ТОП

EU-1

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија до јануари 2026: Избегната нова блокада од Унгарија

Лидерите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор за продолжување на секторските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, до јануари 2026 година. Одлуката доаѓа цел месец пред крајниот рок – 31 јули – и претставува изненадување, со оглед на честите закани од Унгарија дека ќе ја блокира одлуката.Секторските санкции, кои вклучуваат забрана за извоз на различни производи во Русија, како и замрзнување на средства и забрана за влез на одредени лица и компании, се обновуваат на секои шест месеци – во јануари и јули. Листата на индивидуални санкции се обновува во март и септември.И покрај договорот за продолжување на постојните санкции, и понатаму нема согласност за најновиот – 18-ти пакет санкции – против Москва. Словачка и Унгарија се против предложените мерки и бараат дозвола за понатамошно купување руски гас и нафта.Европската комисија претходно предложи ЕУ целосно да се ослободи од зависноста од руските фосилни горива до крајот на 2027 година.

Свет | пред 7 месеци

ukraina-kiev-3

Украински дронови нападнаа цели во Волгоград: затворени мост и аеродром, Русија тврди дека соборила 39 беспилотни летала

Голем украински дронски напад ја погоди руската територија и Кримскиот Полуостров во текот на ноќта, при што беа активирани противвоздушни системи во повеќе региони. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 39 дронови, од кои 13 над областа Волгоград.Нападот предизвикал прекин на сообраќајот на важен мост преку реката Дон во Калачевскиот округ, објави утрово администрацијата на регионалниот гувернер Андреј Бочаров. Според информациите, мостот е привремено затворен поради остатоци од дроновите и потребата од нивно отстранување. Засега не е познато дали мостот е физички оштетен. Реката Дон, која е петта најдолга во Европа, претставува значајна сообраќајна и стратешка точка.Покрај тоа, аеродромот во Волгоград беше затворен на повеќе од три часа, а авиосообраќајот повторно беше воспоставен нешто пред 7 часот наутро по локално време, соопшти руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“.Гувернерот Бочаров потврди дека во нападот нема повредени и повика на смиреност. Засега не се објавени детали за материјалната штета, ниту информации за можни последователни мерки.Овој напад доаѓа во време на засилени тензии и зачестени украински напади со беспилотни летала на руската територија, како дел од пошироката стратегија за нанесување удари врз логистички и воени цели во длабочината на Русија.Инцидентот дополнително го зголемува ризикот од проширување на воените дејства, особено по предупредувањата на Москва дека ќе одговори на сите обиди за навлегување во руска територија.

Свет | пред 7 месеци

mickoski-filipce-2

Филипче и Мицкоски во судир околу „модерниот“ македонски идентитет: предупредувања за амандмани во Европскиот парламент

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри ставови во Собранието поради најавените амандмани во Европскиот парламент со кои се предлага пред македонскиот јазик да се додаде зборот „модерен“.Филипче го праша премиерот дали Владата има рок до кога ќе се обидува да издејствува подобра преговарачка позиција со ЕУ и дали со ваквите амандмани се загрозуваат македонскиот јазик и идентитет. Тој потенцираше дека сите досегашни документи, вклучувајќи го и францускиот предлог и договорот со ФРОНТЕКС, го признаваат македонскиот јазик без додавки.Мицкоски одговори дека Македонија ќе ги почне преговорите „но не како модерни Македонци“, предупредувајќи дека суштината на предложените амандмани е креирање нов топоним – „модерен македонски јазик“ и „модерен македонски идентитет“. Тој истакна дека такви формулации никогаш досега не постоеле во извештаите на Европскиот парламент и го нарече тоа закана по националниот идентитет.Премиерот посочи дека неговата Влада активно работи со европратеници и со меѓународни партнери за амандманите да не поминат на пленарната седница од 7 до 10 јули.Филипче возврати дека за време на владеењето на СДСМ, за идентитетот и јазикот никогаш не се преговарало и побара политичко единство со цел да се спречи евентуално усвојување на спорните формулации.Во репликата, Мицкоски го повтори ставот дека проблемот не е во Уставните измени, туку во континуираната политика на негирање на македонскиот народ и неговото право на идентитет.

Македонија | пред 7 месеци

tragedija-vo-grcija-19-godishen-makedonec-go-zagubi-zhivotot-na-plazha-vo-hanioti01

Млад Македонец се удави во Грција по срцев удар, спасувачот од Ханиоти сведочи за трагедијата

Македонец на возраст од 19 години почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето било извлечено во бессознание од вода и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.Според информациите од грчката Крајбрежна служба, до нивната канцеларија во Неа Мудања било пријавено дека млада машка личност е извлечена без свест од морето во попладневните часови.Спасувачка присутна на плажата веднаш започнала со реанимација, користејќи автоматски дефибрилатор, а во спасувањето помогнале и неколку капачи. За кратко време пристигнал и волонтер-спасувач, кој продолжил со оживување заедно со тимот од Итната медицинска помош.Во емотивна објава на социјалните мрежи, спасувачот напиша дека се бореле да го вратат младиот човек во живот, но борбата завршила безуспешно. Момчето било пренесено со амбулантно возило до здравствениот центар, каде што неговата смрт била официјално потврдена.Тој на Фејсбук сподели потресна објава:„19-годишно дете…19-годишен ангел…19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток.“Телото на момчето ќе биде пренесено во Судска медицина во Солун, каде ќе се изврши обдукција, а грчките власти спроведуваат истрага за причините за трагичната смрт.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-26-at-09.50.22

(Видео) Обвинение за татко од Драчево, кој ја удираше ќерката со шлаканици, ѝ се закануваше со убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година.Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие.Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 7 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Синдикатот за култура алармира: „Плата нема“ – Министерството ги крши законите и ги остава вработените без примања

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај.Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки за пресметка на платите што се спротивни на Колективните договори и важечката законска регулатива, без притоа да даде каква било писмена потврда. Тие велат дека кога институциите бараат писмен документ како основа за таквите постапки, добиваат закани – дека „нема да земат плата со месеци“.„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредува Синдикатот во својата реакција.Во објавата се повикуваат и на конкретни законски одредби од Законот за извршување на буџетот, со кои, според нив се потврдува дека одговорноста за законитоста на исплатата ја сносат исклучиво Министерството за култура и директорите на институциите, а не Министерството за финансии – кое, како што наведуваат, се користи само како изговор.„Јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението на Синдикатот на културата.Тие бараат итна исплата на платите согласно одлуките на Управните одбори. Доколку Министерството повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар, Синдикатот бара јавно да се објават конкретните одредби што би го поткрепиле тоа тврдење.Во знак на протест, Синдикатот ја прекрсти институцијата во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на, како што велат, хроничната пасивност на министерот и институционалната негрижа кон културните работници.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6873

Белата куќа: Иран не го преместил облагородениот ураниум пред нападите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста дека Иран преместил високо облагороден ураниум пред воздушните напади на САД и Израел врз нуклеарните локации Фордо, Натанц и Исфахан.Трамп ги критикуваше американските медиуми по објавувањето на доверлив разузнавачки документ што ја доведуваше во прашање ефикасноста на нападите. Според него, операцијата резултирала со „целосно уништување на целните постројки“.Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, изјави дека според „веродостојни информации“, иранската нуклеарна програма е „сериозно оштетена“.Иако Техеран призна дека постројките се „значително оштетени“, некои експерти шпекулираа дека Иран можеби го отстранил облагородениот ураниум (околу 400 килограми облагородени до 60%) пред нападите – ниво блиску до прагот за изработка на атомска бомба.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за Fox News изјави: „Можам да потврдам дека САД немаат добиено никакви индикации дека ураниумот бил преместен пред нападите.“Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), со која Иран најави прекин на соработката, го загубила надзорот врз тој материјал уште со почетокот на непријателствата, изјави директорот Рафаел Гроси за француската телевизија.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-212944

(Видео) Камбовски: Криво ми е што по лошо се познати судиите, добар дел сами сносат вина

Гостин во ,,Претрес со Ландов” е Александар Камбовски, претседател на Судски совет.Тој рече дека му е криво што по лошо се познати во јавноста, а за добар дел сами сносат вина.Сепак, вели, има и добри судии.Огромен терет, посочи, носат на свои плеќи. Има и професионалци меѓу 400 судии.,,Минимални се шансите да се згреши. По допрен глас реагираме, но не смееме да вршиме притисок. Откако сум претседател 4 судии се разрешени. Мора за неправилности да има пријави од граѓаните”, рече Камбовски.Укажа на финансискиот и кадровскиот проблем во судството.За изјавата на Мицкоски дека по смена на власта, судии и обвинители доаѓале и се жалеле дека имале притисоци, Камбовски рече дека д страшно, но рече дека ако не поднесат пријава не заслужуваат да бидат судии и е политиканство.Во Претрес вечерва по Камбовски, гостин ќе биде Владимир Туфегџиќ, ексклузивно по пресудите за грозоморното убиство на Вања и Панче.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/6dc7F8DAo7c

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-232023

(Видео) Не добив одговор зошто е убиена Вања-ова се првите зборови на татко и по соопштување на пресудата

Ексклузивно во ,,Претрес со Ландов”, гостин е адвокатот Владимир Туфегџиќ. Интервјуто со адвокатот на таткото на убиената Вања е снимено веднаш по пресудите: доживотен затвор за Палчо, Кешишев, Манев и Видевски и ослободителната пресуда за таткото на Вања, Акександар.„ Не го добив одговорот зошто е грабнато и убиено ова дете”, ова беа првите зборови по соопштувањето на пресудата на Александар, вели адвокатот Туфегџиќ.Истражните органи не беа на висина на задачата, вели адвокатот.„Јавното обвинителство се раководеше не врз основа на докази туку врз изјавите на двајца истражители. Обвинителството работеше конфузно.Едниот обвинител конфузно предложи денеска продолжување на куќниот притвор, а другиот обвинител рече дека се укинува притворот.Нема олеснување по пресудата кај мене како граѓанин бидејќи, нема простор за триумфализам. Пресудата има празнини, има празнина зошто е убиено ова дете зошто истрагата не беше насочена кон исказот на Велибор Манев уште на почетокот дека групата правела списоци за ликвидации на луѓе и зошто истражителите беа настојчиви по секоја цена таткото да биде инволвиран во овој предмет”, рече Туфекџиќ.Случајот вели не е завршен.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/6dc7F8DAo7c

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-232922

(Видео) Туфегџиќ: Ѓорчевски е убеден дека Палевски ја убил Вања, тој живее живот по инерција, под терапија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочува дека Александар Ѓорчески е убеден дека Љупчо Палевски-Палчо го сторил убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ во „Претрес“ посочи дека токму затоа и му се обратил на Палчо, да му каже, зошто тоа го сторил.„Он лично е убеден, од сето тоа што го слушна. И во своето обраќање во завршниот збор тој му се обрати на Палевски и го повика со зборовите ‘Палевски, стани, поклони се пред сите и кажи зошто ми ја уби Вањичка’. И тоа му посочи ‘не низ форма на реферети туку во две реченици’. Не можев да видам како изреагира Палевски“, рече Туфегџиќ во „Претрес“.Според него, таткото на Вања издржал низ судењата дека со примање терапија.„Ѓорчевски е под посебна терапија, така издржа. Во средина на судењата, третманот не даваше резултати за тој да биде сконцентриран, сменета му е терапијата. И точно дека има промена. Тој и самиот кажа: мижам зошто не можам да ги гледам, но секој збор внимателно го слушам. Тој беше изложен од понижувања и навреди од јавниот обвинител и сето тоа го издржа“, додаде тој.Туфегџиќ рече „тој со бесот заврши, за него, животот после убиството на Вања... нема никаков бес, освен болката која ја носи со себе. Тоа живот по инерција. Тој живее за денот, да добие одговор на прашањето ‘зошто?’“.

Македонија | пред 7 месеци

kambo1

(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања

Во новата епизода на Претрес имаме два фронта на македонското правораздавање:👉 Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет👉 Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски – таткото на убиената ВањаВо студиото се отвораат прашања кои повеќе не смеат да останат без одговор.⚖️ Со Камбовски зборуваме за:Избори на судии без образложенија – и без довербаСудиите кои застаруваат предмети и судат со годиниЗошто Весна Дамева, со пријавен конфликт на интереси, гласала за избор на Африм Фидани да биде претседател на Врховен судКој ја носи правдата, и дали Судски совет потклекнува пред амбасадите во земјава?Колку членови во Советот ги штити бизнис-елитата, а не ги фаќа законот?Зошто некои судии со сериозни прекршувања добиваат само „опомени“?⚠️ Со Туфегџиќ отвараме:Како беше обвинет таткото Александар Ѓорчевски за грабнување на сопствената ќерка?Дали Обвинителството ги игнорираше доказите, додека јавноста му пресуди однапред?Што се крие зад молкот за пиштолот – клучен доказ кој трипати беше спомнат пред суд, а никој не го побара?Дали Ѓорчевски е ослободен, но системот е виновен?Кој ја уништи вистината – и кој сѐ ќе помине неказнет?

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-19.23.18

(Видео) Сиљановска го помеша потпретседателот на САД – го нарече „Диџеј Венс“ и кажа дека бил на Самитот на НАТО, иако не присуствувал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг го помеша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио, а дополнително, во изјава за ТВ21, го нарече „Диџеј Венс“.Иако изјави дека со поранешниот претседател Доналд Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“, тој воопшто не присуствуваше на самитот. Всушност, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со сенаторот Рубио во Вашингтон, на 29 мај, а не со потпретседателот на САД.„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, изјави Сиљановска за ТВ21.Претседателката ја предводеше македонската делегација на Самитот во Хаг, заедно со министрите Муцунски и Мисајловски. Американската делегација беше предводена од Трамп, а во неа беа и Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет.На својот Фејсбук профил, Сиљановска објави фотографии од средбата со Трамп, нарекувајќи ја „кратка средба со американскиот претседател, симболичен гест на почит и партнерство“.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европскиот парламент поради, како што вели, неприфатливо вклучување во теми од „морална и научна природа“ како што се „јазик“ и „идентитет“, без правна надлежност. Тој предупреди дека Бугарија нема да прифати никакво отстапување од европскиот компромис од 2022 година, и истакна дека правата на Бугарите во Македонија не се предмет за политичко пазарење.– Претставува ризик тоа што се остава простор за слободни толкувања на поимите „македонски јазик“ и „идентитет“, што веќе го гледаме од нашите југозападни соседи – напиша Радев. Тој посочи и на, според него, нерегуларности во процесот на подготовка на извештајот, вклучително и неформални средби меѓу известувачот Вајц и македонски политичари.Паралелно, македонскиот премиер Христијан Мицкоски остро реагираше на обидите во Европскиот парламент да се наметне терминологијата „современ македонски јазик“ и „современ македонски идентитет“, појаснувајќи дека тоа не е само предлог на Европската народна партија, туку заеднички предлог на четири европски политички групи.– Во Брисел вчера видовме обид да се создаде нова нација и нов јазик – модерна македонска нација со модерен македонски јазик. Она што го обвинуваат дека Русија го прави во Украина, вчера се обидоа да го направат на македонскиот народ – изјави Мицкоски, истакнувајќи дека за него тоа не е мала победа, туку „големо разочарување“.Мицкоски порача дека Македонија нема да прифати никакви промени на својот идентитет и јазик и ја повика Бугарија да ги почитува човековите права на македонската заедница на нејзина територија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на организацијата ОМО Илинден Пирин.Тој најави продолжување на борбата и во пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи меѓу 7 и 11 јули, но предупреди дека „лицемерието“ на дел од европските политичари може да доведе до опасни паралели со руската политика на негирање на национален идентитет.– Македонија е подготвена за преговори, но само како Македонци, со македонски јазик и идентитет, не како некаква измислена нова нација – истакна Мицкоски.Во меѓувреме, Бугарија најави дека ќе достави „мислење на малцинството“ како дополнение на извештајот, а амандманот за вметнување на зборот „современ“ не беше ставен на гласање поради процедурални причини.Политичката и дипломатската борба околу идентитетските прашања продолжува, а исходот на пленарната седница во Европарламентот ќе биде следната клучна точка во овој сензитивен процес.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5572

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се суди предметот за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема.„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, велат од Врховниот суд.Нема судии во Кочани за евентуално судење за трагедијата. Сите петмина судии од Основниот суд во Кочани постапувале во прв или втор степен во постапката што се води за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во која загинаа вкупно 62 лица.Штипска апелација даде мислење – ниту кочанскиот, ниту штипскиот ниту струмичкиот суд не исполнуваат услови да го ценат обвинението за пожарот во ноќниот клуб пулс. Па поради ова, сега Врховен ќе треба да пресече и да одлучи кој суд ќе биде надлежен да спроведе судење за грозоморниот пожар.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-11.18.46

„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази.„Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите знаеле дека детето ќе оди само во училиште. Двајца кажаа дека дознале од таткото, преку Палевски. Да не знаеле дека детето ќе оди по исклучок само, немало да има грабнување. Обвинителството не можеше да оди преку овој факт. Обвинителството не можеше да донесе поинаква јавно обвинителска одлука. Извесно е дека ќе вложиме жалба, нека одлучи повисокиот суд. Во однос дека обвинетите ја сменија изјавата за Ѓорчевски, тие не понудија ниту еден разумен факт и околност зошто го сторија тоа. Тоа дека имало некаква тортура над нив, не е реално, ниту се докажа. Ние ги анализиравме сите искази нивни, никој од нив не кажа дека е употребена сила. По сите параметри, исказите се покажаа како вистински“, рече Ана Стојковиќ Димитриевска.Таа додаде: „Ова што јас го кажувам сега, е доказ. Искази на двајца обвинети се доказ. Можеби не докази какви би сакале да имаме, но со анализа на сите докази поединечно и заедно, ние немавме друга опција освен за таква одлука“.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања