ТОП

skopje-14

Околу 4% од луѓето осиромашеле давајќи пари за лекови и лекари на притватно

Околу четири проценти од домаќинствата во Македонија западнале во сиромаштија или во подлабока сиромаштија по приватни плаќања, а 6,5 отсто од домаќинствата имале катастрофални трошоци за здравствена заштита во 2018 година, се вели во најновата анализа за финансиска заштита во македонскиот здравствен систем, спроведена од Светската здравствена организација (СЗО).– Добро е да се види дека состојбата со пристапот и финансиската заштита се подобрувала пред пандемијата. Сепак, наодите од извештајот покажуваат дека овие теми заслужуваат повеќе внимание во заложбите на Северна Македонија да создаде подобар систем од оној пред кризата, рече д-р Џихан Тавила, претставникот на СЗО во Северна Македонија.Финансиските тешкотии поради формални и неформални приватни плаќања се одраз на постојаните празнини во опфатот со здравствена заштита: дел од населението е неосигурено; опфатот со лекови е ограничен; а заштитата од кориснички трошоци (партиципација) е недоволна. Покрај тоа, уделот на јавните расходи за здравствена заштита во БДП опаѓа.Според анализата, се проценува дека околу 10 отсто од населението немало здравствено осигурување во 2018 година, а тоа значи дека единствено имаат право на јавно финансирана итна медицинска помош и задолжителна вакцинација. Неосигурените лица се најчесто луѓе без редовен работен однос и вработени на кои не им се исплаќаат платите навреме.Новиот извештај дава серија препораки за подобрување на пристапот до здравствена заштита и финансиската заштита во Северна Македонија.– Да се опфати целото население со прекинување на врската помеѓу правото на здравствена заштита и плаќањето придонеси за здравствено осигурување, така што пристапот до здравствена заштита повеќе нема да зависи од здравственото осигурување, да се направат лековите подостапни за луѓето преку стратешки набавки, редовно ажурирање на позитивната листа, ослободување на повеќе луѓе со ниски приходи од кориснички трошоци (партиципација) и проширување на годишното ограничување на партиципацијата на сите видови партиципација и да се отстранат причините за неформални плаќања, почнувајќи со подобро следење на нивната улога и големина, стои во извештајот.

Македонија | пред 4 години

stankov

„Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело“, директорот на судска медицина контра бугарските обвинители

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека завршени се 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело. Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело.Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица с еспасиле од несреќата.Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.

Македонија | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija

Соопштена првичната можна причина за автобуската трагедија и палењето на возилото

Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за палење на автобусот во кој изгореа 44 патници, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банките.Според неговото објаснување, по ударот на автобусот во една од банкините на патот, тој подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-at-10.05.30

Се прават распити, тубите за гориво биле празни - бугарското обвинителството со детали за несреќата

Главниот сомнеж на бугарските обвинители е дека човечка грешка е причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. До овој момент, иако во јавност говорат десетици сведоци, во Обвинителството не се јавил никој од нив да даде изјава, ниту бил затекнат. Се прават и распити на патниците кои се лекуваат во бугарската болница.„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен а распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле живи. Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-техничарски експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.Тој отфрли и други верзии за тоа како настанал пожарот во автобусот.„Верзијата за пренос на гориво не е точна. Имало три туби, со остатоци од нафта. Не биле полни. Пожарот не настанал од тоа. Нема туби со бензин или други материјали кои можат да се запалат, освен тоа што има во автобусот. Уште во првите часови од инцидентот, за да нема шпекулации дека станува збор за терористички напад, тоа го демантирав. Земавме и честички од автобусот, проверивме, по што констатиравме дека тоа не е терористички акт. Денеска продолжуваат распити, се гледаат и анализираат остатоците од автобусот, се проверува дали можеби пожарот настанал поради дефект. Ќе треба да ја расчистиме таа верзија. Засега, се сомневаме во човечка грешка. Во однос на патот, таа делница е страшна. Ако имало човечка грешка, таа била помогната од лоша организација на движењето и сигнализацијата“, додаде заменик-главниот обвинител на Бугарија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-093431

Превозник од Бугарија: Новите автобуси имат вградени сигурносни системи, апсурдно е да изгори за толку кратко време

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ на новинарка од бугарски портал ѝ објаснува дека такво возило, какво што е и возилото на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.– Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи – категоричен е превозникот.При тоа, тој ја покажува противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија, кои служат за препознавање на ознаките на патот, за електронско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – категоричен е Исмаил.

Македонија | пред 4 години

joveski

Тезата за тубите со гориво во автобусот кој изгоре е шпекулација за Јовески

Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи. Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител на Република Северна Македонија Лубомир Јовески и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма, видел пластични туби кои не изгореле.Јовески објасни дека во моментов се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во С Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, додаде Јовески. Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Царници се суспендирани, автобусот кој не смеел да ја напушти границата не бил евидентиран

Возилото на „Беса транс“ кое било без лиценца, поминувало на четири гранични премини низ државава во период од една година. Ова го констатираше Царинската управа, по направените проверки. Во овој период, се превезувале и патници. Последниот излез на автобусот кога со патниците заминал за Турција, не бил евидентиран, а извршена била само заверка на евидентниот лист за превоз на патниците.„Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.Оттаму, велат дека се проверува и веродостојноста на документите кои „Беса Транс“ ги приложила при влез и излез на автобусот кој е без лиценца, од земјава.„За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува“,

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

10 починаа, 442 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 36, Битола – 27, Крива Паланка – 15, Куманово – 14, Кочани – 13, Охрид – 11, Кавадарци и Кратово – по 9, Струмица и Неготино – по 8, Демир Хисар – 7, Штип, Ресен и Кичево – по 6, Гевгелија – 5, Велес, Берово и Радовиш – по 4, Тетово, Струга и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.Направени се 2.939 тестови преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173.Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 93200 3832Куманово 12791 266Тетово 11279 152Прилеп 10071 419Битола 8447 685Гостивар 8057 37Велес 7229 363Кавадарци 6837 311Штип 6529 204Охрид 6373 258Струмица 6053 150Кичево 4212 88Кочани 3940 210Струга 3891 59Гевгелија 2761 156Неготино 2544 85Свети Николе 2094 72Крива Паланка 1854 141Ресен 1715 105Радовиш 1704 77Дебар 1454 0Берово 1395 100Делчево 1350 140Виница 1140 43Пробиштип 1103 34Валандово 912 49Кратово 750 61Богданци 636 40Демир Хисар 595 84Крушево 575 23Македонски Брод 487 8Демир Капија 421 7Македонска Каменица 401 62Пехчево 347 16Дојран 159 2

Македонија | пред 4 години

345

Се огласи компанијата, објасни дали во автобусот се превезувале пиротехнички материјали и резервно гориво

Компанијата „Беса транс“ која со нелиценциран автобус превезуваше патници, а враќањето од патувањето во Турција заврши со 45 изгубени животи, демантира дека со возилото се шверцувало гориво или пиротехнички средства. Во јавна објава, тие објаснуваат дека во него немало ниту резервно гориво.„Во автобусот немало багаж за шверц на бензин нафта или пиротехнилки средства. Овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри дизел. Во никој случај немало резерва за шверцерски цели. Ги замолувме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат семејствата“, се вели во дел од објавата.Инаку, дел од бугарските медииуми пишуваа дека во автобусот имало резервни залихи на гориво. Според истите, горивото било разрелано и на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. Денеска пак, се излезе со информации дека во автобусот имало и пиротехнички средства.

Македонија | пред 4 години

20211123094006

Фирмата чиј автобус нелегално превезувал патници остана без лиценца!

После официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата Беса Транс БТБ, кое уествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.„Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски.Притоа, напоменуваме дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата Беса Транс БТБ, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата Беса Транс БТБ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност.Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски.Дополнително, Владата на Република Северна Македонија на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот Беса Транс БТБ.Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции и стои на располагање со целокупната база на податоци„, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Pece-Matevski

Хармоникаш стана директор на РЕК Битола, настапувал со два бендови

Пеце Матевски, хармоникаш и досегашен директор на Термоелектрана е назначен за в.д. директор на РЕК Битола, откако беше разрешен досегашниот директор Златко Ќурчиевски, пишува Фокус.Матевски е познат во јавноста како хармоникаш, кој своевремено настапуваше со групата Бон – Тон, а пак пред неколку години беше дел од Три Бенд, со кој имаше редовни гостувања во ресторани, но и на свадбени веселби.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

rek-bitola-1

За ЕСМ ексхармоникашот и новиот директор на РЕК Осломеј се професионални кадри

- Управниот одбор на АД ЕСМ на состанокот одржан на 23 ноември донесе Одлука за назначување на вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Битола на Пеце Матевски и вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Осломеј на Стојан Мицоски.До назначувањето, Пеце Матевски ја извршуваше функцијата директор на Термоелектрана, а претходно беше координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Претходно работел во приватниот сектор.Матевски е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси.До назначувањето за в.д. директор на РЕК Осломеј, Стојан Мицкоски ја извршуваше функцијата технички директор на Рудници, а претходно работеше како одговорен инжинер на јагленов систем и раководител на Машинско одржување. Мицкоски е дипломиран машински инженер. И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање, и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј.АД ЕСМ ги осудува обидите на опозициската партија да го прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција, особено ако тоа било во време кога политичката структура не дозволуваше способни и професионални лица да напредуваат или да се вработат на соодветно место без да имаат соодветна партиска припадност.Ги осудуваме и обидите на дел од порталите за правење сензационализам за приватниот живот на било кој граѓанин, кога истото не е во корелација со неговите стручни квалитети и подготовка за обавување на назначената позиција. - се вели во соопштението од ЕСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за новоназначените директори на РЕК Битола и Осломеј

Македонија | пред 4 години

skrinn

Младиот пар со потресно сведоштво: Имаше многу деца, луѓето вреска, беше како хорор филм

Стабилна е состојбата на преживеаните во трагичната несреќа која се случи вчера на автопатот Струма во соседна Бугарија, пренесува порталот „Onair.bg“.Aвтобусот се движел, удрил во тротоарот од десната страна, а потоа пукнала гума и настанал пожарот, по што по 20 метри автобусот сам застанал, вака ја започнува својата приказна 26 годишниот Лулзим кој е меѓу седумте преживеани заедно со неговата свршеница.До него во автобусот спиела неговата свршеница Медина која раскажа дека преживеала вистински пекол.„Заспав и одеднаш ги слушнав патниците како плачат и викаат. Црниот чад беше како експлозија на бомба. Сите спиевме, околу два часот по полноќ започна кошмарот. Слушнав како плачат деца, имаше многу деца“, раскажува Медина.Нејзиниот свршеник додава дека луѓето почнале да кашлаат, повраќаат и врескаат како во хорор филм.-Успеав да го скршам страничното стакло на автобусот и скокнав, а потоа ја повлеков и мојата свршеница која не можеше да оди бидејќи пред несреќата и беше скршена ногата, вели тој.

Македонија | пред 4 години

1637648545-259833037-1797080953817100-5716141392939961626-n

Седум дена ќе трае процесот на идентификација на жртвите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека е започнат процесот на идентификација на телата на жртвите од страшната сообраќајна несреќа и истиот ќе трае седум дена.„Во тој процес нашите експерти се активни. Побараа помош и се договоривме во делот на забрзување на собирање на билошките материјали, постапка која што МВР веќе се прави во Скопје и очекуваме да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација“, истакна Османи.На вчерашната владина прес-конференција беше соопштено дека пренесувањето на телата ќе биде на товар на државата

Македонија | пред 4 години

261013432_10220014796428188_6340426829226153143_n

(ФОТО) Изгоре планинарскиот дом на Пелистер

Се запали планинарскиот дом „Широка“ или познат и како „Ловечка куќа” на Пелистер.На социјалните мрежи денес беа објавени фотографии од истиот на кои може да се забележи дека кровот е целосно изгорен, и останати се само ѕидовите.Планинарскиот дом е сместен на околу 1940 м надморска висина, покрај макадамскиот пат кој води до врвот Пелистер. Опкружен со прекрасна природа, и истиот е одлична дестинација за кратки пешачки и велосипедски екскурзии, или како попатна станица за посетителите чија крајна цел се Големо езеро или врвот Пелистер. 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања