ТОП

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Возачите на изгорениот автобус не биле вработени - едниот бил со истечен сертификат

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата. Еден од двајцата возачи, немал ниту сертификат за професионална компетентност. Ова се податоците кои ги има министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.„Едниот од возачите е невработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година“, кажа Бочварски.Бугарски новинари веќе информираа дека еден од шоферите, Кадрим Мемеди, имал 54 години и над 20 години искуство. Неговиот син кажа дека често патувал за Германија и Турција и ги знаел рутите.Љупчо Зафиров е вториот шофер на автобусот. Тој исто така го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 4 години

345

Две истраги за „Беса транс“ и една за сите институции и комапнии: Се прават распити на патници

Обвинителството води предмет за да се утврди какви се прекршувања има направено „Беса транс“ и сопственикот, во врска со превозот на патници. Станува збор за засебна истрага, покрај првата која се води во Бугарија за причините на несреќата во која 45 патници ги загубија животите. Ова доаѓа откако беше откриено дека изгорениот автобус поминувал граници и тоа 135 пати за една година, со лиценца од друго возило на компанијата.„Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање на информации“, кажа Спасовски.Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале на лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски, кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-16.44.49

Сопственикот на „Беса транс“ знаел дека не смее да превезува патници со изгорениот автобус

„Беса транс“ повеќе не смее да ги управува автобусите. Одземена му е лиценцата од Министерството за транспорт и врски, а сега, сопственикот на компанијата треба да ја врати. Благој Бочварски како министер кажа дека сите документи побарани од Обвинителството се предадени, за непречена истрага.„Изводот кој бил користен од опожарениот автобус, е број на друго возило со други регистрации, исто така сопственост на ‘Беса транс’. Тоа е злоупотреба. Во друг наврат ја прикажувал лиценцата од фирмата. На тој начин свесно ги прекршувал одредбите на законот. Затоа му е одземена лиценцата“, рече Бочварски.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Регистриран e 421 оздравен пациент од: Скопје – 200, Битола – 33, Куманово – 22, Делчево – 21, Кавадарци и Велес – по 19, Охрид – 14, Прилеп – 13, Штип и Кочани – по 10, Берово и Гевгелија – по 9, Пробиштип – 6, Радовиш и Неготино – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Виница и Кичево – по 3, Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2, Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46 г,65 г, 79 г и 79 г), 2 починати лица од Битола (83 г и 84 г) и по едно починато лице од Велес (73 г), Кавадарци (72 г), Кочани (67 г), Делчево (70 г), Крушево (69 г) и Радовиш(76 г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88 г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Направени се 3.026 тестови преку: ИЈЗ-315, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-137, Биотек-170, Систина-72, лабораторија Лаор-97, Синлаб-13, Ремедика-11, Плодност–48, Генеа-2, Никоб лаб-325, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-39, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.243.Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 93640, Активни 3833Куманово 12829, Активни 268Тетово 11293, Активни 144Прилеп 10115, Активни 434Битола 8531, Активни 681Гостивар 8059, Активни 34Велес 7252, Активни 348Кавадарци 6880, Активни 301Штип 6543, Активни 201Охрид 6406, Активни 271Струмица 6067, Активни 160Кичево 4217, Активни 85Кочани 3961, Активни 201Струга 3893, Активни 60Гевгелија 2775, Активни 144Неготино 2547, Активни 73Свети Николе 2104, Активни 80Крива Паланка 1866, Активни 133Ресен 1721, Активни 105Радовиш 1709, Активни 70Дебар 1455, Активни 1Берово 1413, Активни 98Делчево 1360, Активни 127Виница 1144, Активни 39Пробиштип 1108, Активни 31Валандово 924, Активни 57Кратово 756, Активни 59Богданци 639, Активни 37Демир Хисар 603, Активни 88Крушево 577, Активни 24Македонски Брод 489, Активни 9Демир Капија 422, Активни 7Македонска Каменица 408, Активни 66Пехчево 347, Активни 13Дојран 160, Активни 1

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-14.17.38

Јовески со детали каде е понајдено телото на детето во автобусот на „Беса транс“

Телото на детето било најдено во изгорениот дел на автобусот, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Тој кажа дека уверува околу тоа дека нема сомнеж за пронаоѓањето на уште едно тело, бидејќи автобусот имал големи оштетувања. При изработка на вештачењата за избувнувањето на пожарот, биле најдени остатоците од детето.„Осмиот патник го споменува едно од повредените лица кое е во болница, додека документацијата на болницата покажува друго. Во болницата има дека на лекување се донесени седум лица. Забележувањето во една таква трагична атмосфера, секое лице може да има забележани различни факти“, кажа Јовески.Тој додаде дека Обвинителството бара во процесот на идентификација на изгорените патници е побарано да учествуваат и двајца претставници на Институтот за судска медицина.„Во текот на денешниот ден, Обвинителството до властите во Бугарија упати замолница да присуствуваат утврдување на идентитетот на жртвите и двајца претставници од Институтот за судска медицина, за да се забрза процесот. Во изгорениот автобус е најдено уште едно тело на починат патник, кое е пренесено во институтот во Бугарија. Се работи за лице на помлада лице. Во сообраќајната несреќа настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница“, додава Јовески.На бугарските претставници ќе им е предадена и документација обезбедена од ОЈО. Според Јовески, тоа е документацијата од ‘Беса транс’, податоци за регистрација на автобусите, како и документи од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 4 години

mickoski-arsovska

И без Заев ќе биде истото СДСМ, смета Мицкоски и не знае дали Алтернатива ќе влезе во Владата

Промената на Зоран Заев од лидерската функција, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не значи дека ќе има промени во СДСМ. Тој немаше коментар околу тоа каква одлука ќе донесе Алтернатива и дали ќе биде во владината коалиција или ќе остане опозиција. Според Мицкоски, ако истите луѓе менаџираат со СДСМ, во партијата нема да има промени.„Вечерва очекувам да се состават органите на СДСМ и да одлучат како ќе функционира таа партија. Тоа е нивна работа, нема да се плеткам во нивната работа. На локалните избори 42 градоначалници и плус градоначалникот на Скопје, ја добивме довербата. Како ќе завршат нивните состаноци е нивна работа. Они се одговорни за функционирањето на СДСМ. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме посветени на работаи само работа. Ние сме познати по работа, тие по нешто друго. Треба да се коригираат одвнатре за ‘тоа друго’. На Македонија и е потребно квалитетно СДСМ, а не лоповлук и СДСМ која е препознаена по неработа. Ако овие луѓе продолжат да менаџираат со СДСМ, не очекувам промени. Ќе најде пион за да го продолжи неговиот лик и дело. Таму треба суштински да се промени“, кажа Мицкоски.Тој во однос на тоа дали Алтернатива ќе биде дел од Владата, кажа дека нема разговарано со лидерот на партијата, Африм Гаши.„Алтернатива има две опции, едната да ја прифати понудата на Зоран Заев и да влезе во оваа Влада која ја оценуваме со најниски оцени, Влада која можеби е најлошата во овие 30 години независност или да продолжи да биде во опозиција. Тие се тие кои одлучуваат за нивната иднина. Немам информации што ќе донесат тие како заклучок, не сме зборувале со Гаши на таа тема. Да почекаме, да бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija5

Се расветли мистеријата за осмиот патник во автобусот

https://skopje1.mk/archives/149956Шади Науф ал Салех, мистериозното лице со арапско потекло кое се најде на списокот со преживеани од автобуската несреќа што го достави софиската болница, во изјава за бугарските медиуми, кажал дека тој нема ништо со трагичната несреќа, односно дека воопшто не бил патник во автобусот на „Беса транс“, туку само пациент во болницата.Имено, за Бугарската национална телевизија Салех потврдил дека тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на болницата „Пирогов“ поради скршеница на раката.По сè изгледа дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени во несреќата на автопатот „Струма“. Инаку, Салех веќе е отпуштен од болница.Претходно, забуната со името на Салех на болничкиот список за преживеани предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот осми патник кој ја преживеал несреќата.

Македонија | пред 4 години

Uranija-Pirovska-2000

Уранија Пировска е новиот претседател на Комисијата за помилување

Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.Како што соопшти Кабинерот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана ПетковскаУранија Пировска е именувана за претседател на Комисијата за помилување на местото на Сабит Кранли, а нов член во комисијата е новинарот Томислав Кежаровски.На местото на актерката Сабина Ајрула, за член на Комисијата за одликувања и признанија Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска-Нокшиќи.

Македонија | пред 4 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

ДНК од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на бугарските истражни органи

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне.Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји.Целото вклучување на следниот ЛИНК.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Нема евиденција дека автобусите на „Беса транс“ излегле од државава, директорката на Царина објасни зошто

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека цариниците кои биле на смена не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.-Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18ти поминале уште три автобуси на Беса транс, и за нив немаме евиденција во системот. Имаме одредени документи како патен лист, интербус и патна листа. Тоа е уште една причина дека имало несовесно постапување. Но, тоа не значи дека не била побарана лиценца. Самата постапка налага возачот да приложи низа документи, меѓу кои и изводот од лиценцата. Врз основа на тие документи треба да се направи електронската евинденција. Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, рече Кутиров.

Македонија | пред 4 години

bebe

Едномесечни близначиња најмлади пациенти на коронавирус во Козле

Едномесечни близначиња се најмладите пациенти  заразени од коронавирус во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, изјави директорот на клиниката  Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.

Македонија | пред 4 години

zoran-zaev-sednica-vlada-3

Направен план за транспорт на повредените и телата на починатите, Владата издаде насоки

На оваа своја седница Владата ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче.Владата го задолжи Министерството за здравство да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди соодветна здравствена нега, без разлика дали повредените лица се осигуреници во Фондот за здравствено осигурување или не.Министерството за надворешни работи е задолжено да изврши избор на соодветно транспортно претпријатие и во целост да реализира достоен транспорт на посмртните останки на починатите од Република Бугарија до Република Северна Македонија, а средствата за транспортот и погребот во целост да ќе ги покрие Генералниот секретаријат на Владата.Министерството за внатрешни работи е задолжено да обезбеди непречен премин со полициска придружба од границата со Бугарија до крајните дестинации.

Македонија | пред 4 години

25112021_VRSM_121_sednica-1

Скрининг за ковид на администрацијата, се разгледува можноста да добиваат и бонуси ако се вакцинираат

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија.Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со КОВИД-19, Владата заклучи да побара од Комисијата за заразни болести дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација.Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со КОВИД-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително.Во насока на поттик за масовна вакцинација, Владата ги задолжи сите министерства, јавните претпријатија, акционерските друштва и агенциите во државна сопственост, да спроведат скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација, како и да ги утврдат можностите за стимулација за поголем до целосен опфат со вакцинацијата, како и правната основа за рестрикции на правото на дежурства, прекувремена работа, службени патувања и други опции за дополнителни приходи за вработените во јавната администрација.Владата ќе ги разгледа и употреби сите реални можности за економски стимулации, но и за рестрикции по однос на финансиски бонуси и друг тип на надохнади кои се надвор од основиците, со цел да ги мотивира и упати граѓаните кон единствената и најефективна мерка за заштита на здравјето и за спас на сопствениот живот од опасната пандемиска болест КОВИД-19.

Македонија | пред 4 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

Двајца полицајци и нивните семејства меѓу жртвите во автобуската трагедија

Двајца полициски службеници се меѓу жртвите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија на автопатот „Струма“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде дека и членови на семејствата на вработените во МВР, се меѓу жртвите.„Колегите од МВР беа во Бугарија имаа контакти со тамошните колеги и се договорија како понатаму да продолжат. Од Институтот за судска медицина работат со колегите од Бугарија. Со обвинителите е договорен начинот на комуникација, за полесно да се обезбедат материјали и докази“, кажа Спасовски.Спасовски кажа дека сѐ што ќе биде побарано од бугарските истражители, ќе биде доставено од Македонија, а до тогаш, се останува во постојана комуникација со тамошните тимови.

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

Патник успеал да се спаси качувајќи се во погрешен автобус

Патник од Македонија со голема среќа успеал да се спаси од изгорениот автобус, откако се качил во погрешен автобус.Ова го информираше неговиот татко, за ТВ Сител, како што вели, во целата несреќна трагедија, неговиот син го следела среќа.-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања