ТОП

247898493_4868047746561983_6567218127981195791_n

ФОТО: Скопјанка ги „прелета” столбовите, со кола ќе влезеше во канцеларијата на Европската Унија

Утринава околу четири часот скопјанка која го управувала својот автомобил, од засега необјасети причини влетала и го скршила стаклото на канцеларијата на Европската унија во Скопје, пишува Сител..Таа заедно со совозачаот ги помина барикадите и стигнала до зградата во која е сместена канцеларијата на ЕУ.

Скопје | пред 4 години

MickoskiGaziBaba

Мицкоски: Заев најавува “game change”, a народот во недела ќе му испорача “game over”

Новата иднина значи и промена на реалноста во која живееме. Реалноста и голиот живот кој покажува дека имаме власт која е корумпирана, криминална. Власт која се пазари со нашите најсвети чувства, власт со која цели 5 години се вртиме во истиот круг. Ја нема ниту Европската Унија која толку многу ја ветуваа, нема ниту живот каков што убедуваа дека ќе донесат. Но затоа има борба за тендери, понижувања, притисоци и порази, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Вевчани.Мицкоски ја искоментира оставка на Ѓорѓиев, посочувајќи дека владата на СДСМ и Заев му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, односно како што рече тој под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на штета на Македонија, а во корист за Бугарија.Замислите член на историската комисија си поднесе оставка затоа што неговата, нашата македонска влада вели дека му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на наша штета, а на корист за Бугарија. Па има ли поголем блам од ова за Владата. Заев работи како да не е на чело на македонска влада. Кој знае какви нови ветувања им продава сега на Бугарите, додека молчи за оставката на историчарот Ѓорѓиев, додаде Мицкоски.Во однос на најавата на Заев дека играта се менува и дека ја сфатиле пораката од народот по поразот од првиот круг на локалните избори, претседателот Мицкоски вели дека Заев тоа го прави само поради избори и е само уште еден начин за да ги излаже граѓаните и да продолжи да се однесува пак по старо, укажувајќи дека е сигурен дека народот на Македонија на 31ви октомври ќе му порача дека играта е завршена, потенцирајќи дека само така ќе се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата, вели Мицкоски.И драги пријатели, кога Зоран Заев вели дека се менуваат во работата, знајте дека тоа го прави само поради изборите, и тоа им е начинот како да излажат повторно за да продолжат со старото однесување. Кога Заев најавува “game change”, како што тој вчера нарече, тогаш сигурен сум народот на Македонија во недела ќе му испорача “game over”, играта заврши. Game over е потребен затоа што само така ќе им се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата кои му ги носат на народот цели 5 години. Ќе има “game over“ за Заев затоа што народот го прочита дека волкот влакното го менува карактерот не. И затоа што нема “game change“ кога веднаш до него се Венко Филипче во чиј мандат починаа над 7000 луѓе од корона и 14 живи изгореа, Љупче Николовски Путерот кој е министер за борба против корупција, во најкорумпираната влада во Европа, и арогантниот самобендисан Петре Шилегов чиј личен имот се зголемува од година во година. И навистина е тажно што ова за Заев е само игра, и таа негова игра народот го чинат упропастени судбини и сиромаштија. Затоа што воопшто не е игра кога ќе нема одговорност за ниту една грешка, за ниту еден криминал кој го направи досега, појасни Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

w_56631710

227 нови случаи и 15 починати од коронавирус

Во последните 24 часа направени се 2 595 тестирање, а регистрирани се 227 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.Новите случаи се во: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.Регистрирани се 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 75 г, 70 г, 76 г, 64 г и 64 г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковив-19 од „Мој термин“, пријавено е уште едно лице со вчерашен датум на смрт – 23 октомври 2021. Станува збор за пациент на возраст од 82 години од Охрид кој починал во домашни услови.Активни се 6 393 случаи од кои 3 267 се во СкопјеВкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 766, бројот на оздравени пациенти е 186 322, на починати е 7 051, а бројот на активни случаи изнесува 6 393.

пред 4 години

struja-4

Рамадани: Земјава троши двојно повеќе струја од што се произведува

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична енергија од европската мрежа за што добила четири предупредувањаНиту производството, ниту пак увозот на електрична енергија не можат да ја покријат потрошувачката во земјава, вели директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани.Тој во интервју за Телма вели дека енергетката криза во земјава е реалност, односно се троши двојно повеќе од што се произведува.Она што го открива Рамадани е и дека земјава досега добила четири опомени за ненајавени преземање на електрична енергија од европската мрежа.И на крајот вели дека, ова само за еден месец може да го чини МЕППСО 15 милиони евра, пари кои компанијата ги нема сметка.„Имаме недостаток на електрична енергија. Според првичните извештаи, во секој час колку се произведува електрична енергија, еве конкретно за 23 октомври ситуацијата е следна: произведени се 500 мегавати, а конзумацијата е 1 000 мегавати. Ако тука се додаде и увозот, ќе се добие дека 315 мегавати ни фалат во мрежата“, вели тој.Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.„На 15 минути се следи кој колку отстапува од мрежата, и не е дозволено така да се презема, освен во случај на хаварија. А ние, знаејќи дека немаме хаварија, се знае дека преземаме за потрошувачите, што не е дозволено“, вели Рамадани за Телма.Според пресметките за ваквите преземања МЕПСО треба да плати досега околу 10 милиони евра. Рамадани вели дека сметката ќе стаса околу 5-ти следниот месеци, и ако продолжи овој тренд до крајот на октомври, можно е таа сума да достигне и 15 милиони евра кои МЕПСО треба да ги плати околу средината на ноември само за еден месец.„Отстапувањата секојдневно растат. Оваа енергија треба да ја платиме. Ние од преносната тарифа имаме вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ова е голем удар врз ликвидноста на МЕПСО, тие средства апсолутно ги немаме на сметка за да ги исплатиме кон Европа“, вели директорот Рамадани, кој додава дека ситуацијата ќе стане полоша во зимските месеци кога ќе се зголеми потрошувачката на струја и ќе треба да се презема уште поголемо количество на енергија.

Македонија | пред 4 години

dimitrov

Сакаме резултати од Комисијата за историски и образовни прашања, ама се направи амбиент на уцена, вели Димитров

Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.Во однос на работата на Комисијата за историски и образовни прашања, Димитров, вели дека тоа што можат владите да го направат е да создадат позитивна клима, за непречена работа на историчарите, но политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават.– Значи нашата задача е позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент и затоа мислам дека без разлика на желбите, големиот проблем во сегашната констелација на односи, позиции и политика по ова прашање е токму во тоа. Се сака резултати од таа Комисија за историски и образовни прашања, меѓутоа се направи амбиент на уцена, нагласува Димитров.Прашан за планот 5+1 разговаран на Самитот Брдо кај Крањ, во Словенија, Димитров вели дека, клучно е дали техничката влада во Бугарија може да испорача, ако се најде решение.– Многу е битно да знаеме, дали ако најдеме разбирање, со оглед на датумот на изборите, и претседателски и парламентарни кај соседите во Бугарија, дали техничката влада може да испорача зелено светло, усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, тоа е клучно. Второ, за нас исклучително важно е македонскиот јазик во преговарачката рамка, формулацијата за македонскиот јазик во однос на тоа дека земјата треба сите, целиот корпус на европско законодавство да го преведе на македонски и да има доволен број на преведувачи пред да стане членка, да биде така напишана како и за сите други европски јазици, изјави Димитров.Тие точки, посочи Димиртов, се контекст на спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија, меѓутоа вкупниот пакет мора да содржи почеток на преговорите, значи усвојување на преговарачката рамка, одржување на првата меѓувладина конференција.– Нам ни е исклучително важно ова што го споменав, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, што е апсолутно наша работа, прашање за македонскиот народ. Нам ни е исто така многу важно пристапниот процес да носи европеизација – дали одиме напред кон ЕУ, отвораме кластери, исполнуваме одредници итн, да зависи од реформите дома. Не, не може да зависи тој процес од работи што не се на накој начин во наша ингеренција, на пример работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Ако нашиот прогрес во ЕУ зависи од историчарите тогаш многу тешко тој процес можеме да го наречеме европеизација, вели Димитров.Исклучително важно, нагласува Димтров, е една одредба од Договорот за пријателство, членот 14, кој што вели дека Договорот не може да влијае на права и обврски што државите, договорни страни, обете ги презеле по други меѓународни конвенции, договори итн.– Членот 14 е на некој начин врзан или е другата страна на заложбата за немешање во внатрешните работи, бидејќи и ние и Бугарија имаме извесни права и обврски коишто сме ги презеле по други меѓународни конвенции и тоа не значи мешање во внатрешните работи. На пример, Европската конвенција за човекови права и нашата улога како држава членка на Советот на Европа, нагласува Димитров.Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

ВМРО-ДПМНЕ ги објави полицајците кои малтретирале граѓани

Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот, во име на Заев и Спасовски „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици“, Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Сите до еден се вработени во МВР.И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски.Не пробувајте да ги заштитите и понесете одговорност.Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот во име ма Заев и Спасовски "убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици".Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР ПрилепТрајан Комиција – Командир на БПС ПрилепЕмилија Велкоска – Началник на НККР ПрилепАндреј Лашкоски – БПСИгор Нешкоски – БПССтефан – граничнаДавор Паскоски – БПСМелита – ПСНевенче – администратор во БПСКире Китаноски – личен шофер на Оливер ЛукароскиКоста Талески – ПС во дежурнаВенко Илиески – БПСВалентин Димоски – БПСЖарко Цуцулоски – БПСАндреј Дукоски – БПСТеодора Китаноска – БПСАлександар Крајоски – БПСЉубе Стојаноски – БПССтефан Кучкарот – БПСБорче Црнески – БПСВанеса Колашинац – Заменик командир на ОВР ПрилепАнастас Паризо – БПСИгор Божиноски – БПСМарјан Мачорот – БПСДоста е од бегање од одговорност. Време е за одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Capture-3

МВР: Невистинити се обвинувањата за следење, малтретирање и попречување на слободата на луѓе

Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало.Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.Во исто време, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.

Македонија | пред 4 години

kina-korona-2

За бесплатен ПЦР се чека 7 до 11 дена, ако платите може и веднаш

За ПЦР тест во внатрешноста на земјава се чека 3 -4 дена, а во Скопје и по една повеќе од една недела, потврдуваат матичните доктори. За 24 вести велат дека додека чекаат за тест дел од пациентите оздравуваат.„На терен имаме проблеми, во секој град е исто. Се чека од 3 до 4 дена, во Скопје се чека од 7 до 11 дена. Не секој има финансиски средства да отиде на приватно. Во последниот случај имам тројца членови од едно семејство кои што се позитивни, чекаа тест, а сите се болни, дадена им е терапија, секако дека се покриени, но мораме да ги тестираме, немаат сите пари да прават и тестови за антитела на приватно.“ - вели д-р Лилија Чолакова Дервишова - Претседателка на Здружение на приватни матични лекари.Скопјанка со симптоми на Ковид требало да чека седум дена за термин за тестирање. Се обидела да закаже тест кај својата матична лекарка, но првиот слободен термин бил дури за седум дена. Со оглед на тоа што не можела да чека, била принудена тестот да го направи на приватно. Она што ја револтира е што отишла во Институтот за јавно здравје каде и покрај тоа што немало гужви тестот и бил наплатен приватно.„Отидов до ИЈЗ и прво се изненадив таму што никој не чека, најлогично ми беше дека ако нема термини за закжување ќе има полно луѓе кои што ќе чекаат за тестирање со термин. Внатре беше лаборантот, го прашав имате ли тестови ми одговорија дека има, може да се тестирам, но приватно затоа што немам термин. Платив приватно 1850 денари, си го платив и го добив резулатот за среќа немав корона, ама како и да е - јас требаше цела недела да чекам и да се прашувам дали имам или немам  корона, дпополнително кој ќе ми даде мене оправдување на работа дека јас чекам тест, вели таа.

Македонија | пред 4 години

f_12901927_1024

ФОТО: Во Нова Градишка поставен споменик на Тоше Проески

На шеталиштето „Новоградишки куриозитети“ во Нова Градишка, свечено бешe откриен споменикот посветен на починатата музичка ѕвезда Тоше Проески. Овој споменик, кој го изработи уметникот Славко Буниќ, е поставен во близина на местото каде што Тоше загина пред 14 години во сообраќајна несреќа.На откривањето на споменикот присуствуваа македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Крушево, Томе Христовски и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, но и ветераните на македонската ракометна репрезентација на чело со Пепи Манасков и граѓани на Нова Градишка.„Статуата е симбол на пријателството меѓу Нова Градишка и Крушево“, рече за хрватските медиуми градоначалникот Гргиќ.„Со Нова Градишка нѐ поврзува трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови обожаватели и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени“, рече градоначалникот Христовски на откривањето на споменикот, а пренесоа хрватските медиуми.

Македонија | пред 4 години

oliver-andonov-1

(ФОТО) Предлог до Стевчо: Кандидирај се за градоначалник на Ханој

Лидерот на политичката партија ГРОМ, а воедно и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.„Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили“, напиша Јакимовски.Еден од неговите следбеници под објавата остави интересен коментар.„Кандидирај се за градоначалник на Ханој“, стои во коментарот. 

Коментари | пред 4 години

23042021_PVRSM_Zaev_telefonski_razgovor_so_premierot_Leven

Заев најави game change: Ако јас кревам телефон, ќе креваат сите

Јас знам дека вие не сакате да се врати режимот. Но, некој во вашиот личен живот ве повредил, некој ве потценил, некој ви ја затворил вратата неправедно, некој не ви кревал ни телефон за да ја слушне вашата мака. Ви благодарам на сите вас што причините ги споделивте со мене, рече синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев од Скопје.„Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер, ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите. И секој од највисоко до најниско раководно ниво. Ќе ве слуша и ќе ви помага, затоа што за тоа е поставен, за државата и за граѓаните. Давам директива до сите, општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE -  излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот“, изјави Заев

Македонија | пред 4 години

struja-2

Четири опомени за МЕПСО, следуваат ли санкции за Македонија?

Македонија во просек секој ден влече околу 4.500 мегават часови електрична енергија од Европската мрежа за струја, велат извори за Сител.Ова МЕПСО го чини најмалку еден милион евра дневно. Според анализите сметката која ќе треба преносниот систем да ја плати за октомври ќе надмине 10 милиони евра. Поради големите количини кои се влечат од меѓународната мрежа, пред се заради недоволното домашно производство на ЕСМ и слабите акумулации, земјава доби нова, четврта по ред опомена од Европа. За оваа известени се сите надлежни институции. Поради ваквата состојба познавачите велат дека земјава може да се соочи со санкции.Според експертите состојбата е алармантна, во системот недостасува струја, поради што се користи меѓународната мрежа.– Оваа енергија се зема од европскиот систем и на крајот од месецот доаѓаат фактурите кои треба да се платат и треба да се знае колку тоа чини. Јавноста треба да знае колку струја недостасува и каква е состојбата со акумулациите и што ќе се прави во ноември и престојната зима – вели за Сител Сања Божиновска консултант по енергетика.Состојбата стана уште поалармантна откако пред неколку дена пропадна тендерот со кој државата требаше да ги обезбеди потребните количини на јаглен за РЕК Битола. Увозот се прави главно да се обезбеди струја за стопанството. Затоа од бизнисот се надеваат дена навреме ќе пристигне јагленот во земјава.Енергетичарите очекуваат стабилизација на енергетскиот сектор дури во втората половина следната година. Но дотогаш велат не чека тежок период.

Македонија | пред 4 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Јакимовски потресен зошто му упаднаа Кинези додека збореше во живо

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на опозицијата, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.– Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили – вели Јакимовски.Лидерот на ГРОМ ги замоли своите противници да останат коректни во пресрет на вториот круг од локалните избори.– Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања – посочи тој.

Скопје | пред 4 години

denis

Космонаутко раскажа низ што минува како медицинар во корона кризата

Трае....трае...и трае. Трае предолго, очекувавме кратко, верувавме и се надевавме дека брзо ќе заврши, за месец два, ај еве три. До јуни (ланскиот, да не се разбереме погрешно) и - толку. 20 месеци...речиси две години, кој би рекол, вели Денис Јанкуловски-Космонаутко.„Една реченица со која често се среќавам во разговори со луѓе кај што имам земано брисеви е "ќе полудам, мислам дека сум на крај со нервите".Многу моменти придонесуваат за ова, изолациите, карантините, долгомесечните неизлегувања од дома, негледањата со своите најблиски но и со роднините и пријателите, монотонијата. Однеси потребни намирници и остави ги пред врата со болка во срцето што не можеш да влезеш и да гушнеш. Болка до коска....Недостатокот од поздравување, гушкање, чувството на топла прегратка која дава сигурност и блискост, која е човечка карактеристика и едно од најубавите животни секојдневија. Недостатокот од визуелен момент со родителите/децата/внуците/љубовта на животот кој обезбедува топлина во срцето и енергија за денот, кој е грб во ветерот за полесно минување на тешките моменти.Недостатокот во најтешките моменти на загуба на некој близок да ја споделиш болката со некој до тебе, самотијата во последното испраќање заради ете протоколи, правила и најмногу заради сечија безбедност.Она што дополнително отежнува или што би рекле "како сол на рана" а што за мене претставува мноооогу големо оптеретување за сите е тоа она што јас го нарекувам "бескраен кружен тек". На пример имаат близок контак со некој позитивен, чекаат неколку дена за појавување на симптоми, стрепат, во грч прават тест - негативен. Супер. Но веќе во наредните неколку минути повторно влегуваат во шемата наречена "внимавај, носи маска, дезинфицирај се, немој блиску, чувај се" ииииии - пак некој сомнителен контакт, пак истиот круг - симптоми, стрепење, ев тест. И така во круг. Но тоа всушност е и единствениот начин да се дочуваме и тоа трае.....и трае....и трае.Затоа сметам дека после оваа криза многу работа ќе имаат психијатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме. Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткоронски синдром.Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат.Личи на бескрај, но се' има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре.Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, да се насмееме, со дооооолги прегратки, со физичко присуство. Онака како што треба како што сакаме, како што личи.Како што е нормално.И нема да полудиме, тоа знам 😉 Затоа си пееме, си се смееме, па макар и онлајн нека е. Тука сме, на број сме. Живи и здрави.И уште еднаш:Чувајте ми се за Гуш и Бац во живо“, стои во објавата на Фејсбук.

пред 4 години

najcevska

Да дадеш отворена поддршка на Мерко е исто како да ни плукнеш право во лице, вели Најчевска

Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека на овие избори за вториот круг партијата ќе му даде поддршка на Рамиз Мерко, кандидат од ДУИ и покрај тоа што предходно имал забелешки за него, се огласи професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.„Да дадеш отворена поддршка на Мерко е исто како да ни плукнеш право во лице на сите нас кои се уште мислиме дека во Македонија барем се прават обиди за поставување на темелите на владеењето на правото.Срамно дечки, срамно и жално“, напиша Најчевска

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања