ТОП

Screenshot-2022-01-30-at-20.58.28

„Викторија и Леонид не добија правична пресуда“, во петок ќе се протестира пред Кривичен

Протест пред Кривичниот суд ќе се одржи во петок. Организатор е Леонид Даов, повреденото момче во сообраќајката кај „Сити мол“, каде загина 24-годишната Викторија.„После пресудата од 11.04.2022 на Основниот Кривичен Суд Скопје, Викторија и Леонид не ја добија пресудата која е правична и праведна! Немаме владение на правото, немаме спокој на душите! Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00ч Ве повикувам пред Основен Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_2

Ковачевски за „Ди Пресе“: Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“, порача дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Северна Македонија, особено за нејзината економија.„Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна земја, заштитена од НАТО“, истакнува премиерот Ковачевски во интервјуто за “Ди Пресе“.Ковачевски за австрискиот весник се осврнува и на континуираниот геостратешки интерес на Русија за Балканот.„Западен Балкан отсекогаш бил од интерес за Русија. Нејзиното влијание преку медиумите, вклучително и преку некои политички партии, беше секогаш присутно. Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои им оневозможуваат на земјите да го изодат својот пат кон евроатлантските интеграции“, дополнува претседателот на Владата за австрискиот медиум.

Македонија | пред 3 години

IMG_3363-1

Уапсен третиот осомничен за убиството на ракометарот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишен од слобода Анџело Ѓорѓиевски по кој се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Како што известуваат од Обвинителството, лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје.За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​Претходно МВР распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски. Другите двајца осомничени веќе се во притвор.

Скопје | пред 3 години

blace-potkup

(ВИДЕО) Раководител на смена на Блаце за 120 евра пропушти шест албански државјани

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки.Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.„Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за ТВ Клан.Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.

Македонија | пред 3 години

IMG_3363

Првоосомничениот за убиството на Тот спроведен во затвор

А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба - XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром.

Македонија | пред 3 години

IMG_3363

(ФОТО) Објавена потерницата: Анџело Ѓорѓиевски е осомничен дека го убил ракометарот Денис Тот

Полицијата распиша потерница по лицето кое се сомничи за убиство на ракометарот Денис Тот. Станува збор за Анџело Ѓорѓиевски од скопско Волково. Тој има 27 години. Ппотерницата е меѓународна.„Анџело Ѓорѓиевски род.13.01.1994 год. во Скопје, каде и живее на ул.„9“ бр.5, с. Волково. Се бара по Наредба КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ“, стои во објавата на МВР.Јавното обвинителство потврди дека врз основа на прегледаните видео записи од безбедносните камери – Safe City, идентификувани се три лица за кои се донела наредба за истражна постапка, поради основано сомнение дека извршиле Убиство од член 123 став 1 и член 22 од кривичниот законик.Обвинителството потврдува и дека двајца од осомничените, меѓу кои и 19 годишна девојка, се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека по првоосомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, се трага. Со оглед на тежината на стореното кривично дело, за сите осомничени ќе биде предложена и мерката притвор.Врз основа на резултатите од извршената обдукција на Институтот за судска медицина и геонтологија, било утврдено дека иако на телото нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот.

Скопје | пред 3 години

74ea4608-8db2-4629-8a66-2ed313cb8c0c

Фатен третиот осомничен за убиството на ракометарот Тот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 3 години

img_1357

Мухамед Зеќири ќе остане во затворот во Шутка

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор.„Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го повтори делото.Како што судот веќе извести, судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка притвор, на 08.04.2022 година донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 3 години

skolo-4

СОНК: Нема притисоци врз штрајкувачите

Со ова соопштение сакаме да ве информираме за текот на вториот ден од Генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средните училишта, за остварување на социјалните барања, а во организација на СОНК, вели Јаким Неделков претседател на СОНК."Во текот на денешниот ден, сите синдикални организации на СОНК се во Генерален штрајк, дополнително со зголемен број на колешки и колеги кои се приклучиле кон штрајкот. Посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите не се регистрирани до овој момент, а доколку има такви дејствија и пристигнат Изјави до нас, јавноста ќе биде благовремено информирана.Во текот на денешниот ден очекуваме покана за работна средба од страна на надлежните институции, а за времето на одржување на средбата и резултатите од неа, ќе бидете дополнително информирани.СОНК се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен и прифатлив предлог за зголемување на платите во гореспоменатите дејности односно со предлог кој ќе биде прифатлив од мнозинството на членови на СОНК. Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно - образовниот процес" додава тој

Македонија | пред 3 години

lugje-karpos-esen-korona

150 заразени од ковид, четири лица починаа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола – 23, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Штип – 7, Струга и Гевгелија – по 5, Кочани и Делчево – по 4, Куманово, Велес, Кичево, Дебар и Виница – по 3, Гостивар, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.290 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–83, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-48, Биотек-105, Систина-45, лабораторија Лаор-55, Синлаб-9, Ремедика-27, Плодност-24, Генеа-8, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-23, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.222.

пред 3 години

oliver-spasovski-3

Спасовски со детали за убиството на Тот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за сокривање на убиството на ракометарот Денис Тот.„Постојат повеќе причини што била причината за настанот. Според изјавите кои ги имаме, тоа е лично недоразбирање меѓу девојката и момчето. Сочувство до семејството на починатиот и да отфрлам сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка, туку од Клиничкиот центар нашите екипи се излезени и започнуваат истражните дејствија. Немаме запирање во ниту еден момент, се до целосното расчистување на случајот со поднесување на кривичните пријави во рок од 24 часа. За едно лице се трага. Ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“, кажа Спасовски.„Прибираме податоци и информации за сите аспекти. Работат колегите и ќе видиме за резултатите од цел настан. Се бараа информации од Брза помош за од каде е подигнат човекот, а првата информација се базира на увидот и анализата која на направиле анализата на Клиничкиот центар. Истражните дејствија продолжуваат се до расчистување. Вие бевте сведоци дека немало снимки, дека се избришани и тн. Такви дезинформации не помагаат. Сите аспекти во тој дел, во делот на посета на местото на настанот кога ни беше укажано каде е пронајдено момчето, преку камерите од ‘Сејф сити’ се пристапи кон расчистување на случајот“, кажа Спасовски.Во полиција, изјави за настанот дал сопственикот на клубот „Привилиџ“ каде бил претепан Тот, како и вработена. На видео снимка детално се гледа настанот како се одвивал.„Првичната информација ја даваме на база на она што ни го кажуваат од Клиничкиот центар. Понатаму има гледање на камери, истражни дејствија, повикување на сведоци, како сопственикот на дискотеката, вработената. Тие се повикани во четвртокот на пладне. Сите лица кои биле од интерес на истрагата се повикани во полициска станица и заведени“, додава Спасовски.

Македонија | пред 3 години

image-162043

„Само што видов нечиј последен здив, пораз за човештвото“, цела Македонија згрозена од убиството на Тот

Јавноста е згрозена по снимката на која се гледа убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Се бара одговорност и итно решавање на случајот. Се коментира и за општествената одговорност, но и одговорноста на сите набљудувачи кои не реагирале додека девојка и дечко го претепуваат Тот до смрт.За потсетување, на социјалните мрежи беше објавено е видеото од безбедносните камери кои го прикажуваат нападот врз хрватскиот ракометар Денис Тот. Снимката беше експресно избришана од платформата youtube но за брзо се рашири на twitter. Од снимката јасно се гледа дека младиот ракометар е крвнички претепан пред клубот.https://twitter.com/PetarZz/status/1513602195207430162https://twitter.com/Zmugalo/status/1513525509518413826https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1513454394104238083https://twitter.com/otsutna/status/1512758396986007557https://twitter.com/PlayerNo_6/status/1513544784442544133https://twitter.com/Skitnikot7/status/1513610386234298372https://twitter.com/Stela_Stela21/status/1513600444672745483https://twitter.com/drakulka143/status/1513543678001913864https://twitter.com/Mr_Mr_Ano/status/1513532226482458628https://twitter.com/Pavlovikj/status/1513528976005910532https://twitter.com/zhena_ingrata/status/1513588659982942211https://twitter.com/Dorcobre/status/1513569544622813186https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1513164781687037963https://twitter.com/Kotvitaneskita/status/1512831543974277129Реакциите на социјалните мрежи се бројни!-Го изгледав грозното видео со многу луѓе на него. Ги приметив оние двајца кои ладно излагаат од диско и се оддалечуваат. Никој не свртел во полиција изгледа. Оние двајца не се ни свртеа да видат што се случува. Таа индиферентност кон насилството. Тој "да не се мешаме" став кон насилство додека како општество сме склони да се мешаме апсолутно во све, во туѓи спални, туѓи кујни. Таа индиферентност, драги мои, е соучесник во насилство! Искрено се надевам на најстроги казни за насилниците!  - Ина Многуфина-Одминувачи и непружачи на прва помош се посебен наш феномен. - Д-р Ненад Лазаров-Некако знаев и претходно ама сега ми се потврди, овој народ ќе те остави да умреш на улица ако нешто ти се случи и тоа ми влева страв и ме прави многу тажна истовремено - Јована Јовановска-Сосема е очекувано сите тие алкохоли, кокаини измешани со мишомори и креда, сите тие Диазепами, Хелекси џвакнати ко бонбони, сите тие лажирани Инстаграми, уонаби јаки фаци, жени од султана напеви и лоши животни навики, избори и модели да резултираат со апатија, агресија и смрт. Замисли вакво нешто да се деси со смути после џогинг, или чај после посета на Филхармонија... Немогуче... И да, мафнете ги дискотеките од Парк! Под систем хитно! - Ирена Ристиќ-Ова се убијците на ракометарот Тот. Позади овој у розево кошулче, стојат икони. Продуховен верник воден од Бог, а? Ние сме расадник на психопати. Ова се млади луѓе, со родители близу мојата генерација. Каде згрешивме генерацијо моја транзициска? Каде ги испуштивте децата? Во трката за престиж и моќ не ги научивте на емпатија и солидарност. Освестете се. Има првоодделенци кои во школо кажуваат која марка им се патиките, кој модел на телефон имаат и каква кола возат мама и тато. И знаат за вмро и сдс. Таквото надмено воспитување базирано на конзумеризам и престиж создава убијци. И овие убијци сигурно се така воспитувани. Престижот, материјализмот, конзумеризмот повлекуваат агресија, а не емпатија. Погледнете си ги децата до вас сега во моментов, прашајте се зошто на некој кој штотуку се родил важно му е што носи, што вози тато, колку пари има мама и колку се моќни со нивните работни позиции. Тоа нека ви биде тригер за паника. Воспитувајте додека не е предоцна. - Фросина Фро„Скопје1“ се оградува од ставовите, истите се пренесени интегрално како коментари на јавноста.

Коментари | пред 3 години

IMG_4387

Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме.Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд.Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите.Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-11-at-15.45.34

Снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, вели опозицијата

Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, вели опозицијата„Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот.Од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10-тина луѓе.Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај.Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот Тот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот?Одговорност мора да има. Спасовски оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

79FE2568-86F8-4411-AB13-686798322143

Голем пожар синоќа во Тетово, запалени дуќани во Градскиот стадион

Голем пожар синоќа го зафатил тетовскиот Градски стадион во подтрибинскиот простор, па пожарот ги пеплосал дуќаните кои се наоѓале таму, но во огнената стихија изгореле и поголем дел од столчињата во делот каде бил пожарот, објави порталот Тетово инфо. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради 'фрлање на струја', односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, рекол командирот на противпожарната бригада Ука Алити.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања