ТОП

dragan-danilovski-1

Епидемијата ќе заврши најверојатно на пролет, вели Даниловски

Епидемиологот Драган Даниловски во вестите на Канал 5 изјави дека поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на позитивни од Ковид-19, но не очекува дека тоа ќе создаде нов остар бран, и дека епидемијата најверојатно ќе заврши на пролет.– Ќе се соочиме со едно покачување на бројот на новите случаи, но не мислам дека епидемиската крива ќе биде во облик на шилец, туку тоа ќе биде една крива која што ќе има едно зарамнето плато со не многу висока амплитуда. Ако се биде како што треба и не се појави некоја нова варијанта, целата епидемиска приказна ќе заврши најверојатно со настапување на пролетта, рече Данаиловски.

Коментари | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint912

Ако уредот за биометриска идентификација не го препознава гласачот, може да гласа со отисок од прст

Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првиот пресек во 9.30 часот.Од ДИК е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита Даштевски:„Почитувани,ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

До 9:00 часот излезност над 3 отсто

Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори.До 9 часот, гласале близу 12 000 гласачи, а обработени се над 20 отсто од гласовите, покажуваат податоците на сајтот на Државната изборна комисијаДо сега над 3 отсто го искористиле правото на глас.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Скоро половина од заразените со коронавирус се од Скопје

Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на ковид 19 од кои 3.413 се во главниот град, по што следуваат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212 и Штип со 211.Најмалку активни случаи, пак, по еден, има во Демир Капија и Пехчево, по што следува Дојран со два и Македонски Брод со девет.Сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.Досега, во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762.Потоа, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.

Скопје | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint-3

Гласањето не започна во ОУ „Коле Неделковски“ во Центар

Во ОУ „Коле Неделковски“ во Центар во Дебар Маало на избирачкото место 2867 се уште не е почнато гласањето поради проблем со ситемот, пишува Република.Избирачките места денеска се отвораат во 7 часот кога почнува и гласањето.

Скопје | пред 4 години

2146

Кривична за поткупот во Делчево: Парите одземени, обвинител испитува повеќе можни поткупени

На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица.Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

22-годишникот од Битола кој почина не бил вакциниран и страдал од обезност, состојбата нагло му се влошила

Младиот пацинет од Битола кој имал 22-години и почина од коронавирус не бил вакциниран и имал коморбидитет, односно страдал од обезност. Тој за првпат бил дијагностициран како позитивен на вирусот минатата сабота,а состојбата нагло му се влошила за три денови.„Пациентот бил лекуван во КБ Битола, позитивен на Ковид 19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на инфективното одделение во битолската болница, според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Пациентот бил на лекарски преглед и следниот ден на 11.10. а за 12.10.2021 на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021. Коморбидитети: обезитас. Не е вакциниран“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1.мк“.

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

Починаа 14 лица, 395 новозаболени од корона

Денес се регистрирани 395 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 196.762Оздравени се 245 пациенти – во изминативе 24 часа починале 14 лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.• Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.• Направени се 3.595 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-167, Биотек-190, Систина-60, лабораторија Лаор-241, Синлаб-35, Ремедика-13, Плодност–61, Генеа-11, Никоб лаб-362,ВФВ Медикал-93, Ели Медика-60, Ројал Медика –13,Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.452.Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-16-at-11.01.05

Со лажен профил од сопругата на Пендаровски, се краделе податоци од граѓани!

Лажен профил е отворен со името и фотографии од првата дама Елизабета Ѓоргиевска, преку кој се собирале податоци од граѓани, меѓу кои и кредитни картички, дознава „А1он“. Профилот е на социјалната мрежа „Фејсбук“ и е отворен пред 13 часот. За него е искористено презимето од претседателот Стево Пендаровски, па е именуван како „Елизабета Пендаровска“, а користени се и нивни заеднички фотографии, споделувани се објави од официјалната страница на претседателот. Случајот е пријавен и во Секторот за компјутерски криминал при МВР.Последната во десетиците објави на лажниот профил е насловена како „донации“. Преку неа, се повикуваат сите кои го следат профилот да напишат нивно име и презиме, за потоа 100 лица да добијат по 5.000 евра. Под оваа објава има над 1.500 коментари, како и 672 споделувања. Подолу, корисникот на лажниот профил оставил и линк преку кој дополнително собирал информации, меѓу кои и кредитните картички.Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, кажа дека случајот го пријавила во полиција.

Македонија | пред 4 години

DSC_0288

Поради закани кон кандидат за градоначалник, прилепчанец доби притвор!

Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, испратени преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук.Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.Во насока на нешречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомнуичениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Акција на полицијата: уапсени четворица за давање поткуп

Полицијата уапси четири лица кои ги гони за давање изборен поткуп. Станува збор за скопјани, кои како што тврди МВР, биле забележани како давале пари во замена за глас за локалните избори. Во нивните домови биле направени и претреси.„На место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.Вчера, имаше апсење и во Лозово, каде се давало од 50 до 100 евра за глас. Уапсен беше 50-годишен жител на Милино кој, според МВР, поткупувал за да се гласа за независен кандидат.

Скопје | пред 4 години

DSC_0718

Сопругата ја тепал со каиш, кон ќерка си посегнал со нож – семејно насилство во Гостивар

Обвинителството бара притвор за 43-годишен гостиварец поради семејно насилство.Синоќа околу 22:30 часот, во домот во кој живеел со сопругата и ќерката, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди. Тој барал пари, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени, се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди. Нападот го спречил нивен роднина.Осомничениот неколкупати праќал и пораки на мобилниот телефон на ќерка си со закани дека ќе ја обеси и ќе ги заколи неа и нејзината мајка.Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи псотојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-16-at-10.59.41

ВИДЕО: Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар. Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Дупката е со длабочина од околу 20 метри. Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.Засега, патот ќе остане целосно затворен за сообраќај, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. Местото го обезбедува полицијата, а на терен се чекаат екипи на ЈП „Македонијапат“.

Македонија | пред 4 години

IMG_6962.00_02_20_10.Still002

(ВИДЕО) Шилегов ја напушти дебатата на МТВ, по него од револт излезе и Камиказа

На среде дебата, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, ја напушти дебатата која попладнево се снимала во МРТВ а се емитува вечерва. Дел од противкандидатите тоа го нарекоа „бегање од дебата“, но Шилегов го толкува поинаку. Заедно со него, емисијата ја напушти и Петар Георгиевски-Камиказа, во знак на револт. Како што рече Камиказа, снимањето било закажано од 11 до 14 часот денеска, така што посочи дека секој требало да го почитува тој термин и да си ги прилагоди обврските.„Ако тој си отиде си одам и јас“, рече Камиказа, на што реагираше и водителот кој посочи: „Не, не, ние продолжуваме“. Но ова, не го убеди Камиказа да остане во студиото на МТВ и го напушти. По кратко време, се врати на дебатата.Шилегов, во текот на емисијата неколку пати контактираше со водителот на кого му укажуваше дека снимањето на емисијата трае предолго, на што последно, тој му посочи дека има уште еден круг прашања по што може да си оди.„Дебатата беше со почеток во 11 часот и траеше подолго од договореното, повеќе од два часа, каде јас се извинив на присутните бидејќи морав да се вратам на обврските како актуелен градоначалник, за разлика од останатите кандидати коишто ја немаат таа обврска во тек на работното време“, соопшти Шилегов откако се дозна дека тој ја напуштил емисијата.Затоа што покрај заминувањето порано од снимањето, Шилегов сакаше да даде завршен збор, реагираше и Александар Тортески од „Твоја партија“, кандидат за градоначалник на Скопје.„Вие не сте газда на оваа емисија. Ако имате потреба да одите, одете. Јас знам зошто останав. Имам голема обврска пораги група граѓани. Сакате да држите завршен збор бидејќи имате потреба да си одите“, рече Тортески.

Скопје | пред 4 години

bugarski-novinar-bnt-kavadarci-750x411-1

Спомениците на кај Кавадарци не се допрени, Бугарската национална телевизија го демантираше Радев

Двата споменика во близина на Кавадарци на бугарските војници убиени во Првата светска војна, кои се оддалечени еден и пол километар еден од друг, се целосно недопрени, објави репортерскиот тим на Бугарската национална телевизија, кој го посети местото.Во репортажата од терен во околината на Кавадарци, новинарот на БНТ вели дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од Првата светска војна, а уште помалку пак тие да биле уништени, како што рече Радев.Како што јави дописникот на МИА од Софија, екипата на БНТ излезе на самото место за да ја провери состојбата, откако ВМРО и Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија објавија дека при изградбата на автопатот од Скопје до Штип, кој поминува покрај Кавадарци, биле уништени две воени гробишта. Досега, бугарските власти не беа во можност да утврдат што точно се случило.БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта. Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања