ТОП

deca-autizam-zagaden-vozduh

ГККШ: Усвоени предлозите за укинување на обврската за носење маски во затворен простор

На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница.

Македонија | пред 3 години

Mijalkov-Sasho

Мијалков: Одлуката на Стејт Департментот не е исправна

Сашо Мијалков на социјалните мрежи се огласи откако тој и Груевски заедно со нивните семејства се ставени на црната листа во Америка„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправнаОдлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, вели тој.„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, вели Стејт департментот.

Македонија | пред 3 години

gruevski-so-novinar-696x356

Груевски за црната листа на САД: Жалам за одлуката, властите во Македонија лобираа ова да се случи

Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес.Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината.Ќе продолжам да се борам за Македонија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_8-1

Институциите му дозволија на еден од убијците на Тот да избега, вели Божиновски

Излегоа снимките од сигурносните камери од убиството на Тот. Свирепо, одвратно, убиство. Убиство кое пред очи ни покажува и каде живееме како луѓе и нелуѓе и кскви институции имаме, вели Божидар Божиновски.„Она што се гледа е дека не е еден удар. Повеќе удари по глава. Дали такви удари можат да не направат видливи повреди? Многу тешко.Убијците се свирепи и да се надеваме ќе го добијат заслуженото. Околу нив има неколку луѓе што не ни мрдаат со прст да го спречат тепањето. Дури и откако ќе избегаат овие и тие само заминуваат… Тажно е до каде стигнавме како луѓе.Дали се работи за прикривање или страшна некоординација меѓу институциите останува да видиме. Што и да е од двете мора да има одговорност. Затоа што тие 48 часа му дозволија на еден од убијците да избега.И останува прашањето кој го известил брат му на убиениот Тот дека починал од срцев удар…“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-04-at-18.53.22

Груевски и Мијалков сосе семејството се на црна листа во Америка

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа експремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција, пишува СДК.мк. Како што соопшти Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, на црна листа ги стави членовите на нивното потесно семејство па сите се неподобни за влез во САД.„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, вели Стејт департментот.За Мијалков велат дека „во службеното својство на директор на УБК, бил инволвиран во коруптивни дела меѓу кои и користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-11-at-15.45.34

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавена снимката, од убиството на ракоментарот Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 27-годишна возраст откако беше нападнат од две лица во близина на дискотеката „Привилиџ“.Снимките од „Сејф Сити“ на кој се гледа нападот врз Тот пред малку беа објавени на Јутуб. На снимката се гледа дека момче и девојка го нападнале ракометарот, откако нешто им кажал додека биле во такси возило.https://twitter.com/Realniot21/status/1513506181603639300?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513506181603639300%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fvoznemiruvachko-video-snimka-od-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-eve-shto-se-sluchilo-kobnata-nokj%2FНа снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото.[caption id="attachment_176955" align="alignnone" width="1125"] Принтскрин од видеото[/caption]Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.ВИДЕОТО ТУКАВидеото е избришано, по кратко време откако беше прикачено на каналот „Hide1“.Снимката одново ја објави Милош Милошевски од „Инфомакс“.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Ново намалување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40 % во однос на одлуката од 07.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.Од 12.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,335 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,340%, кај дизелот за 2,582%, кај екстра лесното масло за 1,594% и кај мазутот намалување за 3,350%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,707%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

273033694_511804403674082_2947114081942641777_n

Три години затвор за возачот кој ја прегази Викторија кај Сити Мол

Јордан Ѓорѓиев, возачот кој во јануари годинава на раскрсницата кај Сити Мол ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а повреден беше и нејзиниот партнер Леонид Даов доби три години казна затворТој на претходното рочиште призна вина за сообраќајната несреќа и рече дека „многу се кае за стореното дело“.-Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото. Изразувам сочувство до семејството на покојната. Од тој ден немам ниту миг раат, многу сум вознемирен, камо да можев да сменам нешто тој ден. Доколку би можел, радо би го заменил местото, говореше низ солзи 22 годишниот Ѓорѓиев.Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-01-30-at-20.57.08

Таткото на покојната Викторија по казната за возачот: Грозен сум од оваа држава и судството

Мајката на покојната Викторија Николова со плачење и лелек ја дочека тригодишната застворска казна за возачот кој ја прегази нејзината ќерка. Таткото на Викторија кажа дека е згрозен.„Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија.Видно потресен беше и Леонид Даов, момчето кое беше прегазен и и беше партнер на покојната. Адвокатите најавија жалби, а пресудата ја нарекоа ослободителна.

Македонија | пред 3 години

KIR_0837

Нападнал пациент и болничар на неврохирургија, па рипнал од втор кат

Пациент нападнал друг пациент и болничар, на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што скокнал од вториот кат.-Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдуваат од МВР за Курир.

Скопје | пред 3 години

boki

Боки 13 кажува како би се спасил: Да бев лигуш, да молчев и да се договорев ќе бев Крсто Мукоски

Бојан Јовановски познат како Боки 13, се заблагодари за поддршката која ја доби по драконската, деветгодишна казна за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој сега има 18 години затворска казна, што ако се спореди, е најдраконската. Посочува дека можел да се спаси, ако бил, како што вели „лигуш“, но и ако молчел.Неговото писание:„Од се срце ви благодарам за секој убав збор, за искрената поддршка, за пружената рака и позитивна мисла и за вашата храброст да ми дадете поддршка... Сите вие драги, чесни и искрени луѓе сте единствената светла точка во ова време-невреме , во оваа невидена и нечуена неправда, во оваа апла селективна и корумпирана правда, во овој линч кон мене како небаре да сум масовен убица, во целата оваа колективна хистерија и мизерија насочена кон мене како поединец , ви се заблагодарувам и ви потенцирам дека сте моја мотивација во секоја смисла за мое идно делување !!!Во целото ова НЕПРАВО, има само една добра работа, што преку мојот пример со казна од 18год. е дефинитивно разголено нечистото лице на правосудните власти, бидејки од авион се гледа тенденцијата, одмаздољубието и селективноста!Па реално другари, да бев ЛИГУШ и да молчев, да не ја пишував вистината преку отворени писма, да не поднесов огромен број на кривични пријави против високи функционери (патем ни трага , ни глас од обвинетелството за поднесените пријави) да бев сервилен и да се договорев со власта на Заев и да одев по онаа одвратна линија на помал отпор и да ја прифатев нивната прљава игра , ќе пројдев полесно, ќе бев Крсто Муковски и сличните на Крсто што се на чуден начин ослободени !!! Мојата одлука од првиот ден кога ме притворија беше дека пактови нема да правам, па затоа доживеав незапаметена тортура и притисоци се со цел да ме замолчат, на секое мое споменување пред судикана на името на Заев, или други политичари, бев хистерично преќинуван и бркан од судница, па зарем тоа не кажува СЕ?!?Селективното право е НЕПРАВО!!!Најавувам дека ќе ги искористам сите расположливи правни инструменти кон повисоките судови и се надевам дека ќе дојде ден кога ќе имам можност да ја доказам својата невиност пред непристасен судија, кој ќе суди по закон, по докази, кој ќе спроведе фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудија на страните во постапката и беспоговорно почитување на ЗКП!Ова беше судиска фикција со која требаше да се оправда смешната, селективна и криминална пресуда!!!Едно прашање за крај, што почнува на буква, на буква С ?П.с и нека не ве замајуваат само со М.Зекери“, напиша Јовановски-Боки 13 а објави неговиот администратор.

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

Седум починати од ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид – по 7, Кавадарци, Велес и Кичево – по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе – по 1.Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции.Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Битола – 10, Кавадарци и Охрид – по 4, Куманово и Гевгелија – по 3, Струмица – 2, Делчево – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (64г и 85г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Велес (58г). Сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2) и Тетово (1), на возраст од 78 години до 87 години. Пријавените лица се починати во период од 16.03.2022 до 19.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (7), кај 6 починати лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.046 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-43, Биотек-92, Систина-32, лабораторија Лаор-79, Синлаб-2, Ремедика-0, Плодност-21, Генеа-14, Никоб Лаб-192, ВФВ Медикал-32, Ели Медика Плус-14, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 941.Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381

пред 3 години

Нема фотографија

Момчето и девојката кои го претепаа ракометарот одат во притвор

Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ојо скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.Tри лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка. Осомничени за убиството се 28-годишниот А.Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. И 19-годишната К.Л, кои го претепале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите. Првоосомничениот е во бегство и по него е распишана потерница.

Македонија | пред 3 години

droga-UO

Пронајдени марихуана, кокаин, екстази во ресторани во Скопје

Во периодот од 21.30 часот на 09.04.2022 до 03.00 часот на 10.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази, кои биле лишени од слобода.Имено, кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена „екстази“, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага. По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка.Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

51526937453_a86d217aee_c

Дали и колку од парите кои ги земал Зекири завршиле во џебот на кумот Заев и или кај новиот шеф Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека народот осиромашува, владеачката елита на СДСМ и ДУИ преку криминали и корупција се богати, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра. Имено Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти за кој немало тендер и на крајот добил “семинарски труд“Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата. Оттука истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани.Затоа прашуваме, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро? Дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумотт Заев и или кај новиот шеф Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања