ТОП

ubistvo-vanja-

(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Велибор Манев се осудени на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа.„На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски.Изречена им е и ослободителна пресуда за грабнувањето на Панче Жежовски.„Обвинетите Манев, Видевски, Кешишев, Палевски се особлодоуваат од обвинение дека на 22.11.2023 година околу 9 часот во Велес, обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски за да го присилат да даде нешто, односно автомобил. Јавниот обвинител не докажа дека тие го сториле делото, а тоа да е надвор од разумно сомневање“, рече Стефановски.Случајот започна во ноември 2023 година, кога Панче прво беше пријавен за исчезнат, а неколку дена подоцна и малолетната Вања. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и кај местото наречено „Дупки“ во Бразда.Обвинети беа пет лица – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Првите четворица се товарат за грабнување и двојно убиство, а Ѓорчевски за помагање при грабнување на неговата ќерка преку давање информации.Обвинителството побара доживотна казна затвор за четворица од обвинетите, додека за Ѓорчевски соодветна затворска казна. Како клучни докази беа наведени снимки од безбедносни камери, признанија на дел од обвинетите, сведочења и материјални докази.Првообвинетиот Палевски во своите завршни зборови го негираше учеството во убиствата, префрлувајќи ја вината врз Манев и Видевски. Во завршните зборови, Палевски и Видевски побараа да бидат ослободени од вина со тврдење дека не сториле ништо, додека Кешишев и Манев бараа да не бидат судени за убиствата, туку само за грабнувањата.Постапката доби и ново продолжение пред само неколку недели, кога беше уапсен вработен во Народна банка, за кого сведочеше Велибор Манев дека го уништил ранецот во кој бил криен пиштолот што, според обвинението, бил користен при убиствата.

Македонија | пред 7 месеци

gjorcevski-aleksandar

(Видео) Таткото на Вања ослободен од вина

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него.„Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски.Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика од другите четворица обвинети, кои се товарат за тешко убиство и барање доживотен затвор, за Ѓорчевски се бара соодветна казна затвор за помагање во извршување на кривично дело.На едно од рочиштата, Ѓорчевски се изјасни за невин, тврдејќи дека од првиот ден бил неправедно третиран од истражните органи. Изјави дека полицијата го сомничела без основа и бараше да му биде дозволено тестирање на полиграф, со цел да ја докаже својата невиност.Во текот на судската постапка, неговото име не се спомнуваше во контекст на директно учество, освен од обвинителките. Обвинителството, сепак, тврди дека тој имал предзнаење за планот, но не презел ништо да го спречи.

Македонија | пред 7 месеци

mucunski4-2

Муцунски од Хаг: Единството на НАТО е најсилната алатка – поддршка за Украина останува приоритет

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата.Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.Во своето обраќање, шефот на македонската дипломатија истакна дека кохерентноста и единството се клучни во справувањето со заедничките безбедносни закани, нагласувајќи ја потребата за засилени инвестиции во одбранбените капацитети.„Континуираната координација меѓу сојузниците е единствениот начин да постигнеме заеднички успех“, истакнал Муцунски.Тој се осврнал и на ситуацијата во Украина, изразувајќи поддршка за праведно и долгорочно решение преку директни преговори меѓу Киев и Москва, поддржани од САД и европските партнери.Македонија, рече Муцунски, останува посветена на поддршката за Украина, во согласност со своите капацитети.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп со остри критики кон Израел – Израелците со мирен одговор и благодарност

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот остро го критикуваше Израел поради, како што рече, кршење на договорениот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека е незадоволен и од Техеран и од Тел Авив, но особено од израелската страна.„Израел веднаш по договорот фрли бомби. Тоа не е во ред“, изјави Трамп пред заминувањето на самитот на НАТО, предупредувајќи ја израелската влада да не ги продолжува нападите.Од Израел пристигна смирен и дипломатски одговор – благодарност за неговата улога во посредувањето. „Искрено, не ми е многу важно што кажа Трамп. На крајот, тој помогна да се стави крај на војната, и тоа е најважното“, рече Даниел Копилков (27), готвач од Хаифа – еден од градовите погодени од ирански проектили.Професорот по историја Марк Воловици изјави дека оваа епизода го покажала степенот на израелската зависност од поддршката на САД: „Ова беше мал, но значаен потсетник за тоа колку Израел зависи од американскиот легитимитет“.Сличен став имаа и други граѓани, кои не ги доживеаа изјавите како длабока криза, туку како политичка реторика. „Тоа е како родител кој го укорува своето дете“, изјави 70-годишната Естер.Адвокатот Ефраим Глазберг (75) оцени дека Трамповата реакција била „реакција во моментот“ и не смета дека таа ќе има долгорочни последици врз односите меѓу двете земји.

Свет | пред 7 месеци

market-ovosje

„Купувај домашно“ – Владината кампања со цел зголемување на земјоделското производство и потрошувачка

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи.„Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да стане земјоделски независна држава“, порачуваат од Владата.Секој производ во маркетите ќе биде јасно обележан – дали е од домашно производство или е увезен, а целта е граѓаните свесно да избираат домашни производи и со тоа да дадат поддршка на локалните производители.„Една година Влада значи целосна посветеност на реални проекти. Земјоделците се во фокусот на нашите политики, и ќе продолжиме со мерки што директно влијаат врз развојот на економијата и растот на БДП“, велат од Владата.

Македонија | пред 7 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Топлотен бран со температури до 39 степени

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.ИЈЗ апелира да се почитуваат нивните препораки да не се работи надвор од 11 до 17 часот, да се пијат течности, да се носи лесна светла облека и да се зема редовната терапија.

Македонија | пред 7 месеци

palevski-palco

Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според најавите, треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За убиствата се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.Во обвинението стои дека обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето Панче Жежовски од Велес, пак, според обвинението, било да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на Вања.Обвинетите на почетокот од процесот, кој траеше нецела година, изјавија дека не се чувствуваат виновни, а нивните адвокати тврдеа дека обвинителите не успеале да ја докажат вината и побараа ослободителни пресуди. Обвинителството побара максимална казна, а тоа е доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.Нецела година траеше првостепената судска постапка, а денеска судијата Ивица Стефановски, ќе ја изрече пресудата за тешките убиства.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.27.16

(Видео) Бели балони за 62 изгубени животи: „Ова е опрост што не можевме да ве спасиме“

Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата.„Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на една болка и љубов која никогаш нема да згасне. Вашите имиња се врежани во нашите срца, вашите насмевки се нашето светло“, се вели во видеото што ја потресе јавноста.Во својата објава, Златев напиша:„Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души.“Тој нагласува дека не се жртви, туку сведоци – на траума, но и на љубов што не згаснува.„Ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш.“Со болка, но и со завет, Златев додава:„Ќе живееме за вас. Ќе зборуваме за вас. Ќе се бориме за вистината и за правда – во ваше име.“„Секогаш ќе бидете со нас – во секоја солза, во секој здив, во секој чекор.“

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека грешка е што процесот на промена на јавниот обвинител Љупчи Коцевски не бил поагресивен. Тој смета дека чудни се пораките кога прво од опозицијата им кажале дека вршат притисок врз правосудството со обидот за разрешување на републичкиот обвинител, а потоа ги обвинуваа дека се во спрега со него и обвинителите, односно дека нарачуваат кој да се гони за пожарот во Кочани, а кој не.„Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни, мислевме дека ќе проработи менталитетот, чувството, дека ќе заборават на партиските и бизнис стопани и дека единствен стопан ќе биде интересот на народот. Можеби тоа беше нашата грешка и таа перцепција претежнува кај народот“, вели Мицкоски.Ова одново остава впечаток дека наскоро, процесот за разрешување на Коцевски ќе продолжи. Тој беше паузиран откако се случи трагедијата во Кочани. Владата доби мислење од Советот на јавни обвинители, и истото треба да го прати до Собранието со предлог за разрешување на обвинителот. По гласање на пратениците - Коцевски може да замине дома, или пак, да остане на функцијата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Петар Богојески заминува од директорското место во Националната агенција, по речиси три месеци директорување

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За ова тој објави самиот, споделувајќи фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, во која посочува дека тоа е договорена работа меѓу коалициони партнери.„Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, напиша меѓудрогот Богојески.По неговото назначување, Европската комисија рече дека ќе бара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, бидејќи во јавноста имаше реакции за неговите ставови искажани низ социјалните мрежи.[caption id="attachment_341033" align="alignnone" width="676"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-12.27.08

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“, мајката на загинатата Моника во „Пулс“, скршена од тага

„Те убија, мајкино…“ – со овие зборови започнува потресната објава на Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Нејзиниот статус, објавен 100 дена по трагедијата, е крик од дното на една уништена мајчинска душа, но и обвинение со адреса – кон системот, алчноста и бесчувствителноста.„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, напиша Трифуновска, додавајќи дека верува оти нејзината ќерка сега е најсветлиот ангел на небото.Во статусот нема место за простување:„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место.“Својата болка ја претвора во завет:„Додека сум жива – ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена.“Објавата на Верица е сведоштво за личната траума, но и за колективната одговорност – за животот што згасна, за системот што затаи, и за болката што нема крај.„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“ – завршува нејзината објава.

Коментари | пред 7 месеци

GuMqXnnWAAAFE-h

Израел објави фотографија од иранска ракета испалена за време на примирјето – Иран остро негира, примирјето под притисок

Израелската армија денеска објави фотографија за која тврди дека прикажува иранска ракета испалена за време на договореното примирје, обвинувајќи го Техеран дека го прекршува прекинот на огнот и дека повторно ја загрозува регионалната безбедност.„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице – лице на терористичка држава и регионална закана,“ соопшти израелската војска, додавајќи дека ракетата била испалена неколку часа по формалното стапување во сила на примирјето договорено со посредство на САД.Од другата страна, иранската државна телевизија објави официјален демант на властите во Техеран, кои решително ги отфрлаат обвинувањата дека Иран го прекршил договорениот прекин на огнот. Според нив, станува збор за дезинформации и политички маневри на Израел со цел да се поткопа кревкиот дипломатски процес.„Овие конфликтни изјави дополнително го нарушуваат и онака кревкото примирје постигнато со американско посредување,“ јавуваат иранските медиуми.Тензиите повторно се зголемуваат, иако примирјето беше поздравено како можност за деескалација и стабилизација по деновите на опасна воена размена меѓу двете држави.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-19.45.03

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи... не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми...“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.ВИДЕОТО ТУКА.

Македонија | пред 7 месеци

Gerasimovski-2

ДЗР констатирал: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања

Општина Центар, заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, или 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата, утврдил Државниот завод за ревизија.Побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно.По основ на комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила, Општина Центар побарува од ЈП “Паркинзи на Општина Центар” – Скопје 16.940 илјади денари кои се однесуваат на побарувања од минати години, а за 2022 и 2023 година воопшто не искажува побарувања по овој основ.Во услови на непостоење на прецизни и јасни критериуми, во 2023 година доделени се финансиски средства на спортски здруженија, спортисти-поединци и стипендии за млади таленти во вкупен износ од 2.256 илјади денари, што претставува само 13% од вкупните средства на Програмата за спорт и рекреација, а останатите 15.000 илјади денари или 87%, Општина Центар ги доделила на КК “Работнички“ АД Скопје, при што во изминатите 9 години нема извршено контрола на наменското и законското користење на доделените средства.Општина Центар исплатила 984 илјади денари за адвокатски услуги во месечни паушали, а не врз основа на извештај/ спецификација за преземени активности според Тарифата за наградата и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Скопје | пред 7 месеци

vasil-tatko

Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни. Судот се обратил и до Министерството за внатрешни работи за потврда на адресата, но одговор не добиле. Зоран Јованов доби обвинение дека му дал автомобил на неговиот син, аико Васил немал положено возачки испит.„Ги искористивме сите законски механизми предвидени во вакви случаи,“ рече судијката. Дури и поканата до неговиот адвокат Сашко Дуковски се вратила без потврда дека е примена од обвинетиот.Обвинителот Александар Марковски објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.„Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано,“ објасни Марковски.Тодор Кулаков, таткото на трагично починатата Фросина, остро реагираше по рочиштето:„Ова е правен инженеринг. Судијката е судија на мафијата“, изјави тој пред медиумите.Следното рочиште е закажано за 10 септември. Судот најави дека ќе продолжи со обиди да го обезбеди присуството на обвинетиот.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања