ТОП

testovi-korona-germanija

528 заболени со Ковид-19, починале 13 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка – 7, Гевгелија, Валандово и Кичево – по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш – по 3, Неготино и Крушево – по 2, Кратово и Гостивар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.Направени се 4.323 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–312, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-165, Биотек-255, Систина-72, лабораторија Лаор-237, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–51, Генеа-6, Никоб лаб-366, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-50, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.919.Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 91300, активни 3859Куманово 12622, активни 367Тетово 11211, активни 211Прилеп 9851, активни 435Битола 8056, активни 650Гостивар 8043, активни 49Велес 7068, активни 368Кавадарци 6644, активни 377Штип 6415, активни 273Охрид 6276, активни 228Струмица 5974, активни 113Кичево 4183, активни 106Струга 3868, активни 53Кочани 3797, активни 246Гевгелија 2674, активни 145Неготино 2484, активни 89Свети Николе 2065, активни 79Крива Паланка 1790, активни 171Радовиш 1671, активни 83Ресен 1650, активни 89Дебар 1453, активни 3Берово 1314, активни 64Делчево 1269, активни 114Виница 1122, активни 47Пробиштип 1090, активни 67Валандово 877, активни 22Кратово 716, активни 72Богданци 611, активни 30Крушево 572, активни 25Демир Хисар 554, активни 79Македонски Брод 483, активни 6Демир Капија 417, активни 8Македонска Каменица 386, активни 55Пехчево 331, активни 8Дојран 155, активни 9

Македонија | пред 4 години

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Обвинителството да ги разгледа случаите на бесправно градење во Маврово, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за стопирање на бетонизацијата на Маврово.„Апелираме за вонреден надзор и почитување на законите. Потребно е да се вклучи и обвинителството кое треба да ги разгледа случаите на бесправно градење. Се работи за организирана мрежа која добива закрила од власта.Јавна тајна е дека зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта.Заев ветуваше едно пред 5 години, сега прави сосема друго“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Мицкоски: Спорот со Бугарија е новосоздаден, затоа што Заев ветуваше премногу

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист”, запрашан дали дал поддршка или пак бил против договорот со Грција кој го потпиша владата на Зоран Заев и со кој се промени името на државата, рече дека имал огромни забелешки во врска со носењето на тој договор и не го поддржал, бидејќи од денешна перспектива таа реалност која ја донесе Зоран Заев не ѝ донесе подобри времиња на Република Македонија.Мицкоски рече народот и понатаму тешко живее, дека не сме поместени ниту еден милиметар на патот кон ЕУ, здравството не е целосно бесплатно, нема модерно образование и дека немаме реална борба со криминалот и корупцијата, нешто за кое Заев ветувал дека ќе се случи.Мицкоски ја коментираше и блокадата на соседна Бугарија за почеток на преговори со Европската унија.„Овој спор е новосоздаден и е исклучиво последица на тоа што Заев ветуваше премногу на Бугарија, иако знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, но она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Нашите црвени линии се составени во резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе а со консензус беше изгласана во собранието а која ја содржи потребата за почитување на нашата посебност и јазичен идентитет“, рече Мицкоски.Запрашан дали го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, Мицкоски посочи апсолутно да и дека не може да биде против, бидејќи најкрупните реформи за членство во НАТО се правени токму од владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Скопјанец ја убил баба му

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој се сомничи дека во периодот од 05.11. до 11.11.2021 извршил кривично дело убиство врз неговата баба В.Б.(75) во нејзиниот стан на ул.„Никола Малешевски“. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Скопје | пред 4 години

zaev-4

Заев: Скопје памети многубројни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал

Премиерот Зоран Заев, на својот „Фејсбук” го честиташе 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.– Скопје памети многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал и ги нижел своите победи. Победите на Скопје се неделиви од неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни записи кои остануваат како сведоштва за взаемната љубов на градот и неговите граѓани, секогаш насочени кон подобра иднина на метрополата. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, напиша Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani

Османи не е веќе Шелдон, вратен профилот на министерот

По вчерашниот хакерски напад, официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи е вратен, соопштија од МНР. Оттаму велат дека освен неколку избришани твитови, не е забележана некаква посериозна злоупотреба.Вчера, министерот Османи објави дека неговиот официјален профил на Твитер е хакиран и дека случајот го пријавил во полиција. Името на профилот беше сменето во „Sheldon The Sniper“.

Македонија | пред 4 години

lugje-plostad-skopje

13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Скопје | пред 4 години

filipce-venko

Филипче: За првпат се набавуваат сензори за мерење гликемија

На 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот годинава се обележуваат – 100 години од откривањето на инсулинот. „Пристап до современа дијабетска заштита“ е мотот на овој јубилеј, а ова само ја нагласува важноста за грижа на секој здравствен систем кон лицата со дијабет, односно пристап до модерна иновативна терапија, како би им се овозможил нормален живот на овие луѓе.Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Форумот организиран во чест на Светскиот ден за борба со дијабет, посочи за заложбите изминативе 4 години, кои се направени за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и обезбедувањето современ пристап на лекување.-Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови. Со измените на законот за паралелен увоз воведовме сертификат за квалитет, како и систем за следење, и сега знаеме која доза лек каде завршила. Веќе не станува збор само за тоа како се третира дијабетот, туку секогаш мора да имаме предвид дека станува збор за начин на живот.Што значи дека не е само инсулинот како инсулин, како препарат, туку како целокупната филозофија и целокупниот пристап кон овие пациенти со цел тие да имаа што понормален живот, посебно децата, за да имаат нормален раст и развој. Имаме интензивна комуникација со претставниците на здруженијата за дијабет. Најпрво успеавме да слушнеме кои се вистинските проблеми, врз основа на проблемите со кои тие се соочуваат ги димензионираме нашите политики. Решенијата треба да им служат на тие на кои што се наменети – посочи министерот Филипче.Министерот рече дека сега се обезбедени пет нови препарати коишто овозможуваат уште подобра контрола на гликемијата, инсулини кои се кардиопротективни, го штитат срцето и крвните садови и со многу помала количина се контролира инсулинот до 20%.-Она што во овој момент го правиме е постапката за првпат во нашата земја се набават сензори за мерење гликемија, а тоа значи дека наместо вообичаените боцкања за земање крв и мерење на шеќерот, сега се ставаат специјални сензори на надлактицата и тоа се мери со електронски девајс или со мобилен телефон – врз oснова на најнова технологија. Со ова уште повеќе го зголемуваме квалитетот на живот за овие пациенти, посебно за децата со што значително ќе се намали траумата која ја доживуваат од секојдневните боцкања со игли – рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

244526963_385963846555202_5094521531443449025_n

За Арсовска отстранувањето на третата галија е завршена работа

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека отстранувањето на третата галија на Кеј 13 Ноември е завршена работа и дека нејзиниот претходник Петре Шилегов веќе има потпишано извршно решение.„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, вели  Арсовска.Таа ова за СДК го потврдува неколку дена откако сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето, а спомена и дека повеќе Шилегов сега не е градоначалник.

Скопје | пред 4 години

korona-2

Трајковски: Учеството на вакцинираните меѓу починатите многу порасна неделава

Професорот Дејан Трајковски, редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.“12.11.2021. Најновите пресметки на ефективностите на вакцините против заразување и смртен исход.Изгледа дека ефективноста против заразување повеќе не се намалува (портокаловата линија на првиот дијаграм), односно дека нема многу да слегува под 20%, барем додека трае есенскиот бран.Ефективноста против смртен исход исто така не покажува знаци на драстично влошување со текот на времето, иако неделава видовме нејзино намалување на околу 78% (виолетовата линија на првиот дијаграм).Учеството на вакцинираните меѓу починатите (виолетовата линија на вториот дијаграм) многу порасна неделава, но сé уште ова е статистички возможно (остапување под 2 стандардни девијации) и прифатливо, со оглед на високиот опфат со вакцинација кај постарите.Просечниот временски интервал од втората доза кај досега вакцинираните веќе изнесува 103 дена, што значи дека повеќе од половината од вакцинираните со кинеските вакцини се изложени на ризик и за нив веќе дошло време за примање на бустер доза (3 месеци по втората доза).Неделава се заразиле 1.570 од 769 илјади вакцинирани (инциденца 291 заразен на милион вакцинирани дневно) и 1.911 од 731 илјада невакцинирани (инциденца 374 заразени на милион невакцинирани дневно).Соодносот на ризиците изнесува 0,778, односно ефективноста (намалувањето на ризикот) против заразување изнесува 22,2%.Неделава починале 42 од 242 илјади вакцинирани постари од 60 години (морталитет 25 починати на милион вакцинирани постари од 60 години дневно) и 58 од 73 илјади невакцинирани постари од 60 години (морталитет 114 починати на милион невакцинирани постари од 60 години дневно).Соодносот на ризиците изнесува 0,219, односно ефективноста (намалувањето на ризикот) против смртен исход изнесува 78,1%.Во сите пресметки е сметано со вкупно население од 1,8 милиони, што не мора да значи дека е точна вредност.При помал број на жители, би се добиле повисоки ефективности.Да се потсетиме, на последниот попис се презентирани 1,8 милиони лични карти, односно матични броеви.Со вкрстување на податоците од разни датабази овој број веројатно ќе биде малку намален (според една постара изјава на директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), вистинскиот број на резиденти изнесува 1,5-1,7 милиони жители).Исто така, вршени се апроксимации за опфатот со вакцинација кај постарите од 60 години, бидејќи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе неколку недели не го објавува овој податок.Меѓутоа, бидејќи бројот на вакцинирани бавно се зголемува (уште побавно кај постарите), пресметката би требало да има задоволителна точност.Искористена е дополнитена претпоставка дека сите починати биле постари од 60 години, иако во реалноста од таа група доаѓаат околу 90% од починатите.Со ова се докажува дека вакцините се сé уште ефикасно сретство за спречување на смртен исход (главната причина за вакцинација), но со текот на времето речиси ја изгубиле ефикасноста за спречување на заразувањето (со споменатата ефективност од 22%).Заразата може ефикасно да се спречи единствено со превентивни и рестриктивни мерки, како и интензивно тестирање на населението и изолирање на заразените“, пишува тој.

Македонија | пред 4 години

osmani

Османи стана Шелдон, му го сменија името на министерот

Хакиран е официјалниот Твитер профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Профилот е преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.Министерот Османи на Фејсбук потврди дека Твитер профилот бил предмет на хакерски напад и е преземен од непознати лица.„Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи.

Македонија | пред 4 години

Capture-18

Во Собранието имало големи притисоци врз сите пратеници, тврди Гаши

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата „360 степени“ на Алсат, ја коментираше седницата во Собранието на која требаше да се расправа за интерпелацијата за Владата на Заев.– Не можеме да кажеме нешто друго од тоа што го кажа лично пратеникот. Ако вели „слободен сум, по моја волја сум тука“, немаме право да кажеме нешто ако тој го кажал спротивното за себе. Дали имало притисоци, тоа е сосема друга димензија. Но, сè додека тој лично излегува и кажува што се случило, кој е неговиот став, мислам дека јавноста треба да молчи односно нема право да му противречи. Mожеме да кажеме дека имало големи притисоци врз сите пратеници, не знам дали е нормално, сакав да го наречам како нешто нормално. Нормално е секое мнозинство да го чува својот број пратеници, мнозинството, но не со недемократски форми. Затоа, мислам дека е крајно време да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање на демократијата и да бидеме попринципиелни и поправедни пред граѓаните, себеси и пред Господ – рече Гаши.

Македонија | пред 4 години

255497415_1381978662275701_3827266763757375050_n

Аларматна ситуацијата во Ѓорче, долгот оставен од Наумоски е 2 милиони евра и уште расте!

На новинарско прашање дали општината е заглавена во долгови од претходниот градоначалник, актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров изјави дека долгот е 139 милиони денари и истиот уште расте.„За жал, општинските долгови се многу големи. Со пресекот кој го добив утрово, до 31.10, по доспеани фактури, долгот изнесува околу 139 милиони денари, неплатени парични побарувања. Тоа е голема сума на пари. Негде над 2 милиони евра. Дополнително имаме скоро исто толкава сума на пари по однос на склучени договори, но тоа зависи како ќе се реализира со понатамошниот дел од буџетската година. Тоа што го разговарам со луѓето од Секторот за финансии се очекувања, ова што го кажав како затекнати и неплатени долгови, да стигне повеќе од 180 милиони до крајот на годината. Но, за тоа ќе можеме релевантно да кажеме по пресекот на четвртиот квартал. Дополнително на тоа, имаме четири кредити, дел завршуваат наредната година, дел почнуваат по период од една до две години. За жал, финансиската позиција на Ѓорче Петров не ни е сјајна. Затоа ќе мораме да се однесуваме подомаќински и поодговорно, доколку сакаме, а сакаме да излеземе во пресрет на реалните потреби кои ги имаат граѓаните во Ѓорче Петров и да реализираме капитални проекти“, кажа Алекснадар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_502842

Реџепи откако го исклучија од Беса: Господ да ја благослови Америка

Откако вечерва претседателот на Беса, Билал Касами го исклучи пратеникот Кастриот Реџепи од партијата, Реџепи се јави со индиректна реакција на својот приватен Фејсбук профил.Реџепи објави фотографија со знамето на САД и натписот: God bless America или Господ да ја благослови Америка.

Македонија | пред 4 години

korona

13 починати лица од корона во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од: Скопје – 178,Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2, Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања