ТОП

Aleksandar-Dastevski1

Отпечатоците на прсти од МВР се со лош квалитет затоа утврдувањето иде поспоро, вели Даштевски

Проблемот со гужвите пред избирачките места, со собирање на повеќе луѓе тешко се надминува иако неколку пати рековме дека ќе ги известиме оптинските изборни единици да ги известат избирачките одбори, вели Даштевски.„Причините за овие гужви се повеќе, бидејки избирачкиот список има повеќе страни затоа што има рекорден број на листи, па поради тоа проверката трае подолго време. Друга причина е тоа што повеќе од една четвртина од отпечатоците на прсти кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето иде поспоро или не може да се уртврди па се оставаат на страна. Исто така имаме ковид мерки и затоа не се пуштаат многу луѓе во просториите бидејќи имаат насока да пуштаат толку луѓе колку што има паравани“, изјави Даштевски на последната прес-конференција.Затоа тој објави дека можно е да има продолжување на времето за гласање.

Македонија | пред 4 години

koronavirus

329 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Денеска се регистрирани 329 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.091Оздравени се 200 пациенти – во изминативе 24 часа пријавени се 13 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе - 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.• Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од: Скопје – 103,Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, Кочани и Свети Николе – по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, Радовиш, Кратово и Богданци – по 2, Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.• Направени се 3.045 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-58,• ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–303, Жан Митрев (Филип Втори)-47,Авицена-110, Биотек-134, Систина-45, лабораторија Лаор-258, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-3,Никоб лаб-238, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-35, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.335.Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

До 15 часот гласале 31,79%

До 15 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 423.420 гласачи, односно одѕивот е 31,79%.Најголем одѕив има во Новаци 59,1, а најмал во Центар Жупа 19%На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

246356779_462321855091007_47657066983615552_n

Најголема излезност во Ѓорче Петров

Според податоците на ДИК во скопските општини пак излезноста е речиси насекаде иста со исклучок на Шуто Оризари.Во Скопје, најголема излезност има во Ѓорче Петров или 32 проценти, односно 5.204 граѓани. Во Аеродром излезноста е 30,71%, во Гази Баба 29,58%, Карпош 31,16, Кисела Вода 31,77%, а Центар 30,91%Најмала излезност има во Шуто Оризари, каде 19,15% од граѓаните излегле да гласаат до 15 часот.

Скопје | пред 4 години

Izbori

39% помалку настани за нарушување на изборниот процес споредено со лани

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До 12.00 часот, денес, има за 39% вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година. Покрај настаните за кои претходно информиравме, регистрирани се и следниве настани:-Денеска (17 октомври) во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.- По добиена пријава дека непознати лица со две патнички возила вршат изборен поткуп во Топанско Поле и Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари на ул.„Х.Ј.Шишков“ извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од И.Х.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 11.55 часот во СВР Скопје, Д.З. пријавил дека во основно училиште во Добри Дол, општина Сопиште, О.Ц. и С.Н. позади училиштето агитирале и вршеле притисок врз гласачите. Според пријавеното, претходно О.Ц. била отстранета од местото од полицискиот службеник кој го обезбедува гласачкото место. Се работи на расчистување на случајот.- Во СВР Скопје, Љ.Ј. пријавила дека на избирачко место основното училиште „Гоце Делчев“, Љ.А. стои на гласачкото место и врши притисок врз гласачите. Полициски службеници излегле на местото и Љ.А. е повикан во полициска станица за расчистување на случајот.-Во ОВР Кочани, член на избирачкиот одбор од гласачко место бр.0883 во с.Теранци, општина Чешиново-Облешево, пријавил дека на гласачко место дошол Г.К. и со лажни документи се претставувал дека е претставник од Државната изборна комисија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Во 12.05 часот во ОВР Кавадарци, претседател на избирачки одбор на избирачко место 0661 во основното училиште „Киро Спанџов“ во Кавадарци пријавил дека едно лице со телефон ја снимало просторијата каде се врши гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Околу 11 часот во СВР Куманово, М.П. пријавил дека во близина на избирачки места на ул.„Панче Пешев“, на градскиот плоштад во Куманово и на ул.„Тоде Мендол“ имало отворен штаб на политичка партија со залепени плакати на кандидат за градоначалник, поставен билборд и залепени плакати од политички партии. Се работи на расчистување на случајот.- Во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор на гласачкото место 2801 пријавил дека на гласачкото место Д.С. кај себе имал повеќе летоци од различни политички партии. Д.С. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.- Во 10.50 час во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

245677117_1020789588490803_5721673182435269036_n

Гласал и го сликал гласачкото ливче

Во 10.50 час во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Pozdrav-do-Teo-02

На шест места се гласа на стар начин со УВ ламба

Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј со решение на ДИК.Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.Даштевски информираше дека на 11 избирачки места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми и гласањето таму ќе продолжи.– Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа – соопшти Даштевски.Пратен е имејл до општински изборни комисии да ја известат ДИК за сите проблеми во најбрз можен рок.Претседателот на ДИК рече дека бил направен увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство до ОИК на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање. Дистанцата е на два метра. Таму каде што ќе има гласачи кои ќе бидат затечени на избирачкото место, ќе им се овозможи да гласаат.

Македонија | пред 4 години

246268933_550210632940710_1237743521333302287_n

48 приговори стигнати до ДИК

Гласањето тече добро во поголемиот дел од избирачките места, но на одредени места се појавиле проблеми, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој извести дека до ДИК стигнале вкупно 48 приговори.„ Од она што се појавило како проблем е дека до 12.30 до ДИК се стигнати 48 приговори за заштита на избирачки права. Од нив 26 се прифатени, 4 се одбиени поради неисполнување на условите и 18 се уште во обработка“, рече претседателот Даштевски.Приговорите Даштевски нагласи дека ќе бидат јавно објавени.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Одѕивот до 13 часот е 20,69%

До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 294.048 гласачи, односно одѕивот е 20,74%.Највисок одѕив има во Новаци 43,70%, a најнизок одѕив  имало во Липково, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 11,65% од запишаните гласачи.На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Македонија | пред 4 години

246356779_462321855091007_47657066983615552_n

Гласач ги фрлил ливчињата оти не мубила дозволена помош од друго лице

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме по два настани на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето на СВР Штип, СВР Куманово и на СВР Велес.- Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во близина на влезот на гласачко место 2842 и 2842/1 на ул.„Борка Талески“ во Скопје било забележано дека на девет возила од надворешна страна на стаклата била залепена бројка на кандидат за градоначалник за град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека било прекинато гласањето на гласачко место број 852 во кино Култура во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место. - Во 10.10 часот во Полициската станица Кратово – СВР Куманово, претседателот на Општинска изборна комисија од Кратово пријавил дека од претседател на избирачко место бр.0931 во Кратово бил информиран дека имало агитирање на избирачкото место. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Амбасада на САД: 83 лица добиле оружје со цел попречување на изборниот процес

Неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на ОЈО Скопје добила Комисијата за следење на кривични дела поврзани со изборите и гласањето.Од амбасадата на САД во земјава доставено било известување дека лице од политичка партија пријавило оти над 80 лица добиле огнено оружје за да го загрозат изборниот процес.-На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.  По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност, велат од ОЈО.

Македонија | пред 4 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

JO: Непознати лица вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.До овој момент од денешниот изборен ден, пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на Основното јавно обвинителство Скопје.Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е  присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со  Штабот  во рамките на оперативна акција Избори 2021 година  во рамки на СВР Скопје се следат сите настани поврзани со неправилности  за локалните избори.Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се насоки СВР Скопје да преземе мерки за проверка на наводите од пријавата, проверка на лицата на кои што им бил понуден поткупот и утврдување на можен сторител на кривично дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Кривичниот законик.Околу 09:35 часот во близина на влезот на ГМ 2842 и 2842/1 во ЈДГУ „Кочо Рацин“ на ул.„Борка Талески“ на 9 возила од надворешна страна на стаклата е залепена бројка од кандидат за градоначалник. Се преземаат мерки за утврдување на идентитет на евентуален сторител на прекршок од член 190 ст.3 од Изборниот законик.На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.  По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност.Во претходните денови, Комисијата постапуваше по сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведување на локалните избори. Дадени се задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите  дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со изборниот процес оформени се предмети во скопското и кумановското обвинителство.Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет во врска со истрели од огнено оружје на митинг на политичка партија. Обвинителството издаде насоки до МВР за идентификација на сторителите.По објави во медиумите за експлодирана бомба во двор од семејна куќа на кандидат за член на Совет на општина, на 3 октомври 2021 година, како и доставено известување од МВР, скопското обвинителство оформи предмет за сторено кривично дело – Изнуда од страна на засега непознати сторители. На кандидатот од листа за советници испраќани му биле пораки , меѓу нив и порака со закана со бомба.До обвинителството е дадена информација дека на 15.10.2021 околу 19 часот на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата. Дополнително, обвинителството е известено од СВР Скопје дека по спроведени дејствија е утврдено дека паричните средства пронајдени кај лицата се од Договор за купопродажба на возило.Дежурен  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје на 16 октомври 2021 година, бил известен од ПС Арачиново дека снемало печат на избирачки одбор кога членовите отишле да спроведат гласање кај лице во неговиот дом. Известена била и Државната изборна комисија, по што обезбеден е нов печат. Настанот е документиран, се преземаат дејствија за негово расчистување.Кумановското обвинителство оформи предмет и постапува за настан случен во селата Војновиќ, Романовце  и Черкезе, кумановско, каде лице се договарало за купување гласови.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија за утврдување на факти во неколку прдмети поврзани со процесот на организирање и спроведување на локалните избори.Комисијата ја информираше јавноста за оформениот предмет во врска со упатени закани преку социјалната мрежа Фејсбук кон кандидатот за градоначалник од Прилеп. Обвинителството поведе постапка за сторителот за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 од Кривичниот законик. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.До Комисијата, преку електронската адреса пристигнаа две пријави за дејствија во општина Струга, во врска со асфалтирање  на улица на денот на изборниот молк.  Струшкото обвинителство презеде дејствија за расчистување на настанот. По насока на јавен обвинител полициски службеници од СВР Струга излегоа на лице место, при што, по извршени проверки е констатирано дека на наведеното место не се преземаат градежни дејствија за асфалтирање на улица и нема присуство на евентуално ангажирани работници.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во тетовското обвинителство се постапува за проверка на наводи во пријава против директор на државен орган кој агитирал кај вработени да гласаат за кандидат за градоначалник. Во ова обвинителство се проверува и сознание во врска со наводен поткуп од кандидат за градоначалник со бекатонски плочки.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип , во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија во предмет оформен по примена кривична пријава на 16.10.2021 година, против  две лица за кривично дело ,,повреда на  слободата на определување на избирачите”.  Според наводите во пријавата, во период од 8 до 15 октомври 2021 година, во повеќе наврати две лица им се заканувале на повеќе граѓани  од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.Основното јавно обвинителство Делчево по телефон било известено дека на 16.10.2021 година,  на градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник на едно лице дало 3000 денари и брошура од политичка партија.  Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека  брошурата не е пронајдена. Обвинителството издаде насоки за натамошно постапување.Основното јавно обвинителство, по телефонско известување од СВР Струмица, издаде насоки за проверка во врска со настан во село Ново село каде едно лице вршело агитирање и убедувало стари и изнемоштени лица за кого да го дадат својот глас.На електронска адреса на обвинителството примена е пријава и за преземени дејствија од медиум со кои наводно биле сторени нерегуларности во врска со изборниот процес, односно прекршување на изборниот молк. Наводите се проверуваат.Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности преку воспоставените дежурства на јавни обвинители во основните јавни обвинителства продолжува да го следи спроведувањето на локалните избори.​

Македонија | пред 4 години

image-151396

(ВИДЕО) Од 7 сум дојдена, компјутерот бил расипан, ме нема на список, вели револтирана скопјанка

Револтирана скопјанка пред камерата на Сител рече дека ќе оди во општина да се кара бидејќи не можела да си го оствари гласачкото право.Прва бев на ред. Од 7 сум дојдена. Не е важен редот. Компјутерот бил расипан, таму не знам, не можело. Овде пишува од А до М, таму пишува од М до Ш. Јас сум на Ш, на Ш ме нема. Сега ќе одам во општина да видам што е и ќе се искарам таму. Ќе им кажам колку се неспособни, вели таа.

Скопје | пред 4 години

Untitled-.3

До 11 часот гласале над 10 отсто

До 11 часот гласале 123.321 гласачи, а обработени се над 66,97% отсто од гласовите, покажуваат податоците на сајтот на Државната изборна комисијаДо сега над 10 отсто го искористиле правото на глас.Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори.

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Апаратите за отисок останаа за украс, се гласа со оставање отисок на хартија

Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК  набави 4000 терминали.Но, граѓаните на социјалните мрежи сведочат за негативното искуство со овие уреди.https://twitter.com/Maja00914095/status/1449646090882584578https://twitter.com/Shoeder006/status/1449606014731497472https://twitter.com/Milaceski/status/1449642425081810945https://twitter.com/tea_cup_it/status/1449633234640424960„Гласав, но морам да напишам дека апаратите за идентификација ‘фингерпринт’ се чиста глупост и пари фрлени. Голем дел од гласачите не ги идентификува со отисок, па дури и со користење на лична карта во самиот апарат, како што беше и во мојот случај и, на крај, одобрено ми беше гласање со отисок од прст на самиот список. Така што, пак ќе кажам – огромни пари фрлени“, е еден од коментарите на фејсбук.Даштевски на првата прес-конференција посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.- Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.  

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања