ТОП

08052020_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Фирмите можат да аплицираат а добивање на финаниска помош за исплата на минимална плата

Управата за јавни приходи ги информира сите работодавачи, дека од денеска, ќе може да аплицираат за добивање на финаниска помош за исплата на минимална плата.На веб страната на УЈП, веќе е поставен клиентскиот софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош.Работодавачите кои веќе ја исплатиле мартовската плата а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош.Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите потребно е да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат подмирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месец февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош.Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува. Исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.Финансиска помош неможе да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката, орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор.Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавачите кои нема да го испочитуваат оваа правило, по отпуштање на работникот ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или пак ако работникот сам си даде отказ од работното место.Преку ваквите мерки на директен начин се намалуваат давачките што работодавачите ги имаат за придонеси а се оддржува и ликвидноста на домашното стопанство, стои во соопштението на УЈП.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-01-at-10.05.53

(ВИДЕО) Заменикот директор кој удри шамар на ученик е обвинет за малтретирање

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик.„Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца. Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица“, објави Обвинителството

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Поевтинува нафтата, РКЕ со нови цени за горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 28.03.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.Од 1.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,50 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 85,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 81,50 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 56,130 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,322% или за 25,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,722% или за 45,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,506 % или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,553% или за 18,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0709 ден/$ и е за околу 0,031 % повисок од курсот на доларот (56,0533 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев за пописот: Дедо Стефан, се слушаме?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и денеска реагираше за резултатите од пописот, прозивајќи ја МПЦ-ОА зошто не реагира за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21 отсто од резидентното население.„А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин“ им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?“, напиша Апасиев на фејсбук.

Коментари | пред 3 години

247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Приведено уште едно лице од случајот „Планина“ кое се гони за продажба на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против Е.З. обвинет во предметот познат во јавноста како „Планина“. Обвинетиот од 27 март минатата година до 24 февруари годинава беше недостапен на органите на прогонот. Со дејствијата опишани во 16 точки во Обвинителниот акт обвинетиот Е.З сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.Според Обвинителниот акт, обвинетиот, како член на мрежа на препродавачи и посредници, во повеќе наврати воспоставувал контакти со заинтересирани купувачи и неовластено продавал наркотична дрога – кокаин. Е.З неовластено продавал по еден килограм наркотична дрога кокаин месечно, а за продадената дрога од организаторите на криминалната група како награда добивал процент од постигната цена која се движела во износ од за 4000 до 5000 денари по 1 (еден ) грам – кокаин.Имајќи предвид дека обвинетиот беше во бегство, како и специфичноста, видот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување, карактерот и висината на предвидената казна за кривичното дело што му се става на товар, јавниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.​​

Македонија | пред 3 години

IMG_2946

Нема партија без мислење за пописот: Кој го призна, а кој не

Немаше политичка партија која не реагираше за резултатите од пописот. На иста линија е и јавноста, како и експертите. Разликата е во тоа што едните го признаваат, другите го карактеризираат како лажен и фалсификуван. Владејачките партии апелираат да не се подгреваат меѓуетничките тензии во државата и пописот да не се претвори во политичка битка. ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ за некомплетен попис.СДСМ: Не успеаја опструкциите на Мицкоски, имаме успешен и кредибилен попис„Имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ и покрај сите опструкции на Мицкоски. Пропаднаа сите срамни обиди за бојкот и саботажа на оваа исклучително важна статистичка операција“, соопшти СДСМ.„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најавуваа бојкот при самото објавување на датумот на спроведување на пописот.Истите тие бараа да се одложи пописот и иницираа петиција за собирање потписи против пописот. Мицкоски прв се потпиша.Лично тој пишуваше писма до амбасадорите против пописот.И покрај сите овие опструкции, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздравија Европската комисија и сите релевантни чинители“, се наведува во соопштението на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ спроведоа некомплетен попис, по смената на власта ние ќе спроведеме комплетен електронски попис„Власта на СДСМ и ДУИ спроведе некомплетен попис. Доказ за тоа е бројката од 7.2% или повеќе од 132.000 резидентни жители за кои што ДЗС покрај сите механизми не успеал да ја дефинира припадноста. Едноставно ДСЗ не сакал, а не дека не можел да утврди етничка припадност. Се работи за резидентни жители, од кои најголем дел се од Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Битола, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Одговорноста за ваквата некомплетност е на ДСЗ и власта на СДСМ и ваквиот попис не смееше да се објавува додека не се дефинираше припадноста на секој резидентен жител. Овде не се работи за 1-2% или промили, туку се работи за неверојатни 7,2% од резидентното население.И покрај многуте недоследности, пропусти и политизација од страна на властите кои претходеа на пописот и траеја во текот на процесот до објавувањето на некомплетните резултати, пописот покажува поразителни бројки. Повторуваме дека пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева.По промената на власта и формирањето на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спроведен комплетен електронски попис по сите европски стандарди кој ќе биде веродостоен и кој ќе ги нема недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот„Уште еднаш оваа Влада покажа дека не е во состојба да направи ниту статистичка операција без крајно политизирање. Прво, како да се верува во попис чии резултати се објавуваат со фанфари пред целиот политички врв, во присуство на заинтересираните амбасадори? Тоа е “обична статистичка операција“, или повторно трговија со нашите интереси?“, велат од Глас за Македонија.„Второ, како да се верува во попис каде бројот на вкупното резидентно попишано населенеие соодветствува на бројот во избирачкиот список? Немаме малолетни лица без право на глас?Трето и најважно, албанските партии кои се сега презадоволни од резултатите, уште пред пописот лицитираа со проценти и јавно ги кажуваа своите желби, па така некои од нив јавно декларираа дека нема да ги признаат резултатите ако се Албанците под 25%, 30% итн.Со тоа процесот беше веќе компромитиран однапред. Таквата недоверба натера бројно население да не верува во методологијата, која за многу стручни луѓе беше спорна.Немаме ниту малку примисла дека оваа Влада која се држи на конец и зависи од милоста на ДУИ, не направила “штимања“ во полза на желбите на коалициониот партнер.Глас за Македонија не ги признава ваквите резултати, кои беа лесно предвидливи. Глас за Македонија уште еднаш констатира дека имаме анти македонска власт“, соопшти Глас за Македонија.ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот„Партијата за движење на Турците (ТХП) од самиот почеток со будно око го следи процесот на попис. Задоволувачки факт е што после две декади Р. Северна Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики“, велат од ТХП.„Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20%, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците. ТХП апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува.ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини. Исто така очекуваме пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес“, се наведува во соопштението на ТХП.Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од ПописотМногу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“, велат од Демократска Партија на Турците.„Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање.Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција.Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас.Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ.Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна.Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица.Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„.Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци.Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција“, се наведува во соопштението.Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалностаСпоред првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.– Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Има многу фактори кои влијаеа да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл се вели в осоопштението од партијата.Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Македонија | пред 3 години

IMG_2936

Реакции: Без попис - лошо, со попис - уште полошо?

Истиот миг кога директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги соопшти официјалите резултати од пописот 2021, граѓаните ги преполнија социјалните мрежи со коментари. Речиси без исклучок искажуваат револт и бараат оставки од директорот Симовски и од Владата. На социјалтени мрежи, исто така се коментираат резултатите.Дел од реакциите:https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1509118841707765760https://twitter.com/Krmov_Borislav/status/1509519209793048576https://twitter.com/realTotoMK/status/1509124996735586305https://twitter.com/mancesterovec7/status/1509113508926996481https://twitter.com/tome_corner/status/1509398279120949248https://twitter.com/601P4r9bPUiBzPS/status/1509356717670387732https://twitter.com/CicaGlish_a/status/1509532721143586819https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1509527135911743495https://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1509469789244243979https://twitter.com/LidijaVodjanik/status/1509448350667620354https://twitter.com/imat_snemano/status/1509443858467368962Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54.21 се Македонци, 29.52 се Албанци, 3.98 се Турци, 2.34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Резидентно население e 1.836.713 лица, изразено низ проценти е 58.44 проценти Македонци, 24.3 проценти се Албанци, 3.86 проценти се Турци, 2.53 проценти се Роми, 0.47 проценти се Власи, 1.30 се Срби, 0.86 се Бошњаци.Нерезидентно население кое се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24.45 Македонци, 66.36 Албанци, 4.79 Турци, 1.02 Роми, 0.19 се Власи, 0.35 Срби. Во Македонија се регистрирани 598.632 домаќинства и 839 174 станови.

Коментари | пред 3 години

235001557_214703190614812_3678141845044400273_n

262 новозаразени, едно лице е починато

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп - 11, Куманово – 8, Делчево - 6, Тетово и Кичево - по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1.Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од: Скопје – 188, , Битола – 26, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Велес – 13, Куманово – 12, Кочани – 9, Струмица – 7, Делчево – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Берово – 3, Ресен, Валандово, Крушево, Неготино, Кратово и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.Направени се 2.225 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-23, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-58, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-58, Синлаб-8, Ремедика-15, Плодност-15, Генеа-6, Никоб Лаб-124, ВФВ Медикал-63, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 972.Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 143506, Активни 960Куманово 16552, Активни 43Битола 14801, Активни 166Прилеп 13992, Активни 98Тетово 13418, Активни 44Кавадарци 10489, Активни 82Велес 9682, Активни 34Гостивар 9531, Активни 17Охрид 8731, Активни 72Струмица 7996, Активни 16Штип 7970, Активни 17Кичево 5561, Активни 41Кочани 5049, Активни 20Струга 4695, Активни 15Гевгелија 4365, Активни 15Неготино 3658, Активни 13Ресен 2676, Активни 14Свети Николе 2615, Активни 3Радовиш 2515, Активни 12Крива Паланка 2405, Активни 2Делчево 1947, Активни 31Дебар 1670, Активни 12Берово 1637, Активни 3Валандово 1476, Активни 4Виница 1379, Активни 8Пробиштип 1263, Активни 5Богданци 1019, Активни 7Кратово 960, Активни 2Крушево 922, Активни 9Демир Хисар 826, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 1Демир Капија 586, Активни 1Македонска Каменица 523, Активни 1Пехчево 485, Активни 0Дојран 343, Активни 1

пред 3 години

Screenshot-2022-03-31-at-09.49.41

Скопјанка бара итна помош: Исчезната е мајка ми, потребна е сета помош да се пронајде!

Ви се обраќам за да побарам помош за вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22 март. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми, вели Анџела Станојковска, која апелира за помош од јавноста и институциите.„Виолета Крстевска Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.03.2022 вторник, во време 17:30-18 часот кај Поштата во населба Драчево. Телефонот ѝ е приметен последно на базна атаница Јурумлери што фаќа далечина од неколку километри. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренерки и црни кондури. Треба со себе да носи црвена торба и наочари за гледање. Висока е 166 см, 52 килограми, има црвена коса со малку бело. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема претходни психички пореметувања и болести, ниту пак е зависна од некакви супстанци и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, работи како сметководител во Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе си и за своето здравје иима активен и здрав начин на живот. Искочи од дома за кратко да земе наочари од оптичар и ги има подигнато и после ѝ се губи траг. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме. Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата, вели Анџела.Телефон за контакт 071/370-185

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-11.44.03

Лукаревска: Мерките на Владата се за намалување на ценовниот шок и да не се прави профитерство во кризно време

Целта на сите мерки коишто беа донесени е да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во едно вакво кризно време, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.Таа рече дека со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти за основната храна прибирањето на средства од име на ДДВ ќе се намали за околу 430 милиони денари и за околу 400 милиони денари во делот на намалувањето на стапката за нафтените деривати.Меѓутоа, ако во делот на наплатата на даноците продолжиме со ова темпо на собирање на приходите, мислам дека нема ни да се почувствува било какво пореметување во динамиката на собирањето на даноците, рече Лукаревска.Таа соопшти дека од почетокот на годинава досега е собрано ДДВ за 30,6% повеќе во однос на истиот период од 2021 година, а дури 41,5 % во споредба со 2020 година, а кај данокот на добивка приходите се повисоки за 24% во однос на 2021 година и за 26,46% во однос на 2020, раст се бележи и кај другите даноци.Во целиот период редовно се врши исплата повратот на ДДВ за компаниите, нагласи Лукаревска.Во врска со проектот МојДДВ, Лукаревска рече дека ќе продолжи да се реализира и го истакна неговото значење во борбата против сивата економија и неиздавањето на фискални сметки.Со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти, граѓаните веднаш заштедуваат на ДДВ, без да чекаат на поврат од Мој ДДВ, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-korona-kovid-test

294 нови позитивни случаи на КОВИД-19, починати 6 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 149, Битола – 36, Прилеп – 20, Кавадарци – 17, Велес – 11, Охрид – 10, Куманово – 8, Струга – 7, Кичево – 6, Неготино, Ресен и Делчево – по 4, Штип и Кочани – по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово – по 2, Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Битола – 25, Кавадарци – 14, Куманово – 8, Прилеп – 6, Гевгелија – 5, Струмица и Кичево – по 4, Гостивар, Кочани и Делчево – по 3, Тетово, Велес и Охрид – по 2, Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.430 тестови преку: ИЈЗ-287, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-86, Биотек-61, Систина-48, лабораторија Лаор-64, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-4, Никоб Лаб-190, ВФВ Медикал-51, Ели Медика Плус-24, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.035.Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 143364, Активни 1007Куманово 16544, Активни 47Битола 14777, Активни 168Прилеп 13981, Активни 103Тетово 13413, Активни 39Кавадарци 10473, Активни 81Велес 9678, Активни 43Гостивар 9529, Активни 15Охрид 8717, Активни 73Струмица 7992, Активни 19Штип 7966, Активни 13Кичево 5556, Активни 41Кочани 5046, Активни 26Струга 4694, Активни 14Гевгелија 4361, Активни 16Неготино 3658, Активни 14Ресен 2674, Активни 13Свети Николе 2614, Активни 2Радовиш 2514, Активни 11Крива Паланка 2405, Активни 2Делчево 1941, Активни 31Дебар 1670, Активни 12Берово 1638, Активни 7Валандово 1474, Активни 3Виница 1378, Активни 7Пробиштип 1263, Активни 5Богданци 1019, Активни 7Кратово 960, Активни 3Крушево 919, Активни 7Демир Хисар 826, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 1Демир Капија 586, Активни 1Македонска Каменица 523, Активни 1Пехчево 485, Активни 1Дојран 343, Активни 1

пред 3 години

IMG_2923

Пописот покажа: 58.44% Македонци, 24.30% Албанци живеат во Македонија

Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54.21 се Македонци, 29.52 се Албанци, 3.98 се Турци, 2.34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи.Резидентно население e 1.836.713 лица, изразено низ проценти е 58.44 проценти Македонци, 24.3 проценти се Албанци, 3.86 проценти се Турци, 2.53 проценти се Роми, 0.47 проценти се Власи, 1.30 се Срби, 0.86 се Бошњаци.Нерезидентно население кое се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24.45 Македонци, 66.36 Албанци, 4.79 Турци, 1.02 Роми, 0.19 се Власи, 0.35 Срби. Во Македонија се регистрирани 598.632 домаќинства и 839 174 станови.„Најмала општина според број на жители е Зрновци со 2.086, а најголема Куманово со 98.104 жители. Просечна возраст на населението е 40 години. Има 207 празни населени места“, кажа Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.Споредено со пописот во 2002 година, тој кажа дека има 185.824 лица помалку. Истовремено, зголемен е бројот на домаќинства за 34.336. Во Град Скопје има вкупен број на жители 526 502 што е зголемен за 2.9 проценти ако се спореди со пописот во 2002 година. Исто така, бројот на домаќинства е 171 171 и зголемен за 16.8 проценти споредено со 2002 година, кога беше последниот попис.„Успешно и професионално е спроведен пописот. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека знае, може и умее, дека е една од најпрофесионалните институции. На крајот сме од овој специфичен процес. Ако во претходните пописи за обработка на податоците беа потребни околу две години, со овој метод, ги надминавме сите предвидувања, па податоците ги објавуваме во предвидениот шестмесечен период“, кажа Симовски.

Македонија | пред 3 години

bigstock_Camp_Out_11281

„Што мислевте дека ќе прават децата на секс камп, ќе учат за опрашување овошки со полен?“, поделени мислењата за случувањата на кампот со деца

Трет ден се коментираат случувањата на кампирањето со 16-годишни деца кое се одржало близу Скопје. Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација. Кампот се организирал викендов близу Зелениково.Татко на средношколка од Скопје, за „Слободен печат“ кој го откри скандалот, сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп.Јавноста поделена во мислењата. Дел сметаат дека грешката е кај родителите, дел кај државниот систем, некои пак, ги обвинуваат организаторите:https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1443835232357134362https://twitter.com/jasisamojas1/status/1443690896420179970https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1443841220850167814https://twitter.com/zadrogaz/status/1443662592522821637https://twitter.com/IMperaTor____/status/1443634216688828418https://twitter.com/kashlicaa/status/1443634100548554756https://twitter.com/leblebijata/status/1443622405956673550https://twitter.com/msoldieroflove/status/1443589569966796801https://twitter.com/Esk0bar_0d_SK/status/1443584064896655370https://twitter.com/msoldieroflove/status/1443583566495973378https://twitter.com/m_anasieska/status/1443579934308323343https://twitter.com/FicoKu/status/1443567007480360966https://twitter.com/BrlaBrla/status/1443557966632923140https://twitter.com/neskafeNA/status/1443553045283999748https://twitter.com/vivianaa9312/status/1443550897766817795https://twitter.com/Esk0bar_0d_SK/status/1443530964366462981https://twitter.com/neskafeNA/status/1443481396727721986https://twitter.com/unterstrich12/status/1443291998610464770https://twitter.com/Rebrendiran/status/1443278370033242113 

Коментари | пред 3 години

izvidnici-696x522-1

Затворен предметот за „Извиднички камп“, немало елементи на детска порнографија

Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување.Од доставеното известување произлегува дека родител на една од учесничките на настанот пријавил во СВР Скопје, дека настанот кој се одржувал во местото Градовци, општина Зелениково не бил само со едукативен карактер туку дека во него има елементи на детска порнографија. Тој навел дека според неговите сознанија таму се прикажувале пози на деца кои во себе содржат сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие.Со цел да се проверат овие наводи, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежното Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, достави наредба да се испитаат сите учесници на настанот и да се прибави мобилен апарат од еден од водичите на кој би се очекувало да се пронајдат записи кои произлегуваат од настанот, а кои би можеле да послужат како доказ во кривичната постапка. По одземање, мобилниот телефон беше доставен до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, каде беше извршено излекување на сите записи и нивна анализа. СВР Скопје ги изврши бараните разговори со сите инволвирани лица во овој настан.По проучување на сите материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот, и тоа и извидници и водичи, како и лица од „Прв Скопски извиднички одред“ кои биле задолжени за организирање на настанот, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај ни еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како елементи на кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а од КЗ или друго кривично дело не се евидентирани во дејствијата на кој било од учесниците.Сите испитани инволвирани учесници, почнувајќи од волонтерите водичи преку самите извидници кои учествувале на настанот, наведуваат дека станува збор за настан кој се одвивал во повеќе етапи. Покрај класичните извиднички дејствија, а тоа е преминување одредена територија пешки, врзување јазли, логорување, подготовка на храна и слично, биле додадени и вежби и активности кои што претставуваат сексуална едукација на лицата кои што учествувале со нагласка дека станува збор за лица на возраст од 16-21 година. Дејствијата биле насочени како превентивни, но и едукативни материјали кои директно и индиректно би значеле заштита од венерично преносливи заразни болести и заштита од несакана бременост. Ова било спроведено низ игри и вежби, за кои анализата дали одговараат или не на возраста на учесниците и дали природата на вежбата е во согласност со нивните потреби може да се врши низ социолошки аспект, но не и да биде предмет на кривично-правна одговорност, бидејќи дејствијата не ги содржат елементите на предметните кривични дела предвидени во законот.Воедно, во прибавените материјали од одземениот мобилен телефон од учесникот кој што според подносителот на пријавата вршел фотографирање на настанот, не може да се забележат содржини кои имаат елемент на порнографија или детска порнографија, односно ниедна од анализираните содржини не укажува на материјал кој визуелно прикажува очигледни полови дејствија со дете или повозрасно лице кое изгледа како дете.Имајќи ги предвид сите обезбедени и анализирани докази, јавниот обвинител одлучи дека во конкретниот случај нема место за јавнообвинителско постапување.​

Македонија | пред 3 години

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Првиот сет на податоци од Пописот, ќе бидат објавени денес

ДЗС денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот.Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен.Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…Според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани.Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања