ТОП

Vodno3

„Го сакам Водно“ бараат гаранција за Водно од Арсовска и Шилегов

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат, реагираат од граѓанското здружение „Го сакам Водно“.На само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, тие ги повикуваат кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска, како што појаснуваат, не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно се искрени.„Заложбите и апелите за носење севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарството, хидрологијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија не успеаја да ја спречат одлуката која отвора врата за негово брзо урбанизирање и уништување. Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе победи во трката за градоначалник“, велат од ова здружение.Напоменуваат дека потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе.„Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа одлука. Ако го сакате градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен. Инаку, ќе го изгубиме Водно“, се додава во писменото соопштение.Во предлозите што треба да направи градот сугерираат дека треба да се започне итно со изработка на просторен план на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно зонирање на Водно, наспроти она предвидено во одлуката, подвлекуваат од здружението.„Тој да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена зона. Паралелено да се иницира постапка за носење специјален закон за Водно во Собрание. Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе просторен план за Водно, како план од највисок ред“, објаснуваат од „Го сакам Водно“.Очекуваме, додаваат од таму, идејна драфт-верзија на специјалниот закон.„Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за просторен план на Водно. Можеби веќе имaте нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или, пак, нешто друго? Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите“, потенцираат од граѓанското здружение.

Скопје | пред 4 години

Silegov-520x292

Арсовска до Заев и Шилегов: Се што кажавте досега е лага

Последниве денови сме сведоци на силна црна кампања против мене и моето семејство. Еве на крајот од оваа кампања сакам да ви се обратам директно и искрено вам, дека јас, Данела Арсовска ја побарав вашата поддршка како човек без ниту една дамка во животот и таа поддршка ја добив.  Јас за разлика од моите противници не направив никаква негативна кампања за нив. Немам потреба од такво нешто, бидејќи локалните избори треба да бидат борба на идеи и проекти на ниво на градот. За жал овие избори некој ги направи извор на лажни вести и црни кампањи, вели Арсовска.„Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка. Никој не заслужува ваква црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого. Никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван. Затоа што тој што тоа го прави покажува ароганција и слабост.Затоа што тој што тоа го прави сака да ги скрие своите криминали и да избегне одговорност. Сега гледам право во нив, моите противници, бидејќи сега се двајца и градоначалникот во заминување и премиерот во заминување со порака – Ќе ве победиме! Готово е!Сега јасно и гласно кажувам – се што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго. Едниот мој противкандидат е познат по тоа што ги излажа скопјани и во 4 години оствари само 5% од ветените проекти. А другиот по тоа што континуирано се пазари со македонските национални интереси. Јас кажав дека лажат, побарав извинување, а добив нови напади и закани за мене и моето семејство. Сум победила многу пострашни битки во својот живот, а ќе победам и сега бидејќи не сум човек што се откажува.  Колку е само очајно и тажно наместо да се бориш со квалитет и проекти да се бориш со лаги. Една порака и до предводниците на црната кампања – треба да знаете дека скопјани го имаат последниот збор, добив илјадници пораки и повици за поддршка да не се откажувам бидејќи проектите за скопјани ќе победат а не црната кампања. Драги мои Скопјани,Мора да ставиме крај на поделбите. Мора да ставиме крај на лошото менаџирање на градот. Скопје заслужува повеќе од ова што сега му се случува. На нивната омраза ќе одговориме со нова надеж, промени, добри дела и одговорна работа. Промените е тука, да се здружиме сите за модерно и поубаво Скопје“, додаде таа.

Скопје | пред 4 години

joci-naumoski

Јоци откако Наумоски чкрташе по ѕидови: Зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција

Новинарката, политиколог и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци за чкртаниците на ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, посочи дека “зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција”“Саше, како екс градоначалник на Ѓорче, со отечените очи - чрктал по ѕидови. И тоа со женски ракопис. А, бе, ви кажав дека ќе губи 100:0 и ќе плаче? Ах, бееее... Место во канцеларијата на Заев да чкрта. “Клинички во Ѓорче" пошто владата ја вети таа инвестиција , зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција. Класична пичкица! Биди маж, бре, алоУууу! Изгуби и подај рака. Подај ми мене, бе....ти реков лом ќе бидеш! И ти си бил маж!”, напиша Јоци.

Коментари | пред 4 години

245622216_292110199581898_1948198869225165298_n

ФОТО: Што наследи Стојкоски во кабинетот во Ѓорче Петров

Исчкртани ѕидови затече новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кабинетот кој го презеде од ексградоначалникот Александар Наумоски од СДСМ. На ѕидот зад градоначалничкото столче, со пенкала и моливи е испишано „Клинички центар во Ѓорче“. На местото, имало и фотографија која е отстранета, за да може да се пишува на местото.Александар Наумоски при предавањето кажа дека тоа е негов ракопис, откако Стојкоски изреагира што е со чкртаници на ѕидот. Неофицијално, според информации на „Скопје1“ кои ги доби од вработените, тој бил испишан во текот на оваа недела, откако Наумоски ги изгуби изборите.Ова е првпат да се затече ваков чин во градоначалнички кабинет, кој наместо во уредна состојба, истиот се предава со чкртаници. Новиот градоначалник на Ѓорче, Стојкоски, во наредните денови ќе провери каква е состојбата со општината, по што ќе ја извести јавноста.

Скопје | пред 4 години

pozar

Богдановиќ објави што ќе се гради на местото на бараките кои вчера гореа во Парк

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на социјалните мрежи објави дека на местото каде вчера гореа бараките на поранешен суд за прекршоци, предвидено е да има училиште.„На ова место и во постоечкиот и во Деталниот урбанистички план кој е во процедура предвидено е да има објект со намена В1 - Образование и наука, односно училиште. Во моментот спроведувањето се одвива по стариот Детален урбанистички план Дебар Маало 2, донесен од Советот на општината со Одлука бр.07-3727/2 од 28.12.2009 година“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-25-at-13.06.09

Бугарски весник ја реши дилемата за личната карта на Арсовска

Владејачката СДСМ тврди дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска има бугарско државјанство и бугарска лична карта, што ја прави недостојна за кандидатурата и бараат нејзино повлекување. Данела Арсовска ги негираше вкавите обвинувања на денешната прес-конференција.Бугарскиот весник „24 часа“ објави дека Данела Арсовска сепак нема бугарска лична карта.„Според објавената копија од личниот документ, кој е издаден во мај 2017 година со постојана адреса во Петрич и со важност до 2027 година, нашиот репортер на сајтот на МВР упати референца за бугарски лични документи. На посочениот број на лична карта и датум на раѓање испаднало дека: „Документот N: [6469489279] на лице со датум на раѓање [20.12.1979] не фигурира во списокот на валидни бугарски лични документи“, пишува „24часа“

Скопје | пред 4 години

klinika-brza-pomos

15 починати и 444 нови случаи на корона во земјава

Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка - 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8, Велес – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.Направени се 3.210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42,ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411.Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87908, Активни 3203Куманово 12195, Активни 455Тетово 10980, Активни 119Прилеп 9408, Активни 257Гостивар 7998, Активни 25Битола 7378, Активни 216Велес 6739, Активни 328Кавадарци 6227, Активни 211Охрид 6142, Активни 192Штип 6101, Активни 207Струмица 5901, Активни 136Кичево 4084, Активни 70Струга 3838, Активни 42Кочани 3530, Активни 176Гевгелија 2543, Активни 84Неготино 2371, Активни 39Свети Николе 1997, Активни 78Крива Паланка 1616, Активни 140Радовиш 1588, Активни 45Ресен 1583, Активни 43Дебар 1453, Активни 5Берово 1233, Активни 21Делчево 1153, Активни 33Виница 1084, Активни 35Пробиштип 998, Активни 54Валандово 850, Активни 23Кратово 639, Активни 32Богданци 584, Активни 27Крушево 546, Активни 15Демир Хисар 481, Активни 34Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 356, Активни 40Пехчево 320, Активни 4Дојран 145, Активни 3

Македонија | пред 4 години

slavjanka-321462

Петровска: Ова е бугарската лична карта на Данела Арсовска, со номер, со дата на раждане, потпис

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска:„Почитувани граѓани, почитувани новинари,Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ.Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка.Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година.Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.Почитувани граѓани,Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.Почитувани граѓани,Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Мицкоски за црната кампања на СДСМ: Колку пониско удира власта, ние повисоко ќе се креваме

Не сакам да коментирам луѓе кои што се заглавени во едно политичко мочуриште, тоа е очекувано од структурата која што е во заминување. Не очекувам дека ќе зборуваат за проекти, бидејќи немаат проекти и не очекувам да зборуваат за иднина, бидејќи не знаат како да создадат нова иднина. Ако забележите во оваа кампања тие или зборуваат за минатото, не враќаат 10 години наназад, или помеѓу двата круга гледате дека само на црната кампања се фокусирани. Тие нека продолжат да удираат ниско, колку пониско тие удираат, ние толку повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, за нова иднина и така уште ден, два до крајот на кампањата ќе продолжиме, а од понеделник не чека многу работа, да ја извадиме Македонија, да го извадиме Кочани од политичко мочуриште во кое што денеска се наоѓа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на црната кампања од страна на СДСМ.Мицкоски посочи дека нема ниту едно поле каде што може да се издвои еден успех од страна на владата на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дека додека тие се заглавени во минатото и продолжуваат да тонат во политичкото мочуриште, ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните има нуди проекти, план и визија.Јас не очекувам повторно ќе кажам нешто поинакво од Зоран Заев, СДСМ или ДУИ. Фактот е дека владата на СДСМ и ДУИ ја направи Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ направи Македонија да биде трета во светот според смртноста од ковид пандемијата и наместо да бараат вакцини за да се имунизира населението, тие одеа бараа и трчаа по провизии. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ практично ја турна на дното Македонија според економијата во регионот па и во Европа. Факт е дека е презадолжена, факт е дека единствено што направија е распродажбата на националниот идентитет, факт е дека во образованието и реформите кои што ги спроведоа немаме ниту еден Универзитет во првите 100 на Шангајската листа и уште многу, многу порази кои што ги направија. Незадоволни земјоделци, па еве прошетајте овде во Кочани, ќе видите како живеат луѓето кои што се занимаваат со производство на ориз, оризопроизводителите, тие кои што произведуваат оризова арпа и тие кои што го произведуваат белиот ориз, додаде тој.Практично не можам да издвојам ниту едно поле каде што имаме успеси, единствено нешто што им преостанува е да го плашат народот, да го делат на леви и десни, да го делат по етничка основа, по верска основа. Така што тие нека останат заглавени во минатото и нека продолжат да тонат во ова политичко мочуриште, ние гледаме кон иднината, нудиме проекти, план и визија и така ќе продолжиме, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

maxresdefault

Поранешен министер за финансии: Ќе влечеме струја и натаму, ситуацијата е безизлезна

Поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и треба на клучните позиции во државата да се постават постручни луѓе за справување со вакви ситуации, смета поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24.-Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се прави лажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите. Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите. Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглен не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Данела Арсовска има бугарска лична карта издадена една недела по 27 април, тврди Петровска

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција.„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.„Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Скопје | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска до Заев: Нека си ја спреми оставката за во понеделник

Данела Арсовска рече дека нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат. Таа рече нема променето име како што се пишува јавно, а тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство“Јас не поднедувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека кандидатката Данела Арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, има бугарско државјанство.Тој рече: „Македонија е пријателска земја, ама ова е too much“ бидејќи излезе со тврдење дека поркрај бугарско државјанство, таа е конзул на Унгарија.„Во Скопје се бира градоначалник, не кмет. Во Бугарија се бира кмет, со сета почит кон Бугарија“, вели Зоран Заев а прашан дали е сигурен дека таа е бугарски државјанин, тој додаде: „Тврдам и јас верувам дека цела аргументација ќе излезе на површина. Сега дознав, ако вчера излезе ова, тоа е завчера. Дека е бугарски државјанин, е бугарски државјанин и тоа не е спорно. Морате да им кажете на граѓаните на Скопје кога се кандидирате, тоа е нечесен однос“.„Веднаш да се повелче ако малку го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, недозовлено вака да се постапува. Ако ја изберат, нема враќање назад, министри може да се сменат, градоначаници не. Нека се повлече жената“, додаде Заев.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-27-102055

(ВИДЕО) Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција, обвинува СДСМ

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните.Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?

Скопје | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Колку семејни фирми на Арсовска имаат седиште во спортската сала „Расадник“, прашува СДСМ

„Почесната конзулка на Унгарија Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што е одговорна за пропаѓањето на спортската „сала Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани“, изнесе на денешната прес-конференција Градската организација на СДСМ - Скопје.СДСМ - Скопје тврди дека Данела Арсовска бега од одговори на прашања во врска со нејзиното катастрофално менаџирање на салата „Расадник“, кое било овозможено од власта на ВМРО-ДПМНЕ кога министер за финансии е Никола Груевски во 2002 година.Претходно, СДСМ обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“ со седиште на улица Благоја Гојан 24 (од 01.01.2002), кога Данела имала само 22 години: „Арсовска (тогаш Јовановска) се обврзала да го развива спортот во Општина Кисела Вода со користење на салата, но, наместо спортот, директорката Данела развивала семејни фирми - дел од нив со седиште токму на спортската сала „Расадник“ – објект изграден на државно земјиште од град Скопје преку самопридонес на скопјани“, тврди СДСМ Скопје.На прес-конференцијата беа обелоденети повеќе документи за поврзаност на Данела Арсовска со фирми на нејзиниот татко, дека заедно воделе бизниси во државната сала „Расадник“ и на други места, како што е фирмата РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ со седиште на ул. НАРОДНИ ХЕРОИ ББ Спортска сала - Расадник:„Арсовска станува претседател на ССК во 2014 токму како генерален менаџер на „Ројал Груп“ и истата година дава интервјуа како „сопственик на Ројал Скопје“. Наредната 2015 година Арсовска и „Ројал Груп“ се на списокот на донатори за црквата на Никола Груевски, а Арсовска седи на иста маса со Груевски“, укажа СДСМ Скопје.СДСМ Скопје обелодени документ за историјатот на фирмата „РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ од кој се гледа дека Арсовска и татко и претходно биле заеднички сопственици, а била и управител на оваа фирма со седиште во сала „Расадник“:„Фирмата „Империал ДООЕЛ“ (претходно „Империал Данела“) ја дала на подзакуп салата Расадник на семејната фирма „РОЈАЛ ГРУП“ токму во периодот кога е констатирана кражба на струја. Кога Арсовска станува претседател на ССК во 2014, кога се објавуваат информации за неа како генерален менаџер на „Ројал Груп“, тогаш се крадела струја, а фирмата „Ројал груп“ била подзакупец на Спортската Сала „Расадник“!“, тврди СДСМ Скопје.СДСМ ја обвинува Арсовска дека додека салата Расадник пропаѓала како резултат на лошо менаџирање и неплаќање огромни долгови кон ЈП, „Арсовска си развивала семејни бизниси - и на државна адреса во сала „Расадник“, но и на Благоја Гојан 24 каде е регистрирана фирмата „Империал Данела“ – првиот закупец на салата „Расадник“ во 2002“.Од обелоденетите документи, се гледа дека Данела Арсовска била менаџер на „Хотел Империјал“, на ул. Благоја Гојан 24, каде што биле регистрирани и брендовите „Hotel Imperial“ и „Hotel Royal“ на фирмата Хотели Ројал ДООЕЛ Скопје.СДСМ Скопје обелодени и документ дека фирмата „Хотели Ројал“ е сопственик на „Хотел Ројал“ во Капиштец, и постави директни прашања до Арсовска:„Колку приватни или семејни фирми на Арсовска имаат седиште на државна адреса во спортската сала „Расадник“, објект изграден од скопјани со самопридонес? Дали тие приватни фирми краделе струја, не плаќале долгови и исцрпувале ресурси од државната сала, за да си развиваат бизнис со хотели и други бизниси?“

Скопје | пред 4 години

mvr-1

Внатрешната контрола на МВР ги испита наводите, ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле.МВР е гарант за слободно изразување на вољата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме , ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела на вториот круг од локалните избори.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања