ТОП

kasami-2

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од партијата

Лидерот на Беса, Биљал Касами, објави дека партијата го исклучила пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави на собраниската седница за недоверба на владата.„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот нa Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши и престижот на партијата, јас го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член“, објави Касами на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-11-171251

Секоја држава има своја мафија, а во Македонија мафијата има држава, вели Алијанса за Албанците

Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава. една Влада со 59 пратеници, се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности, изјави Халил Снопче, од Алијанса за Албанците.Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин.Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена. Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш.

Македонија | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

ЕСМ ја објави причината за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“

Се работи на оспособување на трансформаторот на Блок 3 во РЕК „Битола“ кој беше ошететен во пожарот минатиот петок, а според првичните наоди, причина за пожарот е висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем.– Стручни лица од РЕК „Битола“, со поддршка на колеги од МЕПСО и „ЕВН Македонија“, како и експерти од техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, информира денеска АД ЕСМ.Генералниот директор и директорот на производство во АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Благојче Трповски најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.Од компанијата информираат дека двајцата директори изразиле задоволство од зголемената динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува термоелектраната.– Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој во недела треба да биде ставен во функција, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети: Негирањето на НАТО, ЕУ, Република Косово, албанскиот јазик - не може да имаат место овде

Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук.– Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде, додава Ахмети.Нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со еуфорија. – Засекогаш заедно!, напиша Ахмети.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Реџепи се појавил во полиција – не бил исчезнат, туку кај пријател

Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој вчера не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека пријавата оти е исчезнат е невистинита, информираат од МВР.„Во врска со вчера добиената пријава во Полициската станица Бит-пазар за К. Р., МВР известува дека пред малку К. Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита, односно никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство, заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, се наведува во соопштението на МВР.Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец изразувајќи сомнеж дека тој е чуван под присила.„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видео од него – затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана“, рече вчера Касами.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Владата продолжува да работи во полн состав

На 20 минути пред полноќ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатираше дека нема кворум за гласање на прашањето за доверба на Владата.На седницата се појавија дел од министрите од владината коалиција, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ два часа претходно го напуштија Собранието.На Владата не ѝ е изгласана недоверба и таа продолжува да работи во полн состав, констатираше Џафери.„Со оглед дека немаме кворум за целта за кое беше поставено ова прашање, не може да има дебата за изгласување доверба на Владата. Не ни останува ништо друго освен да констатираме дека на Владата не ѝ е изгласана недоверба и таа продолжува со полн состав и должностите што ги има. Предвидената материја за оваа седница е исцрпена и констатирам дека седницата е завршена“, рече Џафери.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_502842

Киднапираa пратеник само за да опстои владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат.Владата на губитникот Заев е делегитимирана.Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде.Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност.Вчера Заев ја уби демократијата во државата.Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист.Земјата не смее да биде заложник на интересите на една тесна клика на луѓе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

hodza

Арјанит Хоџа најави оставка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во вчерашното интервју на ТВ21 потврди дека во текот на денешниот ден во Владата ќе поднесе оставка од функцијата министер.За деталите, како што вели, ќе зборува на прес-конференцијата која се очекува да биде закажана во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_502842

Ќе биде ли Реџепи дел од новото мнозинство

Претседателот на Собранието не ја исклучува можноста пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи да биде дел од актуелното мнозинство. Гостувајќи во емисија на ТВ21, Талат Џафери рече дека учеството на Реџепи во новото мнозинство ќе биде негова лична одлука.Џафери, коментирајќи ги денешните случувања околу седницата за доверба на владата, напомена дека можно е уште утре да се знае какво ќе биде новото мнозинство.

Македонија | пред 4 години

Krmov-2

Џафери им ја заклучил салата на пратениците да не можат да влезат, обвинува Крмов

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов обвинува дека пленарната сала во Собранието е затворена и  дека пратениците биле спречени да влезат внатре.„Претседателот Талат Џафери ја заклучил Пленарната сала за пратениците да не можат да влезат! Сабајлето исчезна пратеник, а сега физички сме спречени да влеземе во салата. Тоа се тие демократски методи на земја-членка на НАТО. Џабе ви е узурпатори! Ќе дојдат и нашите пет минути, ама ќе траат десет“, напиша Крмов на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

FD7-TwhXsAg-41G

Тетовасот: Додека се бара оставка од Села, Таравари замина во Турција

Неколку фотографии од генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вечерва беа објавени на социјалните мрежи. Таравари бил фотографиран на скопскиот аеродром, а според ТетоваСот тој отпатувал во Турција, односно во Истанбул.Како резултат на нерушењето на Владата, на социјалните мрежи повторно почнаа да бараат оставка од лидерот Зијадин Села за последниот дебакл, наведува порталот.https://twitter.com/Safiye_Sultanaa/status/1458882962649399301?fbclid=IwAR1uV-cn2N8cLH-JF7PaAugca-6z8ipRa8eLpgp5wO_aZBo5oHVugBBRvao

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-20.35.24

Ко да го породиле, реакции по операцијата на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави фотографии од државната клиника каде правеше операција. Тој оперирал масно ткиво на вратот.Веднаш по објавата имаше реакции на социјалните мрежи а ова се дел од нив.https://twitter.com/nesa_bridzis/status/1458895043679432705https://twitter.com/AgentFordMKD/status/1458892511418761219https://twitter.com/Dank_Hopper/status/1458898440398770190https://twitter.com/Safiye_Sultanaa/status/1458891268352884739https://twitter.com/nepotvrden/status/1458891104703688707https://twitter.com/DesnoLev/status/1458886756942626821 

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-213831

Со барање за брзи избори, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заминаа од седницата за недоверба без гласање

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конеференција изјави дека пратениците го напуштаат собранието.„За жал имаме ден кој ке биде на црните страници на македонската историја, беше киднапиран пратеник. Ќе одговараат сите кои одзимаа телеофни од пратеници, држеа затворени пратеници, и оние кои киднапираа пратеник. Ќе има одговорност. Имам порака во име на целата коалиција, а тоа е дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок“, изјави НиколовскиТој им порача на оние кои го држат пратеникот да го ослободат.

Македонија | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Оваа влада не паѓа милум и треба радикализација на состојбата

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека видеото кое беше објавено од пратеникот изгледа на оние заробеници на терористички организиции.„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата – порача Апасиев.„Пратеникот до последно беше со нас, нешто се случило“, додаде Апасиев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-20.33.14

Мицкоски оперирал масно ткиво на вратот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на Клиниката во Скопје имаше оперативен зафат. На Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот, а на фотографијата која тој ја објави може да се забележи фластер токму во тој дел.„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша тој.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања