ТОП

partizanska-brza-pomos-912

Ужасно: 18 починати од корона, 432 се новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.· Регистрирани сe 448 оздравени пациент од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево - по 5, Демир Хисар и Струга - по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.· Направени се 2.663 тест преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-37,ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-109, Биотек-175, Систина-49, лабораторија Лаор-66, Синлаб-16, Ремедика-16, Плодност–57, Генеа-3, Никоб лаб-184, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-14, Ројал Медика –9, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.217.Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 90894, активни 3773Куманово 12587, активни 388Тетово 11193, активни 222Прилеп 9786, активни 397Гостивар 8035, активни 42Битола 7954, активни 606Велес 7033, активни 360Кавадарци 6575, активни 349Штип 6376, активни 257Охрид 6250, активни 213Струмица 5960, активни 108Кичево 4177, активни 113Струга 3865, активни 50Кочани 3767, активни 233Гевгелија 2658, активни 138Неготино 2476, активни 96Свети Николе 2059, активни 86Крива Паланка 1772, активни 167Радовиш 1666, активни 84Ресен 1639, активни 79Дебар 1453, активни 3Берово 1310, активни 63Делчево 1257, активни 108Виница 1119, активни 44Пробиштип 1081, активни 68Валандово 871, активни 20Кратово 704, активни 62Богданци 608, активни 28Крушево 571, активни 31Демир Хисар 544, активни 72Македонски Брод 482, активни 6Демир Капија 414, активни 5Македонска Каменица 383, активни 53Пехчево 326, активни 3Дојран 153, активни 7

пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_502842

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Јас сум здрав и добар, се гледаме наскоро

Реџепи , за кого имаше бројни шпекулации во текот на денот, се огласи на ФБ и порача дека е здрав и добро . „Се гледаме наскоро“ , порача Реџепи.Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.Билал Касами и другите, да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои мои сопартијци, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на СМакедонија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-16.51.26

Не ме чуди СДСМ и ДУИ да имаат и поголемо мнозинство, смета Мицкоски, кој смета дека пратеникот кој го нема се држи некаде

Јас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.Според него, ова е влада што погрешно ги води процесите.-Ќе почекаме до 12 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се сепак методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со никти греба за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е, потенцира Мицкоски и додава дека предвремени парламентарни избори се решение за излез од кризата.„Да видиме прво дали е здрав, прав човекот. Освен порака на социјалните медиуми, друго не знаеме. Физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Села е загиржен за пратеникот кој не дојде во Собрание, а се надева и на мнозинство

Лидерот Зијадин Села е загиржен за тоа каде се наоѓа Кастриот Реџепи, пратеник од БЕСА кој не дојде да гласа за недоверба на Владата. Тој смета дека се друго е споредно, иако тврди дека има надеж за мнозинство за недоверба на Владата.„Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на Фејсбук, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив. Се надевам дека ќе се створат услови. Ова е доказ на тоа што го реков, денеска паѓа Владата и најпосле ќе се ослободат институциите. И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. “

Македонија | пред 4 години

56-1

Силјановска: Да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено

Професорката Гордана Силјановска Давкова, се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук коментирајќи ја постапката на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, за непојавувањето на денешната седница на која беше закажано гласањето за недоверба на Владата.„Земја на чудата: отповиклива оставка, одложена оставка на неопределено време, отповиклив потпис…ама да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено. Освен ако…????“, напиша професорката на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

kasami

Касами се сомнева дека неговиот пратеник присилно се држи некаде

Беса стои зад пад на овој режим. Последните случувања со пратеникот докажуват дека оваа власт е спремна на се за да остане во овие позиции, изјави Касами.„Се додека јас немам јасна слика и глас на пратеникот јас се сомневам дека против својата волја го има кажано тоа. Денеска го немам контактирано. Вчера беше последна информација. Тој вчера беше во рамките на пивиците. Се додека не излезе да кежа дека овој став е негов јас како претседател на беса имам право да се сомневам дека тој против својата волја не може да доје во Собрание. Ако се потврди дека е негов став дополнително ќе се преземат мерки во партијата“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

hodza

Хоџа обвинува за закани и уцени

Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот фејсбук профил.– Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај се, Движењето БЕСА ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА „продолжува со политичкото патување“.Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-1

Реџепи е современиот Амди Бајрам, вели Мицкоски

Телевизија 21 успеаa да го регистрира доаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Собранието.Tој е видно разочаран од повлекувањето на Кастриот Реџепи од гласањето на недоверба на Владата. За него Реџепи е современиот Амди Бајрам.На прашањетоп што се случува, Мицкоски одговара „Еве гледате“.„Досега бев на часови на факултет, сега одам таму за од лице место ја дознаам вистината.На прашањето пак, дали ќе има замена за Кастриот Реџепи, тој одговори - „За современиот, нека му е вечна земја, Амди Бајрам?“.

Македонија | пред 4 години

DSC_0614

Докторката која почина од ковид била донесена со ниска сатурација

Во Градската болница „ 8 Септември“ вчера почина 42-годишна докторка од Кумановската болница од Ковид 19, која дошла со многу тешка клиничка слика, потврдија од болницата за „Фокус“.„Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација на РТГ АРДС. Анестезиолозите немале видено пообезен пациент болне од ковид некогаш хоспитализиран кај нас. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“ потврдија во изјава од Градската болница. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

muhamed-zekiri0

Game change, вели Зекири

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири преку својот Фејсбук профил реагираше на последните случувања во Собранието каде член на Движењето Беса не е присутен на седницата на која се гласа доверба на Владата.„Game change“, напиша Зекири, што во превод значи „промена на играта“

Коментари | пред 4 години

soobrajaka-straza-kiceec

Кои се олеснителни, а кои отежителни околности во случајот за Кичеец?

"Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента", пишува адвокатот Сузана Јошевска Анастасовска.„Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст.Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова "докажана" здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?Жал ми е за децата на починатиот и целото негово семејство.Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај одговара само на тие што можат да платат или да купат правда“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави статус за наводно киднапирање на пратеник со цел да не се изгласа недоверба на Владата.„Јако еј! КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!?#МафијаVsПратеници“, објави Апасиев

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Реџепи: Не доаѓам денеска во Собранието

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи се огласи на Фејсбук и порача: Не доаѓам денеска во Собранието за да учествувам во паѓањето на Владата.„Една од главните причини за мојата и Движење Беса на која припаѓам е интеграцијата на евроатлантскиот на РСМ.Имајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми беа доставени од висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница на која ќе се донесе одлука за доведување во прашање оваа витална национална и државна точка. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.На државата во овој важен период не ѝ треба политичка криза и нурнување во немирни води со многу непознати“.

Македонија | пред 4 години

arafat-muaremi-finansiska-policija-F-1

Финансова не знаела каде прави претрес, ова е оправдувањето за упадот кај Јаулески

Финансова полиција не знаела каде правела претрес утрово. Ова е единственото оправдување по упадот во семејниот дом на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.-Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, кажаа за „Фокус“.Овој претрес доаѓа во ден кога се гласа недоверба на Влада. Токму сега се лиферуваат информации дека истрагата е за јавни набавки во ЕВН, сектор во кој работи и таткото на пратеникот. Ова никој го нема потврдено, а јавноста го смета за притисок на денот за гласање недоверба.

Македонија | пред 4 години

kiceec-2

Кичеец излага од затвор за викенди и користи годишен одмор

Двапати осудениот Зоран Милески-Кичеец продолжил да ги користи привилегиите во затворот од отворен тип во Струга. Според извори на „А1он“ тој оди на слободни викенди по речиси 15 дена во месецот.Ова доаѓа откако претходно, му беа ускратени сосе правото да работи додека ја одлежува казната. Директорот на затворот во Струга потврдува дека Милески-Кичеец оди на викенди.Според него, тој има право 15-16 дена во месецот да биде на слобода. Тоа значи дека 15 дена во месецот, тој ги поминува во затворот во Струга.повеќе...

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања