ТОП

Screenshot-2021-10-19-at-12.11.51

ВИДЕО: Максим тврди дека полициско возило го следело низ Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.Градоначалникот се жали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела. Ги задржала петнаесетина минути во кои бил блокиран сообраќајот на улицата Лесковачка.„Објавувам вака јавно да видат сите како работи полицијата на мојот другар Оливер Спасовски. Не држат без објаснување, не ни кажуваат зошто не сопреле. Тргнав кај мојот матичен лекар. На улицата заглавен стои и автобус, сообраќајот е стопиран. Сакам да порачам дека вакви притисоци нема да успеат“, вели во обраќањето во живо градоначалникот Димитриевски.Тој објаснува дека му било побарано полномошно за управување со возилото на Дејан Димитриевски, документ кој тврди дека го имале со себе.Кусо по првото вклучување во живо, Димитриевски се вклучи и вторпат со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако се возеле во ново возило, што им било познато на полицајците.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Апсења во Тетово, Аеродром и Карпош поради марихуана

На 18.10.2021 околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 години. При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.НА 18.10.2021 околу 15.50 часот во тетовско Теарце лишен од слобода е А.Ф.(31) од ова село, затоа што му била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.На 19.10.2021 во 04.40 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.М.(32) од Виница, а со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.10.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

242540359_2671098966532615_4411733976704507129_n

„Има неколку причини зошто Шилегов не им одговара на скопјани во ниеден случај како избор на 31 октомври“, пишува Јоци

Новинарката и политиколог, Јорданка Ивановска Јоци, наброја неколку причини зошто според неа, кандидатот Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, не им одговара на скопјани во ниеден случај како избор на 31 октомври.„1. Советот на Скопје, каде се гласаат сите одлуки и Буџет, е веќе формиран, мнозинството е опозиција.Вмровци го имаат водството со 17 советника + 2 од АА/А = вкупно 19. Тука се и 4 советника на Левица и 2 на ЗХГ = вкупно 6.2. Сите скопски општини добија вмровски градоначалници, а Шилегов негува анимозитет кон таа партија, што автоматски значи дека е невозможна кохабитација и било каква меѓуопштонска соработка за решавање на градски проблеми во тие општини.3. Тој и досега не работеше со полна пареа, што логично доведува до заклучок дека ќе ги игнорира или казнува целосно општините каде вмровци победија, а со тоа и граѓаните, доколку добие 2 мандат, а нема“, напиша таа.

Коментари | пред 4 години

najcevska

„Сите нови градоначалници нешто ново ќе почнеле. А некој да кажеше дека ќе продолжи или доврши или надгради?“, прашува Најческа

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на изјавите од новите избрадни градоначалници, кои велат дека ќе спроведуваат нови проекти и ќе градат нови објекти. Таа прашува, дали некој планира да доврши нешто од проектите на претходните градоначалници.„Сите нови градоначалници нешто ново ќе почнеле. А некој да кажеше дека ќе продолжи или доврши или надгради?Ова е држава која со секој избор тргнува од нула во развојот и од највисоката претходно достигната точка во апашлукот“, коментира Најчевска.

Коментари | пред 4 години

apasiev-dimitar-7

Апасиев за рејтингот на Левица: Од три во 2017 сега имаме 51 советник во 38 општини!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев посочи дека за четири години, рејтингот на партијата драстично се зголемил. Тој тоа го гледа и преку бројот на освоени советници на локалните избори годинава.„ЛОКАЛНИ 2017: Левица настапува во 11 општини и освојува 3 советника. ЛОКАЛНИ 2021: Левица настапува во 38 општини и освојува 51 советник. Ама, Заев вика рејтингот од 4% ни паднал на 2%, после „инцидентот“ во Прилеп!? p.s. Премиерот забораил да ја додаде единицата пред двојката (12%), ама ај сега да не го омаловажуваме вака јавно. Пасокизација. Нема Влада без Левица“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 4 години

arsova-danela

ВМРО-ДПМНЕ има најмногу советници во Скопје, Данела има повеќе гласови од Шилегов

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа има 2 советници, Алијанса за Албанците и Алтернатива има 11.447 гласови и има 2 советници и Група избирачи Драгана Велковска со 9.062 гласа има 2 советници.Во делот на градоначалници за Скопје, Петре Шилегов има 77.852 гласа и оди во втор круг со Данела Арсовска која освоила 85.657 гласови, соопшти Даштевски.

Скопје | пред 4 години

242868870_2920957678172687_7998358709203888416_n

Александар Стојкоски е нов градоначалник на Ѓорче, Тимчо Муцунски во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалнички места и во скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски кажа дека според пребројувањето на гласовите, Тимчо Муцунски и Александар Стојкоски се новите градоначалници.„Тимчо Муцунски е новиот градоначалник во Аеродром. Во Ѓорче Петров, со 9.215 гласа, Александар Стојкоски е новиот градоначалник“, рече Даштевски.СДСМ и Душко Вескоски во вториот круг ќе се борат со Стевчо Јакимовски од ГРОМ за градоначалничката позиција во Карпош.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

24 починати и 109 заразени лица од корона

ИНФО - 18.10.2021 (податоците се заклучно со 17.10.2021)Денес се регистрирани 107 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.197Оздравени се 247 пациенти – за 24 часа пријавени се 19 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.• Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101,Штип – 21, Куманово – 19, Велес – 16, Кратово – 11, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9, Тетово – 8, Кавадарци и Валандово – по 7, Струмица, Свети Николе и Виница – по 4, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2, Неготино и Гостивар – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.• Направени се 1.668 тестови преку: ИЈЗ-20, ЦЈЗ Скопје-20, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0,ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-88,Авицена-52, Биотек-162, Систина-42, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0,Никоб лаб-233, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-36, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 999.Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Македонија | пред 4 години

joci-111

„Значи баба Петро не сте изедначени, готово е“, Јоци му порача на Шилегов да се спакува

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци му порача на кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов дека скопјани го изфрлиле од Град Скопје, посочувајќи му да си го шета кучето. Таа на соработниците на Шилегов им кажа да се спакуваат бидејќи планира да оди да пие кафе во градските простории, каде посочи дека има свои пријатели.„Цепки! Значи баба Петро не сте изедначени, во моментов водството е 7.000 за Арсовска. Тоа едно. Второ 28.000 гласа имаат Бени и Камиказа, а тие не одат кај тебе. Опозициски гласачи сега се само помотивирани да излезат, а твоите ќе останат дома - апатични се и депресивни. Си учел ли бе ти психологија⁉️ Слободно пакујте се ти, Никса, Васиљ, онаа Љубица од Совет, пошто имам сериозна намера да стапнам првпат по 4 години во Град Скопје за да пијам убаво кафе. Ја имам таму другари, кои ти ги деградираше.Не сакам да ве глеам, готово е - те исфрлија скопјани сосе партали. Шетај го Тоби“, напиша таа.

Коментари | пред 4 години

Vlado-Misajlovski-07.03

Во 40 совети и 21 општина победи ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат за кратко победа и во Ѓорче

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски тврди дека партијата има 50 илјади гласови повеќе од СДСМ за советничките листи. Тој посочи дека залудни биле притисоците на СДСМ за време на изборниот ден и во кампањата. Според него, неговата партија има победа во 40 општини во советите на општините.„Македонија го победи криоминалот и безидејноста кои ги зодава власта на Зоран Заев, рече тој.Дел од 21 општинина за кои Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ победила се Аеродром, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Зрновци, Виница, Петровец, Штип, Карбинци, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Новаци, Јегуновце. Тој посочи дека очекува за кратко да стигне победата и во Ѓорче Петров. Мисајловски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ победи и на советничката листа за Град Скопје, а убедливо води и независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од неговата партија.Водство, без победа во првиот круг кажа дека има во Зелениково, Чешиново-Облешево, Радовиш, Охрид, Битола, Кичево, Брвеница.Прашан дали очекува поддршка во вториот круг од БЕСА, ДОМ, ЛДП кои коалицираат со СДСМ кога е во прашање централната власт, тој одговори потврдно.„Кажав и на пресот, ајде да се обединиме. Во Македонија подолго време има опозициско расположение“, додаде Мисајловски.

Македонија | пред 4 години

1143A335-F5C1-4F85-8969-FCCABE117B39

Шилегов тврди дека е изедначен во гласови со Арсовска, се надева на победа

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број на гласови со Данела Арсовска, независната кандидатка поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека тогаш и ќе издвои победа. Не откри на чии гласови се надева од кандидатите кои не влегоа во втората изборна трка на локалните избори.„Верувам дека скопјани ќе излезат во втор круг во поголем број и ќе дадат поддршки за политиките кои го променија. Скопје стана единствен град. Ги повикувам граѓаните кои не излегоа на гласање да излезат во вториот круг и да гласаат. Верувам дека во вториот круг ќе издвојуваме голема победа“, рече тој.За предноста на Арсовска, додека и натаму трае пребројувањето на гласовите во општинските изборни комисии, Шилегов рече: „Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а по анализа на резултатите, таа го достигна истиот резултат како на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ. Јас се потпирам на гласовите на граѓаните.

Скопје | пред 4 години

246206006_441504784154457_7573074110989732400_n

ВМРО-ДПМНЕ победи во 19, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се 31 градоначалници.Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 19 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите, Гази Баба и Кисела Вода. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Штип, Прилеп, Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром и Ѓорче Петров, но засега во овие скопски општини резултатите не се 100 посто обработени.СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево.Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево, Радовиш, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.Во Центар Жупа победи Ариан Ибраим од ДПТМ, но изленоста е од дозволениот цензус.За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.

Македонија | пред 4 години

Untitled-200

Четири скопски општини добија градоначалници, тројца се од ВМРО-ДПМНЕ, еден од ДУИ

Четири скопски општини, според досега објавените податоци од ДИК, добија градоначалници во првиот круг од локалните избори.Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,79 отсто од гласовите пред Велимир Смилевски од СДСМ со 40,01 отсто, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ со 60,07 отсто од гласовите пред Борис Георгиевски од СДСМ со 29,45 отсто. Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53 отсто од гласовите пред Филип Темелковски од СДСМ со 27,46 отсто, а во Сарај старо-нов градоначалник е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10 отсто освоени гласови пред Керим Мамути од АА и Алтернатива со 17,65 отсто.Во Аеродром од обработени 74,19 проценти од гласовите, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ има 56,29, а Александар Филиповски од СДСМ 25,68 отсто од гласовите.Во Центар од преброени 91,03 проценти, води Горан Герасимовски од СДСМ со 40,38, пред Наташа Котлар Трајкова дод ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 33,25 отсто од главоите.Во Карпош од обработени 94,59 отсто, најмногу гласови има Душко Весковски од СДСМ 33,47, а втор е Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ со 24,08 отсто.Втор круг ќе има и во Шуто Оризари каде што Ферат Асан од СДСМ доби 37,18 отстоод гласовите пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 25,46 отсто.Во Чаир се обработени сите избирачки места и за градоначалник во вториот круг ќе се тркаат Висар Ганиу од ДУИ 48,90 и Беким Сали од АА/Алтернатива 36,98 отсто од гласовите.Во Ѓорче Петров од преброени 83 отсто од гласовите, води Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,81 отсто од гласовите пред Александар Наумоски од СДСМ со 33,89 отсто.

Скопје | пред 4 години

242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

Арсовска тврди дека влегува со повеќе гласови од Шилегов во втор круг: Ве повикувам да ги поразиме!

– Ова денеска, овој резултат денеска, покажува дека време е да го средиме градот и да живееме во град со којшто ќе се гордееме. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени сите заедно со иста цел – да успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење, изјави Арсовска на денешната прва прес конференција, после вчерашните локални избори за градоначалник на Град Скопје.Арсовска ги повика сите граѓани кои се незадоволни од политиките на досегашните градски власти да се приклучат и обединат во нејзината битка за подобро, модерно Скопје за сите.– Ве повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, а такви не има многу да се здружиме и да ги поразиме. Ве повикувам да се обединиме заедно во оваа битка. Скопје не смее да биде предмет на политика, туку треба да биде град што ќе се развива онака како што сакаме ние скопјани, истакна таа.Честитајќи им ги освоените гласови на сите кандидати, особено на независните и предложените од помалите партии, Арсовска потенцираше дека придонеле со нивните квалитетни предложени проекти и ги оцени како решенија вредни за реализација во нејзиниот мандат.-Настапот и програмите на сите овие кандидати внесоа свежина и нова енергија на локалните избори. Ја подавам мојата рака, нивните програми и приоритети ќе најдат дел од мојата работа во следните четири години како градоначалник на Скопје, заклучи Данела Арсовска.Меѓу другото Арсовска беше децидна дека позитивната кампања која што ја водела се покажала како успешна и потенцираше дека црните кампањи не поминуваат кај скопјани.Изразувајќи голема благодарност за граѓаните кои што ја поддржале нејзината визија за современо и модерно Скопје, но и за останатите кои што ја исполниле граѓанската должност и демократското право и излегле на гласање, ги повика да бидат со неа во вториот круг од локалните избори.– Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме затоа што ни треба промена веднаш. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос. Скопје ќе биде убав град на среќни луѓе, ја заврши прес конференцијата Арсовска.

Скопје | пред 4 години

2146

Кривична одговорност за изборни нерегуларности се испитува во Скопје, Свети Николе, Кочлани, Делчево, Струга

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави. По нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување.Во Основното јавно обвинителство Скопје оформени се три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето. Се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања. По доставено известување, обвинителството оформи предмет и издаде насоки до МВР за идентификација на сторителите.Предмет е оформен и по доставено известување од МВР за сторено кривично дело „Изнуда“ од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје. На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба. По насоки на обвинителството се преземаат дејствија за расчистување на настанот.На гласачко место во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, лице при остварување на правото на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Осомничениот беше лишен од слобода и приведен. Обвинителството, по пристигната кривична пријава, оформи предмет против сторителот за кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик.На 17.10.2021 година од претседател на избирачки одбор на избирачко место во Демир Капија, пријавено е дека лице дошло во видно алкохолизирана состојба за да гласа. Лицето зад параванот го искинал едното гласачко ливче, а другото го ставил в џеб, со што постои сомневање за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет по кој се постапува.Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Настанот се случил на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово, кога осомничениот бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.Основно јавно обвинителство Кочани на 15.10.2021 година од МВР ПС Кочани прими кривична пријава против две лица за кривично дело ,,Повреда на слободата на определување на избирачите”. Во период од 08.10.2021 до 15.10.2021 година, во повеќе наврати, двајцата осомничени им се заканувале на повеќе граѓани од Кочани, дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се. По пријавата е оформен предмет и издадени се насоки од јавен обвинител за натамошно постапување.По поднесена пријава против лице за агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Кочани. Јавен обвинител ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите во предметот.По поднесенo известување за вршење организиран превоз на гласачи до избирачко место во Кочани, во обвинителството се оформени два предмета по кои се постапува за прибирање материјални и вербални докази.По поднесена кривична пријава во која се наведува дека лице со возило врши организиран превоз на гласачи на избирачко место и се врши влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“. Се преземаат дејствија за утврдување на фактите.Во кочанското обвинителство е оформен и предмет по поднесена кривична пријава во која се наведува дека носителка на советничката листа на политичка партија, заедно со уште едно лице се движеле со возило и на избирачко место во Кочани вршеле поткуп на гласачи. Постапката против осомничените се води за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.Се постапува и по поднесена кривична пријава од политичка партија, во која се наведува дека во н.Оризари, во близина на избирачко место кај Дом на културата во Кочани, се вршело агитација за политичка партија, имало залепено изборни плакати од политичка партија во близина на гласачкото место и се вршело влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право. Обвинителството во Кочани оформи предмет поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“Предмет против засега непознати лица е оформен и по добиени сознанија од политичка партија, за поголема група на лица кои стоеле пред избирачки места во Кочани, организирано носеле гласачи и вршеле агитација. По кривичната пријава е оформен предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“ .По поднесени одделни кривични пријави од политички партии во кои се наведува дека лица вршеле влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, оформени се четири предмети против вкупно седум осомничени. За сите се води постапка во кочанското обвинителство за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.Предмет за извршен поткуп е оформен во Основното јавно обвинителство Делчево по добиено известување дека на 16.10.2021 година, на Градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник од политичка партија му дал 3000 денари на едно лице заедно со брошура. Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека брошурата не е пронајдена. Обвинителството издаде насоки за натамошно постапување.Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет против едно лице за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик. Осомничениот на избирачко место во с. Октиси го искинал своето гласачко ливче. Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.Во гостиварското обвинителство се прибираат материјални и вербални докази во оформен предмет за сторено кривично дело „Повредна на тајноста на гласањето“. На избирачко место во Гостивар гласач го сликал своето гласачко ливче, по што бил забележан од членовите на Избирачкиот одбор и делото било пријавено. Обвинителството издаде насоки за утврдување на факти во предметот.Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. Поткупот го вршел кадидат за градоначалник со бекатон плочки.Комисијата за следење на изборни нерегуларности во континуитет ќе ја координира работата на основите јавни обвинителства се до завршување на изборниот процес за локалните избори.​

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања