ТОП

20211025212009

Истакнати членови на СДСМ со поддршка за Димитриевски: Покажа како се работи за сите граѓани

Голем број на истакнати членови на Социјалдемократскиот сојуз, како и дел од основачите на СДСМ Куманово Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски го поддржаа независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски“.„Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро. Вечерва, со моите партиски другари му ја дадовме поддршката затоа што ја заслужува. Му посакуваме многу успех во недела“, рече Миле Арсовски.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

Ахмети: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар

Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со жителите на гостиварското село Форино.– Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-25-at-19.25.13

Заев најави оставка ако изгуби Шилегов, има кој да го замени од СДСМ

Влада предводена од СДСМ и зајакната плус, останува, ова го посочува претседателот на Владата, Зоран Заев кој најави оставка ако Петре Шилегов не победи во Скопје на локалните избори. Тој за „Сител“ вели дека нема предвремени избори затоа што 2,5 години се наменети за зајакнување на економскиот стандард. Заев посочи дека има кој да го замени.„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец, сум се борел против режим, сум се борел внатре за соединување на ова општество, дипломатски, но треба поддршката од граѓаните. Јас или Влада предводена со мене, не може понатаму да води“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

11 починати и 135 нови случаи на корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.Регистрирани сe 330 оздравени пациент од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Направени се 1.514 тестови преку: ИЈЗ-52, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0,ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-91, Биотек-87, Систина-53, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-228, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-19, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 913.Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87474, Активни 3190Куманово 12104, Активни 446Тетово 10949, Активни 104Прилеп 9378, Активни 245Гостивар 7997, Активни 24Битола 7343, Активни 201Велес 6691, Активни 309Кавадарци 6195, Активни 190Охрид 6130, Активни 190Штип 6066, Активни 198Струмица 5888, Активни 143Кичево 4074, Активни 69Струга 3834, Активни 44Кочани 3493, Активни 151Гевгелија 2525, Активни 80Неготино 2358, Активни 27Свети Николе 1987, Активни 73Крива Паланка 1584, Активни 111Радовиш 1582, Активни 47Ресен 1574, Активни 36Дебар 1453, Активни 6Берово 1227, Активни 15Делчево 1142, Активни 22Виница 1078, Активни 33Пробиштип 994, Активни 60Валандово 845, Активни 18Кратово 634, Активни 30Богданци 579, Активни 24Крушево 545, Активни 14Демир Хисар 477, Активни 35Македонски Брод 476, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 353, Активни 43Пехчево 319, Активни 3Дојран 143, Активни 3

пред 4 години

nastavnik-dete

Каква казна ќе добие наставникот кој тепаше ученик?

Наскоро ќе се знае каква ќе биде казната за наставникот по англиски јазик во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската населба Бутел, кој со шлаканици натепа ученик на час. За тоа ќе решаваат и наставниците во училиштето, и полицијата, а најверојатно и судот.За овој настан се дозна кога беше објавено видео на социјалната мрежа Тик Ток, што го снимил ученик и на кое се гледа како наставник со шлаканици удира ученик во училница, потоа го крева од земја со двете раце и агресивно го спушта.По објавувањето на видеото новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски изјави дека тој како градоначалник веднаш по преземањето на фукнцијата, ќе направи се што е во негова надлежност овој случај да не остане неказнет.„Малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето.Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2.Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник.Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот.Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ.Одговорност мора да има. На насилниците не им е местото во училиштата.Наставникот треба да образува и воспитува, а не да застрашува, малтретира и шиканира. Децата од учичиште мора да излезат со знаење, а не со трауми.Стоп за насилството врз децата.Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет“, изјави Костовски

Скопје | пред 4 години

bitola-kovid

Потресно сведоштво на братот на 22-годишниот битолчанец кој почина од Ковид

Отворено писмо до јавноста и министерото Венко Филипче упатува семејството на младиот битолчанец кој на 22 години пред десетина дена почина на Инфективното оддделение во битолската болница од последици од КОВИД-19. Тој не бил вакциниран, но немал ниту хронични заболувања.Неговиот брат пишува за голготата низ која мина младиот човек, а писмото содржи и низа обвинувања за начинот на кој е лекуван. 22 годишниот Дарко Мицкоски, три дена со дијагностициран КОВИД и со висока температура одел на болница, добивал терапија, но не бил хоспитализиран. Задржан бил третиот ден, кога му била дадена и крвна плазма„Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се броеви од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа, а на бројот од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот пациент.Веќе следнито ден по хосптализацијата состојбата на Мицкоски се влошува и тој станува неконтактибилен, тврди семејството.„Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Навистина имаше 125кг, 180 цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За време на хоспитализацијата со мојот брат контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот“ , пишува во отвореното писмо на братот Дејан Мицкоски.Исто така преку писмо се обрати и раководителот на КОВИД центарот во битолската болница, Ели Димитровска. Таа вели дека сите пацинети се по 24 часовен мониторинг од медицинскиот пероснал на Инфективното оддление, а младиот пацинет бил лекуван согласно протоколите.„Дарко беше хоспитализиран, лекуван и перманентно следен од сите во ковид центарот и целокупниот медицински персонал, со терапија којашто се спроведува по сите медицински протоколи. Но, со оглед на неговата голема телесна тежина, и со самиот факт што Дарко не беше вакциниран, припаѓаше на групата високоризични пациенти иако досега беше без придружни здравствени проблеми. За нас најголем пораз е губиток на млад човечки живот“, наведува д-р Ели Димитровска, раководител на Инфективно одделние во Клиничка билница Битола.22 годишниот Дарко Мицкоски од Битола, почина на 15 октомври, само 6 дена откако кај него беше дијагностициран коронавирусот.

Коментари | пред 4 години

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Донесена одлука какви ќе се цените на горивата од утре

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за цената на горивата.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.Од 26.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,377 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

FCiLkxMXMAYlt3n

(ФОТО) „Да не има игра со собирање столпчиња во Скопје?“, Уште една незгода во центарот на градот

Скопјанка со автомобил доживеа незгода во близина на театар „Комедија“. Откако искрши две столпчиња кои се ставени како заштита за пешаците и велосипедистите, таа со десната страна од автомобилот се качи над останатите столпчиња кои беа поиздржливи. Од вчера, ова е втора ваква незгода во потегот од ЕУ инфо центарот кој се наоѓа на почетокот од булеварот, до театар „Комедија“ кој се наоѓа на средина од него.„Да не има некоја игра за собирање на столпчињата на потегот меѓу ЕУ центарот и ЈБТ?“, прашува Душко Арсовски на „Твитер“.Скопјанка вчера во 4 часот наутро ги „прелета“ столпчињата и со автомобилот удри во канцелариите на Европската Унија. 

Скопје | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасив до власта: За еден мандат, станавте поомразени меѓу народот дури и од Грујо

Пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека оние кои се на власт се плашат од народниот гнев.„Кога го гледам стравот кај нашите властодршци од народниот гнев, не можам, а да не се сетам на онаа политичка крилатица која ја учевме на факултет: "Владата која ја штитат ЧУВСТВАТА НА НАРОДОТ, нема потреба многу да се грижи за заговорите".p.s. Тоа што, за само еден мандат, станавте поомразени меѓу народот дури и од Грујо - е ваш, а не наш проблем! Патетично е на нас да ни го "сентиментирате". 😉#БаравтеГледајте“, стои во објавата на Фејсбук

Коментари | пред 4 години

dejan-trajkovski

Единствениот спас зимава е набавката на косовски лигнит, вели проф. Трајковски

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, направи анализа на движењата на цената на електричната енергија, и што поконкретно се случува на нашиот пазар.„Ова е графикот на цената на електричната енергија на централноевропската берза, за таканаречени долгорочни фјучерси (финансиски инструменти преку кои се договара купување или продавање на електрична енергија на иден датум).Постои многу развиен пазар за тргување со фјучерси за електрична енергија во Европа (https://www.eex.com/en/market-data/power). Тие што сакаат да купат ел. енергија на иден датум (потрошувачите) преку берза купуваат фјучерсен контракт (договор), а тие што сакаат да продадат енергија (производителите) продаваат фјучерсен контракт. На тој начин двете страни се заклучуваат во цената (се хеџираат) на денот на фјучерсната трансакција (денеска), без разлика колкава ќе биде спот цената на ел. енергија (фактички остварената) на денот на испораката. Загубата од скапо купената енергија се компензира со добивката на фјучерсот и обратно.Предноста е што можат да ги планираат цените со денови, недели, месеци, па и години однапред. Од тоа имаат корист и потрошувачите и производителите (таканаречени „бона фиде хеџери“), но и шпекулаторите (приватните трејдери кои тргуваат во свое име и за своја сметка), кои се обидуваат да профитираат од разликата во цената на фјучерсите, под услов да ја погодат насоката на движење на цената во иднина. Тие се важни учесници на пазарот, затоа што на пазарот му даваат ликвидност (обезбедуваат во секое време да има доволно купувачи и продавачи кои ја формираат цената со тесен куповно-продажен распон).Нашите трговци со струја најверојатно ништо не планирале долгорочно, односно лани не купувале фјучерсни контракти. Самиот премиер рече дека не знаеле како ќе се движи цената на ел. енергија, откаде заклучуваме дека сме биле оставени на милост и немилост на пазарот. Нормално е да не знаат, но требало да имаат стратегија за хеџирање, т.е. менаџирање со ризикот. А зошто би влегувале во такви фјучерсни трансакции и би менаџирале со ризикот од промена на цена, кога кај нас крајниот потрошувач секако ќе ја плати цената, колкава и да биде? Додуша, ако сакаат да ја задржат цената на прифатливо ниво (заради социјален мир), разликата ќе ја плати државата, но во основа тоа сме пак сите ние, преку даноците.При сегашната цена, веќе е предоцна за купување фјучерси, бидејќи цената заминала превисоко (би било налудничаво да се заклучиме во сегашната цена), ама ако лани сме се заклучеле по тогашната цена за испорака годинава, сме можеле да постигнеме нешто, особено знаејќи дека домашното производство ни е несигурно и недоволно.Покрај фјучерсите, има уште еден финансиски инструмент, опции на електрична енергија. Најлесно е да ги сфатиме како кладење (или полиса за осигурување) на идната цена. Таканаречената куповна или кол (Call) опција со дадена извршна цена и одреден датум на матурирање на опцијата во иднина ни ги надоместува загубите поради претеран раст на цената над извршната цена. Но, за тоа се плаќа цена, таканаречена премија на опцијата, која е прилично висока во вакви неизвесни времиња и волатилен пазар. Доколку на денот на матурирање цената биде под извршната, не губиме ништо освен платената премија.На пример, доколку лани биле купени кол опции со извршна цена од 60 EUR/MWh за испорака во октомври годинава, сега би ја платиле ел. енергија по извршната цена на опцијата, односно по 60 EUR/MWh иако моменталната цена е 160 EUR/MWh. Така би се заштитиле од порастот на цената, односно загубата на спот пазарот (купената физичка ел. енергија) би била компензирана со растот на цената на финансискиот инструмент - кол опцијата - дури и по цена на платената премија, која лани беше ниска (не повисока од 20 EUR/MWh). Од друга страна, ако цената годинава опаднела на пример на 30 EUR/MWh, би ја купиле ел. енергија по сегашнава, пониска цена, а опцијата би истекла неискористена, односно загуба би била само платената премија.Овие пазари се многу развиени и важни во развиениот свет, а нам ни преостанува да купуваме по цена што ќе ни биде побарана кога ќе бидеме фатени во тесно, колку и да биде висока. Колку ќе платиме за оваа енергија што сме ја повлекле деновиве од Европа без претходно купување, не смеам да помислам. Додуша, ако имавме свое производство, само за свои потреби без извоз, тие инструмент немаше да ни бидат важни, но без доволно сопствено производство уште како ќе го почувствуваме немилосрдниот камшик на пазарот по својот грб.Инаку, колку и да изгледа неблагодарно прогнозирањето, ќе си дозволам да дадам лична проценка дека сегашната цена на ел. енергија е вештачки „пренапумпана“ од страна на шпекулаторите или евентуално поради пазарна паника. Ако е тоа случај, односно ако нема некакви неповолни фундаментални фактори (на пример недостаток на ураниум за нуклеарните електрани), тогаш во рок од една година цената би требало да се врати на нивоата до пред 2020 година.(Обновено) Еве уште едно возможно сценарио. Нашите снабдувачи со ел. енергија можеби минатата година се заштитиле од раст на набавната цена, поради што продажната цена останала непроменета годинава. Сега дојде време да се хеџираат за следната година, но по која цена? Ако со фјучерси се заклучат во оваа превисока цена, а не добијат одобрение за зголемување на малопродажната цена, тогаш ќе претрпат големи загуби, што за нив не доаѓа во предвид. Ако се заштитат од раст на набавната цена со куповни (кол) опции, а во меѓувреме цената на ел. енергија од увоз се намали, дури и со намалена набавна цена и сегашната малопродажна цена ќе бидат во загуба (иако не многу голема) поради моменталната скапа премија на опциите. Ако пак набавната цена не се намали или дури се зголеми (малку веројатно), а малопродажната цена остане иста или само минимално се зголеми, загубите на снабдувачите пак би биле големи, иако не толку големи како без хеџирање.Токму затоа снабдувачите им упатиле писмо на компаниите да очекуваат зголемување на цените и изгледа дека тоа е неминовност во сите сценарија, доколку не сакаат да останат без струја. Домаќинствата можеби ќе бидат делумно заштитетни благодарение на државните субвенции, но и тоа не е извесно.Тоа се чудесата на капитализмот и токму затоа СФР Југославија градела свои електрани, за да не зависи од променливиот меѓународен пазар. Денеска ние сé уште живееме благодарение на нашите електрани во државна сопственост. Доколку и тие беа приватизирани, ќе моравме од нив да купуваме ел. енергија по цена еднаква на меѓународната берзанска цена или пак да останеме во темница. Но, со трошењето на последните резерви домашен јаглен изгледа дека сме сé поблиску и до тоа сценарио. Изгледа дека единствениот спас зимава ни претставува набавката на косовски лигнит, затоа што сé е поевтино од скапата увезена струја“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

doktori-skopje-klinika

Медицинарите си одат во странство и во приватни клиники, Европската комисија тврди дека здравството е проблематично

Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата.Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.Во делот каде ЕК се осврнува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.– Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година. се вели во Извештајот.Еврокомисијата додава дека Северна Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.– (Земјата) стана членка на Договор за заедничка набавка за медицински средства, како и набудувач во Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, кој обезбедува пристап до Системот за рано предупредување и одговор на ЕУ. Северна Македонија, исто така, ги обезбедува информациите до системот за собирање податоци на Комисијата за Ковид-19 и назначи претставник во Европскиот центар за контрола и превенција на болести, се вели во Извештајот.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-25-at-10.09.49

Антикорупциска се пофали себе за Извештајот на ЕК и посочи: Ова е поттик за нас и покрај обидите за дискредитација

Секогаш може да се направат повеќе напори и да се испочитуваат сите препораки, смета Билјана Ивановска од ДКСК, која смета дека Извештајот за борба против корупција кажува дека Комисијата се движи во правилна насока и има свој удел во делот на позитивна оценка. Таа смета дека имало обиди за дискредитација на Антикорупциската комисија, кога во јавност, се споделувале изјави дека ДКСК ги надминува своите надлежности во постапувањето.„Повторно се нотира напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси. Ова е директна потврда за ажурноста на комисијата во овој состав. Со ваквата оценка ДКСК добива директна потврда за својата работа и поттик за напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за дискредитација. Европската комисија смета дека треба да се продолжат и зајакнат заложбите на останатите институции за борба против корупцијата, но и на оваа институција преку обезбедување на средства за вработување на потребниот стручен кадар и материјални ресурси“, рече Билјана Ивановска од ДКСК.Според неа, клучни препораки и мислења не биле прифатени, а кои од Антикорупциска ги дале. За јавните набавки во ДИК, предметот е даден во 2019 и се уште нема разрешница, додека за иницијативата за урбанистичкиот план кај „Холидеј Ин“ е дадена пред шест месеци и се уште нема никаков одговор.„Се уште чекаме одговор по иницијативата за кривична одговорност за лицата кои го имаат донесено планот кај ‘Холедеј Ин’, за лицата кои учествувале во набавка на материјали за гласање, чекаме промена на начинот на високо раководна служба на директори и членови на одбори, чекаме да се донесе и Законот за потекло на имотот како и други препораки кои чекаме да се имплементираат“, додаде таа.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-2

(ВИДЕО) Поради трагичната сообраќајка кај Ласкарци, Ахмети го прекина говорот

Веста за несреќата што се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарце, во која загина жител на Чегране, а тројца се повредени, го натерало лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, да го прекине митингот со жителите на Чегране.Веднаш штом бил информиран, Ахмети го прекинал говорот, најавувајќи им на присутните дека средбата ќе биде прекината поради трагичниот случај.

Македонија | пред 4 години

247898493_4868047746561983_6567218127981195791_n

„Влеговме во ЕУ и без преговори“, лавина реакции откако скопјанка влета во зградата на делегацијата

Скопјанка вчера со својот автомобил влетала и го скршила стаклото на канцеларијата на Европската унија во Скопје. Овој настан предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.https://twitter.com/Djpanchomk/status/1452369290984820749https://twitter.com/Marencai/status/1452363767854116865https://twitter.com/pipelinmkd/status/1452543610159775752https://twitter.com/Beliotpesjak/status/1452532938747351044https://twitter.com/IshmaelStarfor/status/1452408480653103106https://twitter.com/IshmaelStarfor/status/1452519447181340674 

Коментари | пред 4 години

szo

Директорот на СЗО со нови предупредувања за коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена.„Ги имаме сите алатки што ни се потребни. Сепак, светот не ги искористи добро. Со близу 50.000 смртни случаи неделно, пандемијата е далеку од завршена. А ова се само пријавени смртни случаи“, рече Тедрос на Светскиот здравствен самит во Берлин.Тој додаде дека СЗО си поставила цел до крајот на оваа година да вакцинира 40 отсто од населението во секоја земја во светот.„Таа цел е остварлива, но само ако државите и компаниите кои ги контролираат набавките ги усогласат своите изјави со делата. Има неколку работи што предлагам да ги направиме. Земјите кои веќе достигнаа 40 отсто од вакцинираните, вклучувајќи ги сите земји од Г20, мора да го отстапат своето место во редот за испорака на вакцината“, додаде тој.Тедрос нагласи дека производителите мора да дадат приоритет и итно да ги исполнат своите договори со програмата Ковакс (глобална програма за рамномерна дистрибуција на вакцини низ целиот свет), додавајќи дека мора да има поголема транспарентност.„Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет“, предупреди директорот на СЗО.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања