ТОП

Нема фотографија

Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,445 денари за кг.Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146% , информираат од РКЕ.

Македонија | пред 4 години

ivan-dzolev

Џолев е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје

Иван Џолев, со одлука на Судскиот совет денеска е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје.Судијата Џолев, како што изјави портпаролот на Судскиот совет, Љубиша Арсиќ, е определен на оваа должност заради континуитетот во работата и затоа што судот под негово водство спаѓа во листата ажурни судови.Арсиќ истакна и дека во блиска иднина ќе биде објавен оглас за избор на претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, како и на други три основни судови – Тетово, Куманово и Ресен.Тој воедно нагласи дека во случајот со определување в.д. претседател на Основниот кривичен суд, Судскиот совет постапил според членот 89 од Законот за судовите.„Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседател на суд, до избор на нов претседател, Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот, кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите судии има добиено најголем број бодови“, рече Арсиќ и посочи дека Судскиот совет не избрал претседател, туку определил, во согласност со законот, вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд.Од Судскиот совет додадаваат дека според законските одредби, оглас за избор на претседател на суд се распишува 60 дена пред истекот на мандатот, но овие 60 дена се погодиле во кампањата за локалните избори.„Локалните избори беа закажани на почетокот на август, а имајќи ја предвид препорката на антикорупциската комисија, дека Судскиот совет не смее да избира и разрешува судии за време на изборна кампања, едноставно не можеше да се распише оглас за избор на претседател“, рече Арсиќ истакнувајќи дека за определување в.д. претседател на судот не е потребно распишување оглас.

Македонија | пред 4 години

DimitrieskaKocoska08112021

Димитриеска: РЕК Битола е надвор од функција, јаглен има за два дена, може да снема струја

Никогаш во историјата на РЕК Битола рударско енергетскиот комбинат не бил надвор од функција во сред грејна сезона, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„РЕК Битола е рбетот на енергетскиот систем на земјата и гарант дека државата нема да остане без струја. Овој капацитет заради неспособноста на владата од утрово е надвор од функција. Откако пред неколку дена се запали трансформатор на блок 3, утрово има проблеми и со блок 1. РЕК за првпат по години не произведува струја и тоа не е не планирано, туку од неспособност во сред енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи рушат рекорди.Без РЕК Битола,  хидроакумулациите и другите капацитети на ЕЛЕМ не се доволни за да ги задоволат потребите за струја на земјата без. Државата неработата на РЕК ќе ја плати прескапо.Дури и со санирање на оштетувањата, РЕК има проблеми, на депонијата, како што официјално кажаа од власта има само 40,000 тони јаглен, тоа е гориво потребно само за 2-3 дена и тоа без комплетна работа на сите три блока. При промена на власта во 2017 година оставивме откривка и јаглен спремен за ископ од околу 5,5 милиони тони што е еднакво на потребна количина за полн капацитет за следните 10 месеци. Оставивме 25 милиони евра депозити, 8 милиони евра на сметки, нула доспеани обврски, ремонтирани блокови, полни акумулации и огромни завршени инвестиции во хидро и термо опремата.Секој почеток на грејната сезона бил пропратен со најмалку 200,000 тони јаглен на депонија.Со промена на власта започна пропаста на електоенергетскиот систем во Македонија, пропаста на гигантот ЕЛЕМ и МЕПСО. Енергетските претпријатија се користеа за испумпување на пари преку тендери, за набавка на несуштински работи, а не се инвестираше во нови машини, нова механизација, во ископ на јаглен и во пронаоѓање на нови наоѓалишта. Наспроти инвестиции, сите започнати проекти ги запреа. Откриениот јаглен го потрошија, а нова откривка не направија. Машините во рудниците тонат во вода. Водата од акумулациите ја истрошија сосема непланирано. Санација на електростатските филтри, како и десулфуризација не направија, нова помошна механизација во текот на 4 години не набавија, но затоа цутеше бизнисот за приватни ангажирања на компании кои се возеа низ РЕК Битола.Резултат е рекордното намалување на годишното производство на електрична енергија, намалување на приходите и зголемување на трошоците. Сето ова не доведе до состојбата која ја имаме денес.Почитувани, на светските берзи струја има криза нема. Тоа значи дека можеш да купиш струја, но по која цена?И сега се отвора финансискиот дел од целата оваа состојба до која не доведе ова власт. Ќе набавувале јаглен во износ од десетици милиони евра. Наместо да го ископаат полесно е да го набават и провизии да си ќарат. А со вработените што ќе правиме? ЕЛЕМ го превработија за јаглен да купуваат?  Овие десетици милиони евра значат девизен одлив, значат помал бруто домашен производ, значат насочени пари на погрешно место наместо во капитални инвестиции. Дополнително на ова МЕПСО непријавено земал струја од eвропскиот енергетски систем, па сега ова ќе ги чини граѓаните казна од најмалку 15 милиони евра.Криминалот и неспособноста креираа енергетска криза која ќе заврши со тешка финансиска криза.Ако во јануари 2017 година имавме интервентен увоз на струја кога надворешните температури беа  до -27 степени  и јаглен не можеше да се копа и имаше криза во енергетскиот сектор во Европа, денес имаме се уште високи температури и интервентен увоз кој е многу поскап од оној во 2017-та кога беа најтешки услови во рудниците.За ова некој ќе одговара и тоа многу брзо.Почитувани, се додека државата ја води оваа власт народот го очекува колапс, сиромаштија и прекини во снабдувањето со електрична енергија“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

toksikologija

Kривични пријави за три лица од Токсикологија, ја злоупотребиле службената положба

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот – управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување, поттикнување, фалсификување службена исправа и несовесно работење во службата“.– Првопријавениот со својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје во текот на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје ја искористил службената положба и овластување на начин што спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека Клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор Уни – Медикал ПСТ Скопје, по што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје како единствен понудувач му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.542.317 денари, а воедно пријавените предизвикале и штета на буџетот на Клиниката во износ од 942.315,00 денари – се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.Второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни-Медикал ПСТ Скопје со намера да изврши продажба на медицинското средство и да се стекне со противправна имотна корист во истиот период во Агенцијата за лекови и медицински средства употребил исправа со невистината содржина на начин што внел невистинит податок за потеклото на медицинското средство.Третопријавената, пак, во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето на Одобрението за увоз на медицинското средство, односно изготвила и одобрила Одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран во регистарот на медицински средства, како и не е извршено запишување во регистар на медицински средства што се води во земјава, со што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје му овозможила да изврши увоз и продаде медицинско средство во вкупна вредност од 6.115.468 денари.

Македонија | пред 4 години

253080917_287165440081460_2817376603515756284_n

Авалон го носи Стинг во Сараево

Авалон продукција ќе го организира концертот на светската музичка ѕвезда Стинг во Сараево, на 19 март 2022 година. Ова е првиот голем настан што тие го закажаа за 2022 година, а ќе се одржи во олимписката сала „Зетра“.Ова ќе биде и прв концерт на Стинг во Сараево во неговата долгогодишна кариера. По концертот на Ју-Ту во Сараево, одржан 1997 година на стадионот „Кошево“, ова е најголем музички настан досега во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми.„Стинг ја продолжува неговата турнеја ‘Мај сонгс’, која беше прекината поради короната, а на концертот ќе го промовира и неговиот нов албум “Бриџ“, кој ќе излезе во продажба на 19 ноември“, велат од Авалон.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 12 ноември (петок) преку продажната мрежа на kupikartu.ba.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-11-08-120211

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски прекина копање на улица во Карпош

Старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео како прекинува, како што вели тој, „диво“ копање на улицата Букурешка.„Почитувани граѓани на Карпош,Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник“, објави Јакимовски.Претседателот на ГРОМ вели дека од секторот за урбанизам добил потврда дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.„Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци“, напиша Јакимовски на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

GD-za-Antoris-foto-1

Ситуацијата не е добра, повторно преземаме струја, вели Рамадани

Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани за Фактор.„Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани. Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонија | пред 4 години

osmani

Ахмети ќе ја одржува безбедноста на државата, вели Османи

По завршување на Генералниот совет на ДУИ, Бујар Османи изјави дека Али Ахмети ќе продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, и дека ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците. Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, рече Османи.

Македонија | пред 4 години

makedonski-telekom

Телеком чека реакција: Владата ја постави Дардишта во Одборот на директори

Македонски Телеком се оградува од ставовите на Шкодране Дардишта кои таа ги објави на Фејсбук.„Македонски Телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, се вели во соопштението.Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-2

Ахмети се огради од изјавата на Дардишта: Тоа не е во интерес на партијата

Се’ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за миг ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна, напиша на „Фејсбук“, Шкодране Дардишта од ДУИ, членка на Одбророт на директори на Македонски Телеком, која до лани беше на раководна позиција во заедничките служби на Клиничкиот центар.Таа во објавата додаде и: „Не си играјте со оган, оти самите ќе изгорите во него“.Објавата наиде на реакции во текот на денот, а последна е онаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се огради со коментар дека таквите изјави не се во интерес на партијата.„ДУИ во својата кауза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата“, рече Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.

Македонија | пред 4 години

stojance-angelov

Ангелов до Дардишта: Намалете го патриотското доживување

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов ѝ одговори на Шкодране Дардишта од ДУИ, која се закани со војна, откако опозицијата најави дека има мнозинство во Собранието кое ќе изгласа недоверба на Владата.„Со години наназад внимателно работам и придонесувам во процесот на помирување и одеднаш со силна дразба се појавува директорката на Клиничкиот центар во Скопје, актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком и активистка на ДУИ, Шкодране Дардишта, чија што заканувачка изјава на нејзиниот фејсбук-профил едноставно ме тера да и одговорам во нејзин стил, уверен дека ваквата популистичка, заканувачка и распалувачка реторика веќе не минува кај мнозинството македонски граѓани.Г-ѓо Шкодране Дардишта, вие можеби сѐ уште ги имате вашите стари чизми на таванот во старата куќа но ние, во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаме нови гојзерици. Верувам дека некои од вас се' уште ги кријат и своите стари пушки но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш. Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО.Понатаму, зборувате дека вие не сте сираци и сте никнале после војна но не заборавајте дека нашите храбри предци, комитите и партизаните, низ многу крв, страдање и смрт, на парче македонска земја, успеале да создадат наша, македонска држава, држава која ние, македонските бранители, во 2001-та успеавме да ја одбраниме од вас, за денес да биде наша заедничка татковина, татковина на сите луѓе кои живеат во неа. Македонија а не Илирида како што пишувате вие.Вашиот текст го завршувате заканувајќи се': "Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорете во него“. Јас би ви препорачал да го намалите вашето "патриотско" доживување бидејки обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не ви се допаѓа вам, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија. Или, можеби тие се помалку Албанци од вас?Г-ѓа Шкодране, на нашата заедничка татковина, Македонија, и треба стабилност, безбедност и мир, членство во ЕУ, демократија и економски напредок. За жал изјави како вашите не' не водат во тој правец. Затоа сосем за крај, апелирам до вас, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства“, напиша Ангелов.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-11-07-at-12.43.49

Нема пратеник што се повлекол од мнозинството за рушење на Владата тврди Мицкоски и кажа што понатаму

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негира дека пратеникот Скендер Реџепи од „Алтернатива“ бил измамен и не му било кажано дека Левица ќе е дел од мнозинството за гласањето на недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ. Тој кажа дека немал чуено изјава од пратеникот дека ја повлекува веќе дадената изјава и потпис, туку дека, како што рече, криминалната влада на Зоран Заев треба да замине.„Информацијата е без да биде цитирана изјава на Скендер Реџепи, без потврда, а потоа беше дистрибуирана во јавноста. Јас во животот не мамам. Најмалку имам потреба да се служам со методи кои мене како човек ми доликуваат. Најдобар демант на сето ова ќе биде иницијативата која ќе биде поднесена утре до Собранието. Немам чуено дека пратеникот Скендер го рекол тоа. Имав можност да чујам друга негова изјава дека оваа криминална влада треба да замине, предводена од Зоран Заев. Верувам во неговата чесност и честитост“, кажа Мицкоски.Тој не очекува премиерот Зоран Заев да поднесе оставка. Мицкоски посочи дека ако утре до 14:30 часот тоа не биде направено, ќе ја поднесат иницијативата за гласање на недоверба.„Вратата за секој оној кој што мисли дека оваа Влада на Зоран Заев не е добра, е отворена. Секој кој ја поддржува, нема да биде дел од оние пратеници кои ќе гласаат за недоверба. Тука не постои политичка партија, туку 120 пратеници. 61 застанаа, 59 ги оставам да размислат. Да ја завршиме прво првата работа, потоа има Устав, закони, кој треба да се почитуваат. Мандат се дава на мнозинство и така натаму. Да почекаме да се случи прво првата работа. Лично, не очекувам дека Заев ќе даде оставка, тоа го темелам на претходно искуство. Ќе го доставиме тоа до претседателот на Собранието. 14:30 ќе ја отпочнеме процедурата за гласање на доверба на оваа Влада на Зоран Заев ако не даде неотповиклив оставка“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

mickoski-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: Формираното мнозинство е за пад на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Формираното мнозинство е за пад на Владата„Народот избра промени. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатив, БЕСА и Левица формираа мнозинство за пад на владата на Заев.ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира ново мнозинство кое треба да го отслика расположението на граѓаните и да ги реализира потребните реформи. Доколку таквата влада не може да ги гарантира тие работи, треба да се оди на предвремени парламентарни избори.ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме.СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери.Надежта е родена. Македонија бара промени“.Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

Со партнери кои се анти ЕУ, анти НАТО и анти Преспа, јасна е агендата на Мицкоски туку желба за власт, велат од СДСМ

„Деновиве ќе покажат дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Информациите кои вчера се појавија во јавноста, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви "принципи" станува збор. Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски“, стои во реакцијата на СДСМ.„Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт. Конфликтот на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. СДСМ како партија која е на страната на граѓаните, на националниот интерес и напредокот на државата ги повикува на соработка сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, додаваат тие.

Македонија | пред 4 години

Jovan-Mitreski

Пратениците се злоупотребени, обзнани Митрески од СДСМ, кој вели дека потпишаните за ново мнозинство даваат поддршка на СДСМ

Јован Миртрески, координатор на пратениците од СДСМ тврди дека сите пратеници дел од мнозинството го демантираат ВМРО-ДПМНЕ дека има ново мнозинство во Собранието. Ова доаѓа по прес-конференцијата на претседателот Христијан Мицкоски кој поажа 61 потпис пред медиумите.„Како координатор сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок. Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. Од друга страна, добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени. Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, напиша Митрески.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања