ТОП

253854413_2000641593444623_5137609668510719304_n-1

Градоначалникот на кого му се слоши додека говореше Мицкоски има корона

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов попладнево добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19.Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

13 починати лица и 677 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 3.317 тестирање, а регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.· Регистрирани сe 517 оздравени пациент од: Скопје – 237, Куманово – 36, Прилеп – 30, Битола – 21, Велес – 20, Штип – 18, Тетово и Охрид – по 17, Кочани – 16, Кавадарци – 15, Берово – 14, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 9, Кичево – 8, Радовиш и Неготино – по 7, Струмица – 6, Валандово – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Виница, Пробиштип ,Струга и Македонска Каменица – по 3, Демир Хисар – 2, Делчево ,Гостивар и Дојран – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.· Направени се 3.317 тест преку: ИЈЗ-341, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-38,ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-132, Биотек-314, Систина-69, лабораторија Лаор-110, Синлаб-17, Ремедика-22, Плодност–74, Генеа-6, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-40, Ројал Медика –11, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.436.Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градовиЗаболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 90497, активни 3728Куманово 12532, активни 399Тетово 11149, активни 196Прилеп 9724, активни 380Гостивар 8029, активни 39Битола 7869, активни 548Велес 6992, активни 357Кавадарци 6532, активни 341Штип 6334, активни 238Охрид 6228, активни 200Струмица 5943, активни 95Кичево 4168, активни 113Струга 3857, активни 48Кочани 3725, активни 224Гевгелија 2637, активни 125Неготино 2454, активни 84Свети Николе 2055, активни 86Крива Паланка 1747, активни 164Радовиш 1644, активни 67Ресен 1624, активни 66Дебар 1453, активни 3Берово 1301, активни 56Делчево 1236, активни 96Виница 1109, активни 37Пробиштип 1073, активни 70Валандово 871, активни 22Кратово 686, активни 48Богданци 604, активни 25Крушево 564, активни 26Демир Хисар 527, активни 60Македонски Брод 482, активни 7Демир Капија 410, активни 1Македонска Каменица , активни 48Пехчево 325, активни 3Дојран 152, активни 6

Македонија | пред 4 години

skender-redzepi

Реџепи го прифаќа предизвикот на Мицевски

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, објави ТВ21.Како што дознава телевизијата, во седиштето на Алтернатива попладнево се разговара за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму произлегува како можна опција уривањето на владата. Реџепи претходно изјави дека бил „прелажан“ да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство во која се вклучени и пратениците на Левица. Тој дури рече и дека ќе ја напушти партијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, пред да гласа за недоверба на владата заедно со Левица, која според него е антиевропска, анти-НАТО и антиалбанска партија.Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада, напиша денеска Никола Мицевски на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

micevski-1

Мицевски до Реџепи: Дојди заедно да ја урнеме криминалната Влада

Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада, му пишува денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Скендер Реџепи - Зејди од Алтернатива кој изјави дека ако Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.Мицевски сега му вели дека откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започнала со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание.„Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, вели Мицевски.

Коментари | пред 4 години

sdsm

Што се зборува на состанокот во СДСМ, пред гласањето недоверба

Треба да се спремиме за четврток. Пред нас се големи предизвици за кои сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е најдоброто решение, изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи пред состанокот на највисоките тела на партијата.Тој смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е демократски чин и „мораме да се навикнеме на такви нешта“.-Не значи дека премиерот не ни треба. Заев во моментов е потребен за општеството и владеењето во државата. Не знам дали денес ќе расправаме за неговата оставка. Тема на разговор треба да ни биде енергетската и економската криза, пандемијата и севкупниот предизвик на државата. Не бегаме од одговорност, потенцира Битиќи пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-09-at-15.38.53

ВИДЕО: „Петре изгуби, ајде сега мрш“, избркани работниците кои ја рушат галијата

На социјалните мрежи се шири видео снимка од денешниот инцидент на галијата, која ексградоначалникот Петре Шилегов започна да ја руши.Додека двајца мајстори утрово работеа на демонтирање на галијата се појавува човек кој се претставува како газда и со повишен тон им вика „Петре изгуби, нема судска пресуда, кој ве прати вас, кој ви е газда,одма соберете се и да си одите. Сте ми направиле еденипол милион штета, ајде одете си, да не ве видам тука – вели човекот кој се преставува како газда, а според написите во медиумите галијата е на име на бугарски бизнисмен.

Скопје | пред 4 години

Kozle-1

Ужасна е состојбата: Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, две се на кислородна поддршка

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба.Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.

пред 4 години

18122020_Bekteshi_press2

Прогласена кризна состојба

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Македонија | пред 4 години

skopje-nova-godina-7-28871

За новогодишно украсување, Скопје ќе плати 243.000 евра

Град Скопје го склучи договорот за новогодишно украсување на градот. Украсувањето ќе чини 243.000 евра, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Скопје | пред 4 години

struja

Ќе поскапе струјата, кризата не се знае до кога ќе трае

Електроенергетскиот систем во Македонија е затечен со енергетска криза на високи цени на електрична енергија на пазарот. Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електроника и информациски технологии смета дека треба да се активираат домашните капацитети за производство, бидејќи никој не може да каже до кога ќе трае кризата. Објаснува и дека до Македонија во последните десет години увезувала 30 отсто, сега се увезува 40-50 отсто. Ова е последица на тоа драстичниот пораст на цените на регионалниот пазар, но и неисполнување на обврските од страна на добавувачите, пишува А1он.мк„До кога ќе трае ова состојба никој не може да каже, затоа е потребно да се активираат домашни капацитети кои се на располагање, а тоа се на јаглен и мазут. Редукции е крајна опција доколку не може да се обезбедат дополнителните производни капацитети во Битола и Неготино и ако останеме неповрзани на околните електроенергетски системи. Тогаш останати само на сопствените домашни производни капацитети ќе мора да се најде начин како ќе ги покриеме и кои од потребите“, вели професорот Чаушевски.Професорот Чаушевски е дециден дека се очекува пораст на цената на струјата од следната година.„Сите овие високи цени на увозна електрична енергија, или интервентна електрична енергија, како и увозниот јаглен и мазут што ќе се набави, треба да се плати. Тоа секако останува да се покрие или од самите потрошувачи директно преку сметките за електрична енергија, или пак ако Владата интевенира преку даночните обврзници“, вели Чаушевски.Повеќе на А1он.

Македонија | пред 4 години

sobranie-1

Има или нема мнозинство за недоверба на Владата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако вчера до него ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица. Потоа, според партиски информации, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев в четврток.Од СДСМ за МИА синоќа потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.Откако беше поднесена иницијативата Кабинетот на претседателот на Собранието информираше дека е доставено Барање за гласање за доверба на Владата.-Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата, наведува Кабинетот на Претседателот на Собранието.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски претходно на прес-конференција ја најави иницијативата и кажа дека е потпишана од 61 пратеник, но оти исто така дека тие интензивно разговараат и со други пратеници.-Доколку во моментов треба да се гласа доверба на Владата очекувам да има 61 плус односно во тек се интензивни преговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на Владата ќе ја потпишат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.Во однос на формирање нова Влада или евентуални нови брзи избори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е нешто што ќе се разговара после четврток.-Треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се нашите програмски определби на сите што сакаат да се формира политичка влада или за брзи избори, рече Николоски.Посочувајќи делови од образложението за гласање доверба, тој рече дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот“.По поднесувањето на иницијативата на Фејсбук се огласи и премиерот Заев.– За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша Заев.Реакција имаше и од неговата матична партија СДСМ од каде посочија дека деновите пред нас ќе покажат дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за изгласување недовреба за Владата или не.-СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ. Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, посочија од СДСМ.Ново мнозинство во Собранието во петокот најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со првите луѓе и претставници на АА и Алтератива, Беса и Левица, по што тоа беше потврдено и од нив.Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев во четврток откако еден од народните избраници на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд изјави дека ако Левица остане на списокот за паѓање на Владата, тој нема да бидам дел од него, ниту ќе го поддржи гласањето. Дополнително, синоќа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потврди дека тој и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.Во врска со изјавата на пратеникот Скендер Реџепи Зејд на Фејсбук се огласи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев кој смета дека пратениците на Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса имаат, како што напиша, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.– Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук. Тој додаде дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеници, а тие – максимум девет.Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја изјавата на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд изјави дека тоа не е причина да се констатира дека новото парламентарно мнозинство е пропаднато.Синоќа состанок одржа и Централното раководство на Алтернатива откако Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.– Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани.Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.Во изјава за медиумите претседателот на Либерално – демократската партија Горан Милевски рече дека потписи на ЛДП нема, а нема ни да има на списокот за постигнување на ново парламентарно мнозинство, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.– Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува, рече Милевски.Од друга страна, пак, пратеникот Мартин Костовски од СДСМ покрена иницијатива за Заев сепак да остане на чело на партијата. Дека оставката на премиерот Заев е избрзана и донесена во емотивен момент, сметаат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница. Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции. Тие го повикуваат Заев да донесе мудра одлука со цел државата да не западне и во политичка криза, од која последици би трпело целото општество. Посочуваат меѓу другото дека е период кога државата се уште се справува со ковид пандемијата, како на здравствен, така и на економски план, додека дополнително се заканува и енергетска криза. Потсетуваат и дека претстои решавање на недоразбирањата со Бугарија, кои би го откочиле евроинтегративниот процес на земјата преку отпочнување на пристапните преговори.Според нив, политичките опоненти го нудат, како што велат, токму спротивното, бидејќи приврзаниците на Христијан Мицкоски продолжуваат да го негираат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Охридскиот рамковен договор, но и ги поткопуваат меѓуетничките тензии на домашен план.За во Собранието да се изгласа одлуката за изгласување недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот.Член 216 од Деловникот за работа на Собранието, пак, е наведено: „По поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути“.Со член 217 е предвидено дека Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Македонија | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„ Доколку Владата знаеше како да управува со енергетските капацитети на државата, сега наместо да купуваме скапа струја ќе продававме, но Заев ги испразни хидроакумулациите, не копаше јаглен во РЕК Битола, РЕК Осломеј го оставија на забот на времето, ТЕЦ Неготино не е подготвен.Струјата која што сега се купува оди и до 250 евра по мегават. Тоа е екстремно скапо, и тој товар паѓа на народот, преку чии пари се плаќа. Доколку парите кои сега се даваат за скап увоз се искористеа за инвестиции, сега сликата ќе беше друга, а државата можеше и да извезува струја.Наместо инвестиции, власта се насочи на крадење, местење на тендери и рекетирање во РЕК Битола и енергетските претпријатија. Со оваа власт, не може да биде подобро, може да биде само полошо. Затоа е потребно СДСМ да си замине“ додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-mickoski

Се сретнале Мицкоски и Ахмети! Има детали од средбата

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, освен со лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, денеска остварил средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Од ДУИ потврдуваат дека Ахмети Мицкоски се сретнале, додавајќи дека средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќате или не? Новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“, велат од ДУИ.Средбата за „Слободен печат“ ја потврдуваат и во ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

titio_LQdjJhQ

Пронајден часовникот на Тито што беше украден

Луксузниот часовник на Тито што беше украден пред десет години во Србија, е пронајден на аукција во Хонгконг. Часовникот исчезна од Музејот на Југославија за време на изложбата на часовници што Тито ги добил на подарок или ги купил за својата колекција. Аукцијата во Хонгконг беше прекината откако директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, објави дека се работи за украден часовник што му припаѓал на некогашниот југословенски претседател.Српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, соопшти дека се пронајдени и други украдени уметнички дела, меѓу кои брош и часовникот „Патек Филип“, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.„Вредноста на украдените артефакти од Србија на црниот пазар на уметност е околу половина милион евра“, вели министерката.Гојковиќ откри дека се уште се трага и по златна чанта, околу која во 2019 година изби голема афера во Србјка. Чантата датира од крајот на 19 век, а со неа исчезнале белезици, часовници, синџири и прстени.Неодамна во Цирих е пронајдена и слика која исчезнала пред 20 години, пренесува „Блиц“.

Магазин | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Албанските партии да ја искористат шансата да го стават ДУИ во опозиција

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вечерва преку социјалните мрежи испрати порака до албанците партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса дека треба да ја искористат историската шанса и да ја испратат ДУИ во опозиција.„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они - максимум 9.Затоа, памет у глава - емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања