ТОП

jovan-jauleski

Јаулески за Тупанчески: Брука! Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат

Пранитекот Јован Јаулески го коментираше признавањето на министерот за правда, Никола Тупначески, кој по две недели за „А1он“ кажа дека не платил за чартер-летот и за билетите на трибните во Палермо.„Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат.Велеше и дека нема да поднесе оставка затоа што не го прекршил етичкиот кодес, сега признава дека го прекршил. Па, ќе поднесе ли Тупанчевски оставка?На сликите од трибини каде што навиваа заедно, можевме да видиме дека има и директна спрега на релација министер за правда, судија и јавен обвинител, што е недозволиво!Тука се поставуваат и други прашања, на пример, кои предмети ги водат обвинителот и судијата и на кои министерот директно влијае?За да не се прашувате зошто само 8% доверба има народот во судството, ликот на сликава ви е одговорот.Во истиот лик и целата СДС е одговорот и зошто има партизирано судство и наместени обвиненија по нарачка на власта!Срам, беда и мизерија! Наместо да земете дечиња кои се иднината на фудбалот во Македонија да ја почувстуваатна фудбалот на големите терени, барем од трибини, се носат криминалци кои се полни со пари и можат сами да резервираат еден авион.Брука!Оставките се неизбежни!“, напиша Јаулески.

Коментари | пред 3 години

05042022_PVRSM_sredba_EUamb-1

Ковачевски: Сите ја носиме одговорноста брзо да носиме одлуки и да го нормализираме процесот на интеграција во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска го одржа редовниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во нашата земја, Јулијан Васало.На состанокот, премиерот Ковачевски се осврна на најважните прашања од евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, во контекст на актуелната безбедносна криза со војната во Украина.„Поминуваме низ драматични времиња поради трагичната ситуација во Украина и бруталната агресија на Русија против друга европска држава која предизвика огромен број мртви, беда и болка кај нејзините граѓани. Нашите мисли денес се со нашите украински пријатели кои го заслужуваат нашето најголемо внимание, поддршка и ангажман“, рече Ковачевски.Она што Унијата демонстрира, беше заеднички заклучено e единство во вредностите, единство во целта и единство во акција.Северна Македонија е на иста линија на надворешна политика со ЕУ посебно во делот на санкции но и учество во хуманитарната помош. Северна Македонија, како кредибилна земја-кандидат, се приклучи и ја сподели и својата одговорност со тоа што 100% се усогласи со политиките на ЕУ како одговор на руската воена агресија.За Северна Македонија, задоцнетиот процес на интеграција во ЕУ е извор на системска ранливост, чиишто ефекти се прелеваат на целиот регион, а злонамерните актери лесно и вешто го искористуваат. Во време кога меѓународниот поредок заснован на правила е разнишан, двоумењето на ЕУ кон оние кои вложуваат огромна општествена енергија за да се придружат до европските правила, стандарди и вредности е нешто што ние заедно не можеме да си го дозволиме. Затоа е императив да се одржат првите меѓувладини конференции и да се отпочнат пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија сега, за време на француското претседателство со ЕУ.„Ако ништо не се случи до јуни ќе страда самиот политички моментум. Многупати во меѓусебните разговори со европските колеги го слушам аргументот за влијанието на изборните циклуси. Политичката поддршка, како и насекаде, се важни за вас, како и за нас. Тогаш зошто да се ризикува да се изгуби посветен партнер подготвен да ја направи вистинската работа? Каква порака би испратило тоа до останатите земји и народите од Западен Балкан? Она што ќе следи ќе биде посветеноста на една мала мултиетничка земја, на средината на Балканот да се натпреварува рамноправно во полето за игра и да докаже дека вреди да се приклучи на семејството на Европската унија врз основа на сопствените дела.Малку е потребно за да се шутне топката во вистинската насока и да се постигне заедничка победа и за Северна Македонија и за Западен Балкан и за Бугарија и ЕУ во целина. Ова се многу непредвидливи времиња и сите ние ја носиме одговорноста брзо да го завршиме договорот и да дозволиме нормалност во процесот на интеграција во ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-04-at-18.56.21

Груевски: Стефанова застана да го брани Камчев, рамо до рамо, денес се демонстрираше „нова коалиција“

По денешното рочиште за „Плацови на Водно“, експремиерот Никола Груевски, одново со коментар.Неговото писание го пренесуваме интегрално:„За прв пат после една година судење и претходна истрага, денес обвинителката Лиле Стефанова застана во одбрана на Јордан (Орце) Камчев во судницата, рамо до рамо, поточно дури и пред неговите адвокати, барајки да не се прифатат аудио снимки како доказ во судската постапка во кои снимки со разговори Камчев искрено раскажува се, од тоа дека јас немам никаква врска со земјиштето за кое ме теретат, до тоа чие е и кој го купил и кому го продал земјиштето, па и со какви притисоци се соочува тој лично но и неколку други лица (подоцна сведоци на обвинителството), кои Камчев ги именува во разговорот (Алек, Миле…) од кои уште тогаш со уцени и притисоци од обвинителството се барало лажно да сведочат против мене (се доби впечаток, ретко виден во судниците, обвинетиот и неговиот обвинител да застнат на иста страна).Обвинителката денес наведе меѓу другото, дека тие снимки за кои се бараше да бидат доказ во судската постапка не биле од јавен интерес туку од само мој личен интерес!?Денес се демонстрираше во судот една “Нова коалиција”, како ова да е политичка сцена а не суд, направена минатиот месец после неколку лични средби на Камчев со обвинителката во која е направена нова конструкција за завршување на предметот и по која Камчев комплетно ги смени своите позиции од претходните, кога бранејќи ја вистината на секое рочиште на судот беше во силен емотивен вербален конфликт со обвинителката, според присутните и медиумите често на граница на пристојно однесување, па во неколку наврати судијата мораше да интервенира со “гаснење” на зовриените страсти. Типично за човек кој носи силно чуство на неправедно обвинет.Па така, од една страна обвинителката на власта Лиле Стефанова без апсолутно никаков доказ ме терети дека во време кога сум извршувал јавна функција (премиер и претседател на најголемата политичка партија) сум присвоил пари од партијата од донации и чланарини кои сум ги употребил за купување земја и иако преставникот на партијата во судот кажа дека немаат таква информација дека јас сум присвоил пари од партијата, ниту пак постои ревизорски извештај со кој такво нешто се констатира, таа сепак води постапка против мене.Од друга страна таа кажа дека доказите, поточно аудио снимката од разговорот на темата за која сме обвинети меѓу мене и Камчев, не биле од јавен интерес и предложи од страна на судот да не се прифатат како докази, по што судијата не ги прифатил.Втората нејзина забелешка била дека истите биле веќе објавени, што е смешно во однос на снимките кои беа прифатени во десетиците предмети на СЈО и случајот “Рекет” каде сите до една беа објавени па беа прифатени како доказ во судска постапка.Третата причина била дека јас сум го снимал Камчев без да го информирам и за тоа не покажа никаков доказ или документ, а и незнам кој кого информирал дека го снима во другите слични на овој предмети.Значи класични двојни аршини!Двојни стандарди!!!Статистиката покажува дека над 95 осто од обвиненијата во Македонија поднесени од страна на обвинителството судот ги прифаќа.Веројатно ќе беше изненадување да се случеше денес спротивното.Македонија е земја каде што денес судиите дефакто се подчинети на обвинителите, а обвинителите на власта, особено во предметите каде во позадина е политиката.Тоа е дефакто хиреархијата, која е целосно изопачена во однос на нормалните и демократски држави во кои не се вршат политички прогони.Во Македонија ако обвинителството ти покрене обвинение, шансите судот во Македонија да не го прифати се под 5 осто, а пак во овие политички предмети веројатноста да не те осудат е во рамките само на теоретска можност, освен ако не се договориш да им станеш или соработник или да направиш други политички или национални остапки какви ми беа нудени веднаш после референдумот доколку се согласам да им обезбедам пратеници за смена на уставот а со цел смена на името, идентитетот и историјата, “игра” во која одбив да учествувам. Сите до еден пратеници во тоа време може да го посведочат дека никогаш не сум побарал такво нешто од нив. Идентично како што неколку месеци претходно, во јуни 2018 година, пристигнуваа понуди од ист тип ако јавно го подржам штотуку постигнатиот и објавен договор со јужниот сосед.Втора важна работа денес е што излезе на површина еден од елементите од преговорите на новата коалиција “Обвинителство-Камчев” односно “Власт-Камчев” а тоа е преквалификација на обвинението на Ратка Камчева-мајка на Орце Камчев која исто така беше обвинета во предметот.Преквалификацијата е направена на начин што обвинението и е заменето со друга квалификација, која од сега запретената казна од 1 до 10 години затвор, предвидува од 1 до 3 години затвор, што според Законот значи дека делото застарува за 6 години, односно минатата 2021 година е застарено, така што кога ќе се чита пресудата ова ќе биде соопштено, односно дека завршил периодот кога оваа обвинета може да се гони.Ратка Камчева во овој предмет, како и сите останати обвинети немаат никаква вина, и таа беше ставена само со една цел - да се врши поголем притисок на нејзиниот син Орце Камчев со цел тој да стане соработник на обвинителството/власта спасувајќи ја мајка си, и целосно или делумно и себе си, односно да дава лажни изјави какви што ним им одговара.Конечно, на крајот на процесот обвинителството ја исполни таа цел.Во следниот период до комплетно завршување на оваа постапка, вклучувајќи ги и повисоките судови но и предметот “Империја” (а можеби и нешто друго, некоја нова закана на обвинителот со нов потенцијален предмет кој не е познат на јавноста), ќе видиме со што се друго Камчев ја трампал лажната изјава против мене, односно што се друго обвинителството му ветило за да им “игра пиперевка” што би рекол самиот тој.Камчев освен лажни изјави, за кои јавноста во саботата се увери слушајќи аудио разговори помеѓу мене и него водени од фебруари 2021 година, за да ги задоволи апетитите на власта ќе треба да поклони на државата и три стана во вредност од околу 1.3 милиони евра, за да ги прикажат како станови кои требало да бидат мои во некое идно неопределено време, што исто така е дел од смилената конструкција во последен момент пред завршување на предметот.И конечно, имајќи во обзир дека светската судска пракса не ги зема во обзир исказите на обвинетите како докази (во случајот исказите на обвинетите Орце Камчев, Ристо Новачевски и другите), бидејќи правната теорија разработила и утврдила дека обвинетите може да лажат за да се спасат, се се сведува на ЧУВСТВА.ЧУВСТВАТА на Мето Стојчевски, зетот од сестра на Орце Камчев и на уценетиот бизнисмен Александар Ивановски познат по прекарот Алек Теранова.Имено и двајцата кажаа дека имале имот, кој не го чуствувале за свој.И двајцата кажаа дека за тој имот никогаш не разговарале со мене, никогаш не сум побарал од нив да ми купат и чуваат имот, ниту сум им дал или земал пари, ниту сум ги прашал нешто за тој имот кога сме се среќавале, ниту пак тие (според нивните искази) ми кажале дека ми чуваат некаков имот кога сме се среќавале.Друг некој им рекол дека е тоа за мене и толку. Тој друг во судот го негира тоа дека го рекол.Матерјален доказ не постои.Плаќања од моја страна или примање пари од моја страна непостојат. Ниту една фирма или трансакција не е моја или на мој близок.И како што со право рече Орце Камчев во нашиот телефонски разговор во фебруари 2021 година во време кога Камчев како што кажува веќе ја имал целата документација за предметот и имал дадено исказ во обвинителството: (цитирано од аудио снимката)Јордан Камчев:“Знаете што? За да идат на сила треба барем нешто да имаат. Ако матерјалните докази не се на нивна страна, како ќе кажат тие тоа? Ниту има пари од ВМРО, ниту има пари од генерален секретар, ниту има пари од Груевски, ниту има пари од Мијалков, ниту има нешто. Едно е да збориш, друго е со документи, тоа е сосема различно”.На ова јас му одговарам во тој разговор:“Ќе одат на брутални притисоци на луѓе, тоа ќе го прават 100%! Им го знам методот. На пример му наоѓаат на некој некоја друга чарка, и му викаат сега ти тука така вака-онака, …ама не е така…не, ние вака го толкуваме, и ајде сега ти помогни ни тука, ние ќе ти помогнеме на друго место…”, по што малку подоцна Камчев објаснува дека е под голем притисок уште во тоа време со секојдневни закани за апсење, но дека тоа му е веќе начин на живот, како што низ тие разговори од лични средби со нив ми раскажуваше дека под голем притисок и УЦЕНА е и другиот сведок кој доби ЧУСТВО дека неговиот имот не е негов - Александар Ивановски наречен Алек Теранова.Кој не верува нека ја преслуша втората снимка од двете излезени на јутјуб каналот “The true above all” (“Вистоната над се”), кои одат во прилог како линк во овој статус.

Македонија | пред 3 години

collage-2

Русковска молчи за „Немав гаранција од Вилма“, Стефанова и адвокатите Камчев на „иста страна“ за разговорите

Шефицата Вилма Русковска без никаков јавен коментар и по два дена за новите разговори кои експремиерот и бегалец Никола Груевски кажа дека се автентични, а во кои тврди дека Орце Камчев меѓудругото вели „Немам гаранција од Вилма“. Бизнисменот пред да влезе на судењето за „Плацови на Водно“ каде е обвинет, исто така не коментираше ништо.„Јас бев спремен да ја нападнам, но немав гаранција од Вилма. Сакав да и ги извадам пораките на  Чифлиганец и нејзе за тоа таквото, тие што ги имам, разбираш. Ама да имам гаранција, да идам само јас со глава во ѕид, овие сите бегаат“, се слуша во снимката направена од Груевски за која во суд доставил и вештачење, а за која тврди дека разговара со Камчев.Во судницата се водеше борба за прифаќање на разговорите како докази во постапката. Обвинителката која ги гони обвинетите, Лиле Стефанова, кажа дека не се докази, бараше судијата да ги отфли, за што Илија Трпков ја послуша. Со нејзиното барање се согласија и адвокатите на Камчев.„Овде нема јавен интерес, туку само интерес на Груевски. Ако се прифатат овие разговори, тогаш и ние ќе бараме да се прифатат разговорите каде Груевски кажува дека нашол ‘земјиште за џ’блк’. Груевски го снимал соговорникот без да му го каже тоа“, рече Стефанова.Инаку, Груевски вчера излезе и со јавен став за разговорите кои протекоа во јавност.„Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков брутален притисок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички прогон, каде правосудниот систем е само егзекуторот, вклучително и самиот Камчев. Секако јас сум прв на листата за “отстрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме обвинат и осудат“, напиша Груевски.Реагираше и Боки 13, особено за споменувањето на Вилма Русковска за која се слуша како не дала гаранција, делот каде се вели „Да наместиш човек е зло“, „Невозможно у светот е да се базираат судски одлуки само на изјави мора да се поткрепат со материјален документ...“, „Го сјебав СЈО...“.„Па сега аналогно на издвоеново а и на целата објавена содржина, прво да ја прашам Вилма Русковска каква гаранција требала да му даде на Камчев, усмена или писмена? Ја прашувам Вилма Русковска како може како шеф на обвинителството за организиран криминал, да дава било какви гаранции на обвинет и дали со тоа истата Русковска ја злоупотребила службената положба олеснувајки му ја положбата на Камчев? Најважното прашање од се е, дали Вилма беше директниот соучесник и покровител на Камчев во "сјебувањето" на СЈО со конструирањето на предметот "Рекет" каде сум осуден на 9 годишна затворска казна, токму онака како што вели Камчев во бомбите без ниеден материјален доказ , туку само на голиот, противречен и конфузен исказ на Камчев и жена му, на кого судот му поклони верба?“, напиша меѓудругото Боки 13 и го објави јавно преку негов администратор, како што пишува.Според обвинението, во „Плацеви на Водно“, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.(АУДИО) „Немам гаранција од Вилма“, објавени „бомби“ каде се споменуваат Груевски и Орце.... - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Истрага за скопјанецот кој престигнувал на полна линија, удрил во мопед и избегал, а едно лице почина

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 од Кривичниот законик.На 2 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот управувал автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, без притоа да поседува возачка дозвола. Движејќи се по улицата „Скупи“, кога дошол пред пунктот на ЈП „Водовод-Пумпи“, во обид да изврши престигнување, преминал преку полна надолжна линија на коловозната лента наменета за движење на возилата од спротивната насока. На овој начин тој го попречил нормалното движење на возилото што доаѓало од спротивната насока – мопед „Пежо“ со скопски регистарски ознаки. Со предниот дел од автомобилот осомничениот удрил во мопедот на кој се превезувале две лица.По несреќата, без да укаже помош на оштетените кои останале да лежат на коловозот, осомничениот го напуштил местото на настанот. Во несреќата, лицето кое управувало со мопедот се здобило со тешки телесни повреди, додека сопатникот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди на кои подоцна им подлегнал и починал.Бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна потапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Како значајна околност во предлогот за притвор јавниот обвинител го наведе фактот дека непосредно по сообраќајната несреќа осомничениот избегал без да се обиде да им укаже помош на настраданите, што е очигледен доказ за неговото избегнување да се соочи со последиците од преземените противправни дејствија.​​

Скопје | пред 3 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Затвор до пет години за одобрување на воeните злосторства во Украина на „Фејсбук“

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување.

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija

Едно лице почина од ковид

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –105, Битола – 30, Прилеп – 13, Охрид - 11, Куманово - 7, Штип и Виница - по 4, Велес, Кичево, Струга и Гевгелија - по 3, Кавадарци, Струмица и Ресен - по 2, Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе - по 1.Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола - 5, Делчево - 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (81г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.067 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-36 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-46, Биотек-50, Систина-22, лабораторија Лаор-65, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност-28, Генеа-7, Никоб Лаб-224, ВФВ Медикал-34, Ели Медика Плус-22, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 946.Досега во земјата се направени вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 143896, Активни 1069Куманово 16570, Активни 45Битола 14875, Активни 204Прилеп 14025, Активни 115Тетово 13422, Активни 36Кавадарци 10523, Активни 85Велес 9691, Активни 36Гостивар 9539, Активни 16Охрид 8762, Активни 96Струмица 8009, Активни 26Штип 7978, Активни 19Кичево 5573, Активни 47Кочани 5057, Активни 20Струга 4701, Активни 20Гевгелија 4376, Активни 19Неготино 3660, Активни 10Ресен 2685, Активни 18Свети Николе 2617, Активни 4Радовиш 2516, Активни 12Крива Паланка 2407, Активни 4Делчево 1953, Активни 32Дебар 1671, Активни 10Берово 1638, Активни 2Валандово 1477, Активни 4Виница 1383, Активни 10Пробиштип 1263, Активни 3Богданци 1019, Активни 4Кратово 962, Активни 4Крушево 923, Активни 10Демир Хисар 826, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 1Демир Капија 586, Активни 1Македонска Каменица 523, Активни 1Пехчево 485, Активни 0Дојран 343, Активни 1

пред 3 години

ruskovska-skopje1-3

По „бомбите“, Боки 13: Вилмич, блиску е денот кога ќе ги замениме местата во затвор

Бојан Јовановски-Боки 13 излезе со реакција по новите аудио разговори кои се објавени на „Јутуб“ и на фејсбук профили. Тој во објавата посочува кој го води разговорот, издвојува цитати и потоа го коментира.Неговиот статус, го пренесуваме во целост, интегрално:

Коментари | пред 3 години

277183385_638698823859074_6624463374336901087_n

(АУДИО) „Немам гаранција од Вилма“, објавени „бомби“ каде се споменуваат Груевски и Орце....

Два аудио фајлови попладнево се појавија на YouTube. Каналот каде се објавени е именуван како „The TRUTH ABOVE ALL 1“. Се споменува Никола Груевски, Орце, Вилма, Мартин, Ристе, Тинекс, Сергеј Самсонненко. Се раскажува за профит, ДДВ, СЈО, како и судии и обвинители меѓу кои Смаќоска и Лиле Стефанова.„Бомба“ 1„Бомба“ 2

Македонија | пред 3 години

collage-1

Груевски ги признава снимките: Тие се помеѓу мене и Камчев, знам во “Рекет” врз база на вакви снимки се донесе пресуда

Експремиерот и бегалец во Унгарија, Никола Груевски, ја призна автентичноста на снимките кои вчера беа објавени на „Јутуб“. Тој вика дека ги водел со бизнисменот Орце Камчев.Интегрално неговото писание на социјалните мрежи:„Денес многумина ме прашуваат дали овие разговори што вчера се појавија на YouTube каналот The true above all помеѓу мене и Камчев се случиле и дали ќе влијаат на судскиот процес.Да, тие разговори се случија во фебруари 2021 година.Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков брутален притисок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички прогон, каде правосудниот систем е само егзекуторот, вклучително и самиот Камчев. Секако јас сум прв на листата за “отстрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме обвинат и осудат.Тоа не е политика. Тоа не е нормална политичка борба, а најмалку правда и демократија. Нема да има напредок додека се ова е реалност. Луѓето се изложени на секакви можни притисоци и уцени за некој да исполни нечии желби и зацртани политички цели. Во крајна линија тоа не е ни човечки.Незнам дали овие снимки ќе влијаат на судскиот процес.Знам само дека исти вакви снимки во случајот “Рекет” беа прифатени за докази и се донесоа судски пресуди на база на тие докази.Овие снимки точно покажуваат дека немам никаква врска со таканаречените “Плацеви на Водно”. Јасно е дека никој не зел милион и пол евра од партија. Јасно е дека од никого не сум барал никакви услуги или совети за купување на тие плацеви. Самиот Камчев ми кажа дека имал подготвено и физибилити студија за изградба на старачки дом за лица на кои им е потребна лекарска грижа. Самиот Камчев ми кажа под каков притисок бил не само тој, туку и останатите обвинети и сведоци за да даваат лажни искази.Но, нашиот правосуден систем е полн со противречности и двојни аршини и нема ништо да ме изненади. Секако, нема да ме изненади ако и оние 8% доверба во судството станат и помалку.Луѓе лежат во затвори невини или свесно осудени со погрешни квалификации со цел да им се доделат подолги затворски казни, заради некои политички цели. Стотици други не се излезени од судовите заради истите цели а повеќемина користиме политички азил за да се заштитиме од овој брутален однос на власта. Станавме земја со многу политички затворени, прогонувани и емигрирани лица и тој процес продолжува и се продлабочува.Повторувам, нема да има реален напредок во Македонија, ниту доверба во системот, додека се водат вакви валкани политики и правосудниот систем се злоупотребува за вакви цели“.

Македонија | пред 3 години

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Не само Цар Самоил туку и св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј се решена работа за Османи

Не само Цар Самоил, туку и св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј и други две историски личности се решена работа за Бујар Османи, министер за надворешни работи. Тој вика дека историската комисија на Бугарија и Македонија заедно се договориле за овие прашања. Според него, сега само се усогласува како да се впишат овие важни историски, македонски личности, во учебниците.„Св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј и Цар Самоил се решени во 2019 година. Не се објавени бидејќи чекавме да најдеме начин кога како ќе се објават текстовите. Членовите на комисијата од нашата страна стојат зад тој текст. Во моментот се зборува дали тие текстови и содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците. Дали ќе се препорачаат истите за учебниците или ќе бидат поинакви формулации за нив. Тие нека ги објаснат тие детали, бидејќи се стручни. Има конструктивност, има одредено уважување на мислењето на другиот. Тоа беше клучен проблем до сега. Секој имаше замисла и мислеше дека тоа мора да биде конечното решение“, кажа Османи.Тој не одговори која е историската личност за која почнале конструктивни работи како што кажа бугарскиот премиер Кирил Петков.„Најголемата кочница во нивното разбирање беше како текстовите договорени за чествување ќе се препорачаат за учебниците. На овие средби е постигнат напредок во тоа како може да се препорача. Не е финализирано бидејќи треба да се конкретизира во текст. Тие работат по периоди, среден век, тој период, друг период. Битно е дека се договорени пристапот и принципите. Тоа е поважно од конкретно решение. Од моја страна битно е да се гледаат често“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

51826955120_45b1d3c173_c

Османи со нови детали за протераните руски дипломати и обидите за наршување на односите со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е точна констатацијата на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој кажа дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој кажа дека и оваа недела имало такви обиди, преку јавувања од институции.„Јас сум задоволен што се потврдува и со факти, посебно го кажуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ немаат интерес од интегрирање на Европа. Ние цело време тоа го кажуваме, дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот. Проширувањето е безбедносно прашање, а Бугарија се наоѓа во нашиот регион. Сметам дека констатацијата е точна, дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. Не исклучувам дека во нашата држава има и ќе има се повеќе вознемирени луѓе кои работеа оваа перспектива да не се случи. Оваа недела се јавувале од Македонија во Бугарија каде кажувале дека немало потреба од ангажман, дека ќе се оди на избори, немало да има решение. Имало и луѓе од институции кои се јавувале“, кажа Османи.Тој не одговори дали дипломатите на Русија кои се протерани од Македонија, се поврзани со лошите односи со Бугарија: „Не можам да зборам за конкретните активности јавно кои ги имаат преземено дипломатите. Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-03-103400

(ВИДЕО) Шофер во ЈСП наместо рампа за лице со попреченост, му затвори врата и замина

Видео на кое автобус на ЈСП не ја спушта пристапната рампа за лице со посебни потреби, деновиве се прошири на социјалните мрежи.На видеото лицето ги замолува патниците да го информираат возачот на авотбусот дека треба да ја спушти пристапната рампа. Наместо тоа, возачот ги затвара вратите и продолжува кон следната постојка.„Џабе што има нови автобуси со рампи пристапни за лицата со посебни потреби, кога има несовесни шофери кои ги мрзи да станат и да отворат рампа. Лицата со посебни потреби оставени се на милост и немилост да чекаат некој следен автобус кој можеби ќе биде нов но ќе има исто несовесен шофер и нема да си ја изврши својата должност! Не е прв пат“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 3 години

IMG-8172a4b086fc3db3a9575a35a6368360-V

(ФОТО) На автопат „фатен” со радар, возел 224 километри на час

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

379520

Самка бара Ромите да спроведат попис

Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара, вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.Тој најави нов попис кој од куќа на куќа ќе го спроведат Ромите во Македонија.„Ние ќе се жалиме до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнемe операција во којашто ќе докажеме дека овој попис е фалсификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата, се катастрофално оштетени“, вели Ибраимовски.Тој смета дека целиот попис е направен со една цел, како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на Албанците.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања