ТОП

denis-tot-222

Што се случило вечерта кога бил нападнат ракометарот Денис

Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти.На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест.Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар при Клиниките „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош со реанимација и бил ставен на апарати за дишење, во критична состојба.Според лекарите повредениот имал престанок на работата на срцето и бил во животна опасност. Во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.За настанот известен е дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје и по негова наредба на телото на починатиот е предадено на обдукција.Воедно обезбедени се видео записи од безбедносни камери, Safe City и ноќниот клуб, а од страна на ЕУМНА при СВР Скопје подигнати се предмети од починатиот што ќе бидат предадени во ОКТИВ при МВР за вештачење.Вчера на 08.04.2022 година, во просториите на ЕНК при ЕВР Скопје во присуство на бранителот, извршен е службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените.Постапувајќи по Наредба издадена од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на ден 08.04.2022 година, извршен е претрес во домот на лицето А.Ѓ. кој е недостапен на органите на прогонот и со потврда за привремено одземени предмети одземени се предмети што ќе бидат доставени на вештачење во ОКТИВ при МВР.По лицето А.Ѓ. (28) од Скопје е распишан централен распис.Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје е доставен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

277796633_533861314774229_8790265580334818550_n

Детали за сообраќајката во Ѓорче: Мотор удири во жена

Моторциклистот кој е учесник во сообраќајка во Ѓорче Петров удрил во жена.Според првичните информации жената поминувала на пешачки премин. Очевидци велат дека таа е пренесена во болница. За сега не се знае кави повреди има лицето, ниту пак дали се тешки или лесни.Полицијата и натаму го обезбедува просторот, а во тек е и увид.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Три лица осомничени за убиство на ракометарот на РК „Бутел“

По добиеното известување од Министерството за внатрешни работи за случен кривично правен настан со смртни последици, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, со цел да се испитаат сите околности во насока на расчистување на настанот издаде низа наредби и тоа: Наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за обезбедување на видео записи од безбедносни камери – Safe City и ноќниот клуб, како и да се сослушаат повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата.Врз основа на прегледаните видео записи идентификувани се три лица за кои предметниот обвинител по добивање на кривичната пријава ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка, поради постоење на основано сомнение дека осомничените меѓу кои една девојка (19) сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 вв член 22 од КЗ. Двајца од осомничени се лишени од слобода и денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот кој е недостапен на органите на прогонот се трага и е распишан централен распис.Со оглед на тежината на стореното кривично дело и запретената казна, како и заради непречено водење на постапката, обвинителството цени дека се исполнети законските услови за определување на најстрогата мерка за обезбедување на присуство, па за сите осомничени ќе предложи да им биде определена мерката притвор.Денес во утринските часови на Институтот за судска медицина и геонтологија беше извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.Кривично правниот настан се случил на 7 овој месец, во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по кратка вербална расправија, го нападнале сега починатиот хрватски државјанин и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите сега починатиот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со дејствија на удирање по главата, а потоа, без да му укажат помош, заминале од местото на настанот. Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“. Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.​

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

Зеќири во Шутка со кошула, сместен во изолација каде ќе остане првите 30 дена

Мухамед Зеќири е примен во затворот Шутка. Тој има ист третман како секој притвореник кој со одлука на Кривичен суд е однесен таму. Сместен е во примениот оддел, каде ќе остане седум дена. Тој замина во затворот „Скопје“ во Шутка, со истата облека со која дојде, во кошула и јакна. Бидејќи е викенд, семејството најбрзо што може да му достави и други неопходни работи ќе биде во понеделник. Според информации на „Скопје1“, Зеќири вчера бил вознемирен, но денеска е во добра здравствена состојба и се нема пожалено за да побара проверка кај домскиот доктор.Судијата Васе Динковски му одреди 30-дневен притвор на Зеќири. Со полициски возила неколку минути пред полноќ, генералниот секретар во оставка, беше однесен во истражниот затвор.Мерката беше побарана поради сомнежи дека може да избега, да го повтори делото или да влијае на сведоци.Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Попладнево, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зеќири.„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна остапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќиги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП. Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но вотекот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот“, вели Кривичен суд.

Македонија | пред 3 години

Arsovski-Dimce-11.07

Арсовски: Кој делел од милионите на Зекири кои ги крадел од Влада?

Ограбувањето на државата и граѓаните од страна на Владата на СДСМ не престанува откако постои СДСМ, а најинтензивно се гледа и се чувствува на кожата на граѓаните последниве 5 години. Генералниот Секретаријат на Владата на СДСМ е дувло на корупцијата и криминалот во Македонија. И тоа го говоревме од првиот ден и тоа се испостави дека е така, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„После Рашковски и Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност и проневера на речиси 1 милион евра. И двајцата делото го сториле како генерални секретари на Влада именувани од Зоран Заев и двајцата се луѓе блиски луѓе на Зоран Заев. Едниот му е близок пријател, а другиот кумашин. Бидете сигурни дека и тој кој ќе биде назначен после Мухамед Зекири што ќе го стават, ќе заврши со кривична пријава. Тоа е така само затоа што криминалот и корупцијата им е основа на работење на СДСМ и на оваа влада предводена од СДСМ.Шемата била слична како на Рашковски. Рашковски сам на себе си продаде софтвер и го плати со народни пари, а во случајот со Зекири кој отиде во притвор направена е злоупотреба на службената положба и без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка односно тендер, склучил договор за консултантски услуги кој изнесува околу 1 милион евра.Имено како што се пренесува во јавноста Зекири и двајца хрватски државјани во договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти тежок речиси 1 милион евра, бил воден како семинарски труд.Мухамед Зекири во 4 очи, без тендер во коруптивен договор со хрватските државјани за 1 милион евра правел фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Македонски Пошти, или како што велат семинарски труд, компанија која едвај врзува крај со крај и која нема пари да исплати плати на вработените. Замислете овие 1 милион евра да биле инвестирани во Македонски Пошти, наместо во џебот на Мухамед Зекири и СДСМ, оваа институција и вработените ќе процветале.Мухамед Зекири е човекот за кој чаршијата говори дека е вмешан и во безброј нелегални операции, кои што се водени од разно разни мафијаши блиски нему. Но за тоа треба да истражи обвинителството и да докаже дали е тоа така.Ова милионско крадење на Зекири исто како и Рашковски не го правел сам на своја рака. Зад ова стои нивниот лоповски гуру и затоа мора да се прошири истрагата. Сите знаете кој е тој лоповски гуру.Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а тој да не знае со години? Или пак да преформулирам, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?Проценете сами.Затоа повторно прашуваме, дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумашинот Заев и или кај новиот шеф Ковачевски? За ова мора да се огласат јавно институциите и да прекинат да спијат и да прекинат да ги кријат криминалците од СДСМ не само еден човек одговара, туку да одговараат сите вмешани во целиот случај.Ова е одговорот, целиот овој случај кој вчера го гледавме по медиумите, зошто Македонија е најкорупмпираната држава во Европа. Ова е одговорот зошто Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ова е одговорот зошто народот тоне во сиромаштија, а голтарите од СДСМ и ДУИ во власта се претвораат во милионери“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

deca-poprecenost

Градинките ќе продолжат да работат и во време на штрајк

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Македонија | пред 3 години

muhamed-zekiri0

Кумашинот и најдобриот другар на Заев фатени во апашлук, вели опозицијата

После Рашковски, најдобриот другар на Заев, и кумашинот на Заев Мухамед Зекири, фатен во криминал. Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови. Еден Рашковски заменет со друг Зекири и двајцата фатени во апашлук, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Ако Рашковски правел криминогени далавери со софтвер кој сам на себе си го продаваше со народни пари, сега во случајот со Зекири е правена студија за продажба на Македонска пошта во износ од близу милион евра, без да има тендер.Додека Македонска пошта има нередовни плати, Зекири направил милионска зделка и ја доделил на негови партнери од Хрватска, а за возврат добиваат “семинарски труд“.Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата.Ете затоа народот осиромашува, а елитата на власт од СДСМ и ДУИ продуцира милионери од обични голтари.Следниот пат кога владата на СДСМ и ДУИ ќе убедуваат дека нема пари за поголеми плати на наставниците и дека тоа ќе предизвика инфлација, нека одговорат како милиони евра завршуваат на софтвери, студии, матни зделки и набавки“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

51526937453_a86d217aee_c

Зеќири оди во притвор

Судот му одреди притвор на Мухамед Зеќири.По шест часа во Кривичниот суд, тој со полициско возило беше спроведен од судот.Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.Мухамед Зекири поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. Тој денеска преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

zekiri

Зекири поднесе оставка од Владата: Вистината ќе излезе на виделина

Мухамед Зекири поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. Тој преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.„Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.  Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.  Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зекири.  

Македонија | пред 3 години

277806359_10225122083591588_6876685828041728345_n

Боки 13: Во затворскиот кревет ќе си легнам со чиста совест, а вие самонаречени богови на правдата, како ќе спиете?

„Не, ова не беше драконско казнување, ова беше класично иживување од позиција на моќ!!! Денеска тортурата и одмаздољубието ја постигнаа кулминацијата која ќе остане запаметена во историјата на македонското правосудство“, вели Бојан Јовановски во својата најнова објава на социјалните мрежи.Со моја комплетна анализа на денешната пресуда и за сите други познати и непознати, видливи и невидливи околности поврзани со овие судски случаи во наредниот париод ќе се обратам на јавноста!!!Оваа правосудно-хиенска мизерија преточена во незаконска и криминална пресуда ја знаев однапред, бидејки одлично им ја познавам методологијата и начините на нивното функционирање. Од тие причини барав изземање на судијата и утврдување на нејзина одговорност за нејзино незаконито постапување, но поради тоа што сите се еден систем на сврзани садови резултатот беше однапред јасен!Во наредниот период ќе излезам со конкретни факти кои ќе бидат презентирани пред општата и стручната јавностаЈас денеска бев невин, одговорно тврдам невин, осуден на 9 години затворска казна, океј бравоо!!!Денеска бев осуден поради мојот неспорен интелектуален капацитет, така објаснуваше и се правдаше судијата Софче во недостаток на докази, браво судија, ова е за прв пат да се суди нечиј интелектуален капацитет, а не сторено кривично дело!!!Јас вечерва во затворскиот кревет ќе си легнам со чиста совест, а вие самонаречени богови на правдата, криминалци и кодоши како ќе заспиете???Запаметете, нечистата совест е полоша од било која затворска казна!!!Вие сте хиени и сте чопор, но јас сум лав и ќе се борам до крај!!!П.С. Да ви дадам еден предлог итно и веднаш да направите измени во Кривичниот законик и наместо казниве затвор што ми ги давате од ракав, да ме каменувате и мачите на среде плоштад, можеби тогаш вашата крволочна жед ќе биде конечно задоволена!!!Да живее икнцизицијата во 21 век!!!, стои во објавата на Јовановски.

Македонија | пред 3 години

muhamed-zekiri

Побаран притвор за генералниот секретар Мухамед Зеќири

Обвинителството за гонење организиран криминал корупција побарало притвор за Мухамед Зеќири и другите двајца обвинети. На потег е Кривичниот суд до кој ќе биде доставен предлогот, дали истиот ќе го прифати.„Ценејќи дека постои реална опасност осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што двајца се странски државјани, ако се има предвид кривичното дело што им се става на товар, како и опасност доколку осомничените се бранат од слобода да ги уништат трагите или да влијаат врз потенцијалните сведоци или да го повторат делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерка притвор за тројцата осомничени“, кажаа од Обвинителството. 

пред 3 години

51526937453_a86d217aee_c

Мухамед Зеќири осомничен за склучен договор без јавна набавка

Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ.„Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени. Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција..Ценејќи дека постои реална опасност осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што двајца се странски државјани, ако се има предвид кривичното дело што им се става на товар, како и опасност доколку осомничените се бранат од слобода да ги уништат трагите или да влијаат врз потенцијалните сведоци или да го повторат делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерка притвор за тројцата осомничени.​

Македонија | пред 3 години

275142542_1001988270698567_8907071244863717416_n

Нови цени на горивата, се намалуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 04.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 ден/кг и сега ќе изнесува 52,662 ден/кг.Од 8.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,662 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,882%, кај дизелот за 1,483%, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,917% и кај мазутот намалување за 3,347%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,049%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-11.22.51

Боки 13 драматично ја напушти судницата: Вие сте најголемата хиена и слуга на Заев

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев.Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija-3

Две лица починаа од ковид

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на КОВИД-19: копје – 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип и Кичево – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино, Свети Николе, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.Регистрирани сe 201 оздравен пациент од: Скопје – 133, Битола – 22, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 7, Струмица – 6, Тетово – 4, Кочани – 3, Кичево и Делчево – по 2, Струга, Ресен, Кратово и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (2) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.285 тестови преку: ИЈЗ-193, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-53, Биотек-62, Систина-30, лабораторија Лаор-53, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-10, Генеа-9, Никоб Лаб-173, ВФВ Медикал-34, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.087Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. купната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 144281, Активни 811Куманово 16584, Активни 33Битола 14943, Активни 168Прилеп 14054, Активни 82Тетово 13428, Активни 16Кавадарци 10562, Активни 89Велес 9700, Активни 24Гостивар 9545, Активни 14Охрид 8788, Активни 74Струмица 8021, Активни 22Штип 7985, Активни 17Кичево 5583, Активни 30Кочани 5061, Активни 11Струга 4703, Активни 12Гевгелија 4385, Активни 23Неготино 3663, Активни 6Ресен 2695, Активни 19Свети Николе 2620, Активни 7Радовиш 2517, Активни 8Крива Паланка 2412, Активни 6Делчево 1962, Активни 24Дебар 1673, Активни 4Берово 1639, Активни 2Валандово 1479, Активни 3Виница 1383, Активни 6Пробиштип 1266, Активни 3Богданци 1019, Активни 2Кратово 960, Активни 1Крушево 928, Активни 10Демир Хисар 826, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 1Демир Капија 589, Активни 3Македонска Каменица 524, Активни 1Пехчево 486, Активни 1Дојран 344, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања