ТОП

Screenshot-2021-11-24-161317

(ВИДЕО) Вработените во Театар Комедија незадоволни од одлуката, бараат нов в.д. директор

Вработените во Театар Комедија не се согласуваат со одлуката на Министерството за Култура за разрешување на Нора Шаќири Марковиќ и назначување на нов в.д. директор.„Шокирани сме од оваа одлука со која за нов в.д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа која што беше разрешена за неправилности во работењето. Можеби е крајо време инспекторатот за труд да го посети театар Комедија. Кога театарот беше во долгови без основни услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи и долгови, в.д. директорката што сега ја разрешува министерството, успеа да реши дел одовие проблеми и да го врати театарот на вистинскиот пат,Дали некој со интенција пробува да го сруши Театар Комедија и да го врати во агонијата во која што беше пред да се постави Нора Шаќири за в.д. директор?“, велат вработените во театар Комедија.Тие додаваат дека доколку Министерството за култура смета дека таа не е соодветен кадар, на оваа функција треба да се постави Дарко Спасов, кој што е професионалец и во кого целиот ансамбл има доверба.

Скопје | пред 4 години

milena-stevanovic

Исполнети капацитетите на инфективна, Стевановиќ со свои превдидувања за крајот на пандемијата

Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ  за порталот Трилинг изјави дека болничките капацитети на клиниката се исполнети.– Во моментот имаме 80 хоспитализирани пациенти на различна возраст, на жалост меѓу нив има и млади пациенти во тешка здравствена состојба – рече таа и додаде дека е тешко да се предвиди каква ќе биде состојбата со ковид-19, особено зимава.Таа предвидува дека пандемијата веројатно ќе трае до крајот на идната година.

Македонија | пред 4 години

ABCC2D1A-D7A8-44E1-8C44-74605EBFB838

Тинејџерка сведочеше за несреќата: пробав да го скршам прозорецот…не успеав, кога се разбудив бев падната надвор

Зулејха Јашаровска е 16- годишна тинејџерка која ја преживеа кобната автобуска несреќа на автопатот Струма во вторникот рано утрото кога загинаа 46 патници, меѓу кои 12 деца. Автобусот ги враќал патниците од викенд екскурзија во Истанбул, преку Бугарија кон Скопје.-Нешто паметам, нешто не, вели таа од болничкиот кревет во болницата Пирогов во Софија каде по несреќата е на лекување заедно со уште шест патници кои ја преживеаја несреќата.Таа вели дека седела на последното седиште од автобусот.-Јас спиев и кога се разбудив, сите викаа, пискаа и сакав да го земам тоа за кршење на џамот, но не успеав и со рака пробав и потоа не паметам што се случи. Кога се разбудив бев падната надвор, вели Зулејха.Таа од пожарот има изгореници на рацете. Во моментов во Софија во посета кај неа е нејзиниот татко Аднан Јашаровски.Според сведоштвата на другите преживеани, во спасувањето помогнале патниците Орхан Алити и Љуљзим Сулејмани кои исто така се згрижени во болницата во Софија.Страотната несреќа ја преживеаја седум патници: Ебип Пајазитовски, Ѓула Јашаровска, Зулејха Јашаровска, Минир Јашаровски, Медина Љутвиј , Љуљзим Сулејмани, кој е државјанин на Србија и Орхан Алити, белгиски државјанин.

Македонија | пред 4 години

avtobus-zapalen

(ВИДЕО) Запалениот автобус отстранет од автопатот

Со силно полициско обезбедување, попладнево беше отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија,пренесе ТВ21.Автобус на „Беса транс“ од се уште не утврдени причини, околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил, а животот го загубија 45 патници, додека пак седуммина беа хоспитализирани во Бугарија. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-214954

(ВИДЕО) И Бугарите имаа што да видат: Известуваа за несреќа со снимка од шофер на ЈСП кој збори на телефон и вози

Бугарската национална телевизија BNT за време на посетата на Скопје сними автобус на ЈСП, а видео снимката ја прикажуваше за време на вестите додека известуваше за трагичната несреќа.На видеото може да се забележи возачот на ЈСП кој не ги почитува ковид-протоколите. На возачот маската му е под брада, а исто така за време на возењето зборува на телефон.„Кога ќе почнете да ги казнувате овие што возат и зборат на телефон, твитаат, гледаат ФБ?“, „Точно лице на државава. Се дешава автобуска несреќа, око не им трепнува на нашиов народ!“, „Ова е секојдневие во сите автобуси. Не само на тие од ЈСП, туку на превозниците низ цела држава“, „Тунгузија не ни е рамна!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-11-24-085456

Видео од местото на несреќата: Во еден момент двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки, корупцијата убива!

На социјалните мрежи беше објавено видео од местото на несреќата каде загинаа 45 македонски граѓани по сообраќајна незгода со автобус. Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по која што возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите се што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото.Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикално обележување.

Македонија | пред 4 години

ljuljzim-960x567-1

(ВИДЕО) Сведоштво на патникот од Прешево: Тркалата пукнаа, избувна пожар, имаше многу чад

Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, од софиската Клиничка болница за ТВ Клан го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога рано утрово изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ и животот го загубија 45 луѓе.„Автобусот во движење удри од десната страна во тротоарот. Тркалата пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево. И сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица, изјави Сулејмани за ТВ Клан.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пиргов: Ако кај резервната гума имало бензин, тоа било кобно

Секретарот на Регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, кој меѓу првите пристигнал на местото на настанот, смета дека возачот на опожарениот автобус возел со несоодветна брзина, повеќе од 100 километри на час, а се движел по десната коловозна лента.-Првото што ми падна во очи беше дека шоферот не кочел. Нема шанса ниту да заспал, а бидејќи автобусот е нов, оставам само 10% за можна техничка неисправност, евентуално да откажале сопирачките, но искрено не верувам, вели Пиргов за nova.bg.Тој појасни и дека автобусот удрил со предната десна гума во знак што летнал 5 метри. Според него, пожарот избил од предниот дел од автобусот, а според полицијата кај резервната гума имало туби со бензин.– Во автобусот имало доста гориво, па мислам дека бил продупчен резервоарот, по што истекла нафта. Нафтата е тешко запавлива течност, но од искрите кои се појавиле од триењето на железо со железо, односно на автобусот од банкината, се создава пареа, како магла. Навлегувајќи во внатрешноста на автобусот се сомневам дека тоа најпрвин ги задушило, или ги зашеметило патниците. Вториот удар, кога запрел автобусот, некои велат, јас не сум видел, дека автобусот се запалил од напред, а наводно имало туби со бензин. Тоа многу лесно може да се докаже и верувам дека тоа ќе го направат истражните органи. Резревната гума се наоѓа точно напред. Ако таму имало бензин, тогаш тој гори многу брзо и за пет минути и затоа немале време да се спасат, единствено оние кои седеле на задните седишта, изјави утринава Пиргов.

Македонија | пред 4 години

12032020_PVRSM_Spasovski_Vladin_ekonomski_tim_sredba_so_pretstavnici_na_stopanskite_komori-3

Бизнис секторот е лут: Неприфатливо е тестирање платено од претпријатија, кога тие се во лоша финансиска состојба

Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект. Ова го бара Сојузот на стопански комори. Оттаму велат дека со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за кои нема правен механизам за спроведување сите се ставаат во неповолна состојба.„Со најавената задолжителна вакцинација во приватниот сектор се добива впечаток дека проблемот се префрла од Министерството за здравство кон деловните субјекти. Во услови кога не е спроведена целосна вакцинација на медицинскиот персонал, потребна е сериозна кампања на Министерството за здравство преку која ќе се споделат релевантни информации за вакцините и ќе им овозможи на луѓето секој индивидуално да донесе одлука базирана на факти.Целосно е неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат да падне на претпријатијата, бидејќи тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба со сериозно намалена ликвидност, бидејќи голем дел од обврската за да се задржат вработените и да се одржи деловната активност во услови на криза е токму на работодавачите.Во услови на инфлација, раст на цените на сите суровини и репроматеријали, стотици парафискални давачки, наместо олеснување и креирање на политики за економско заздравување, ваквото наметнување на нов трошок за ПЦР тестови само ќе придонесе за згаснување на претпријатијата и продукција на зголемен број на невработени лица кои ќе паднат на товар на државата. Проблемот е нагласен поради тоа што не се работи за еднократен трошок, за да би можеле деловните субјекти да калкулираат во своите пресметки, како што се на пример редовните систематски прегледи за вработените, туку се работи за константно повторување на секои 72 часа, што е тотално несправедливо.Ја повикуваме Владата наместо донесување на мерки со кои ќе се продлабочи кризата, во наредниот период да се посвети на креирање и имплементација на политики кои ќе донесат заздравување на економијата, преку нови, навремени, континуирани и насочени мерки, донесени во консултација со приватниот сектор. Сојуз на стопански комори, како и досега, изразува подготвеност со свои експерти да придонесе во предлагање и креирање на истите“, посочија од Сојузот на стопански комори.

Македонија | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona

За една недела, 49 граѓани по вторпат заразени со коронавирус

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во изминатата недела 49 граѓани по втор пат се заразиле од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени по втор пат се искачи на 870 граѓани.-Регистрирани се и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица, велат од ИЈЗ.Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

пред 4 години

IMG-20211123-WA0008-960x720-1

(ВИДЕО) Пукање во Чаир, едно лице заврши во болница

На 23.11.2021 околу 16,40 пријавено е дека на паркингот на ОУ Живко Брајковски на ул.Хо Ши Мин, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото, дознава тв21Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija

Од Црна Гора и Русија до Португалија: Трагедијата со загинатите македонски државјани е најтешка во изминативе 10 години

Автобуската несреќа во која загинаа најмалку 45 лица во Бугарија е најтешката во Европа во последните десет години.Еве ја листата на најтешките автобуски несреќи во Европа во изминатата деценија.2019 годинаПОРТУГАЛИЈА: Најмалку 29 германски туристи загинаа на 17 април во автобуска несреќа со педесетина луѓе на португалскиот остров Мадеира. На кривината автобусот излетал во провалија длабока десетина метри.РУСИЈА: Автобус со околу 40 патници падна во замрзната река во Трансбајкалската област во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица, а 21 лице беа повредени, пренесува net.hr.2018 годинаТУРЦИЈА: Најмалку 17 лица загинаа, а 36 се повредени на 29 март во источна Турција во минибус кој превезувал илегални мигранти од Иран од Пакистан, Авганистан и Иран.БУГАРИЈА: При силен дожд, туристички автобус излетал од патот и паднал во реката Искар, во близина на Своге на северозападот од земјата. Загинаа 20 лица, а околу дваесет беа повредени. Патниците се враќале од посета на манастирот.2017 годинаИТАЛИЈА: Унгарски автобус со тинејџери се запали на 21 јануари откако удри во столб на мост на излезот од автопатот кај Верона. Загинаа 16 лица.ТУРЦИЈА: Најмалку 23 лица загинаа, а 11 беа тешко повредени на 13 мај на преминот Сакар, планинска област во близина на одморалиштето Мармарис во југозападниот дел на земјата, кога автобус излета од кривина и падна врз друго возило на петнаесет метри подолу.ГЕРМАНИЈА: Осумнаесет лица загинаа, а 30 се повредени на 3 јули на автопатот во близина на Минберг на југот на земјата кога во сообраќаен метеж автобус удрил во камион пред себе и се самозапалил.РУСИЈА: Најмалку 17 лица загинаа на 25 август на југот на земјата кога автобус со градежни работници падна во Црното Море од височина од неколку метри. На 6 октомври истата година, воз налета на автобус на железнички премин на околу сто километри источно од Москва. Убиени се 16 лица, главно Узбеци.2015 годинаФРАНЦИЈА: Четириесет и три лица загинаа на 23 октомври во фронтален судир меѓу камион кој превезувал трупци и автобус кој превезувал пензионери во департманот Жиронд во југозападниот дел на земјата. Двете возила се запалиле, а патниците останале заробени во автобусот.2014 годинаТУРЦИЈА: Дваесет и едно лице загина, а 26 беа повредени на 23 јануари во центарот на провинцијата Кајсери. Автобусот кој сообраќал на линијата Истанбул-Кајсери се лизнал и излетал од автопатот.ТУРЦИЈА: Камион-цистерна со течен гас се преврте и експлодираше на 22 јули, при што беа запалени два автобуса и автомобил што се наоѓаа во близина, на автопатот во близина на Дијарбакир на југоистокот на земјата. Загинаа 26 лица.2013 годинаЦРНА ГОРА: Шеснаесет Романци загинаа, а 31 беа повредени на 23 јуни во Црна Гора во автобуска несреќа во провалија во Грл, на планински пат на околу 30 километри северно од Подгорица.РУСИЈА: Најмалку 18 лица загинаа во судир на камион и автобус на 13 јули во близина на Москва.2012 годинаШВАЈЦАРИЈА: Дваесет и осум лица, меѓу кои 22 студенти од Белгија, загинаа на 13 март во автобуска несреќа што удри во ѕид од тунел во близина на Сиера во кантонот Вале на југот на земјата.2011 годинаТУРЦИЈА: Камион се судри со минибус на 21 декември во провинцијата Дијарбекир, при што загинаа 25 лица, главно студенти.

Македонија | пред 4 години

345

Никој не знае колку време „Беса транс“ превезувале патници со автобус без лиценца

Институциите не знаат колку пати автобусот на „Беса транс“ вршел превоз на патници во и надвор од Македонија. Нема одговор ниту колку пати е направена контрола во компанијата од страна на инспекторатот за транспорт. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кажа дека при излегување од државата, Царинската управа требало да прави редовна контрола при секое напуштање на државата со патници.„Контрола на транспортните компании врши Државниот инспекторат за транспорт. Контролите се прават по пријава или вонредна контрола. Таа компанија може да биде исконтролирана на граничните премини. Не знаеме колку пати ова возило ја напуштило државата и вршело транспорт. Треба документацијата да биде исконтролирана на границите од страна на Царинската управа. При излегување да бидат побарани сите документи, а ако не ги поседува, треба да биде запрен“, кажа Бочварски додавајќи дека една лиценца која ја издава Министерството за транспорт и врски важи пет години.Тој нема информации дека во автобусот имало канти со нафта и додаде дека доколку е така, треба тоа да го утврди истрагата.„Техничката исправност на возилата не ја утврдуваме ние. Тоа се контролира кога се дава согласност и контрола на техничката исправност на самото возило. Ние добиваме документација од тие компании за тоа дали и колку техничка исправност има возилото за да врши превоз на патници. Има разни типови на превоз, со 12,15,19 седишта. Зависно од спецификацијата. Таа регистрација ја врши МВР по извршен техники преглед. Потоа, се аплицира за дозволи за превоз на патници“, кажа Бочварски.

Македонија | пред 4 години

spasovski

Организацијата околу враќањето на жртвите ќе биде на трошок на државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека државата ќе ги плати трошоците околу враќањето на жртвите.„Сакам да порачам како човек и член на Владата дека остануваме заедно со семејствата, а институциите се тука за помош и поддршка. Организацијата и трошоците на жртвите во несреќата во државава, ќе бидат на трошок на државата. Тим на МВР од сообраќајната полиција, Одделот за криминалистичко-технички вештачења тргна за Бугарија за да биде помош на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнаа и претставници на стручни служби која ја понудија експертската помош. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и верувам дека со заедничка соработка, брзо ќе имаме одговор на сите нејаснотии за оваа трагедија. Согласно тој одговор ќе имаме ефикасност во утврдување на одговорноста“, кажа Спасовски.

Македонија | пред 4 години

9047097.840x500-pim2-daab5166

Автобусот поминал технички преглед и бил оценет како исправен

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека последната проверка на техничката исправност на автобусот била на 5 октомври 2021 година односно пред месец дена. За сите отворени прашања, Спасовски посочи дека истрагата ќе ги даде одговорите. Тој изрази благодарност до Бугарија и посочи дека посакува брзо закрепнување на повредените.„Тим на МВР од сообраќајната полиција, Одделот за криминалистичко-технички вештачења тргна за Бугарија за да биде помош на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнаа и претставници на стручни служби која ја понудија експертската помош. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и верувам дека со заедничка соработка, брзо ќе имаме одговор на сите нејаснотии за оваа трагедија. Согласно тој одговор ќе имаме ефикасност во утврдување на одговорноста“, кажа Спасовски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања