ТОП

dimitar-kovacevski

Се потврди дека другарот на Заев ќе се кандидира за негов наследник

Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите, за Фокус изјави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ.-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски во изјава за Фокус.

Македонија | пред 4 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби не го дава Заев во идниот период

Вицепремиерот Артан Груби смета дека Зоран Заев е потребен во Владата во наредниот период, па затоа, неговата оставка ќе треба да почека. Според Груби, партијата ДУИ ја почитува одлуката на СДСМ за избор на нов претседател на владејачката партија.„Во однос на оставката на Заев таа е доставена до партиските органи, тоа е партиско прашање. Го почитуваме и им посакуваме успех на внатрепартиските избори. Ќе ја прифатиме одлуката на членовите за новиот лидер на СДСМ. Во однос на оставката од премиерското место, сметаме дека треба да се почека. Има многу важни прашања во месеците кои следат. Заедно со Заев на чело на Владата ќе треба да ги дочекаме и испратиме тие процеси, вклучително и дијалогот со Бугарија за да се откочи патот за отпочнување на преговори за ЕУ“, кажа Груби.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Матичните лекари ќе добијат пари ако се вакцинираат над 70% од нивните пациенти

- Сите матични лекари чии пациенти ќе бидат над 70 проценти вакцинирани ќе бидат финаниски мотивирани со плус 30 денари од пациети, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

Capture-800x448-1

„Осум години чекаа да имаат дете, тогаш се појавија близнаците“, роднините на најмладите жртви потопени во тага

Луан и Албан. Двајцата браќа кои ќе останат засекогаш на четиригодишна возраст, пишува бугарски „Новини“. Тие се најмладите патници во автобусот кој на 23 ноември фатално удри на автопатот Струма.Нивните родители Авни и Џихан се познавале уште од детството. Тие биле соученици, а потоа основале семејство. Вака за БТВ изјави братот на Авни, Имер Барди Ахмети. Среќните родители одлучија да ги однесат своите деца во Истанбул за време на викендот.„Двајцата беа заедно од градината, па од училиште, па во брак, чекаа 8 години да имаат дете. Тогаш се појавија близнаците. Тешко многу! Но, што да се прави, тоа е она што го сакаше Бог. Ние сме верници и веруваме во тоа. И ја чекаме вистината“, рече Ахмети.Разговарал со својот брат додека патувале.„Ми кажа дека децата спијат и дека ќе пристигнат во Македонија околу 2-2:30 часот и рече дека ќе ми пише. И кога се разбудив утрото, никој не ми пиша. Ништо... и тогаш сфатив дека автобусот изгоре. И веднаш тргнавме од Регенсбург со сестра ми внуците“, рече човекот и додаде: „Сите автобуси што тргнаа од Македонија се вратија, само еден, овој автобус не се врати, а јас знаев дека во него е и мојот брат“.Роднините се надеваат дека наскоро ќе ги испратат своите роднини на последното патување. По непремостливата загуба, бран со солзи и неизмерна тага го преплавува семејството. Пријатели и роднини расфрлани низ светот доаѓаат во скопското Стајковци да го утешат семејството Ахмети.Извор:Новини.бг

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-27-at-11.52.29

Сопственикот на „Беса транс“ не може да биде виновен за автобуската трагедија, кажа бугарскиот обвинител

Во предметот за автобуската трагедија во која загинаа 45 лица, не може да биде обвинет сопственикот на компанијата „Беса транс“, соопшти Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник. Тој во одговор на новинарски прашања кажа дека конкретна вина се бара кај лице кое учествувало во превозот на патници или конкретно кај возачите.„Сопственикот не може да биде обвинет бидејќи тој не бил возач на автобусот. Тој за конкретната патна незгода не може да биде обвинет“, рече Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство ПерникПрашан како може сопственикот да не биде виновен, кога тој дава налог за автобусот да биде испратен на пат, обвинителот одговори: „Вие дали разбирате дека кога настанала сообраќајната несреќа, со загинати, за жал, се бара причина која треба да се утврди и конкретна вина кај лице“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-27-at-11.30.48

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија.Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека на бугарските колеги им се предадени ДНК профилите на роднините на несреќно загинатите патници во несреќата, записници од осум сослушани сведоци, предметот оформен во Министерството за транспорт и врски за лиценцата на превозникот „Беса Транс“ и целокупната документација за автобусот со кое располага македонското Министерство за внатрешни работи.„За потребите на обвинителството на Бугарија и на обвинителството на Северна Македонија се продолжува со сослушување и на други лица. Наидовме на целосно разбирање од обвинителството од Бугарија и од утре двајца експерти од Институтот за судска медицина заминуваат во Софија за забрзување на постапката на идентификација на настрадануте“, изјави Јовевски.На прес-конференцијата присуствуваа и Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник и Младен Христов Петров, истражител во Националната истражна служба на Република Бугарија. Тие изразија сочувство до семејствата за трагичната несреќа и изјавија дека координацијата меѓу македонските и бугарските истражни власти е на исклучително високо ниво.„Ова е страшна несреќа што се сличи, и ве убедувам дека координацијата меѓу двете држави е на високо ниво и откако се случи сообраќајната несреќа институциите постојано работат на расчистување на случајот. Продолжуваме со истата активност и бидејќи се работи за обемна документација, не може се уште да се кажат точните причини за несреќата“, изјави Јорданов Михајлов.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-27-at-11.24.53

Мажот кој напиша “помалку шиптари” по автобуската несреќа со 45 загинати, заврши во полициска станица

Денеска (26.11.2021) од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по извршени оперативни проверки и активности, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје извршен е информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РСМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје.Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

bugarska-ministerka

Бугарска министерка за тоа како избувнал пожарот и брзо се проширил: околу нас е полно со експлозивни предмети

На денот на несреќата излегов на местото на настанот, разговарав со премиерот Јанев и тој ме советуваше да не одам. Ова во „Денот почнува“ со Георги Љубенов го објасни привремената министерка за регионален развој, Виолета Комитова за „БНТ“.„Слушнав повеќе од 40 експерти на сите телевизии, дури бев изненадена што во Бугарија има толку многу експерти за безбедност на патиштата. Никој не кажува дека тоа се случило во текот на ноќта, дека врнело, дека патот бил лизгав, дека има отсјај, истакна Комитова.„Ова е катастрофа во комбинација со пожар, имам работено многу во оваа област - противпожарна заштита на згради. Од пожарот, потешка е експлозијата, едноставно нема време да се реагира“, додаде Комитова.„Овде има нешто многу чудно - овој пожар многу брзо и избувна, ова се случува во многу посебни случаи. На пример - ќе ви кажам нешто многу важно - дека брашното, на пример, е експлозивно. Кога брашното ќе се измеша со воздухот, се прави експлозивна смеса. Боја - многу експлозивна работа... Односно, околу нас е полно со експлозивни предмети, за кои не ни се сомневаме“, објасни Комитова.Според неа, пожарот во автобусот зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време да се реагира.„Главниот обвинител му нареди на ВАП да ги проверува автопатиштата низ земјата. За жал, извештајот од увидот на пат не е завршен, објасни регионалниот министер.„Овој пат не е ниту автопат, ниту автопат според документи“, додаде Комитова.

Македонија | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija

Почнува транспортот на повредените во автобуската несреќа

Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Повредените се во добра и стабилна здравствена состојба.Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство. Повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување.

Македонија | пред 4 години

zaev33

Прифатена оставката на Заев во СДСМ

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Заев.Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека постапката за кандидатура почнува од утре, а ќе трае седум дена. Можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата, а по изборот на нов претседател ќе следува избор на ново раководство.На прашањето дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски за свој наследник, Кузеска кратко одговори:„Станува збор за коментар за квалитети на еден човек, а претседателот ќе се бира на внатрепартиски избори“.Заев ги информирал Извршниот и Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно и изнесува 61 пратеник, а ЦО сметал дека има простор за вклучување на Алтернатива во владиното мнозинство.

Македонија | пред 4 години

zaev-3

СДСМ ќе го менува Заев на 12 декември

На 12 декември СДСМ да гласа за нов лидер на СДСМ, ова е предлог одлуката што ќе оди пред Централниот одбор, како предлог на Извршниот одбор, потврдува за ТВ24 висок партиски функционер од Извршниот одбор.Ова доаѓа откако по нешто помалку од три часа жестока дебата, во која Зоран Заев останал нa ставот дека се повлекува.Дебата сега се сели на седницата на Централниот одбор, кој треба да ја одобри оваа одлука, пишува ТВ24.

Македонија | пред 4 години

mkd-532080

(ВИДЕО) Клуч на врата за „Беса транс“, канцелариите од вечерва запечатени

По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ" во Скопје, пренесува ТВ21. По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата.

Македонија | пред 4 години

Summerland-1

Oставката на Заев нема да се дискутира денес во СДСМ, тврди Шилегов

Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енерегетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки, изјави Петре Шилегов пред денешниот Централен одбор и Извршен одбор на СДСМ.„Нема да се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев, меѓутоа треба да разгледаме неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Мислам дека извесно е тоа да се случи и очекувам тоа да биде примарно на оваа дебата и формирањето на Владата“ вели Шилегов.

Македонија | пред 4 години

1000x-1

17 превозници казнети во Битола: возеле со неисправни кочници, уреди за управување…

17 санкционирани возила што вршат јавен превоз на територија на СВР БитолаДенеска (26.11.2021) во временскиот период од 08.00-14.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 80 возила, а биле утврдени 17 неправилности, кои се соодветно санкционирани. Од нив девет за неисправен уред за сопирање, две за неисправен уред за управување и тн.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-174428

ВИДЕО: Полиција и инспекција влезе во „Беса транс“

Четири дена по несреќата која се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија се појави инспекција во туристичката агенција „Беса-транс“ во Скопје, објави тв21.Министерот за надворешни работи на денешната прес конференција информираше дека дополнитено сите агенции кои вршат транспорт и институции кои се бават со таа дејност ќе бидат предмет на истрага во наредниот период. 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања