ТОП

246854664_1561374137555405_3878179232727919482_n-1

(ВИДЕО) Загина жена во тешка сообраќајка во Тетово

Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.–Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.

Македонија | пред 4 години

kamikaza-12

Георгиевски-Камиказа со порака до скопјани: Не гласајте за Шилегов

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000 . Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски-Камиказа во првото интервју за „Република“ по локалните избори.Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат,но не излегло така.Сепак тој е горд дека од овие избори излегол горд без ниту едена дамка и со чист образ.Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.-Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено.Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.-Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.Целото интервју прочитајте го на РЕПУБЛИКА

Скопје | пред 4 години

maksim

Димитриевски: Недозволиво е личното обезбедување на Спасовски, да учествува во монтирање на избори

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во дебатата на телевизија 24 зборуваше за узурпацијата на системот на МВР, нешто што по 5 години, требало да биде минато во земјава.„Потрошивме многу време на улица заедно за да го спречиме тоа, да не се повтори никогаш. Ако се сеќавате на слоганите „Нема правда нема мир“ и „ова повеќе никогаш нема да дозволиме да се случува“, тоа уште повулгарно се случува во Куманово. Недозволиво е такво инволвирање на полицијата и во изборниот процес и злоупотреба на позициите на многу полициски службеници. Голем дел од нив ангажирани во шеста управа, некои во личното обезбедување на министерот Спасовски, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. Но, за тоа ќе зборуваме после изборите, сега сакам да се насочам исклучиво на проектите и развојот на Куманово. Впрочем, четири години ги поминав на тоа. Решивме голем број проблеми, а некои поединци доколку имаат доблест еден ден ќе се срамат – рече Димитриевски.Во земјава, според Димитриевски, има урупирани политички партии, трансформирани во акционерски друштва кои функционираат по желба на поединец.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-20-at-16.34.16

Заев бара поддршка: Кажете „не“ за шмизли, кажете „да“ за инфраструктура

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединета за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција која се корегира и менува по критика“Тој побара сплотување и обединување на сите сили, во име на се што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.„СДСМ е влезена во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапна за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, рече Заев.Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да иде државата напред ако државата има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме, за власт која обединува и влече напред“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

dastevski-780x470-1

Во 99% од избирачките места, фингерпринтовите работеа добро, тврди Даштевски

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, оцени дека локалните избори од првиот круг се успешни.Во дневникот на ТВ Сител, Даштевски нагласи дека неколку поплаки стигнале до ДИК, додека рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите, односно денеска. Што се однесува до решенијата за сертификација за градоначалниците и советниците, тие ќе бидат издадени десет дена по завршувањето на изборите, односно во ноември.„Овие избори се најголемите избори досега, потрошени се 60 тони хартија и отпечатени се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки за спроведување“, додаде претседателот на ДИК.Во 99 проценти од избирачките места, читачите на отпечатоци работеа добро, рече Даштевски, додавајќи дека во текот на денот донесени биле само шест одлуки за преминување на класично гласање, главно на планинските места.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Цените на горивата достигнаа ново рекордно ниво, фирмите веќе ставаат клуч на врата

Инфлацијата ќе се зголемува, но просечната стапка нема да надмине 3 отсто. Ова се очекувањата на аналитичарите наведени во новото анкетно истражување на Народната банка. Јасно е дека и Македонија не е поштедена од ценовното цунами – поскапи горива, метали, увозни производи, пишува „Порталб“.„Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 отсто во претходната анкета. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година (2,1 отсто во претходната анкета) и 2,3 отсто во 2023 година (2,0 отсто во претходната анкета)“, се неведува во новата Анекта инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја објавува Народната Банка.Ценовниот притисок засилува. Минатата недела цените на горивата достигнаа ново рекордно ниво – „еуросупер БС 95“ се продаваше за 75,5 денари за литар а „еуросупер БС 98“ за 77,5 денари по литар. Цената на горивата заедно со цената на електричната енергија се едни од клучните инпути од кои зависат и цените на основните прехранбени.Од Здружението на транспортери „Макам-транс“ велат дека се соочуваат со големи проблеми – од една страна поради ковидпандемијата не можат да ги зголемат цените а од друга страна транспортните фирми бројат загуби, дури некои и се затвораат.– Голем дел од транспортните фирми се борат за опстанок. Кога во Европа цените на горивата се намалија, кај нас се зголеми акцизата. Тогаш не бевме во состојба да реагираме со поскапување на транспортот поради пандемијата. Сега цените на горивата растат секаде во светот – ние повторно не можеме да реагираме поради неколку причини. Дел од фирмите сѐ уште не работат со полн капацитет па на пазарот има поголема понуда од побарувачка за транспортни услуги. Дополнително- голем дел од нашите професионални возачи веќе заминаа во страство – работат за странски фирми. Во вакви услови не можеме да ги зголемиме цените иако корисниците на транспорт, значи фирмите, веќе го пресметуваат, вградуваат ценовнитот раст во крајните производи – вели Билјана Муратовска од „Макам-транс“.Таа алармира дека дел од фирмите веќе ставаат клуч на врата.– Транспортниот сектор се соочува со големи проблеми. Има фирми кои се одржуваат во живот само поради поврат на ДДВ, но има фирми кои веќе се затвораат зошто не можат да опстанат, нема работа а и таа што ја има не е исплатлива. Возачите и сопствениците на фирмите трошат лични средства, ги вложуваат за да ги задржат фирмите. На годишно ниво и по 10 отсто од побарувањата што ги имаме не можеме да ги наплатиме – вели Муратовска.Додека транспортерите се борат за опстанок без да ги зголемат цените – крајните производи, особено увозните веќе се поскапени. Но поскапување има и кај домашни производи – во млечната, пекарската индустрија и индустријата за масло.Од јануари до септември годинава во споредба со истиот месец лани трошоците на живот ( инфалција) најмногу се зголемени за маслата и мастите за дури 23,2 отсто и кај течните горива за 24,1 отсто.Во анализираниот период, од јануари до септември 2021 година во однос на истиот во 2020 година, трошоците на живот според Заводот за статистика се зголемени за 2,8 отсто – или толку изнесува инфлацијата. Цените на мало во анализираниот мериод се зголемени за 3,7 отсто.Економистите лоцираат повеќе фактори кои придонесуваат за растечка инфлација.„Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата – се наведува во Анкетата на НБМ.Состојбата со ценовниот притисок будно се следи но засега Народната банка нема да преземе мерки за евентулано затегнување на монетраната политика .„Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата и заедно со нагорните ревизии кај увозните цени укажува на ризици за умерено повисока инфлација од проектираната од 2,2 проценти“ – соопштија од НБМ со што најавија нагорно ревидирање на стапката на инфлација.Сепак – засега мерки нема да се преземат.„Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме“, информираа од Народна банка чија клучна улога е задржување на ценовната стабилност а со тоа и стабилност на домашната валута.Земјите од регионот и од светот се соочуваат со ценовно цунами но и со енергетска криза – домашните економистите сметаат дека сепак ценовниот притисок е времен карактер и дека по стабилизирање на пандемијата, веќе со завршување на зимата се очекува и стабилизација на цените. Од Владата најавија можен ребаланс на Буџетот за реалокација на средства со кои би се ублажиле последиците од ценовниот бран.

Македонија | пред 4 години

apasiev-8123

Апасиев се изјасни за коалицирањето преку мисла од Фидел

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со специфичен, даде свој став за коалицирањето со други партии. Оваа тема е отворена по првиот круг од локалните избори. Понуда е добиена од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер ги повика сите партии во Собранието кои се опозициски да му се придружат.“Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“ Кастро (1948)”, напиша Апасиев.Тој и претходно кажа дека треба обединување за пад на Влада, но не и преку формално коалицирање.

Коментари | пред 4 години

ohridsko-ezero-ohrid-dron

Земјотрес го стресе тлото на Охрид!

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала е регистриран ноќеска во Охрид.Епицентарот на потресот забележан во 3.26 часот бил во близина на Охрид и на длабочина од 0,4 километри.Земјотресот е регистриран и во останатите места во Охрискиот регион.

Охрид | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Тестирањето на учениците почнува во девет средни училишта само во Скопје

Денеска почнува скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје, соопшти Министерството за здравство.„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носна шуплина“, велат од МЗ.Од таму додаваат дека целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на коронавирусот помеѓу учениците. Со релевантните податоци, велат од МЗ, ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

пред 4 години

thumb3

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.Вархељи пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Северна Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето датум е многу поважно од прашањето за изборите.„Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив“, рече тој.Повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат откога бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија место да ја чекаат Северна Македонија да го реши спорот.„Големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение“, изјави Вархељи.Вархељи ги повика европарламентарците да влијаат на своите земји да овозможат напредок за ова прашање со цел и самата ЕУ да оди напред.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

Починаа 14 пациенти од корона, 498 се новозаразени

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.669Оздравени се 498 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.• Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8починати лица: 5 починати лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 починати лица од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.• Направени се 3.431 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-49,ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–14, Жан Митрев (Филип Втори)-54,Авицена-164, Биотек-238, Систина-97, лабораторија Лаор-150, Синлаб-19, Ремедика-20, Плодност–44, Генеа-9,Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-42, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.575.Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

Затворена модуларната во Скопје, прокиснала и стигнала вода до струја, вели Лазаров

Доктор Ненад Лазаров на Фејсбук напиша статус во кој вели дека модуларната болница во Скопје е затворена. Тој додава дека истата прокиснала, а водата стигнала до струјата.„Затворена модуларната "болница" до Инфективна, прокиснала и стигнала вода до струја, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

1-5

„Полициска бруталност и насилен втор круг“, Мицкоски се фокусира на Данела и ново собраниско мнозинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.Мицкоски кажа дека очекува брутална кампања во вториот круг, додавајќи: „Очекувајте бруталност полицијата од Спасовски, очекувајте од насилниците да се однесуваат понасилно“.„Очекуваме да победиме секаде каде не сме победиле. Мислам дека сме блиску и до мнозинство во Град Скопје. Фокусот ние д а победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Откриени заболувањата на починатите кои се вакцинирани против корона

Министерството за здравство неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.„Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.8 октомвриПријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:84 год. кардиолошко заболување62 год. кардиолошко заболување78 год. кардиолошко заболување63 год. кардиолошко заболување и дијабет73 год. кардиолошко заболување и дијабет9 октомвриПријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.10 октомври14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.64 год. кардиолошко и малигно заболување59 год. со кардиолошко заболување68 год. кардиолошко заболување и дијабет11 октомври18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:72 год. кардиолошка и белодробна болест69 год кардиолошка болест81 год кардиолошка болест и дијабет76 год кардиолошка болест64 год белодробно заболување56 год кардиолошко заболување12 октомври6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години - нема хронично заболување;13 октомври20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување77 год. кардиолошко и белодробно заболување78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет71 год. кардиолошко заболување14 октомври13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:75 год. крдиолошко заболување74 год. кардиолошко заболување и дијабет64 год. кардиолошко заболување и дијабет77 год. невромускуларно заболување“, велат од МЗ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев испрсти писмо до сопартијците со барање од нив

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, два дена по првиот круг од локалните избори, преку писмо им се обратил на своите сопартијци, повикувајќи ги на обединување. Тој во писмото нагласува дека граѓаните во првиот круг изборите им испратиле јасна порака која мора да ја слушаат, да ја разберат и да постапуваат по неа. Писмото на Заев испратено до сопартијците до кое ексклузивно дојде „Слободен печат“ преку партиски извори, ви го пренесуваме интегрално:„Другари и другарки, храбри социјалдемократи, поддржувачи на демократијата и на прогресот,Дозволете да ви се заблагодарам за целокупниот ваш ангажман и труд што го дадовте за овие избори, но и за сите процеси во изминатите години низ кои заедно ги направивме големите промени во македонското општество. Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борбата не е завршена.Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно.Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и нашата борба за нов циклус промени. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Во спротивно, режимот тропа на вратите. И веќе успеа да влезе во некои од општините. Ние имаме демократска обврска да се бориме, да испорачаме промена и подобрување во начинот на наше управување и да застанеме на патот на заканите и опасностите кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ.Влегуваме во вториот круг и во борба за секој глас, за секој град, за секоја општина. Нема важни и неважни. Сите се важни. Ако сакаме да ја добиеме оваа борба, мораме да разбереме дека секој човек е важен, секој глас е важен. Секој глас мора да биде слушнат, испочитуван, уважен. Тоа е промената која ја бараат граѓаните од нас. Затоа, мораме да ја зголемиме нашата достапност, отвореност и експедитивност во решавањето на проблемите на секоја индивидуа, на секоја група граѓани. Ние не сме и никогаш нема да бидеме недостижни и недостапни, тоа нам не ни прилега. Напротив, ние сме и мораме да останеме скромни и приземјени. И само така ќе го одржиме правецот на кој заедно ја поставивме нашата земја.Затоа, ве повикувам на ОБЕДИНУВАЊЕ!Сега е време за обединување затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа нашата земја со години. СДСМ греши, но учи и се поправа. ВМРО-ДПМНЕ е партија на своеволие и узурпација на сè државно за свои интереси. И тука има голема разлика. Сега е време за борба, за уважување на гласот на секого и за обединување. А, ние сме борци, ние сме отворени луѓе и отворена партија и знаеме и даслушаме, и да постапуваме, и да се менуваме. Тоа го имаме и докажано, и покажано преку бројни примери кога критиките и пораките од граѓаните сме ги прифаќале и сериозно сме ги ревидирале и подобрувале нашите чекори и политики.Велат дека за да победи злото доволно е добрите луѓе да не направатништо. Овој пат, ние нема да набљудуваме и да не правиме ништо додека злото сезаканува. Ќе дејствуваме! Затоа, од секоја општинска организација барам акција.Исклучително важно и неопходно е секој Општински изборен штаб да биде во постојана консултација со Централниот изборен штаб и да ги следи насоките, од една страна, но и да биде отворен за предлозите, ставовите и пораките кои доаѓаат од членството, од поддржувачите и од граѓаните, од друга страна.Потребна е брза анализа и враќање на теренот ВЕДНАШ. Потребни се брзипромени и акции кои ќе придонесат кон БОРБА, УВАЖУВАЊЕ НА ГЛАСОТ НАГРАЃАНИТЕ, ОБЕДИНУВАЊЕ и со тоа ПОБЕДА на СДСМ во вториот изборен круг.Тоа и тоа како е можно и е на дофат.Од нас зависи. Потребно е да се обратиме и да подадеме рака на секој еденчовек, секој еден глас којшто можеби сме го пропуштиле во првиот изборен круг.СДСМ го слушна гласот на граѓаните и ќе направи сè да го обединипрогресот.Напред другари. Борбата продолжува!Ваш,Зоран Заев“, стои во писмото.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања