ТОП

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Детали за починатата родилка во ГАК Чаир

Министерството за здравство информира дека синоќа во болницата по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир починала родилка на возраст од 26 години, на која со царски рез и било извадено машко бебе.Пациентката, прворотка, била во 36. седмица од бременоста, а во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење.„Во вакава лоша состојба таа била во предходните четири дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база ‘Мој термин’ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30. недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката ѝ била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција, со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80 отсто, белодробен наод и агитираност.Истовремено, мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот.„Поставена е индикација за креш-интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран е кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцево-белодробна декомпензација и во 22:10 часот настапила смрт“, стои во извештајот.

Македонија | пред 4 години

Ginekologija-Cair

Почина родилка во ГАК Чаир

На 13.11.2021 околу 23.00 часот во СВР Скопје, лекар од ГАК Чаир пријавил дека при породување во клиниката починала И.Ф.(26) од Скопје, додека бебето на починатата било пренесено во Детска kлиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Скопје | пред 4 години

Krmov-2

Крмов: Левица е единствената партија што ДУИ не може да ја уценува и контролира

Борислав Крмов на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Левица е единствената партија која ДУИ не може да ја контролира и уценува.„Единствената партија што ДУИ не може да ја уценува и што не може да ја контролира. Отпорот во оваа држава почнува и завршува со Левица! Поголем комплимент од ова здравје“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

grubi-4

Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Груби да престане да глуми Европеец, и лажно да се прикажува за некаков фактор, затоа што едининствено што преставува, е портпарол на мафијата на власт, и слуга на криминалните интереси поради кој народот на Македонија глава не може да крене“, реагираат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на вицепремиерот.„Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ. Кога Артан Груби збори за европски вредности, Европа ја боли глава.И друг пат кога ќе говори кој каде му бил срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Photo-1

Во Дебар се гласа, а патот кон Маврово е затворен

На денот на изборите, кога и Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас, актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право, вели Алијанса за Албанците.„Во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и следствено овој патен правец се држи блокиран. Ваквата состојба ги спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право. Апелираме надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

Dr-Aleksandar-Petlickovski-Imunolog

Петличковски: Големата стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија се должи на повеќе фактори

Директорот на институтот за имунобиологија, Александар Петличковски, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека големата стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија се должи на повеќе фактори, меѓу кои и тоа што ние не сме развиена европска земја.„Имаме проблем дефинитивно. Смртноста ни е висока споредено со смртноста во развиените земји, ама ние не сме развиена европска земја и имаме недоволно развиен здравствен систем. Сигурно дека коморбидитетите влијаат на зголемување на смртноста. Имаме и дополнителен проблем со неприфаќањето на болеста и нејавувањето навреме. И тоа е сигурно, но имаме и лоши услови во здравствениот систем, немаме ни доволно капацитети и сите елементи комбинирани придонесуваат за оваа висока смртност, која е слична во регионот. Со развојот на државата и здравствениот систем, ќе се подобруваат условите и ќе се намалува смртноста, но во моментот не сме таму“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

pavle-trajanov

Уставот не може да се менува без реципроцитет од бугарска странa, вели Трајанов

Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав, само доколку се додаде македонското малцинство во бугарскиот Устав, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за софиски „Дневник“, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во ‘вистинска насока’, но со опасни свиоци“.На прашањето како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот, Павле Трајанов е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет.Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност за признавање на малцинства, лидерот на ДС смета дека ова прашање може да се реши само со рамноправен пристап на двете страни.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-14-111103

Tиквешкото езеро нема вода, обвинува Трипуновски

„Се наоѓаме во хидро акумулацијата Тиквеш, и од сликите позади мене можеме да видиме дека практично и вода да нема во ова езеро. Моменталната состојба е само на еден метар од минималната кота на Тиквешкото езеро и со овој капацитет на вода што го има во моментов хидро акумулацијата речиси и да не е возможно да се произведува електрична енергија за наредниов период“,истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.Трипуновски додаде дека испразнетото езеро е критично по два основи. Прво не може да се смета за производство на електрична енергија во наредниот период. И второ под знак прашање е производната земјоделска сезона за земјоделците од овој регион.„Власта целосно ги пресуши хидро акумулациите ширум Република Македонија кои имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава. Со оваа власт езерата се во опасност од пресушување. И последиците од тоа ќе траат наредните години“, рече Трипуновски.Трипуновски посочи дека време е да си замине оваа власт и да се преземат под итно неопходни мерки за зачувување на хидро акумулациите во државата. Бидејќи се од суштинско значење и за земјоделството и енергијата во Република Македонија.

Македонија | пред 4 години

restoran_mokum

Од утре само за вакцинирани со две дози влез во угостителски објекти

Од 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.Владата на неодамна одржаната седница донесе заклучок до 14 ноември 2021 година дека е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопштија од владината прес-служба.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Ниеден службеник не е деградиран, се прави прераспределба по хоризонтала

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, демантира дека деградирал вработени во општината, туку дека ги распределил по хоризонтала, согласно, како што вели, систематизацијата.Мартин Костовски, претседателот на СДСМ Куманово, денеска на прес-конференција објави дека Димитриевски деградирал 20 вработени, кои инаку биле членови на СДСМ и негови неистомисленици.„Тековното работење е во правец на подобрување на самата организација и работат на општинската администрација, што во изминатиот период се покажа како нужно. Ниту еден административен службеник не е деградиран, туку напротив, се прави прераспределба по хоризонтала, што е целосно согласно Законот за административните службеници, а е со цел да се реализираат дури и спроведените унапредувања на службеници, а не уназадувања“, вели Димитриевски во својата реакција.Тој додава дека со доставените решенија се поставуваат вработените во организациони единици каде претходно е констатирано дека има потреба од стручен и соодветен кадар. Тоа е, вели тој, кадровска политика која и е потребна на општината.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пендаровски: Има само еден начин за предвремени избори

Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се почека од понеделник да се види како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за гласање недоверба на Владата.„ Јасно е дека ситуацијата е сега пата-пата. Да видиме од понеделник дали ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61. А за моето постапување за свикување лидерска средба, мојот став е дека за да има лидерска средба за било кој аспект на оваа тековна политичка криза која настана по вториот круг од локалните избори, би морало да има согласност од власта и опозицијата. Во овој момент нема таква согласност од двата политички блока“ рече Пендаровски.Според него, на политичките партии е да решат дали ќе одат на предвремени избори. Тој нагласи дека според Уставот има само еден и единствен начин за предвремени избори, а тоа е 61 глас за распуштање на Собранието.

Македонија | пред 4 години

marjan-gjorchev-640x388-1

Марјан Ѓорчев: Само во соработка со ЕУ може да биде тргната бугарската блокада

Марјан Ѓорчев, поранешниот амбасадор на Македонија во Софија, смета дека единствено во соработка со ЕУ може да биде тргната бугарската блокада, ако се потврди дека имаме посебен јазик и дека некогашните окупаторски војски, не биле ослободителни.- Европското право не дозволува негација на нација, јазик и култура на сите државни и национални ентитети на европско тло, особено ако тоа е содржано во европските атласи, енциклопедии и документи коишто неспорно ја потврдуваат како револуционерната, така и еволутивната димензија на македонското постоење, како држава, нација и јазик. Наративот, поимот, топонимот Македонија, како и етнонимот Македонец, единствено припаѓаат на Македонската држава, затоа што 100 отсто од географскиот регион Македонија на којшто е формирана македонската држава сосема природно го определува името, а исто така ја определува националната и јазична димензија на македонското постоење – вели Ѓорчев за „Фокус“.

Македонија | пред 4 години

IMG_8129.00_06_23_28.Still001

ВИДЕО: Стотина мигранти во скопско Трубарево, снимени како трчаат пред полноќ

Снимка од четириесетина секунди на која се гледаат педесетина до сто лица како поминуваат со ранци и торби, меѓу кои и деца, а е направена од надзорна камера во скопско Трубарево, доби „Скопје 1“. Таа е снимена вчеравечер (12 ноември) на еден час пред полноќ. Сите лица кои се на снимката, трчаат по локална улица.Според наши информации, во непосредна близина има и железничка станица. Според ова, можно е да станува збор за организирана група мигранти. Ова се непотврдени детали, кои ги споделуваат и мештаните. Тие велат дека можно е да дошле со товарен воз, но не им е јасно зошто не биле пресретнати од институциите.Инаку, МВР речиси секојдневно објавува случаи на откриени мигранти кои се превезувани од една до друга граница во земјава.

Скопје | пред 4 години

niksa

Апасиев кажа што му е најкриво за Шилегов и неговиот шеф на кабинет, Никса

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на сиоцијалните мрежи објави статус во кој вели дека му е жал што Шилегов и Никса не дочека да ги дофарбаат столпчињата низ Скопје.„Најкриво ми е шо Шилегов и Никса не дочекаа да ги дофарбаат сите стубчиња низ Скопје у ЗЕЛЕНКО. Тоа им беше најголемата реформа на ќутуциве.

Скопје | пред 4 години

taravari

Таравари се откажа од новогодишно украсување, откри каде одат парите… направи голем гест

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку објава на својот фејсбук профил посочи дека буџетските пари, што се определени за украсување за Новата година, ќе ги донира во Центарот за аутизам, кој се гради во Гостивар.„Горд сум, што можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишните празници јас и мојот тим планираме да ги подариме таму каде што е најпотребно, во Центарот за аутизам, што се гради во градот. Верувам дека секој ќе биде согласен оти ќе го избегнеме јавното украсување за Новата година, така ќе заштедиме енергија, но над се ќе придонесеме таму каде што има повеќе потреба, како што е Центарот за аутизам.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања