај фабриката „Треска“

Во близина на фабриката „Треска“ избил голем пожар. Црни облаци чад има на сите страни. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека во центарот на Скопје се чувствува мирис на чад.Засега нема информации од Противпожарната бригада што е точно запалено.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-01-21-at-15.37.23

Обвинителот ќе се жали за ниската казна одредена на возачот кој ја усмрти Викторија

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, незадоволен од висината на изречената кривична санкција, денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа која се случи на 20.01.2021 година во близина на трговски центар во Карпош.Имено, со пресудата врз основа на признание на вина, на 11.04.2022 година, Основниот кривичен суд го огласи за виновен обвинетиот Ј.Ѓ. за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Притоа, Судот го осуди на казна затвор од три години, во која се засметува и времето поминато во притвор и му изрече казна – забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од три години од денот на правосилност на пресудата.Обвинетиот беше огласен за виновен за наведеното кривично дело, бидејќи на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.При одредувањето на казната, Судот како олеснителни околности ги ценел признанието на вина од страна на обвинетиот, изразеното каење и свест за противправноста на стореното, како и фактот дека станува збор за млада личност која претходно не била во судир со законот. Сепак, надлежниот јавен обвинител цени дека во конкретниот предмет првостепениот суд во поголема мера ги ценел олеснителните околности, на сметка на отежителните – начинот на сторување на делото, зачестеноста на овој вид кривични дела и особено фактот дека во несреќата е изгубен млад човечки живот. Дополнително, јавниот обвинител наведува дека оштетените со ништо не придонеле за да се случи сообраќајната несреќа и прописно ја поминувале улицата на обележан пешачки премин.„Анализирајќи ја обжалената пресуда, сметам дека судот не ја одмерил адекватно казната, бидејќи ги применил одредбите за ублажување на казната, иако не постоеле законски услови за тоа“, наведува надлежниот обвинител во образложението на жалбата до Апелациониот суд во Скопје.Јавниот обвинител смета дека со висината на изречената казна од првостепениот суд нема да се постигнат целите на казнувањето на планот на генералната и на специјалната превенција на овој вид кривични дела.Исто така, во жалбата се наведува дека и висината на изречената споредна казна – забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија исто така е незадоволителна. Имајќи ги предвид околностите под кои е сторено делото и тешките последици, таа забрана треба да трае 5 години, колку што максимално дозволува материјалниот закон.​

Македонија | пред 3 години

ljube-boskovski-2

Aко на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Бошкоски и Тачи ќе ги исфрлат од коалицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните во Македонија додека стануваат се посиромашни, СДСМ се занимава со листи, вели ВМРО-ДПМНЕ„СДСМ наместо да признае дека поради нивните погрешни политики 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, се служат со манипулативни соопштенија.СДСМ сака со манипулативни соопштенија да прикрие дека цените на горивата за само година дена поскапеа за 70%, струјата поскапе за 30%, парното за 15%, лебот поскапе за 110%, а основните намирници се поскапи за 30-50%.Но, ако на СДСМ толку им пречи црната листа на САД дали тоа би значело дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта.Граѓаните многу добро знаат дека власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО.Од СДСМ не престануваат со лагите и криминалот, за да владеат и крадат не бираат со кого коалицираат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

collage-5

Спасовски откри каде се криел осомничениот за убиството на Денис Тот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека првоосомничениот за бруталното убиство на ракометарот Денис Тот, Анџело Ѓорѓиевски, рано утрово се предаде откако полицијата опсежно го пребарала Скопје.-Се предаде на тимот за потраги. Сите оперативни информации, толку стеснет простор, придонесоа по неколкучасовни активности на полицијата, тој да биде приведен во станицата во Аеродром, а потоа и спроведен во затворот Скопје, рече Спасовски.Министерот додаде дека Ѓорѓиевски се криел во Скопје, „во еден објект“.-Не е државна тајна, меѓутоа истрагите мора да ги водиме преку институциите. Сѐ она што можеме да го соопштиме, ќе го соопштиме, се она што не може, ќе го кажеме во наредниот период. Информациите што ги споделивме денеска се тие. Многу шпекулации имаше околу него, дека заминал од Македонија. Тој е фатен и изведен пред лицето на правдата. Сѐ е врз основа на факти и аргументи. Знаевме дека е тука и интензивно се работеше околу негово пронаоѓање, вели Спасовски.

Македонија | пред 3 години

w_56803994

Денес нема починати лица од ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 114, Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола – 16, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Тетово и Куманово – по 3, Делчево, Велес, Гевгелија и Кичево – по 2, Гостивар, Неготино, Струмица, Ресен, Свети Николе и Демир Хисар – по 1Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-37, Биотек-44, Систина-41, лабораторија Лаор-58, Синлаб-9, Ремедика-16, Плодност-4, Генеа-6, Никоб Лаб-196, ВФВ Медикал-28, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.037Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 144767, Активни 628Куманово 16605, Активни 28Битола 15056, Активни 166Прилеп 14088, Активни 60Тетово 13438, Активни 13Кавадарци 10587, Активни 41Велес 9713, Активни 15Гостивар 9560, Активни 18Охрид 8804, Активни 47Струмица 8028, Активни 16Штип 7992, Активни 14Кичево 5592, Активни 27Кочани 5066, Активни 7Струга 4704, Активни 2Гевгелија 4391, Активни 8Неготино 3668, Активни 6Ресен 2705, Активни 15Свети Николе 2622, Активни 5Радовиш 2521, Активни 11Крива Паланка 2413, Активни 4Делчево 1971, Активни 17Дебар 1673, Активни 1Берово 1639, Активни 0Валандово 1481, Активни 2Виница 1387, Активни 5Пробиштип 1264, Активни 0Богданци 1019, Активни 1Кратово 962, Активни 2Крушево 928, Активни 5Демир Хисар 828, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 591, Активни 5Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 2Дојран 344, Активни 0

пред 3 години

Screenshot-2022-04-13-090400

По примањето поткуп на Блаце: Кривични пријави и суспензија за двајца полициски службеници

Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Р. Косово и Р. Албанија го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството“, вели МВР.

Македонија | пред 3 години

katica-janeva-kiceec-boki-13-orce-kamcev

„Во петок ќе се сретнеме Катица Јанева, Камчев, Кичеец и јас“, најавува Боки 13

Бојан Јовановски-Боки 13 кој е тужен од бизнисменот Јордан Камчев за да ги врати парите за кои Кривичен суд досуди дека се земени од него, објави најава на неговиот профил на „Инстаграм“. Во неа пишува тие двајца, но и ексспецијалната обвинителка која беше осудена Катица Јанева и осудениот Зоран Милевски-Кичеец одново ќе се сретнат во судница. Овојпат, во Граѓанскиот суд.„Известување до медиумите и граѓаните. Петок, 15.04.2022, 09 часот, Граѓанскиот суд ќе има рочиште, распит на странки, за тужбеното отштетно барање на Камчев. Во судница ќе се сретнеме јас Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски-Кичеец и Јордан Камчев. Мислам дека ќе биде и повеќе од важно, ќе има што да се слушне. пс. Имам некое чувство дека оној торбоносецон Кичеец нема да дојде и дека само за него Камчев ќе ја повлече тужбата, па така уште еднаш ќе се види кој е и како го монтираше Рекет. До конечна правда. Show must go on“, стои во писанието објавено од администраторот на профилите на Боки 13.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-13-at-13.05.54

(ФОТО) Запрена градба на седум нивоа на Водно, се бара итно отстранување

Затворено е градилиште на Водно. Инспекциите на Општина Центар издале и решение за отстранување на градба која е на седум ката.„Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот“, вели Општина Центар.„Апелирам до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците“, додава градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања