ТОП

245651603_4307274496049614_3467246068264865585_n

„Донесоа прво НАТО, па попис, па ВМРО“, шеги, коментари и досетки по изборниот ден и пресвртот

На социјалните мрежи има низа од реакции по првиот круг на локалните избори, а каде ВМРО-ДПМНЕ направи пресврт во повеќе општини во однос на СДСМ.https://twitter.com/MrsenKostur/status/1449996950372290560https://twitter.com/propercare/status/1449964715606687745https://twitter.com/The_Chief86/status/1449987266969997316https://twitter.com/Covek1/status/1450027448624615428https://twitter.com/TheKate_Rina/status/1450025590493483008https://twitter.com/aliciakeysfromb/status/1450023381881999366https://twitter.com/Covek1/status/1450019179139108869https://twitter.com/Broj181/status/1450018515465945091 https://twitter.com/tischlerot/status/1450031213419372544https://twitter.com/izrodoT/status/1450030782622441473https://twitter.com/unterstrich12/status/1450029986358964225 

Коментари | пред 4 години

kamikaza-apasiev-redzep

Левица е за парламентарни избори, Апасиев не исклучува преговори со ВМРО-ДПМНЕ

Левица ги оствари проектираните цели на локалните избори освојувајќи советнички места во триесетина општини, рече на завршната прес-конференција претседателот на партијата, Димитар Апасиев. Споредувајќи ги резултите од локалните избори пред четири години, кога Левица освои тројца советница, Апасиев посочи дека партијата може да слави затоа што има 15 пати подобар скор од тие избори и четирикратен раст во однос на ланските парламентарни избори.„Влегуваме со повеќе советници во Скопје и во сите скопски општини. Ќе имаме свои советници во Битола, Велес, Богданци, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Куманово, Неготино а наши претставници ќе бидат членови и на Советите на Охрид, Прилеп, Свети Николе, Тетово, Штип, Кочани, Македонски Брод, Струга, Илинден и во Росоман. Што се однесува до нашите кандидати за градоначалници, тие секаде се трети и не влегуваат во вториот круг. Ние како партија и раководство ќе правиме анализи каде потфрливме, но општ е впечатокот дека левичарското движење има нагорна тенденција“, рече Апасиев.„Хибридниот режим на Заев е на завршеток и тоа е добро како политика на ниво на држава. Останува вториот круг и ќе видиме какви ќе бидат тенденциите, меѓутоа мислам дека опозициските тенденции се евидентни и дека е можно одржување на предвремени парламентарни избори после овие избори затоа што Заев е веќе дел од буништето од историјата“, рече Апасиев.„Тоа значи дека ќе почекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак, партиското раководство, Президиумот е тој што ќе ја донесе одлуката. Во меѓувреме ќе свикаме седница на Централниот комитет на која ќе треба да ги испегламе сите овие прашања и ќе го определиме курсот на нашето натамошно делување. Но, евидентно е опозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме“, подвлече Апасиев.

Македонија | пред 4 години

DSC07343

Данела Арсовска во водство, со над 70 отсто обработени гласови во Град Скопје

Според 73,14 отсто обработени избирачки места во Град Скопје, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е во водство пред актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.Првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека Арсовска има освоено 59.198 гласови, Шилегов 55.739 гласови.Трет е Перо Георгиевски од Левица со 13.439 гласови, а четврт Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-18-at-01.05.10

Заев е дециден дека СДСМ ќе има повеќе градоначалници, сега се одземени гласови поради коалиционите партнери

СДСМ влегува во втор круг за градоначалници во втор круг. Претседателот на партијата, Зоран Заев, најави дека СДСМ ќе има гласови во повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега се одземени гласовите од коалиционите партнери кои настапија сами на изборите. Народот сака резултати, посочи Заев, кој додаде дека тие се можни само со коалиции кои водат напред.„Во повеќе од 30 општини победуваме во прв круг или влегуваме во водство во втор круг и секако Градот Скопје. СДСМ победува во Центар, Карпош, Крушево, Делчево, Ресен, Валандово, Македонска Каменица, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Хисар, Демир Капија, Чашка, Маврово, Конче, Арачиново, Дебрца, Куманово“, рече Заев.Според него, коалицијата ќе се обедини за да има мнозинства во советите низ државата.„Влегуваме во втор круг како фаворити. Јас сум убеден дека ги понудивме најдобрите кандидати. Влегуваме во 36 општини во втор круг, плус Градот Скопје каде засега водиме 15 илјади гласови“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-23.26.10

Ечи „Цело Скопје вмровски град“ додека Мицкоски кажа каде победила ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг. Тој посочи и каде партијата има предност и ќе оди во втор круг да се бори за градоначалничките места. Мицкоски кажа дека во некои од општините ВМРО-ДПМНЕ била блиску до победа во прв круг, но не го остварила поради недостаток од десетици гласови, а таков пример е Охрид. Тој посочи дека нема славење, туку работа од утре.„Македонски брод имаме водство во првиот круг и тука СДСМ нема да биде ниту во вториот круг, во Аеродром очекуваме да се заврши во првиот круг зошто имаме огромна разлика. Кисела Вода имаме убедливо водство очекуваме да завршиме во првиот круг. Сопиште завршена е работата во првиот круг, Стевче е новиот градоначалник. Центар и Карпош ќе има втор круг. Дарко ја заврши работата во првиот круг, Бутел го има новиот градоначалник. Чучер Сандево поддржувавме кандидат кој води и оди во втор круг. Боби во Гази Баба ја заврши работата во прв круг. Ѓорче Петров можеме да победиме во прв круг, нијанси одлучуваат. Пехчево одиме во вториот круг како прво пласирани, Виница е завршено во првиот круг, Македонска каменица одиме во втор круг, Кочани одиме во втор круг бидејќи има нерамноправна борба. Зрновце завршивме во првиот круг, Борче е таму новиот градоначалник. Зелинково одиме во втор круг како прво пласирани. Петровец, Борче останува градоначалник. Во Илинден, Александар ги победи двајцата кандидати на СДСМ, завршена работа. Чешиново Облешево одиме во втор круг како прво пласирани. Иван од Штип ја заврши работата во првиот круг. Карбинци го има новиот градоначалник во првиот круг. Свети Николе го има новиот градоначалник во првиот круг. Лозово и Пробиштип ќе има втор круг. Во Кратово за 13 гласа не успеавме, но ќе успееме во втор круг. Ранковце влегуваме во втор круг. Марко од Велес испрати поздрав, Велес е вмровски град. Во Градско, Кире е новиот градоначалник. Во Радовиш одиме со предност во вториот круг. Во Конче имаме втор круг. Босилово има нов градоначалник. Босилово одиме во втор круг, Андон во Гевгелија е многу блиску до победа во прв круг. Неготино го има новиот градоначалник во првиот круг, Горан. Кавадарци е со старо-новиот градоначалник Митко Јанчев. Прилеп победува во прв круг. Во Могила и Новаци завршена работата во прв круг. Ресен имаме втор круг. Пецак поздрави и рече му фалеле гласови ама победува во втор круг. ВМРО-ДПМНЕ води во Кичево. Втор круг имаме во Маврово и Ростуше каде влегуваме како прво пласирани. Втор круг имаме во Демир Хисар. Диме од Јануговце победи во прв круг. Брвеница влегуваме како првопласирани во прв круг“, рече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара граѓаните кои не гласале да се обединат во намерите да биде подобро и да гласаат во вториот круг.„Победи народот и покрај сите нерегуларности, поткупи и притисоци кои ги правеа, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев кои беа против нас, но со нас е народот. Шансата за нова иднина ја зема народот во раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Ова е триумф на луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат. Трешти гласот на промените. Ова е чекор до финалната победа. Доста е делби, конфликти, криминал и корупција. Ова е победа на народот на Македонија. Ова е победа но ова е и одговорност. Нема да ве изневериме, нема да ве разочараме. Гарантирам за тоа што го зборам. За мене, за нас ова е обврска и одговорност. Се што зборував во кампањава паметам добро и тоа ќе направиме заеднички“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-23.05.42

(ВИДЕО) Николовски: Кочи Мицко! Шилегов победува во Скопје!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски посочи дека СДСМ победува на изборите во најголем број од општините.„Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за подобар живот на граѓаните. Кочи Мицко! Најдоброто за мојата општина ќе ги добијат овие избори. Северна Македонија не може никој да ја кочи и одиме напред. СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници. СДСМ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е поразено во Град Скопје“, рече Николовски.Останатиот дел од пресот:

Македонија | пред 4 години

2-2

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи честиташе победа на неговите кандидати и граѓаните. Ова е прва негова објава откако заврши изборниот ден. Информациите се од аналитичките податоци на штабот, со оглед дека ДИК се уште нема излезено со став.„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-20.07.38

Најмногу пријави има за агитирање на гласачи, а пријавени биле и полицајци: Фатено и корона позитивно лице кое гласало

Вкупно 42 пријави за агитирање добила полицијата, од кои 7 неосновани, а другите се испитуваат. Ова е и најчестата појава на овие избори, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој соопшти и дека најмногу пријави за нерегуларности има во Скопје и тоа 22, па потоа е Штип.„Од досега пријавените случаи, МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на гласањето. До 19.00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40%, во споредба со изборите во јули 2020 година. Така, годинава се пријавени 91 настан, за разлика од претходните избори кога беа пријавени 151 настани. Во текот на денешниот ден досега беа пријавени 42 случаи на агитирање, како најчеста појава овој изборен ден, од кои седум се отфрлени како неосновани, а по останатите се постапува, но и во овој сегмент повторно бележиме намалување од околу 40% за разлика од 75-те пријавени случаи на агитирање на минатогодишните избори. Потоа, евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп, од кои пет отфрлени како неосновани, 7 за упатување закани или вознемирување гласачи, 6 случаи за фотографирано гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настана за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачки места, за фотографирање гласачи, два за уништување гласачки материјал, по еден за фрлени гласачки ливчиња, гласање од страна на Ковид позитивно лице, попречување гласање, како и една кривична пријава за настан случен за време на молкот. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега“, рече Спасовски.„Најголемиот број пријавени настани се на подрачјето на СВР Скопје-22, СВР Штип-19, СВР Куманово -16, СВР Битола -14, СВР Тетово - осум, СВР Велес-пет, СВР Охрид-три, СВР Струмица-три и едно известување од Секторот за компјутерски криминал, а се однесува за подрачје на СВР Скопје. Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани (а се во врска со агитирање при вршење службени дејства), а еден е во фаза на расчистување. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои што во текот на целиот изборен процес, но и денеска, на самиот ден на изборите, одговорно ги извршија своите работни задачи и овозможија целиот процес да се спроведе мирно и безбедно, согласно сите законски прописи. Би сакал да упатам посебна благодарност до граѓаните, кои беа партнери на македонската полиција и сериозно ја сфатија нашата заедничка цел – законитоста, редот и безбедноста, затоа што заеднички придонесовме за фер и демократски изборен процес. Благодарение на нивното навремено пријавување во МВР, полицијата можеше веднаш и соодветно да одговори на пријавените незаконски активности во врска со изборниот процес, евентуални нарушувања на избирачкото право или нарушувања на јавниот ред и мир, со цел да се спречат сите злоупотреби на ова уставно загарантирано право“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-17-at-20.24.35

Николовски по изборниот ден: Трендовите кажуваат дека ќе забележиме уште една победа

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, смета дека СДСМ ќе победи на локалните избори, според првичните информации кои тој ги имал од штабовите каде се правеле првите анализи. Според него, изборниот ден бил фер и демократски.„Првичните информации дека ќе имаме уште една сигурна победа. Честитаме на институциите за спроведените избори. Имавме мирен изборен ден. Бевме сведоци на предизвиците кои се јавија со гласањето со отпечаток од прст, тоа беше нешто што беше укажувано изминатиот период. Но, ова беше услов на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за Изборниот законик, а ние тоа го прифативме за резултатите да бидат кредибилни и никој да не може да ги оспорува. Кај нас започнува обработката на првите податоци, а трендовите кажуваат дека ќе забележиме уште една сигурна победа“, рече Николовски.

Македонија | пред 4 години

dastevski-780x470-1

Даштевски мисли дека постапува законски, со продолжувањето на гласањето до 19:30

Медиумите не смеат да објавуваат ништо за резултатите и учесниците во изборите до 19:30 часот, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Ова доаѓа откако претходно дека неодредено е до кога ќе трае гласањето, а поради тоа изборниот молк.„Сега ви реков дека сметаме по консултациите, тие кои ќе гласаат ќе влезат внатре и ќе го остварат правото. Јас мислам постапувам законски. Гласањето според Изборниот законик трае до 19 часот“, рече Даштевски, прашан кој му го дал правото да одредува сам до кога ќе трае гласањето.Според него, јасни се одговорите, иако не кажа врз основа на која одредба си донел заклучок да се гласа до 19:30, без да каже дали се повикува на уредба и каде е објавена.„До 19-30 да се воздржат од активностите. Проценуваме дека гласачите ќе влезат да гласаат до 19-30 часот. До 19-30 да се воздржат медиумите, па после тоа ќе објавуваат“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Излезноста е 49,29 проценти

До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18-30 минути. Во Аеродром е 49,23 отсто, кажа Даштевски претседател на ДИК, како општина која има поголема излезност во Скопје. Слично е и во другите скопски општини како Ѓорче Петров и Бутел. Карпош излезноста е 49,51, Кисела Вода е 49,44 отсто.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.„До крајот на гласањето очекуваме да се зголеми бројот на гласачи за неколку отсто“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

245677117_1020789588490803_5721673182435269036_n

Ниту ДИК не знае до кога ќе трае гласањето, а со тоа и избирониот молк

Ниту Државната изборна комисија не знае кога ќе се затворат изборните места. Ова доаѓа откако во текот на целиот ден имаше гужва на некои од гласачките места. Претседателот Александар Даштевски не знае ниту до кога ќе трае изборниот молк, туку нахнадно откако ќе се затворат сите избирачки места, ќе извести на прес-конференција.„Ако треба два саати, ќе биде два саати, ако треба три ќе биде три саати. Колку саати им требаат, да им дозволиме на луѓето да гласаат“, рече Даштевски.Според него, целта е што повеќе граѓани да го остварат правото на глас. Низ цела Македонија има гужви поради реализација на ковид мерките и новиот начин за идентификација на гласачите преку апарати за отпечатоци од прсти. Ставот за продолжување на работењето на избирачките места, е став на сите членови на ДИК.

Македонија | пред 4 години

2146

Полицијата доби пет пријави: дупли ливчиња, дерење, сликање ливчиња, насочување за кого да се гласа

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот се до 14,13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал дупли ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 14,04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 12,45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истот им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесокВо 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

До 17 часот гласале 41,3%

До 17 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 547248 гласачи, односно одѕивот е 41,3%.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

glasanje

Ги искинал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачка кутија

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настан пријавен од претседател на Избирачки одбор, во врска со  извршено  уништување на гласачки материјал односно  искинати гласачки ливчиња.„Имено, околу 12:45 часот лице при остварување на право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.  По извршени консултации со јавен обвинител и постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело  „Уништување на изборен материјал“ од член 164 став 1 од Кривичниот законик, дадени се насоки за натамошно постапување.“, велат од Јавното Обвинителство 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања