ТОП

dimitar-apasiev-5

„Ни Грујо не упаѓаше по дома на пратеници, мамичето ваше мафијашко“, Апасиев за упадот кај пратеникот Јаулески

Жестока реакција на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев откако кај пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески упадна Финансова полиција во 5 часот сабајле:„Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски ПРАТЕНИЦИ со имунитет бе, мамичето ваше мафијашко!!! Ќе паднете денес и никад више нема власт да помирисате, багро една предавничко-мафијашка“.

Коментари | пред 4 години

jovan-jauleski

Упаднала полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утринава на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција.-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!, објави пратеникот на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

soobrajaka-straza-kiceec

Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката со еден загинат, а барал условна

Зоран Милески-Кичеец се спогодил со Обвинителството за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, во која загина 34-годишен гостиварец, и за случајот ќе одлежи шест месеци затвор, објави А1он.Спогодбата која Милески ја склучил со Обвинителството била прифатена од надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна лента, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена спогодбата.„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-16.42.23

Алтернатива ќе гласа за недоверба на Владата, постави услови за влез во новата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, посочи дека неговите четири пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Тој вели дека е надминато недоразбирањето со Скендер Реџепи кој не сакаше да гласа на седницата за недоверба, зошто на списокот со потписи беа и пратениците од Левица. Гаши кажа дека ќе влезат во нова Влада само ако таа има јасни определби за евроатланска интеграција на Македонија.„Во минатите денови претставниците на Алтернатива имаа грешка која за нас преставуваше проблем. Тој проблем е отстранет. Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за недоверба на Владата. Алтернатива има 4 пратеници и утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, кажа Гаши.„Збориме за првата фаза која утре ќе заврши. Не знаеме како ќе заврши. Ние како партија ќе одлучиме врз кои принципи ќе преговараме со идниот мандатар, а со партиските органи ќе се договориме како ќе гласаме во иднина. Како опозициска партија, ние сме првпат пред овој предизвик, ДУИ да оди во опозиција. Добро е да се случи промена. Но, Алтернатива може да направи колку што можат да направат четири пратеници. Ние сме тука со нашите принципи и политичка волја, да стоиме на нашиот пат“, додаде Гаши.

Македонија | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona

Зголемување на заразени со коронавирусот, за Филипче е очекуван

Инциденцата во последниве две недели е зголемена за 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен за 15 проценти, изјави министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи ги последните статистики за коронавирусот во земјава во последниве две недели.„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван, и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица кои се заболени, а има и лица кои се вакцинирани а заразени“, рече Филипче.Во моментов поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.„Во делот на вакцинацијата има стагнација, па оттаму апелирам што повеќе луѓе да се вакцинираат“, рече Филипче.Кај малолетната популација, вели Филипче, има 1068 активни случаи со Ковид-19. Две деца се на кислородна поддршка, а хоспитализирано е и двомесечно бебе, но нивната здравствена состојба е стабилна.„Сега сме во фаза каде гледаме и во други земји дека има покачување на бројот на случаи, но вакцинираните лица имаат полесна клиничка слика и тоа веројатно тоа така ќе биде генерално. Постепено се вратија животните навики и во случајов најважно е да не се прекршуваат протоколите и што повеќе луѓе да се вакцинираат“, изјави Филипче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-12.18.57

Филипче кажа дали ќе има рестрикции, но и што се презема за големата смртност

Министерот Венко Филипче не најавува нови рестрикции за заштита од коронавирус. Но, тоа ќе се случи ако има притисок врз болниците. За зголемување на случаите каде деца се заболени од коронавирус, тој вели ќе се направи анализа.„Сметам дека сите процеси треба да продолжат со превентивните мерки, а со механизми да се зголеми процентот на вакцинирани. Во земјите со нови бранови и висок процент на вакцинација, болниците не се оптеретени. Доколку има голем опфат со вакцинација, а новозаболени, ќе бидат со полесна клиничка слика. Во болниците има притисок од невакцинираните лица“, кажа Филипче.За анализа на смртноста вели дека е рано, бидејќи сега се става акцент на хроничните болести.„Смртноста секаде е голема. И во соседните земји. Мислам дека смртноста во овој регион е насекаде еднаква. Едноставно таква е состојбата, прилично слична. Можеби има разлика во начинот на пријавување на смртните случаи, но не и во морталитетот“, кажа тој.

пред 4 години

dzaferi-1

Џафери: Процедурата е отпочната, или паѓа Владата или не

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека опозицијата не може да поднесе нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, кога веќе има поднесено една.„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, порача Џафери за ТВ21.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-09.02.21

(ВИДЕО) И Заев се изјасни, иако му ги одложиле оставките тие не се дискутирале на состанокот

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера во изјава за медиумите истакна дека имале сугестија од Централниот одбор за одложување на оставките.„Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми“, посочи Заев.Тој додава дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира.„Искрено очекувам демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори, уште еднаш напоменувам, вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“, истакна Заев.Во однос на одложувањето на оставката, Заев порача дека се работи за времено одложување со цел да се направи обид да се сочува парламентарното мнозинство.„Дефинитивно се работи за времено одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на СДСМ“, порача Заев.

Македонија | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Оставката на Заев ќе почека, се знае и зошто

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставката се до стабилизирање на земјата, брифираат партиски извори за „Фокус“.Ова значи дека ќе се оди на гласање доверба на Владата.Во меѓувреме не престануваат да се лиферуваат разно разни информации околу тоа кој го има мнозинството во Собранието. Час дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ, час дека СДСМ има пратеник плус. Но, од двата табора брифираат дека водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори. Целтта им е на седнцата за (не)доверба на владата да бидат сигурни дека обезбедиле поддршка.

Македонија | пред 4 години

vasko-kovacevski-1

Од недела Блок 2 ќе биде во функција, а следниот месец и Осломеј, тврди Ковачевски

Инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава се произведува електрична енергија во капацитети стари 40 години, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.– Се вложува во нив, се инвестира, но не можеме да ги форсираме како што се форсирале во 2011, 2001, 1991 година. Во енергетиката 10 години е далеку, истрошеноста на материјалите е голема. По логиката на нештата, од технички аспект, РЕК „Битола” требаше да биде затворена 2015 или 2017 година, рече Ковачевски при гостувањето во Топ тема на Телма.Тој нагласи дека се исклучува човечки фактор или саботажа за дефектот во РЕК „Битола”, како што шпекулираа некои медиумите, додавајќи дека трансформаторот е стар и е нормално да не е во добра состојба.Ковачевски додаде дека во моментов функционираат првиот блок на РЕК „Битола”, Когенеративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот и ветерниот пат во Богданци, додека надвор од употреба се блоковите 2 и 3 во РЕК „Битола”.– Блок 2 е во сервисни активности и се очекува до крајот на неделата да биде ставен во функција. Во Блок 3 се работи на изгорениот трансформатор, екипите даваат позитивни сигнали, истакна Ковачевски.Тој нагласи дека поради хаваријата во РЕК „Битола”, морале да набават струја по „хупекс” цена или во спротивно ќе биле принудени неа да ја обезбедат преку европскиот систем за 50 проценти поскапо.– Имаме закупено капацитети до 21 ноември, онолку колку што треба. Во недела, на 14 или 15, недела спрема понеделник, Блокот 2 ќе биде во функција и очекувам дека со двата блока ќе ги задоволиме најголемиот дел од потребите на „ЕВН хоум”. На 1 декември ќе стартува и нашиот трет капацитет, а тоа е Осломеј, посочи Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев објави „62“ додека се пребројуваат пратеници за гласање недоверба

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус за бројот на пратеници кои ќе гласаат за недоверба на влада.„62“, напиша Апасиев.Претставници на големите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори, со цел да соберат што поголема поддршка на свое конто во пресрет на седницата за (не)доверба на владата закажана во четврток во 11 часот.Како што велат високи партиски извори, ситуацијата е крајно комлицирана и непредвидлива, особено откако Скендер Реџепи-Зејд јавно најави повлекување на поддршката поради Левица, по што неговата Алтернатива деновиве постојано заседава како да се постави во целата ситуација.Во меѓувреме не престануваат да се лиферуваат разно разни информации околу тоа кој го има мнозинството во Собранието. Час дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ, час дека СДСМ има пратеник плус. Но, од двата табора брифираат дека водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори. Целтта им е на седнцата за (не)доверба на владата да бидат сигурни дека обезбедиле поддршка. 

Коментари | пред 4 години

bislimovski1

Бислимовски: Треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата

Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи прво треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, со цел притисокот да не биде постојано врз ЕСМ, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.– Треба ЕСМ да има цена по која што ќе си ги покрива своите трошоци и врз основа на тоа да си го планира производството, а „ЕВН хоум“ набавката. Доколку трошоците компаниите за набавка на електрична енергија се превисоки, тогаш РКЕ ќе ја разгледа опцијата за намалување или целосно укинување на профитите на енергетските компании што ги регулира, со цел да се избегнат ценовни шокови, изјави Бислимовски при гостувањето во Топ тема на Телма.Тој нагласи дека методологијата за пресметка на цените на РКЕ, која е иста како и во ЕУ, гарантира профит, а доколку енергетските компаниите не ги следат одлуките на Комисијата сами се одговорни за загубите.– Тоа си е нивен проблем. Во самата методологија е предвидено да се даде профит, тој профит за 2022 можно е целосно да се укине или делумно, со цел да не се предизвикуваат ценовни шокови кај потрошувачите, додаде Бислимовски.Според него, секој снабдувач има своја стратегија – некои обезбедуваат однапред електрична енергија, некој ризикуваат и чекаат подоцна во надеж дека цената ќе биде поповолна – и регулаторот не може да се меша во нивната бизнис одлука.– Од аспект на сигурност на снабдување на електрична енергија никој од потрошувачите не остана без електрична енергија, сите беа преземени од страна на снабдувачот во краен случај, нагласи Бислимовски.

Македонија | пред 4 години

gbn

(ВИДЕО) Со громогласен аплауз и скандирање Заев пречекан на централниот одбор на СДСМ

Вечерва се одржува Централен одбор на СДСМ.При влегувањето на претседателот на партијата во просторијата каде се одржува седницата на Централниот одбор, тој беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_14-960x602-1

Висок претставник на МНР нудел неприфатливо решение за Цар Самуил, вели Ѓорѓиев од историската комисија

Професорот Ванчо Ѓорѓиев за „Тема на денот“ на Сител откри детали од последната средба на состанокот на историската комисија, кога тој се повлече од комисијата. Тој вели дека на таа средба висок претставник на МНР понудил идеи за решение за Цар Самоил кое ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија.– Темата за која разговаравме беше Цар Самоил. Белешките кои ги разменувавме отстапуваа од сето она кое досега е разговарано, а предлог идеите кои беа понудени од високиот функционер на МНР се разликуваат од она што е дискусија водена цела година по тоа прашање. Ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. За моето тврдење постои документација, записниците, а приказната и темата за која говориме е тема долга повеќе од една година, еден ден јавноста ќе види кој какви ставови застапувал, рече Ѓорѓиев.Тој потенцира дека еден ден тоа ќе го покажат архивите.– За сите идеи кои ги разменуваме и одлучиме тоа да е став на македонската страна се одлучуваше колективно, а во случајот немаше таков консензус членовите на комисијата имаа две забелешки, рече тој.Ѓорѓиев ги повика другите членови на комисијата да не виткаат кичма и побара политиката да се тргне настрана од комисијата, бидејќи има сериозни политички притисоци особено од бугарска страна.

Македонија | пред 4 години

sofija-pejkova

Пејкова се повлече од советот на Град Скопје

Директорката на Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Софија Пејкова се повлече од Советот на град Скопје.- Се повлекувам од советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје. - изјави Пејкова за тв 24.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања