ТОП

IMG_4260

Променливо облачно и релативно топло

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.– Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени, информираат од УХМР.Од таму додаваат дека утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Македонија | пред 4 години

nastavnik-dete

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Наставник тепа дете во скопско училиште

Вознемирувачко видео од наставник кој малтретира дете се појави на социјалните мрежи.Според објавата, немилиот настан се случува во скопско училиште.Станува збор за училиштето „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.

Скопје | пред 4 години

20200122092016

Новинар до шефот на кабинет на Шилегов: Дан требит работа?

Новинарот Кристијан Ландов на Фејсбук објави видео од шефот на кабинет на Петре Шилегов, Никола Наумоски, во кое за новинарите вели дека не известуваат коректно кога кажуваат дека нема да се отстрани ниту еден споменик од проектот Скопје 2014.Откако Шилегов губеше во првиот круг на локалните избори, новинарот го прашува неговиот шеф на кабинет дали му треба работа, веројатно мислејки на тоа дека ако актуелниот градоначалник ги изгуби изборите, Наумовски ќе остане без работа.„Ова е Никола Наумовски-Никса, шеф на кабинет на Петре Шилегов. Изјавата му е за новинарите, кои очигледно не згрешиле туку тој ги потценувал. Кога јадеше гурбаии за мене, не знам дали му пренесоа, ама им кажав да му кажат: Секој почеток има свој крај.Инаку, типов е од наводен борец против “Скопје 2014” до борец за Шилегов и власт.Никса, дан требит работа?“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Ќе се отруеме ли и зимава? Скопје повторно се гуши, најзагадено во Лисиче

Вечерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките покажаа дека воздухот во Скопје е многу загаден.Според апликацијата на Министерството за животна средина во Лисиче измерени се 146 µg/m3.Во Центар измерени се 109мг/м3 од ПМ10 честичките, во Бутел 111 µg/m3, а во населбата 11 Октомври 103µg/m3.На останатите локации во Скопје, мерните станици покажуваат дека конвентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 50µg/m3.Но многу загаден воздух покажуваат и мерните станици низ целата територија на Македонија.Вечерва најзагадено е во Кавадарци каде концентрацијата на ПМ 10 изнесува 227 µg/m3, потоа следи Тетово со 147 µg/m3, Куманово со 132 µg/m3, Гостивар со 124 µg/m3 и Миладиновци со 117 µg/m3

Скопје | пред 4 години

PRSM-Pendarovski

Дали Пендаровски ќе ги заштити државните интереси или ќе премолчи?

Пратеникот Илија Димовски на Фејсбук напиша статус во кој вели дека Претседателот на Република Македонија има уставна должност.„Што чека Претседателот Стево Пендаровски после денешната изјава на професорот Ванчо Ѓорѓиев?Ќе ги заштити ли државните интереси (согласно Резолуцијата на Собранието од 29.07.2021) или ќе премолчи?Ќе ја заштити ли Комисијата од политички притисок?Претседател на Република Македонија има уставна должност“, напиша Илија Димовски на Фејсбук.Историчарот Ванчо Ѓоргиев преку соопштение до јавноста поднесе оставка од историската комисија. Тој наведува 5 причини за оваа оставка, а како прва ја наведува причината дека имал „политичко влијание“ врз работата на историската комисија.

Коментари | пред 4 години

Kamioni-so-RDF-otpad

Скандал: Шверц на цигари и алкохол во камион со дипломатска пошта на МНР

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава порталот МКД.Порталот пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“. Цигарите и алкохолните пијалаци во земјите од ЕУ на црните пазари достигнуваат високи суми.Летово бил претресен контејнер со македонска „дипломатска пошта“ кој со брод пристигнал на пристаништето во Бриндизи, Италија. Крајната адреса била амбасадата во Франција, а за содржината на „поштата“ во документацијата пишувало „…за опремување на амбасадата во Париз“.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Сообраќајка вечерва на Илинденска, едно лице тешко повредено

Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вечерва околу 19 часот на булеварот Илинденска, пред кафе бар Трибека. Во несреќaта, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница.Во тек е увид за причините на несреќата

Скопје | пред 4 години

Web-capture_22-10-2021_131556_24sedam.rs_

(ВИДЕО) Стјуардеси се соблекоа во знак на протест за изгубените работни места

Околу 50 поранешни стјуардеси на веќе згасената италијанска авиокомпанија „Ал Италија“ се соблекоа на плоштадот Кампидољо во центарот на Рим. Тие се соблекоа во знак на протест поради изгубените работни места и условите во кои нивните колеги се вработуваат во новата компанија „ИТА Ервејс“.Тие прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата и високите потпетици.„Ал Италија“ со години има финансиски проблеми. Последен пат кога авион од оваа компанија леташе беше на 14 октомври. Нејзините авиони сега ги презеде авиокомпанијата ИТА, чии авиони почнаа да летаат само еден ден по затворањето на „Ал Италија“.

Магазин | пред 4 години

dokument-administracija

Матичар ѝ издал извод дека мајка и е умрена, па почнала оставинска постапка

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги денеска поднесе кривична пријава против Т.Х. (43) од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и В.Т.(55) од Скопје, поради сомнение дека сторила кривично дело поттикнување.Како што информираат од МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.Тој од второпријавената не ја обезбедил потребната документација за впишување на смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со непотполна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои на незаконит начин В.Т. ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.

Скопје | пред 4 години

gjorgiev

Со обвинување за притисоци од Заев, историчар поднесе оставка од мешовитата комисија со Бугарија

Ванчо Ѓорѓиев од историската комисија со Бугарија поднесе оставка од таа функција, а во соопштение ги објасни причините за таквата одлука.Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“.“ – се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

korona

260 луѓе иако биле вакцинирани, починале од Ковид-19

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 21 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.„ Во период од 06.08 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 21.10.2021 на територија на државата починале 1506 лица со Ковид-19, 1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“ се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Македонија | пред 4 години

grobista-2

Краделе на гробиштата во Куманово, им се заканува затвор до 5 години

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10.10.2021 година три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот.За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до 5 години. Согласно Законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу 8 дена. Со оглед на тоа што прибирањето на доказите се уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на Судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице.Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.​

Македонија | пред 4 години

Naum-Stoilkovski-1

Шилегов мисли само на јадење и пиење на буџетски трошок, обвинува Стоилковски

Следниов документ ја открива суштината за Петре Шилегов, и што му е најважно од градоначалничката фотелја, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за КАЕФАНА!На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со 3 фирми - во вредност од 32.000 евра! Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година!Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот:· Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ - 2 милиони денари за кафеана за една година;· Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;· Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов;· А, тука би додал дека фирмите - кафеаните се обврзале на 10 односно нудат од 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките;Почитувани,Додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана!Не, почитувани, ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов среде кампања за избор на градоначалник за град Скопје, кога он потпишува договор од 32.000 евра кафеански услуги!Почитувани,Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, се тоа на буџетски трошок, се тоа од ваш џеб.Ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден. Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана!Почитувани,Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок.Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Не дека Шилегов е сјаен, но сега е мајката на граѓаните

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев смета дека Петре Шилегов прави грешки и се поправа, но не одговори што значеше неговата изјава кога кажа дека без Скопје, Владата не може да оди напред. Без одговор остана и тоа дали значи дека е оставка во најава, доколку Шилегов не победи.“Не дека Шилегов е сјаен, граѓаните кажаа. Ама од другата страна имаме човек кон вика: мрш. Тоа е ризик. Затоа, ние одлучуваме. Народот е исправен, мора да ги донесат исправните одлуки”, кажа Заев.За Данела Арсовска кажа дека имал средби со неа бидејќи е претседателка на Сојузот за стопански комори, потенцирајќи дека знае и како е избрана и давајќи негативно мислење за неа.“Сега е мајката на граѓаните, сега е моментот, сега мора да пресечеме”, додаде Заев.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

14 пациенти го загубија животот, 490 се борат со коронавирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 3.073 тестови преку: ИЈЗ-290, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-44,ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-140, Биотек-152, Систина-54, лабораторија Лаор-100, Синлаб-17, Ремедика-17, Плодност–21, Генеа-5, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-35, Ројал Медика –5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.393.Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 86863, Активни 3008Куманово 12007, Активни 481Тетово 10926, Активни 93Прилеп 9328, Активни 236Гостивар 7994, Активни 37Битола 7303, Активни 193Велес 6619, Активни 294Кавадарци 6141, Активни 168Охрид 6115, Активни 203Штип 6015, Активни 202Струмица 5865, Активни 131Кичево 4067, Активни 86Струга 3822, Активни 35Кочани 3449, Активни 145Гевгелија 2513, Активни 80Неготино 2347, Активни 22Свети Николе 1966, Активни 64Радовиш 1572, Активни 42Ресен 1566, Активни 33Крива Паланка 1552, Активни 115Дебар 1453, Активни 6Берово 1222, Активни 12Делчево 1139, Активни 21Виница 1073, Активни 32Пробиштип 976, Активни 54Валандово 842, Активни 16Кратово 631, Активни 47Богданци 575, Активни 20Крушево 541, Активни 11Македонски Брод 476, Активни 3Демир Хисар 471, Активни 31Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 347, Активни 47Пехчево 318, Активни 3Дојран 142, Активни 2

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања