ТОП

w_56944953

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Северна Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) на денешната седница и ги донесе следните заклучоци:да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.Да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.Да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори.Да се укине мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.Согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на КОВИД центрите и вакциналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД капацитети во Скопје и другите градови на државата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-29-at-17.02.00

Боки 13 направи ‘потрес’, открива детали за тоа кој го наместил да го апсат на граница

Во објавениот натпис објаснува и дека лице вработено во неговата телевизија го наместило да биде уапсен на граница, кога практично, јавноста дозна за случајот „Рекет“.„Од оваа дистанца, жалам што не ги предвидов сите аспекти и жалам што верував на поединци кои беа поставени на високи раководни позиции токму од мене. Јас им дадов шанса, а тие ми вратија со нож во грб, дел од нив ги "оживеав", беа заборавени и потонати во своите самозамислени новинарски величини, длабочини... Новинарите беа почитувани и вреднувани, дел од нив тоа го заслужуваа, беа посветени и одговорни, се трудеа бидејки имаа мотив, слобода и предизвик да создадат нов медиум, само имаа еден хендикеп, им требаше главен и одговорен уредник кој ќе ги води и насочува, а не лице кое со платен превоз доаѓаше на работа последен, а прв со платениот превоз си заминуваше!“, пишува на профилот од Бојан Јовановски, меѓудругото кое стои во натписот.Боки 13 открива и кој го наместил за апсењето, им се извинува на дел од новинарите, и кажува што е лага и мизерија. Ја споменува и обвинителакта Вилма Русковска, но и како што наведува, негов вработен:`Прочитајте сѐ:

Коментари | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

310 новозаразени, 6 починати од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Битола – 26, Кавадарци – 19, Охрид – 16, Прилеп – 12, Куманово – 11, Штип – 9, Велес, Делчево и Кичево – по 8, Неготино – 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4, Тетово, Струмица и Ресен – по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2, Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.776 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-108, Биотек-176, Систина-70, лабораторија Лаор-65, Синлаб-9, Ремедика-18, Плодност-20, Генеа-13, Никоб Лаб-202, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.258.Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.

пред 3 години

WhatsApp-Image-2022-03-29-at-10.17.41

Герасимовски: Парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“

„Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“.„Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.„Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

Скопје | пред 3 години

vizzar

WIZZ AIR го објави новиот зимски распоред 2022-2023

Скопје, 29 март 2022 година: Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива авиокомпанија во Европа*, го објави својот зимски распоред за 2022 година (октомври 2022 - март 2023 година). Авиокомпанијата нуди огромен избор на достапни дестинации со ниски цени за најатрактивните земји и градови низ Европа. Достапни се 810 линии од 1.100 рути на Wizz Air со над 120.000 летови и речиси 26 милиони седишта. Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.Како што индустријата се враќа во нормала како пред пандемијата, Wizz Air продолжува да ги проширува операциите низ својата мрежа, со рути кои ќе ги одведат патниците низ цела Европа во зимата 2022-2023 година. За семејни одмори, дестинации на плажа, одмори во градот или само да ги посетите пријателите и семејството во странство, мрежата на Wizz Air од Северна Македонија нуди безброј можности.Покрај можноста за приспособување на патничкото искуство, Wizz Air на патниците им нуди и висока флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на нивната резервација, патниците имаат дополнителна заштита и можат да одберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и можност да го откажат својот лет до 3 часа пред тргнувањето без никаков надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш вратена во кредит на авиокомпанијата.Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, рече: „Среќни сме што можеме да го објавиме новиот распоред за зима 2022-2023 година, нудејќи разновидни дестинации за патување за сите вкусови, било да е тоа за деловни или рекреативни цели. Од градски одмори во највозбудливите урбани центри во Европа до семејни одмори во текот на зимската сезона, Wizz Air сигурно нуди достапна врска до најпопуларните дестинации. Остануваме посветени да им понудиме на Македонците безбедно и незаборавно искуство за патување низ Европа и пошироко во нашата модерна флота во друштво на нашиот висококвалификуван екипаж “.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Претрес во Ѓорче Петров, уапсени две лица

Денеска (29.03.2022) во 00.45 и 01.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.С.(26) и К.Ч.(36), двајцата од Скопје.При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага. Додека, при преглед на патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ч., била пронајдена и одземена марихуана.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

FOpW8BbWUAYNAED

„Очигледно имаат солени плати или злато од бабите“, Јоци за патувањето на Тупанчески, Фетаи и Нанев

Јорданка Ивановска-Јоци, политиколог, го искоментира однесувањето на министерот за правда, Никола Тупанчески, вишата обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основен суд – Кавадарци д-р Лазар Нанев.„Министер за правда, обвинителка и судија во ВИП ложа на стадион во Палермо, беа насловите во медиуми. Малку им било обично седиште... Си гледаа луѓето фудбал. Сами си платиле. Ич не се сомневам, на таа пара... Очито имаат врло веома ,,солени" плати или злато од бабите чим може да си дозволат шетање за фудбал до Палермо, ВИП ложа, хотел, авионски трошоци - во работен ден. Овој ,,викенд" во работен ден за нашиве, без 2.000 јура - сигурно не е! Без картата за ложата. Истиот работен ден кога амбасадорката Брнз работеше и ни обелодени дека само 8 отсто имаат доверба во професиите во ложата т.е системот не ни функционира. Изгледа само Брнз работи во државава, другиве се ,,возат" врз нејзин грб“, напиша Ивановска-Јоци.

Коментари | пред 3 години

ruska-ambasada

Пет вработени во Амбасадата на Русија протерани од Македонија

Министерството за надворешни работи денеска му врачило нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат Македонија во наредните пет дена, информира Министерството за надворешни работи.Ова не е првпат Македонија да протерува руски дипломати поради активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи. Русија како возвратна мерка протеруваше македонски дипломати.

Македонија | пред 3 години

fetai-tupancevskiu-681x430-338074

„Не ги сфаќам зошто се избрукаа за авионче, билет и хотел“, Јоци за патувањето на Тупанчески, Фетаи, Нанев

По информациите дека министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев, летале гратис до Италија, односно на трошок на Фудбалската федерација, реагираше новинарката Јорданка Ивановска Јоци.„Да се вратеа од Италија со некое бесно ,,Ферари" од 200.000 јура и гратис вила од екс мафијаш покрај море, да сфатам зашо кријат сметки од „приватното" патување во Палермо.Вака за гратис авионче и билет, некои и хотел, на таа пара што ја земаат - сериозно не ги сфаќам зашо се избрукаа!Изгледа прешло у навика, па никој не се потресол, пошто перцепцијата им е мутна ко мутен Вардар. Се осеЧаат ко Холивуд. Јак филм е тоа!Нешо ко оние шо возат коли од 50.000 јура, а неќат да плаќаат паркинг.Изгинаа за хотелќе, билетче и сендвич.Страшно“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

248293063_674897390327673_2930232398835167619_n

Од министер за правда до министер кој се правда: „Кога Фатиме иде на свој трошок, си го зема Тупанчевски! Што не ви е јасно небањати едни!?“

По информациите дека министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација, во јавноста имаше големи реакции, а ова се дел од нив.https://twitter.com/svoja_na_svoeto/status/1508536345643433997?s=20&t=8me7D5Xb_K3fKIMvR5VcGwhttps://twitter.com/Dzilit/status/1508520296713789443?s=20&t=tMK0lpSY6TVpw170wGeP9Qhttps://twitter.com/BumBumCiaoTokio/status/1508474794135769101?s=20&t=HeEMjQPqZBAKXnqgEwzt9ghttps://twitter.com/XTRMacedonian/status/1508531957638086663?s=20&t=LTL4BgqNGaYWeHkNmfogAAhttps://twitter.com/BiguzDikuz/status/1508515394474098690?s=20&t=5qRNDu4yqBg6epxiB1bpTghttps://twitter.com/vlezeizleze/status/1508509428248625175?s=20&t=5wKadZ9damsLc1UdqU2pxAhttps://twitter.com/BumBumCiaoTokio/status/1508394221186736135?s=20&t=QJJKN29Sk8VWczSgphECgwhttps://twitter.com/GMihajlovski/status/1507854233537855497?s=20&t=PzYTW_O77CtXtDVVU1Q6Gghttps://twitter.com/BananiBrunoBa/status/1508415206585769987?s=20&t=XomsKezzECSC4OdxePoXUwhttps://twitter.com/C4i7Z/status/1508407030578659330?s=20&t=MBgmcI2xzXwjcTO4GogHmwhttps://twitter.com/KRodzers/status/1508514219146231808?s=20&t=Rp3XUdolpfTUstN-d9S60Ahttps://twitter.com/MaminaMaca/status/1507299757114499073?s=20&t=VfgNpJI7ywbLoRhBWDqETAhttps://twitter.com/StevanoAna/status/1508513729113206784 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-215836

(ВИДЕО) Сите тераат мајтап со изјавата од Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги испрати фудбалерите на аеродромот во Скопје.Дел од неговиот говор пред нив како и мешањето на англискиот и македонскиот јазик наиде на мајтап од страна на поединци.Снимката се поделува масоно на сцијалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

277233055_1014588742597371_415762028640932299_n

Арнаудова ја нападнале лажни профили откако ја “исплука” Данела

Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.Таа на социјалните мрежи подоцна објави уште еден статус во кој вели дека ја нападнале лажни профили.„На постот денес ми пишаа најмалку 15 лажни профили, пратени да напаѓаат и сејат омраза. Стварно немате попаметна работа? Стварно тоа ве исполнува, да напишете тоа што некој ви кажал дека треба? Подалеку од мојот профил, сите до еден ќе бидете пријавени ако продолжите да ми сеете зло на мој профил…. Ако сте за да напраиме добрина некому, бујрум, ако сте по наредба, за греота воздухот што го дишите“, вели Арнаудова.

Скопје | пред 3 години

gruevski

Груевски остро кон Камчев: Дај им ја банката и болницата за да добиеш слобода, не ме мешај мене

Јас немам против Јордан (Орце) Камчев - не станови во вредност од 1,3 милиони евра, туку и 5 милиони евра да им даде, ако сака и болницата и банката нека им ги даде за да си ја купи слободата, но нека не ме меша мене таму каде знае дека не сум имал ништо и нека не им ги потврдува лажните конструкции со кои власта која врши политички прогон против мене по секоја цена сака да ме прогласи виновен, за нешто со што немам никаква допирна точка, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Тоа е мојот краток коментар од денешното судење.Оние кои ги интересира суштината и содржината на оваа конструкција низ призмата на денешните искази и сведочења во судот може да прочитаат подолу.Веќе се наѕира конструкцијата која Јордан (Орце) Камчев и обвинителката Лиле Стефанова во последните 2-3 недели ја направиле со следните цели:1.Обвинетиот бизнисмен Јордан Камчев без никаков основ и доказ набедувајќи ме мене да помине со блага казна но без ново одење во затвор по овој предмет; Слично да помине и неговата мајка Ратка Камчева, неговиот вработен извесен - Нено Јосифовиќ, како и Ристо Новачевски, според зборовите на Камчев дадени во обвинителството - негов долгогодишен пријател и бизнис партнер кој според Камчев со години секојдневно одел во неговата болница и им продавал лекови како трговец со лекови. (Ристо Новачевски беше мој венчален кум во мојот прв брак од 2001 до 2005 година, но очигледно дека потоа одкако заради мојата презафатеност се оддалечивме, се продлабочило неговото пријателство и бизнис релации со Јордан Камчев).2.На Орце Камчев да му биде помогнато во друг предмет каде позициите му се лоши и каде Камчев треба да биде извлечен.3.Со обзир дека веќе преку меѓународно вештачење видоа дека од моја страна, или од страна на мој близок, или од било кој од Македонија, ниту влегле пари во фирмата купувач на земјиштето, односно која ги префрлила парите за купување на земјиште на нејзината фирма-ќерка во Макеоднија, ниту пак излегле односно ниту сум примил пари (за наводно продавање на земјиште), во последен момент смислија нова монструозна конструкција во која Орце Камчев се согласил да жртвува негов имот од зграда која тој ја градел, вреден отприлика колку цената на земјиштето, односно износ околу 1,3 милиони евра за кое без никаков основ ме теретат дека било мое и дека Камчев го купил само затоа што Ристо Новачевски му кажал дека било мое.Ова со цел, освен што би ме осудиле, власта да може да каже дека “бројчаникот почнал да врти” а тие почнале да ги враќаат “парите на граѓаните” кои всушност се пари на Орце Камчев со кои пари сака да се извлечи од овој прогон, односно да ја купи својата слобода (ако се само тие пари со кои ќе си купува слобода од прогонот).4.Обвинителката Лиле Стефанова овој предмет кој и е веќе загубен, бидејќи нема никакви докази, да се обиде да го спасува во своја корист и да се смета дека победила во предметот па да добие нови поени и награди кај власта. Мене да ме прогласат за виновен, да ми дадат затворска казна и да прогласат дека ми заплениле имот кој всушност е имот на Орце Камчев на име на неговиот зет од сестра - Мето Стојчевски.Имено, зетот на Орце имал во сопственост некоја неактивна фирма на која имал три стана во објект сопственост на Камчев a кој тој го градел но со друга активна фирма.Одеднаш, бидејќи им треба таа алка во приказната, Орце а подоцна и зетот велат дека тие станови ги чувале за мене како компензација за земјиштето на Водно кое го купил и подоцна го продал Орце Камчев.Ми чувале станови? Како тоа јас толку години да незнам дека некој ми чува станови? И ако веќе требало да ми дадат пари, зошто не пари, туку станови и тоа на име на зетот на тој кој наводно ми должел. И како јас би ги превземал тие станови од него кога тоа законски е невозможно а особено не за политички експонирано лице. Како би станале тие мои дури и ако отидев на портирницата да си ги земам клучовите. Јас можело да ги земам клучовите но не и имотот и тоа е многу малоумно смислена конструкција. Јас би можел да го добијам тиј имот само ако го платам, а ако го платам, тогаш за што сум добил во нивниот матен филм?Па вака може секој да каже за нешто што го поседува дека ми го чува и да ме осудат за прикривање имот и перење пари. Може некој кој ги има да каже дека ми чува 1000 овци, 2 коња, три возила и две куќи, а неговиот шура да каже дека тој се договорил со некој мој поранешен кум или другар. Каква е оваа лакрдија? Ова личи на шала, а не на сериозен судски предмет.За воља на вистината зетот на Орце Камчев - МЕТО Стојчески, ДЕНЕС КАЖАЛ ВО СУДОТ дека се познаваме, дека сме се сретнале повеќе пати но ДЕКА НИКОГАШ НЕ СУМ МУ ПОБАРАЛ СТАНОВИ, НИТУ БИЛО ШТО СМЕ ЗБОРУВАЛЕ ЗА ТОА.Да, со Мето - зетот на Орце се имам сретнато барем 5-6 пати, дури и на само каде можел да го отвори тоа прашање, сме се сретнале и во приватни прилики, и ако навистина чувал станови за мене, нели логично е да ми кажал нешто околу тоа или да прашал нешто. Не рекол ништо, бидејќи Мето незнаел дека по 5 години ќе треба да го спасува шурата со вакви лаги.Каков апсурд!Какви глупости!Каква неправда!Зетот на Камчев го посочил Сашо Мијалков дека токму тој му рекол дека тие станови биле за мене, а Сашо Мијалков во судницата денес посочи дека никогаш и за никого, вклучително ни за мене не посредувал или правел активности со кои ќе прикрива туѓ, односно во овој случај мој имот.Оваа мега лага мислам дека ги надминува капацитетите на Лиле Стефанова, а впрочем ако овој финиш на овој судски предмет беше смислен од неа, ќе тргнеа со истото од самиот почеток. После се ова се чини дека ова мора да е смислено и понудено во последните недели од самиот Орце Камчев кој вовлекувајќи го и неговиот зет, презентирал на обвинителката понуда која неможе да ја одбие и таа ја прифатила:1. Таа да излезе како победник со пресуда во нејзина корист,2.Обвинителката да се пофали со одземање на наводен мој скриен имот, и политички да му сервира на СДСМ приказна дека ме осудиле за наводен криминал и ми заплениле наводен имот3.Орце да не оди во затвор а за тоа да жртвува три стана и нормално да го жртвува својот углед како и угледот на сите кои застанаа во негова одбрана и кои сите тие и цела јавност до пред пет дена ги убедуваше дека е невин и дека е жртва на политички прогон, кој што углед очигледно не му е важен, бидејќи да му беше важен угледот немаше да влегува во вакви срамни конструкции.Што друго да кажам освен да ги прашам што планираат со вистината?Таа ќе излезе на виделина, порано или подоцна? Како ќе живеат со ова?За сето ова да заврши како што наумиле им треба и судија кој ќе го погази правото и од рекла-казала изјави на обвинети и по некој уценет сведок или роднина на обвинет, без никакво движење на пари или друг имот на мое име или на кој близок, без елементарен доказ од каде таквите пари биле прибавени, без доказ како и на кој начин се уплатени во фирмата која го купила земјиштето и доказ дека тие станови навистина биле мои односно наменети за мене, ќе ги “затвори очите” и ќе потпише пресуда.Во нормална држава во Европа тоа неможе да се случи. Во Македонија веројатно може. Да видиме дали овој судија ќе дозволи да влезе во оваа група на судии кои заради некое унапредување во повисок суд или друга награда, или заради политичко влијание, или можеби притисок и закана, или се заедно, ќе го стави својот углед и чест во залог и засекогаш ќе остане со една голема флека во своето работење.Интересно е што во судот свои изјави дадоа голем број сведоци на одбраната, кои медиумите или не ги споменаа, или мал дел од нив нафрлија по една до две реченици од целиот нивен исказ колку да се каже дека нешто напишале, додека уценетите сведоци од обвинителството добија големо внимание и простор. Но, за тоа во некоја друга прилика“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

putin124

Русија планира да воведе визи за „непријателските земји“ како Македонија

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.-Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“ – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија.-САД и нивните сојузници очигледно објавија тотална хибридна војна против Русија – рече тој.Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Македонија | пред 3 години

mijalkov-1

Мијалков не му спомена ни име на Груевски: Не сум знаел од кај се парите

Обвинетиот Сашо Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“, даваше и своја одбрана. Тој тврди дека не му помогнал на Никола Груевски да пере пари. Не се чувствува виновен.– Ова е апсолутно неточно и ова го тврдам најодговорно. Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатотот рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази. Ние не видовме ниту еден материјален доказ ниту па еден доказ. Единствено во исказот на Александар Ивановски Теранова се споменува но повеќе како обвинет, а не како сведок. Но и тој исказ не е целосен а верувам и вие ќе го прочитате. Јас никогаш не сум дал упатства за ниту едно кривично дело не само во овој крвично-правен настан туку во ниту било која друга ситуација, изјави Мијалков на денешното рочиште за случајот Плацеви на Водно.Тој не го спомна својот братучед Никола Груевски кој е обвинет дека како партиски претседател и претседател на владата организирал група за да го сокрие вистинскиот соппственик на имотот на Водно. - Најодговорно ќе кажам, и стојам зад ова дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам дека тие пари потекнуваат од кривично дело. Ова не сум можел да го знам бидејќи никогаш не сум имал пристап до партиската каса како партиски функционер ниту пак сум чул од сопартијците особено ако недостасува толкава сума пари тоа не може да биде незабележано, истакна Мијалков, кој во периодот на извршувањето на кривичното дело за кое е обвинет беше директор на УБК во МВР, министерство задолжено за гонење криминал и разоткривање на кривични дела. Никогаш никој од мене не побарал вакво нешто од мене особено да сторам некое кривично дело. Не видовме ниту еден материјален или вербален доказ освен исказот на Алек Теранова. Јас мислам што и да кажам веќе е констатирано во оваа постапка. Се докажа кој од кого побарал, кој основал и кому ја предал или купил и каде завршила фирмата и ниту еднаш никој не ме спомна за тие постапки. Би сакал да кажам дека во оваа постапка добив чувство на набљудувач. Видовме еден куп сведоци од кои единствено Ивановски го спомена моето име. И не се најдов во ситуација воопшто да се впуштам, да распрашувам или да спорам докази, заврши Мијалков.Тој истакна дека никогаш не сум имал пристап до документи и печати од офшор компании.-Мислам дека јасно и недвосмислено се констатира оваа околност која на чиста правдина ми се става на товар.Во текот на оваа постапка добив чувство на набљудувач, видов документи, кои не се однесуваат на мене. Мислам дека вие ќе поклоните верба единствено на фактичката состојба, истакна ексдиректорот на УБК.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања