ТОП

Screenshot-2022-04-07-at-11.39.12

Осуден Боки 13 на девет години затвор, Фросина Ременски е ослободена

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.Боки 13 е првообвинет за перење пари и измама, а Ременски, Мандиќ и асистентката се обвинети за помагање во извршување на кривичното дело. Таткото на Боки 13 е обвинет за помагање при Перење пари, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи откако во домот при претресот биле пронајдени нефункционални пиштоли за кои немал дозвола, а се останати од неговиот дедо.Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Македонија | пред 3 години

najcevska

Најческа за Тупанчески: А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле? Мислам да не се расплаче

Професорката Мирјана Најческа која порача дека министерот за правда Никола Тупанчески треба да биде разрешен, се смее на одлуката која ја донесе вицепремиерката задолжена за спроведување на Етичкиот кодекс, Славица Грковска, да му изрече писмена опомена.„Ахахахахаха. Писмена опомена. Ахахахаха. А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле? Мислам да не се расплаче.Гонете се бре. Која бре верба во власта ја очекувате? Не разбирате дека од главата смрди и од главата треба да почне да владее правото“, напиша Најческа.Таа и претходно го коментираше лажењето на Тупанчески, заедно со патувањето на сметка на ФФМ.„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, напиша таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-08.58.55

Боки 13 прозборе за тортурата и мајчините солзи: Јасминке моја најмила, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 одново ја бранува јавноста. Пред неговата пресуда, се заблагодари на неговата мајка Јасминка, како и на најблиските пријатели кои останале до него откако беше притворен, па затворен и осуден. Боки 13 во објавата објавена од негов администратор зборува за тортура која била вршена врз него, кога не дозволувале неговата мајка да влезе во болничка соба каде се лекувал. Како што е познато, Боки 13 неколкупати завршуваше со Брза помош во болница.„Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе... Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и сите оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам белите листови хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував моите писма од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав... постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа... Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се "смилуваа" и ме пуштија во куќен притвор.... НЕ ПОСТОИ !!! ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато од кое сите ќе научиме по нешто и ќе бидеме уште посилни...“, напиша Јовановски.„Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш каков сум, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка!!! Само посакувам да си ми здрава и жива ти и татко ми, а за се останато ќе се борам, машки , чесно и достоинствено! Овие фотографии се од дочек на Нова Година 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас... (а за тоа во друга прилика во засебен текст) нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов и топлинаОвој пост ќе го завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски. Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам... Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам Ако згрешам, нека изгорам!“, додаде тој.

пред 3 години

DSC_0052

258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 109 казни изречени на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување на Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил уште пред 2 години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот пред Унијата на млади сили во врска со спорот со Бугарија.Мицкоски вели дека сега власта играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019-та година.- А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошла веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери, рече Мицкоски.Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство.- Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои Владата ги опишува со реченица „Ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

klinika-brza-pomos

Три лица со корона починаа, 195 се новозаразени

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1.Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11, Струга – 7, Куманово – 6, Прилеп – 5, Велес – 4, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 3, Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино – по 2, Радовиш и Берово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.249 тестови преку: ИЈЗ-259, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–8, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-48, Биотек-44, Систина-32, лабораторија Лаор-59, Синлаб-8, Ремедика-22, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-187, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.010.Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 144160, Активни 824Куманово 16578, Активни 34Битола 14920, Активни 167Прилеп 14044, Активни 83Тетово 13425, Активни 17Кавадарци 10547, Активни 74Велес 9698, Активни 22Гостивар 9544, Активни 13Охрид 8785, Активни 79Струмица 8018, Активни 25Штип 7983, Активни 15Кичево 5582, Активни 31Кочани 5060, Активни 13Струга 4703, Активни 13Гевгелија 4385, Активни 23Неготино 3662, Активни 5Ресен 2692, Активни 17Свети Николе 2619, Активни 6Радовиш 2517, Активни 8Крива Паланка 2412, Активни 6Делчево 1959, Активни 23Дебар 1673, Активни 4Берово 1639, Активни 2Валандово 1479, Активни 3Виница 1383, Активни 6Пробиштип 1266, Активни 3

пред 3 години

Screenshot-2022-04-06-at-13.17.25

Се укинуваат маските во затворен простор и изолирање на лица кои контактирале со заразени

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кажа дека препорачале укинување на две мерки. Тој вели дека се следи состојбата во Македонија со коронавирусот, па се носат одлуки.„Моменталните услови ни овозможуваат намалување на рестрикциите. Препорачавме да се укине мерката на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок се здравствените установи, домовите каде се згрижуваат постари лица и јавниот превоз. Овде останува задолжителното носење маски. И втората поважна препорака се однесува на следењето на контактите по потврдени контакти. Се укинува следењето на контактите и нивно излолирање“, рече Петличковски.Овие укинувања се дадени како предлог на Кризниот штаб при Владата, кои ќе треба да и препорачаат на Владата и да се донесе конечна одлука.„Во пресрет сме на празници кога може да има зголемен број на заразени. Затоа одиме чекор по чекор. Препорачуваме маски да носат возрасните кои се со хронични болести, останува препораката“, рече портапролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

пред 3 години

DSC_0683

Матичните лекари утре нема да работат, излегуваат на протест

Приватните лекари на Денот на здравството 7 април, утре, ќе излезат на протест за да искажат револт што не им е решен ниту еден од бројните проблемите кои ги имаат. Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) одлучи протестот да се одржи во 12 часот пред Министерството за здравство, на кој покрај докторите ќе протестираат и медицинските сестри.-Се сменија многу министри, многу Влади, но никој не направи ништо за опстанокот на примарното здравство. Не се покачени буџетите за матичните лекари, ниту за специјалисти и лаборатории. Имаме енормни зголемувања, покачена е минимална плата, цената на индустриската струја отиде високо. Капитациониот бод мора да се зголеми, вели д-р Лилјана Чолакова-Дервишова, претседател на ЗПЛМ.Иако после последниот протест со Министерството за здравство беше договорено формирање на работни групи и почнување на разговорите, тоа не се случило.-Ги пративме нашите предлози за примарно и секундарно здравство,за лаборатории и за специјалистички. Но, ништо не се случи, немаше состанок, каде суштински ќе се разговара и ќе има резултати. Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи. Вредноста на бодот од 63 денари капитација е премногу ниска, а за стоматолог е 48 денари, рече Чолакова-Дервишова.Поддршка за протестот денеска искажаа и од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ).

Македонија | пред 3 години

ssssss

Возачот кој ја усмрти Викторија кај „Сити мол“ прозборе пред судот, адвокатот го опиша неговиот живот

Возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори несреќата кај „Сити мол“ изрази каење и призна вина. Пресудата за него ќе се чуе во понеделник.„Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото“, кажа возачот Јордан Ѓоргиев.Обвинителството очекува казна која ќе превенира идни вакви несреќи.„ Со оваа кривична санкција искрено се надевам дека ќе биде задоволена правдата пред се во делот на генералната превенција во овој вид на криминалитет, бидејќи во последно време сме сведоци на жал се позачестени вакви незгоди, каде како последица го имаме губењето на човечки животи. Очекувањето на обвинителството е да се определи санкција со која ќе се остварат целите на казнувањето. Предлагам да му се определи кривична казна забрана за управување со моторно возило“, кажа обвинителот Мишо Илиевски.Адвокатот на семејството Николови, кажа дека тие не добиле извинување од адвокатот, семејството и оштетениот и 76 дена по несреќата.„Сакаме да потенцираме дека денеска е 76 ден од смртта на Викторија и во однос на признавањето на вина, сметаме дека истото е институционално. Затоа што во текот на овој период ниту семејството на обвинетиот, а и самиот тој, во ниту една форма, се нема извинето, изразено сочувство или искрено да се покае. Сакаме судот ова да го има во предвид и да донесе казна како што треба за да покажеме владение на правото сразмерна на делото кое е сторено“, кажа адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапува семејството на загинатата Викторија Николова.Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува обвинетиот Јордан Ѓоргиев го опиша неговиот живот. Кажа што проживува, го спомена и каењето. Јанковиќ пред судијката кажа дека возачот е веќе казнет, бидејќи има трајно психичко пореметување. Според адвокатот, возачот Јордан кажал: „Каењето и самообвинувањето на Јордан се гледа и од тоа што во неколку наврати изјавил дека кога би можел да биде на местото на починатата Викторија, би се сменил со неа“.„Чинот на признанието на Јордан мислам дека е единствен начин за таа трагедија се ублажи и за двете страни, но и да денеска ја утврдиме правата вистина за целиот настан. Кога велам да се утврди правата вистина, не мислам на утврдување на фактичка состојба, но мислам, на сите невистини, лаги, инсинуации, злонамерни пишувања, колнења, клевети и закани со убиство искажани кон обвнетиот Јордан, неговото семејство, па и лично кон мене како негов бранител, а искажани преку социјалните мрежи од првиот момент на случената трагедија од страна на квази добротвори, квази правници, кои цело време изведуваа квази судии седејќи позади тастатурата пред компјутер, а вклучен ‘Фејсбук’ и неограничено ги лечеа своите комплекси, а притоа, не сфаќајќи дека се всушност морални накази и чудовишта кои немаа почитување спрема никого и со цел да ова и така не мала несреќа, уште повеќе ја зголемат, а што е најважно, немаа почит и спрема семејството на оштетените. Ова го кажувам со причина. Затоа што, обвинетиот успееја тогаш да го прикажат како дете кое е збеснато, чиј татко бил функционер, бизнисмен, близок со власта, а возел со скап џип, па дека бил пијан, поминал на црвено. Сето тоа влијаеше врз целата оваа постапка, почнувајќи по првиот ден и во некои решенија на овој суд каде што дури беше напишано и наведено дека во одлуката меѓудругото се носи и заради притисокот на јавноста. Ова не е прва сообраќајка ниту последна. Имало и многу потешки кривични дела, но никогаш немало таков публицитет што дури и влијаеше и на судски одлуки. Искрено се надевам дека овој суд нема да подлегне на никакви притисоци и дека ќе донесе објективна одлука. Како и да е, обвинетиот Јордан Ѓоргиев е најобично младо дете од нашето секојдневие. Ниту е син на директор, ниту имал скап џип, ниту бил под дејство на алкохол и дроги, што е факт и видно од самиот обвинителен акт. Живее во семејна заедница, со неговата мајка и помлада сестра и повремено, со неговата вереница. Родителите на Јордан се разведени уште во 2007 година и од тогаш се самохрано семејство. Неговиот татко, како за пример, живее веќе 17 години во Гевгелија и е невработен. Кога го опишуваме карактерот или психолошкиот профил на животот на младиот Јордан, неговата клучна улога во семејството е домаќинската улога и преземањето на улогата на неговиот татко. Јордан е ко-кредитобарател на неговата мајка која е кредитобарател, за кредит, за стан каде што денеска живеат, со рок на исплата од 30 години. Јордан на свое име и со двајца жиранти има подигнато уште еден кредит. Тоа покажува дека покрај тоа што студира, тој работи, зема плата од 45 илјади денари и заедно со неговата мајка го водат семејството“, кажа адвокатот.

Македонија | пред 3 години

bd0a4df5-2d05-470e-bc2f-08420b98e14f

Британските разузнавачи зборуваа за ситуацијата во Мариупол

Тешките борби и руските воздушни напади продолжуваат во опколениот украински град Мариупол, соопшти британското воено разузнавање.„Хуманитарната ситуација во градот се влошува“, соопшти Министерството за одбрана.„Повеќето од 160.000 преостанати жители немаат струја, комуникации, лекови, греење или вода. Руските сили спречија хуманитарен пристап, веројатно вршејќи притисок врз ветераните да се предадат.Украинските медиуми јавија за експлозии во регионот Лавов на запад и регионот Дњепропетровск на југоисток.Воениот администратор на Лавов, Максим Козицки, ги потврдил експлозиите во близина на градот Радехив, североисточно од Лавов, објави во вторникот вечерта Украинската правда.Засега нема информации за жртви, рече тој.Во регионот Днепропетровск, очевидци рекоа дека виделе експлозии во Новомосковск, индустриски град на околу 25 километри североисточно од главниот град на регионот Днепро, според украинската правда.

пред 3 години

policija-kazni

202 казнети возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, напиша МВР.

Скопје | пред 3 години

collage-3

Тупанчески треба да биде веднаш разрешен, а ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ да расправа за достоинството на професијата, смета Најчевска

Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. За ова, со коментар се јави професорката Мирјана Најчевска.„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, напиша Најчевска.Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

Коментари | пред 3 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

Семејствата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија прашуваат: Кого штити Џафери?

МАКЕДОНИЈАСемејствата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија прашуваат: Кого штити Џафери и не дозволува собраниска истрага?Објавено пред 42 минути - 5 април, 2022Од МакфаксСемејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.„Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа“, се наведува во дописот.Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.„Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага“, стои во дописот до медиумите.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-21-at-11.43.33

Јанакиески осуден на 3,6 години за „Топлик“, Димитар Димовски доби условна казна

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски кој бил член на комисија која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“ а беше и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доби условна осуда односно казна затвор од две години ако го повтори делото.Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска е осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело , Димитар Ѓаќев доби условна осуда а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело и Марица Тасева е осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija-3

Нови 236 заразени од корона, нема починати

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.Регистрирани сe 252 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 34, Прилеп – 17, Кавадарци – 15, Куманово и Велес – по 7, Кичево и Дебар – по 5, Делчево , Кочани и Неготино – по 4, Тетово – 3, Ресен , Струмица ,Штип и Крива Паланка – по 2, Гевгелија и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.Направени се 2.212 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-43 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-56, Биотек-103, Систина-51, лабораторија Лаор-45, Синлаб-11, Ремедика-16, Плодност-32, Генеа-5, Никоб Лаб-192, ВФВ Медикал-23, Ели Медика Плус-12, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.027.Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следнаДистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 144052, Активни 835Куманово 16576, Активни 38Битола 14905, Активни 167Прилеп 14035, Активни 79Тетово 13424, Активни 16Кавадарци 10537, Активни 79Велес 9694, Активни 22Гостивар 9541, Активни 12Охрид 8775, Активни 81Струмица 8013, Активни 23Штип 7983, Активни 17Кичево 5579, Активни 31Кочани 5057, Активни 13Струга 4701, Активни 18Гевгелија 4385, Активни 26Неготино 3662, Активни 7Ресен 2692, Активни 20Свети Николе 2617, Активни 4Радовиш 2516, Активни 8Крива Паланка 2410, Активни 4Делчево 1955, Активни 21Дебар 1671, Активни 2Берово 1638, Активни 2Валандово 1477, Активни 3Виница 1383, Активни 6Пробиштип 1265, Активни 2Богданци 1018, Активни 1Кратово 961, Активни 3Крушево 924, Активни 7Демир Хисар 825, Активни 0Македонски Брод 736, Активни 1Демир Капија 586, Активни 0Македонска Каменица 524, Активни 1Пехчево 486, Активни 1Дојран 344, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања