ТОП

policija-3-640x382

Детали за страшната несреќа кај Ласкарци, каде загина едно лице

Една жртва и тројца повредени е исходот од страотната сообраќајка која се случи вчера попладнето на автопатот Тетово- Скопје. На лице место во незгодата починал педесет и тригодишникот Н.З од селото Чегране. Тој е сопатник во возилото кое излетало од коловозот.Според СВР Тетово несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, вчера во 17,53 часот. Патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од селото Чегране гостиварско, излетало од коловозот.На местото на несреќата починал Н.З. а возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-2

Ахмети до дијаспората: Дојдете да гласате и да го вратиме Кичево!

Заедно сме биле предизвикани во повеќе наврати и никогаш не се откажале. Сме застанале силно затоа што сме биле заедно, како цел народ посветен на нашиот роден град. Еден од најголемите предизвици кои ги имавме овие години е враќањето на Кичево во наши раце и денес не треба да дозволиме историјата да се врати назад, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, со што ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Фатмир Дехари.Тој апелира до граѓаните да покажат и демонстрираат дека се обединети на 31 октомври.– Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома – вели Ахмети.

Македонија | пред 4 години

ivor-mickovski

Мицковски до Заев: Ќе бевме добра држава да беше само Мерко проблемот, него и ти си Мерко

Новинарот Ивор Мицкоски, на социјалните мрежи објави статус преку кој го прашува премиерот дали жали за Усени, платформите на Матка и уништеното Охридско езеро„Џабе премиере жалиш за Мерко, тоа ти е релативизација.За Нефи Усеини жалиш ли? За платформите на Матка осеќаш ли некаква вина?!За уништеното Охридско за кое 5 години лажете пред Унеско и за дивоградбите кои ги аминувавте, жалите ли?Дали жалиш што ДУИ трет пат по ред на избори го воскреснуваш, а наводно ќе ги праќаше во опозиција?Жалиш ли што им изгради министерства од зградите на Грујо и што им вдоми уште илјадници партиски клатачи на врати?Жалиш што денес во Скопје те гласа само Сарај, Чаир и Шутка?Имаш многу за жалење денес, пошто тоа е ликот на власта која ја водиш и ќе бевме добра држава да беше само Мерко проблемот, него и ти си Мерко и сите околу тебе се Мерко и Мерко ни ја води владата и Мерко ни ја пљачкосува државата.Сите вие сте јебан Мерко“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

nastavnik-dete

МВР се огласи за немилиот настан во училиште во Бутел

МВР соопшти дека директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ од скопската населба Бутел, попладнево поднела и писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде се гледа насилство врз ученик.„Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител“. – стои во соопштението од МВР.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_1-4

СДСМ до Арсовска: Загадувањето на воздухот не е намалено заради ветрот, туку заради мерките

Арсовска продолжува да ги манипулира Скопјани со шарени лаги и ветувања за невозможни проекти. Загадувањето на воздухот во Скопје според официјалните мерења е намалено од 71 mg/m3 на 48 mg/m3 ПМ10 честички за само четири години, што е пад на просечната вредност од 33% од последната година на Скопје со Коце Трајановски, велат од СДСМ Скопје.„ Загадувањето не е намалено заради ветер, туку заради мерките што континуирано ги спроведуваа Град Скопје и владата.Досега Градот Скопје додели над 7.500 инвертери, и изгаснати се 10.000 активни оџаци во Скопје. Поради намалената цена за топлинска енергија, околу 2.000 исклучени домови повторно се приклучија кон централното парно греење. На 100 државни згради им се сменети котлите за греење и елиминирани се како загадувачи. Дрисла е вратена во рацете на градот, а огромен број диви депонии се санирани, а дел се претворени во градски паркови“ соопштија од СДСМ Скопје.Оттаму додаваат дека загадувањето во Скопје и натаму ќе продолжи да паѓа со нови 5 милиони евра за субвенции за инвертери, со зголемување на бројот на велосипедски патеки и субвенции за велосипеди, со воведувањето на брз автобуски превоз со ултраеколошки еко-автобуси, како и со постепено отстранување на тешката индустрија од Скопје во новиот ГУП.Тоа се мерки кои што даваат конкретни резултати, и затоа воздухот во Скопје е многу почист отколку пред 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ предизвика еколошка катастрофа во Скопје, порачаа од СДСМ Скопје.

Скопје | пред 4 години

nastavnik-dete

Наставникот кој тепаше дете пријавен во МВР, следува дисциплинска комисија

Вознемирувачко видео од наставник како тепа дете, му удира шлаканици и со раце го крева во воздух се појави на социјалните мрежи, а за случајот ќе постапуваат и надлежните органи.Станува збор настан во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.Директорката претходно за „Слободен печат“ изјави дека ќе го даде наставникот на дисциплинска комисија и потврди дека исконтактирала со полицијата.„Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик“, изјави директорката Камуран Абдулах Реџа за „Слободен печат“.

Скопје | пред 4 години

merko-3

Заев со поддршка за Мерко, иако лани кажа дека се изгорел со поддршката дадена за него

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи струшкиот кандидат на ДУИ, Рамиз Мерко за нов мандат во градот. Ова доаѓа откако пред повеќе од година дена, Заев кажа дека е разочаран од Мерко и посочи: „со него се изгоревме“. Според премиерот, владината коалиција е стабилна.„Секаде каде што сме поставени со коалиционите партнери, а СДСМ нема свој кандидат, од спротивна страна има опозициона партија, во принцип даваме поддршка на коалициониот партнер. Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево даваме поддршка на Фатмир Бехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир ќе го поддржиме Висар Ганиу. Како што впрочем ја очекува поддршката, апелираме до нашите коалиционите партнери. Коалицијата е стабилна со надеж дека ќе расте во иднина. Во општините каде сме заедно само ние коалиционите партнери, кај што сме со ДУИ во Долнени, Арачиново, Чашка, во Желино и Тетово каде ДУИ и БЕСА имаат кандидат, во такви околности секако прво ќе се обидеме како СДСМ да победиме“, рече Заев.Прашан што се променило од последната негова изјава во која кажа дека е разочаран од Мерко, премиерот посочи дека кандидатот на ДУИ дејствувал и преземал чекори за зачувување на статусот УНЕСКО.„Нашите членови имаат добиено инструкции по слободно убедување, тоа што мислат дека е најдобро за нивниот град, да го изберат. Имаше доста промени потоа, по по моите апели. Кога Коста почна во името на иднината на Охрид и Македонија, да презема чекори кои значат потврдување на статусот УНЕСКО, не бевме задоволни од Мерко. За недела-две почна и тој. Навистина почна активности, кога ги направивме ваквите предизвици, мораме да им служиме на граѓаните“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна терапија, вели Филипче

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест.Подобрувањето на достапноста на современата терапија и дијагностика за онколошките пациенти во Република Северна Македонија, почна во 2018 со стратегија за подигнување на здравствената грижа на граѓаните, која беше на иницијатива на министерот за здравство д-р Венко Филипче.Со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.).-Во изминатите четири години овозможивме широка достапност на иновативна терапија според високите стандарди на земјите од Европската Унија. Над триесет нови молекули кои во моментов не се на позитивната листа на лекови, станaa достапни за граѓаните на кои им е неопходен третман, пред се за пациенти со тешки хронични и онколошки заболувања. Во делот на онкологија стана достапна биолошка терапија за цервикален канцер и оваријален канцер, како и за канцер на дојка, бели дробови, колоректален канцер, меланом и др. Сега, повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите имаат можност да се третираат според најновите препораки на Европската асоцијација на медицински онколози од 2021 година, што е голем напредок - рече министерот за здравство.Министерот Филипче истакна дека набавена е иновативна терапија за ХЕР2 позитивен карцином на дојка, за рана и метеастатска болест. Оваа терапија им дава најдобра шанса за излекување и долготрајна ремисија на над 200 пациенти кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојка.-Обезбедивме и нова субкутана формулација за пациентките кои се борат со HER2 позитивен карцином на дојка. Станува збор за повеќе од 100 пациенти на годишно ниво кои сега можат да ја примат терапијата само за 5 минути за разлика од интравенските инфузии кои траат два и повеќе часa.Особено е важно што ова е во насока на превенција и заштита на оваа ранлива категорија на пациенти во актуелната КОВИД 19 пандемија. Со комбинирање на делотворните целни терапии и прецизната дијагностика како што се моментално достапните генетски анализи и сеопфатното геномско профилирање кое планираме да го воведеме наскоро, придонесуваме за унапредување на концептот на персонализирана медицина. Нашата визија е обезбедување на ефикасна и безбедна терапија за пациентите согласно нивниот единствен геномски профил. Секој човек е уникатен, затоа се стремиме секое лице кое се бори со канцер да добие најсоодветен третман за неговата специфична болест и со тоа да добие најдобра шанса за излекување и квалитетен живот - рече на Конференцијата министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

Milososki-11.03

Нашите симпатизери ни даваат препорака да го поддржиме Димитриевски, вели Милошоски

Освоените 22 градоначалнички места се поволен тренд која дава добра oснова за успешност и во вториот круг, изјави синоќа во емисијата 360 степени на Алсат телевизија, пратеникот Антонио Миллошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички.„Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички. Освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, а исто така општини како Пролеп, Велес, Штип, Илинден, Свети Николе и други ни дава за право да сметаме дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг“, рече Милошоски.Не ја исклучи можноста да го поддржат Максим Димитриевски за Куманово во вториот круг. Тој е независен кандидат и во трката е со Оливер Илиевски од СДСМ. Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ не освои доволно гласови.„Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат“, рече Милошоски.

Македонија | пред 4 години

hrana1-770x475

Во влез мириса на печено месо, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, бизарни претставки до АХВ

Ми мириса во влез на печено месо и пржени компири, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, да дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме, бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме…Ова се само дел од купот претставки што речиси секојдневно стигнуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство, пишува МИА.Една од побизарните е случајот со пензионерка во Скопје, која преку интернет купила машина за везење од странска компанија. Ја платила со картичка 50 долари, но наместо тоа, во поштенско сандаче добила коверт со две платнени маски.До АХВ стигнуваат и прашања од типот – дали и колку е здрав лебот „Тонус“, како влијае на цревната флора, дали јачменот предизвикува алергија, лебот што го купив е „жив“, не е допечен…Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, ваквите прашања, претставки и жалби се должат, пред сé, на недоволната информираност на граѓаните за ингеренциите на институциите во државата.– Кога ќе речам институции, мислам и на локалната самоуправа и на агенциите и на дирекциите и на министерства, но, нормално, и на Владата. Странки да се жалат кај нас за машина за везење и за тоа да се поднесува претставка е навистина повеќе од бизарно. Но, има и претставки поврзани со фарми, животни или објекти за сместување добиток кои исто така, не се во наша ингеренција. Луѓето треба да знаат дека комунален проблем е на пример тоа, дали некаде ќе се изгради објект за сместување животни или нема да се изгради, дали ќе биде дивоградба или ќе има соодветно градежно решение – вели Бабовски за МИА и дополнува дека сепак, ниту една претставка или прашање не се фрла во корпа, туку се процесуира понатаму, до соодветната надлежна институција и притоа, граѓаните подносители се за тоа известени.Во однос на животните на јавна површина, напоменува Бабовски, надлежност има комуналната инспекција.– Комуналната инспекција треба да повика ветеринарен инспектор, доколку животното се залови. Нашата служба ја констатира неговата здравствена состојба и ако тоа некаде се упатува, во прифатилиште или на друго место за сместување, треба да издаде уреден сертификат за здравствената состојба. Значи, ние не сме тие што трчаме по животните за да ги заловиме. Тука е проблем веројатно неинформираноста кај граѓаните – вели директорот на АХВ.Тој е дециден дека на интернет страницата на АХВ многу сликовито е објаснето како треба да постапат граѓаните во ситуација ако некој е, на пример, каснат од куче. Јасно е наведено и кого може да контактираат.– Меѓу тие сме и ние, односно соодветното ветеринарно друштво во регионот каде што настанало каснувањето. Најважно во ваков случај е дали животното е вакцинирано против беснило или не, тоа кај граѓаните е најбитно, покрај физичката и психичката траума што ќе ја доживеат. На нашата веб страницата е објаснето буквално целата процедура – истакнува Бабовски.Во однос на одговорното сопствеништво кон милениците, за жал, вели Бабовски, се уште не сме на посакуваното ниво.– Не би сакал да бидам погрешно разбран, но со здруженијата и воопшто со невладиниот сектор кој се грижи за здравјето и благосостојбата на кучињата и на други животни, треба да бидеме партнери. Наместо да поднесуваат неиздржани претставки до нас, да реагираат за одредени вдомувања или неисполнети услови на некои прифатилишта. Нека повелат заеднички да ја подигнеме свеста на граѓаните – нагласува Бабовски и додава дека некогаш има и оркестрирани напади врз некои правни субјекти.Оваа година се поднесени вкупно 331 претставка. Од нив, 181 се од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните од кои 84 директно се однесуваат на каснување од куче и на неодговорно сопствеништво. Останатите претставки се од ветеринарното јавно здравје и безбедноста на храната.Лани, пак. АХВ евидентирала 416 претставки. Најголем број од претставките по кои е постапувано се од областа на ветеринарството, 158 претставки се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните, а 131 на храна од неживотинско потекло. Најмал е бројот на претставки, 38, кои се однесуваат на храна од животинско потекло.

Македонија | пред 4 години

struja-4

Цената на струјата нема да поскапе по изборите, а нема да има ниту рестрикции, уверуваат од владата

Цената на електричната енергија нема да поскапе по изборите, а нема да има ниту рестрикции, одговорија за САКАМДАКАЖАМ.МК високи владини извори. Распишан е нов тендер за набавка на јаглен за да има доволно да произведуваат струја сите три блока на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.Со засиленото производство на струја се планира да се стабилизира цената на електричната енергија за стопанството. Струјата добиена од увезениот јаглен ќе се понуди дополнително по цени пониски од моментално берзанските, а повисоки од производствената.Иако во Европа цената на струјата веќе не може да се контролира, светот се соочува со енергетска криза, а во повеќе држави се најавуваат и рестрикции, од Владата уверуваат дека кај нас тоа нема да се случи. Рестрикции нема да има, особено не кон фабриките, компаниите, кои се во групата големи потрошувачи, велат економистите од Владата. Целиот текст можете да го прочитате на СДК.МК

Македонија | пред 4 години

testovi-korona-germanija

Активни околу шест илјади заразени со ковид-19, половина во Скопје

Во минатото деноноќие се регистрирани 411 нови заразени со Ковид-19, како и седум починати лица.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87061, Активни 3082Куманово 12047, Активни 498Тетово 10933, Активни 89Прилеп 9343, Активни 243Гостивар 7994, Активни 37Битола 7316, Активни 194Велес 6637, Активни 297Кавадарци 6157, Активни 177Охрид 6118, Активни 205Штип 6034, Активни 210Струмица 5870, Активни 130Кичево 4070, Активни 78Струга 3828, Активни 41Кочани 3465, Активни 153Гевгелија 2517, Активни 79Неготино 2351, Активни 23Свети Николе 1969, Активни 64Радовиш 1579, Активни 48Ресен 1570, Активни 36Крива Паланка 1562, Активни 111Дебар 1453, Активни 6Берово 1222, Активни 12Делчево 1140, Активни 22Виница 1074, Активни 32Пробиштип 981, Активни 57Валандово 844, Активни 17Кратово 631, Активни 40Богданци 578, Активни 23Крушево 544, Активни 14Македонски Брод 476, Активни 2Демир Хисар 473, Активни 32Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 350, Активни 49Пехчево 318, Активни 3Дојран 142, Активни 2

пред 4 години

bolnica-bitola

Страотно сведоштво за 22-годишниот битолчанец кој почина од корона, семејството раскажа како бил третиран!

Семејството на починатиот 22 годишен битолчанец во отворено писмо до јавноста ги објаснува деновите пред смртта на нивниот брат и син. Велат дека првите три дена по појавата на болеста редовно оделе на лекар но никој не препознал дека е сериозно. Имаат извештаи од прегледите и велат дека имало шанси да се спаси младиот живот.Во писмото стои дека на сега починатиот ковид му бил дијагностициран на 9 октомври. Веднаш било почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му била 39.2°C. Брат му во писмото вели дека починатиот не бил вакциниран против КОВИД-19 и со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа.„Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на Инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100 од мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин, вели во обраќањето.Следниот ден сега починатиот повторно имал температура, но добра сатурација и по прегледот во болницата во Битола повторно бил пуштен дома со температура од 38°C, отежнато дишење и кашлица. Веќе третиот ден бил хоспитализиран и ставен на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите.„Следните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.Во собите на пациентите оставени се броеви за помош од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125 килограми, 180 сантиметри висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме, вели брат му на поочинатиот.Тврди дека во случајот со брат му се покажало дека здравството е сосем нефункционално. Со емоции се простува од прерано починатиот брат.

Коментари | пред 4 години

Izbori

ДИК денес ќе ги објави конечните резултати

ДИК денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Александар Даштевски денес на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите, како и да го соопшти бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ (23 октомври), а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Колев до Ѓорѓиев: Се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, на Фејсбук ја искоментира оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од мешовитата историската комисија со Бугарија.„Професорот Ванчо Ѓоргиев ми беше „последната“ надеж, дека ќе застане како научник и професор во одбрана на вистината и ќе даде се од себе, за да го зачува идентитетот.После неговата оставка, сите надежи паѓаат во вода.Професоре се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?“, пишува Колев.Колев објави и неколку фотографии од книгата на Ванчо Ѓорѓиев „ВМРО 1893-1903 поглед низ документи“.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања