ТОП

rustemi-merdzan

„Судот ќе ги одбие доказите, за ‘ТНТ’ да заврши до крај на 2021, нудеше и условна казна за невин клиент“, адвокат со допис до судот по средба со Рустеми

Допис со обвинувања дека постои договор меѓу обвинителот Бурим Рустеми и Кривичниот суд, пресуди за предметите кој тој ги застапува да има до средината на декември е доставен до претседателот Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески и странски амбасади.„На ден 18.10.2021 година се одржа рочиште по предметот КОК 53/17 на кое судечкиот судија го задолжи јавниот обвинител Бурим Рустеми да се произјасни во врска со доказите на одбраната. Со цел економичност на постапката и можноста да се усогласам со јавниот обвинител побарав да остварам средба со јавниот обвинител Бурим Рустеми при што истата се оствари на ден 21.10.2021 година во просториите на Вишото Јавно обвинителство. Во оваа прилика сакам да Ве информирам за дискусијата со јавниот обвинител Бурим Рустеми и да повикам надлежните институции да превземат соодветни чекори со цел почитување на законите во Република Северна Македонија“, вели во првиот дел од дописот, адвокатот Меџан Даути кој ја застапува Елисалвета Најдовска во „ТНТ“.„Имено во текот на состанокот од страна на јавниот обвинител ми беше понудена условна казна за мојот клиент на што јас одговорив дека мојот клиент не е виновен за ништо. На тоа јавниот обвинтел истакна дека поради тоа што истата не е крива нуди условна казна. На мое прашање како може да гарантира условна казна кога согласно позитивните законски прописи судот а не обвинителството носат одлуки по прифатен обвинителен акт обвинителот ми кажа дека тоа тој ќе си среди со судот. Понатаму а во врска со разговорот околу доказите по кои треба да се изјасни обвинителот ме информираше дека тој ќе даде предлог сите докази на одбраната да бидат одбиени бидејќи неможел да дозволи постапката сеуште да трае и морало да заврши до крајот на 2021 година и дека предлог на обвинителството во целост ќе биде прифатен од судот. Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на наредната главна расправа закажана на 28.10.2021 година. Јавниот обвинител ме информираше дека предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд имал договор со судот да завршат до крајот на година т.е најкасно до 15.12.2021 година. На крајот на разговорот бев буквално избркан од неговата канцеларија бидејќи бил лут дека одбраната доставувал многу преставки во врска со неговото работење“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

dastevski-9182

ДИК менува правила: Да важат и гласачките ливчиња без печат од одборот

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња кое предвидува одредба спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.Инаку печат на секое искористено гласачко ливче е пропишана со Изборниот законик.Во правниот систем, законите се повисока категорија на акти од упатствата кои шти претставуваат подзаконски акти. Упатствата секогаш треба да се усогласат со законите.Членовите на ДИК и претседателот Александар Даштевски се правници по образование и вокација, а при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.Но во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои објаснувањето за печатот: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“Правниците, адвокатите и членовите на ДИК одлучиле дека иако законски гласачкото ливче мора да има печат пред да му биде предадено на избирачот, всушност ќе се брои за важечко и доколку нема печат удрен од избирачкиот одбор.На гласањето денеска не бил само членот на ДИК Кренар Лога, предложен од Алијансата на Албанците.Одлуката е донесена, најверојатно откако Управниот суд поништил гласање на едно избирачко место во општина Шуто Оризари затоа што ливчињата во кутијата немале печати на нив. Сега членовите на ДИК сметаат дека ќе нема вакви проблеми ако го сменат упатството, иако во Изборниот законик останува обврската за печат.Дополнителен проблем е што имаше обуки на илјадници членови на избирачките одбори дека мора да удираат печати на ливчињата, а сега се менува упатство 5 дена пред изборите, без можност за обука. Од друга страна, членовите на избирачките одбори ќе мора да одлучуваат дали ќе ги печатираат ливчињата како што им е законската обврска или пак да ги послушаат правниците од составот на комисијата кои тврдат дека може да сегласа и на непечатирано гласачко ливче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-222607

(ВИДЕО) Данела нервозна на дебата: Срмота е ова да го прават луѓе со кој 5 години сум седела на маса

Колку и да ме напаѓате во следните денови имаме уште три дена од оваа кампања почитуван господине Шилегов, треба да знаете дека одговорност ќе имате за парите на скопјани кои ги потрошивте, а не дадовте отчет, за сите работи кои ги направивте вклучително за она што ме навредивте мене како личност и целото мое семејство, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.Арсовска одговори и на обвинувањата, односно како што рече небулози дека има бугарски пасош.– Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност, рече Арсовска.Јас знам, посочи таа, во каква борба влегувам и дека немам ниту една дамка.

Скопје | пред 4 години

kalendar

Објавени неработните денови во 2022 година

Bo согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ01 јануари (сабота), Нова Година,07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,02 август (вторник), Ден на Републиката,8 септември (четврток), Ден на независноста,11 октомври (вторник), Ден на народното востание,23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.За граѓаните од православна вероисповед06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,19 јануари (среда), Богојавление (Водици),22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,25 декември (недела), првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,За граѓаните припадници на српската заедница во РМ27 јануари (четврток), Свети Сава,За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,За граѓаните припадници на турската заедница во РМ21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

14 луѓе живи изгореа, не може да нема одговорни, доктор удри по власта

Два месеци по трагедијата во Тетово, за жал никој не понесе одговорност за истата.На оваа тема денеска реагираше доктор Ненад Лазаров.„Обединете се и самоказнете се,14 луѓе живи изгореа и не може да нема одговорни! Не забораваме!Сите што молчите може и вас да ве снајде“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

pozar

Дронска снимка од пожарот кој ги зафати бараките во близина на Градски Парк

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар.Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени.Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Скопје | пред 4 години

bektesi

Бектеши за електричната енергија: Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цента на струјата, ниту по први јануари.„Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден согласно законот и работата на РКЕ. Секои шест месеци ние ја утврдуваме цента на струјата преку ЕСМ, која таа ја продава до ЕВН. Има времe до први јануари и ќе интервенираме секаде каде ќе има потреба. Не верувам дека ќе се доведеме во ситуација за да ја зголемиме цената на струјата од први јануари“, кажа Бектеши.Тој додаде дека во Владата се подготвуваат различни мерки за во одредени моменти ако има потреба да се делува и да бидат подготвени.„Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на ЕСМ и МЕПСО во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар“, рече Бектеши.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-at-16.48.30

ВИДЕО: Огромен пожар во Градскиот парк во Скопје

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени.Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Скопје | пред 4 години

51527621080_9aa63d8f6e_c

За една недела: 27 починати имале примено вакцина, откриени и заболувањата кои ги имале

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина.Еден пациент е вакциниран со Фајзер. Двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В.Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.15 октомври71 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување75 год. кардиолошко заболување ДМ16 октомври69 год. кардиолошко заболување и дијабет72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида74 год. кардиолошко заболување и дијабет68 год. каридолошко заболување и обеситас17 октомври87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување86 год. кардиолошко заболување и дијабет65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас75 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување63 год. кардиолошко заболување69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет69 год. кардиолошко заболување и обеситас18 октомври68год. кардиолошко заболување72год. белодробно заболување80год. кардиолошко и белодробно заболување19 октомври74год. крдиолошко заболување и обеситас83год. HTA ABI81год. HTA20 октомври79год. HBI79год. ХОББ и кардиолошко заболување67год. кардиолошко заболување21 октомври93год. кардиолошко заболување89год. HTA белодробно заболување

пред 4 години

w_56674011

Короната зема замав: 511 нови случаи на корона, 10 лица ги загубија животите

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 247, Куманово – 54, Велес - 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.Регистрирани сe 497 оздравени пациент од: Скопје – 255, Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г,79г,64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 3.622 тестови преку: ИЈЗ-343, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-42,ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–9, Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-180, Биотек-242, Систина-84, лабораторија Лаор-224, Синлаб-23, Ремедика-21, Плодност–31, Генеа-7, Никоб лаб-312, ВФВ Медикал-31, Ели Медика-22, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.693.Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87721, Активни 3177Куманово 12158, Активни 433Тетово 10964, Активни 105Прилеп 9393, Активни 243Гостивар 7998, Активни 25Битола 7361, Активни 207Велес 6720, Активни 316Кавадарци 6209, Активни 196Охрид 6133, Активни 183Штип 6081, Активни 191Струмица 5892, Активни 134Кичево 4081, Активни 69Струга 3836, Активни 40Кочани 3514, Активни 166Гевгелија 2533, Активни 80Неготино 2364, Активни 33Свети Николе 1993, Активни 78Крива Паланка 1594, Активни 118Радовиш 1585, Активни 45Ресен 1576, Активни 36Дебар 1453, Активни 5Берово 1228, Активни 16Делчево 1151, Активни 31Виница 1083, Активни 35Пробиштип 995, Активни 54Валандово 848, Активни 21Кратово 637, Активни 31Богданци 582, Активни 25Крушево 546, Активни 15Демир Хисар 480, Активни 37Македонски Брод 476, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 354, Активни 38Пехчево 319, Активни 3Дојран 144, Активни 2

пред 4 години

zaev-micko

Мицкоски за најавеното повлекувње на Заев: Многупати Зоран Заев кажал па порекол, така и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека премиерто Зоран Заев нема да се повлече од премиерското столче ако Петре Шилегов ги загуби изборите во Скопје. Ова доаѓа по вчерашната најава на Заев, според кого, не може да продолжи да ја води Владата, но тоа ќе го прави некој друг, ако СДСМ го изгуби градоначалничкото место во главниот град на Македонија.„Многупати Зоран Заев кажал па порекол. Така и овојпат. Мене ме загрижува ова што се случува меѓу двата круга, политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија. Тоа е со единствена цел, ставањето на граѓаните пред свршен чин, да ги задржат привилегиите од власта и да ги пљачкаат со тендери. Избликот на национализмот, плашењето на граѓаните дека доаѓа злото е за да ја задржат власта и да продолжат заедно ортачки со ДУИ да го пљачкаат народот. Народот нека биде спокоен, доаѓа нова иднина, на проекти и промени“, рече Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-01.06

Мицкоски тврди дека „тигрите“ се распоредуваат во Охрид, Кочани и Битола: Не ги слушајте командантот и министерот

„Тие кои треба да го спроведуваат законот тие се длабоко инволвирани во овој скандал, се увртачиле со криминогените структури со цел да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и да го загрозат животот и безбедноста на граѓаните во Прилеп. Тоа создава контра ефект и реакција, а казната во Прилеп за овие политичари и овие злосторници кои се здружиле во таква организација дојде во првиот круг на локанлните избори, каде Борче победи во првиот круг. Јас сум убеден дека ова нема да им помогне, туку ќе ги усложни процесот за нив. Јас ги замолувам оние кои останаа со хибридниот режим да размислат како се однесуваат, бидејќи никој не успеал да се спротивстават на народот, па така ни тие не ќе можат“, рече Мицкоски.„Последните информации се дека антитерористичката единица, односно „Тигар“ веќе се распоредува по наредба на командантот во три градови низ Македонија, односно во Битола, Охрид и Кочани. Ја користам оваа прилика да апелирам до чесните препадници да не ги слушаат препораките на нивниот командантот и министерот за внатрешни работи. За неколку дена од денеска Македонија ќе биде ослободена“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-2

Имам одлични релации со Унгарија, вели Арсовска

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска во интервју на телевизија Телма објасни зошто е избрана за почесен конзул на Унгарија во земјава.-Имам одлични релации со Унгарија. Искрено, имав повеќе понуди за конзул. Тоа беше многу злоупотребувано од мојот противкандидат, а неговата влада ми ја даде одлуката за именување. Унгарија како членка на ЕУ која не поддржува на патот на ЕУ интеграциите, сметам дека е држава која е достојна за почит. На крајот, не сметам дека еден или два инциденти кои сме ги имале во животот треба да трасира некој да биде означен како неподобен пат, рече Арсовска.

Скопје | пред 4 години

244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

Уапсени четири лица во Аеродром, Бит Пазар и Ѓорче Петров, полицијата нашла нож, прашкаста материја и марихуана во нив

На 25.10.2021 во 19.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 25.10.2021 во 19.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров ги лишиле од слобода Л.Б.(25) од Скопје и Д.И.(23) од Свети Николе, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 25.10.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

16042021_PVRSM_Zaev_sredba_Alijanca_za_Albancite_i_Alternativa-1

Алтернатива најавува ново владино мнозинство, со кого?!

Пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими синоќа најави дека по вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство.На прашањето како ќе се формира ново мнозинство тој одговори дека тоа зависи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка – истакна Ибрахими во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања