ТОП

vakcinacija-skopje-zima

Заинтересираноста за вакцина не е на завидно ниво

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

kamikaza-apasiev-redzep1

Апасиев: Струјата не мора да поскапе, мора да го национализираме ЕВН

Европската енергетска заедница со порака до македонските власти – цената на струјата за домаќинство мора да поскапи за да се генерираат средства за инвестирање во системот кој 30 години е оставен да се распаѓа. На ова реагираше Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.„Не бе, другарчиња! Струјата НЕ МОРА да поскапе. Она што МОРА е да го национализираме ЕВН и да ги испобркаме партиските паразити, синовите, ќерките и вашите швалерки од МЕПСО и од ЕЛЕМ. #ЕнергетскаСиромаштија“, напиша Апасиев.Македонија е тешко погодена од енергетската криза бидејќи е зависна од увозот на струја кој некогаш изнесува и над 30 отсто од вкупната дневна конспумпција, енергетскиот систем е ранлив и мора граѓаните да ја намалат потрошувачката. ЕСМ работи со загуба бидејќи купува струја по цена од 150 евра за мегават и ја продава на ЕВН Хоум по договорената цена од 36 евра, Владата во моментов ја надоместува загубата но тоас не може да трае до бесконечност и цената на струја за домаќинстава мора да се зголеми но мора да се внимава на ранливите категории граѓани, сметаат првите луќе на европската енергетска комисија.

Македонија | пред 4 години

3-1

Стојкоски скрати од парите за патувања, цвеќиња, одржувања на возила и парите ги пренамени за новата градинка

Општина Ѓорче Петров кратејќи од парите наменети за трошоци на градоначалникот Александар Стојкоски, Советот и администрацијата, обезбеди седум милиони денари за доградба на градинката во Волково. Ребалансот на Буџетот предложен од градоначалникот Стојкоски е завршен и изгласан од Советот на Ѓорче Петров. Тој ги скрати парите кои беа одвоени за патување и сместување, одржување на слубежно возило, копирање, цвекиња, пречек на гости.„Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се неважни во споредба со потребите кои ги имате вие, жителите на Ѓорче Петров. Затоа, денеска го направивме ребалансот на Буџетот на Општината! Го кратиме сето она кое го сметаме непотребен трошок. Затоа, меѓудругото кратиме од: трошоците за патување и сместување на Советот на Ѓорче Петров; Ставката за патувања на градоначалникот; Парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило; Средствата за копирање и печатење; Парите предвидени за цвеќиња и сместување на гости“, напиша Стојкоски.Тој дополнително, предложи, а Советот одобри кратење на парите плати и надоместоци за вработувања, за обезбедување и средства планирани за фотографирање.„И тоа за една цел: обезбедуваме 7 милиони денари за доградба на градинката во Волково. Советот на Ѓорче, го поддржа ова! Нема поголем приоритет од граѓани, односно од најмладите! Не сакаме листи со чекања и правиме сѐ тоа да биде минато! Ниту сакаме буџети каде на прво место не сте вие, жителите на Ѓорче, кое го правиме модерно, урбано, хумано!“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

9 починаа, 172 нови случаи на корона

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.· Регистриран e 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.· Направени се 1.483 тестови преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–133, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-48, Биотек-100, Систина-46, лабораторија Лаор-0, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-157, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-18, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 830.Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 91523, активни 3810Куманово 12638, активни 331Тетово 11221, активни 211Прилеп 9877, активни 441Битола 8094, активни 621Гостивар 8042, активни 48Велес 7090, активни 350Кавадарци 6659, активни 345Штип 6425, активни 236Охрид 6291, активни 238Струмица 5979, активни 117Кичево 4186, активни 98Струга 3873, активни 57Кочани 3817, активни 226Гевгелија 2683, активни 149Неготино 2492, активни 80Свети Николе 2071, активни 75Крива Паланка 1792, активни 158Радовиш 1671, активни 76Ресен 1656, активни 92Дебар 1453, активни 3Берово 1314, активни 46Делчево 1273, активни 107Виница 1124, активни 44Пробиштип 1093, активни 64Валандово 877, активни 22Кратово 719, активни 70Богданци 612, активни 27Крушево 571, активни 24Демир Хисар 556, активни 77Македонски Брод 483, активни 5Демир Капија 418, активни 9Македонска Каменица 386, активни 54Пехчево 334, активни 11Дојран 156, активни 9

Македонија | пред 4 години

Stojanoski-19.07

Стојаноски алармира: Предложениот буџет ќе ја доведе државата пред банкрот

ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии имаат над 220 амандмани со забелешки околу новиот предлог-буџет за 2022 година.Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека вака скроениот буџет ќе донесе задолжување кое ќе ја доведе Македонија пред банкрот. Според него, најголем дел од амандманите се суштински.„Во Собранието почнува дебатата за предлог буџетот за 2022 година. Ова е предлог буџет, историски највисок, со многу непродуктивни трошоци. Тој тежи 4,4 милијарди евра. Овој буџет требаше да понуди излез од кризата во која се наоѓа Македонија. 2021 година завршува, но тоа не значи дека проблемите ќе завршат со неа. Овој буџет ќе донесе поголеми проблеми и предизвици бидејќи оваа Влада нема никаква идеја. Владата има нереални проекции. Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, иако никогаш до сега нема надминато повеќе од 19 милијарди денари. Ова е буџет со буџетски дефицит. Со овој предлог, долгот ќе порасне за 800 милиони евра. Ова е податок дека државата е пред банкрот“, кажа Стојаноски.Тој смета дека буџетот кој е предлог од Владата на СДСМ не носи решенија за проблемите на граѓани, ниту, пак, пари за нив.Еден од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе пари за стопанските субјекти, особено оние погодени од ковид-кризата.„Како и претходните години, со претходните буџети и ребаланси, така и сега како пратеничка група поднесовме околу 220 амандмани за да поправиме нешто што може да се поправи. Имаме голем дел суштински амандмани за енергетиката, образованието, здравството. Како пратеници се надеваме дека власта ќе се охрабри и отворено ќе дискутира. Доколку не го сторат тоа, најцрното сценарио за Македонија е на повидок“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

614C40C8-46F5-4E0E-8EFB-168DBF351C69

Кастриот за се имаше објаснување, ама не и конкретни одговори

Пратеникот, кој до скоро ги бранеше боите на Беса во парламентот, рече дека во четвртокот самоволно се засолнил за да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на неговите идеолошки определбиЧетири дена по „потрагата“ по него и по неуспехот на иницијативата за недоверба на Владата, пратеникот Кастриот Реџепи, кој до скоро ги бранеше боите на Беса во парламентот, се појави денеска претпладне во Собранието.Прес-конференцијата што Реџепи ја најави во петокот, денеска почна со дваесетина минути задоцнување, затоа што пратеникот, како што рече, прво бил на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, каде што денеска почнува расправата за буџетот за 2022 година.„Јас сум мирен, со чиста совест. Нема поголема чест да ја водиш својата земја на патот кон слободата, демократијата, кон НАТО и ЕУ. Самоволно се засолнив на денот на седницата за доверба на Владата за да не дозволам земјата да ни отиде во правец кој е спротивен на мојата идеолошка определба“,рече Реџепи, пред новинарите.Во четвртокот лидерот на Беса прво го пријави Реџепи како исчезнат во полиција, за еден ден подоцна да го исклучи од партијата.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, прво побрза да го спореди Реџепи со починатиот пратеник Амди Бајрам, за потоа ВМРО-ДПМНЕ во сите наредни денови да излегува со тврдења дека Реџепи бил киднапиран, иако во меѓувреме тој сам се пријави во полиција, каде што изјавил дека не е исчезнат, туку дека со семејството бил кај пријатели за да избегне публицитет во врска со собраниската седница.

Македонија | пред 4 години

239868809_547424693148290_422379130951525181_n

Нови правила за влез во објекти од денеска

Од денеска, 15 ноември, за влез во објекти ќе биде потребен сертификат – потврда за вакцинација од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина против заразната болест или сертификат односно потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, соопшти Министерството за здравство.Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни, а оние кои сѐ уште не се вакцинирани што побрзо да го направат тоа.Од Комисијата за здравство во петокот соопштија дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните, како носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, како што велат од таму, засега се доволни во борбата против заразната болест.Според вчерашните податоци, со регистрираните 285 нови случаи на Ковид-19, од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.277 заболени.

пред 4 години

karakacanov1

Каракачанов нема гласови ни за еден пратеник

Партијата на Красимир Каракачанов, ВМР0-БНД, доживеа вистински дебакл на денешните парламентарни избори во Бугарија, освојувајќи околу еден отсто од гласовите, што значи дека останува без пратеничко место во новиот парламент.Според излезните анкети кои ги објавија повеќе агенции за истражување на јавното мислење, ВМРО-БНД освоила помеѓу 0,9 и 1,2 отсто од гласовите на изборите, што е досега најлош резултат за крајнодесничарската партија, позната по негирањето на македонскиот јазик и нација.Лидерот Красимир Каракачанов по гласањето денеска изјави дека гласал за „луѓе што можат да управуваат“.„Гласав за луѓе кои можат да управуваат. Луѓе со карактер, а не креатури на разни надворешни економски или политички интереси“, изјави Каракачанов.Аналитичарите велат дека голем дел од досегашните гласачи на ВМРО-БНД го дале својот глас за популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов, која освои околу четири отсто од гласовите, што е прагот за влез во парламентот.Излезноста, според Галуп, била 35,5 отсто, а 1,8 отсто од гласачите ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.Ова е трет обид да се постигне мнозинство што ќе успее да состави влада во земјата, откако првите два обида од последните два циклуса парламентарни избори, беа неуспешни.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-14-205520

ВИДЕО: „Земјо Македонска“ ечи од соблекувалната на фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Исланд со 3-1, а со тоа обезбеди бараж за настап на Светското првенство кое наредната година ќе се одигра во Катар.Репрезентативците веднаш по натпреварот започнаа со славење во соблекувалната, каде ечеше „Земјо Македонска“.

Македонија | пред 4 години

252343682_264226442421115_8895230699150428589_n

ФОТО: Со развиени знамиња и полно срце радост се слави победата на Македонија низ Скопје

Без прослава на плоштад, но со развиени знамиња низ сите скопски улици се одбележува побадата на Македонската репрезентација во дуелот со Исланд.На булеварите Илинденска и Партизанска скоро сите автомобили свиреа во знак на радост поради победата на Макеоднија и пласманот во баражот за СП 2022 година.Низ улиците дел од навивачите кои ја напуштија арената Тодор Проески“ пееја и навивачки песни.Иако пред час и половина скопските улици беа речиси празни бидејки треаеше дуелот, по неговото завршување имаше и гужви, но и блокирани улици бидејки навивачите ја напуштија арената.Инаку сите карти за мечот, односно 50% од целиот капацитет беа распродадени за два дена.

Скопје | пред 4 години

Nikola_Micevski_12.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 200 амандмани за буџетот за 2022

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за Телма изјави дека најголемата опозициска партија во Македонија ќе поднесе 200 амандмани за нацрт-буџетот за 2022, кој ќе изнесува рекордни 4,43 милијарди евра.- ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го блокира овој важен документ, како пшто никогаш не го блокирала. Ќе поднесема околу 200 амандмани, рече Мицевски.Амандманите ќе се однесуваат на чистиот воздух, животна средина, енергетика, капитални инвестиции и други прашања

Македонија | пред 4 години

bolnica-bitola

Трагедија: Почината 18-годишна девојка донесена во болницата во Битола

Вчера во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола била донесена почината 18-годишна девојка од Битола.Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Македонија | пред 4 години

korona

285 случаи на коронавирус, починаа 8 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 110, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.· Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Кавадараци – 26, Штип – 25, Битола – 24, Куманово – 22, Кочани – 21, Велес – 18, Неготино – 12, Прилеп и Берово – по 8, Делчево – 7, Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Демир Хисар и Радовиш – по 4, Кичево – 3, Ресен и Охрид – по 2, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.· Направени се 2.667 тестови преку: ИЈЗ-215, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–34, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-117, Биотек-135, Систина-45, лабораторија Лаор-156, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–53, Генеа-2, Никоб лаб-225, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-22, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.348.Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 91416, активни 3852Куманово 12637, активни 360Тетово 11221, активни 221Прилеп 9875, активни 451Битола 8086, активни 656Гостивар 8042, активни 48Велес 7085, активни 365Кавадарци 6653, активни 360Штип 6419, активни 252Охрид 6280, активни 230Струмица 5975, активни 114Кичево 4186, активни 106Струга 3868, активни 53Кочани 3816, активни 243Гевгелија 2683, активни 149Неготино 2491, активни 84Свети Николе 2068, активни 77Крива Паланка 1790, активни 171Радовиш 1671, активни 79Ресен 1655, активни 92Дебар 1453, активни 3Берово 1314, активни 55Делчево 1271, активни 109Виница 1124, активни 44Пробиштип 1091, активни 63Валандово 877, активни 22Кратово 716, активни 71Богданци 611, активни 29Крушево 571, активни 24Демир Хисар 556, активни 77Македонски Брод 483, активни 6Демир Капија 417, активни 8Македонска Каменица 386, активни 55Пехчево 334, активни 11Дојран 156, активни 9

Македонија | пред 4 години

kod-soobrakajna-nesreca-ohrid-960x495-1

(ВИДЕО) КОД: „Мојот син по вторпат убиен, првпат од несовесен, брз возач, сега од судот“

За две предизвикани жртви на улична трка, возачот кој се движел со 106 километри на час, во охридскиот суд доби условна казна. Трагедијата се случи минатото лето на патот Охрид –Пештани, а за КОД тешко повредените девојки и роднините на загинатите момчиња раскажуваат како го преживеале судскиот процес и несреќата.Тогаш згаснаа животите на две млади момчиња, три девојки претрпеа тешки телесни повреди со сериозни последици.Во пресудата пишува дека обвинетиот Ангелоски, со својот автомобил Голф, престигнувајќи друго возило Фолксфаген со бризна од 106 км на час каде е дозволено 60, удрил во Ситроен Ц3 со кој управувал Иван Корач на местото каде регионалниот пат се вкрстува со спореден пат од комплексот Инекс.По ударот, Ситроенот се забил во билбордот од десната страна на патот, а Голфот во оградата од левата страна.Животот на 27 годишниот битолчанец Иван Корач згасна во болница, 6 часа по несреќата. Младото момче не успеа да се избори со тешките повреди на глвата, кога од силниот удар настапи крварење и нагмечување на мозкот. Милан кој беше на совозачкото седиште во Цитроенот, му подлегна на речеиси истите повреди како и Иван, но еден месец подоцна. Родителите на двете млади момчиња, велат дека тагата и болката се преголеми, но силно боли и неправдата.-Мојот син е по вторпат убиен, еднаш убиен од несовесниот возач, вторпат убиен од судијата. Ова е доказ дека овде нема правда и дека правдата секој треба да си ја земе во свои раце, вели Владимир Корач, татко на починатиот Иван Корач.-Преголем шок, не можев да верувам дека во оваа држава толку се евтини човечките животи. Со ваква прессуда нашето судство кажува дека секој може што сака да прави, условно ќе одгвора, што значи нема да одговара, вели Љубиша Стојановски, татко на настраданиот Милан.Трите девојки кои седеле на задното седиште во Цитроенот, ја преживејаа несреќата, но со тешки телесни повреди.од

Македонија | пред 4 години

helikopter-1

Активиран армиски хеликоптер за гаснење на пожар во скопско

Пожар на отворен простор избувна на патот за селото Бродец, на местото викано Рамно во Општина Чучер Сандево информираа од Центарот за управување со кризи.„Веднаш по добиената информација за голем пожар на отворен простор над селото Мирковци на патот за селото Бродец, место викано Рамно во Општина Чучер Сандево, на терен излегоа екипите на БППЗ на Град Скопје. Поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. Од 15:30 часот армиски хеликоптер веќе дејствува на пожарот. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани. Согласно процедурите на ЦУК, искоординирани се и МВР, ДЗС и Шумско стопанство Караџица“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања