ФОТО: Едни од најубавите графити во Скопје!
Фото-приказна за скопските графити.
Скопје | пред 4 години
Фото-приказна за скопските графити.
Скопје | пред 4 години
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.Направени се 3.025 тестови преку: ИЈЗ-274, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово–28, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-130, Биотек-264, Систина-62, лабораторија Лаор-107, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност–32, Генеа-8, Никоб лаб-348, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-42, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 85758, Активни 3372Куманово 11816, Активни 552Тетово 10899, Активни 169Прилеп 9202, Активни 204Гостивар 7986, Активни 65Битола 7229, Активни 191Велес 6485, Активни 311Кавадарци 6073, Активни 161Охрид 6061, Активни 208Штип 5913, Активни 205Струмица 5828, Активни 186Кичево 4036, Активни 137Струга 3813, Активни 60Кочани 3382, Активни 124Гевгелија 2476, Активни 67Неготино 2335, Активни 22Свети Николе 1952, Активни 88Радовиш 1559, Активни 62Ресен 1547, Активни 41Крива Паланка 1519, Активни 119Дебар 1451, Активни 22Берово 1218, Активни 15Делчево 1132, Активни 46Виница 1062, Активни 40Пробиштип 953, Активни 41Валандово 833, Активни 15Кратово 615, Активни 50Богданци 566, Активни 19Крушево 536, Активни 11Македонски Брод 476, Активни 11Демир Хисар 463, Активни 32Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 336, Активни 44Пехчево 316, Активни 1Дојран 140, Активни 1
пред 4 години
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври.“За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142, граѓани, односно 74,9% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани”, велат од МЗ.“Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1382 пациенти со Ковид 19, 1149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2”, додаваат оттаму.
пред 4 години
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска смета дека против неа се води црна кампања од претходниот градоначалник Петре Шилегов, се прават конструкции и се пласираат лаги, за да не се дискутира за него кој како што рече, го крадел буџетот три години.„Би ви била благодарна ако не потпаѓате на политички лаги и манипулации. Немам намера да се пуштам во политички игри на докажување. Тие се политички лаги и манипулации со кои граѓаните нема да дискутираат за овој што крадеше три буџети, туку за мене, која немам никаква дамка“, рече Арсовска.Таа посочи дека немало да се кандидира на изборите, ако имала црна дамка во минатото.„Со манипулации се сечат нашите изјави тука, се пуштаат по медиумите. Јас своето го кажав уште во истата минута кога излегоа да ги испратат овие лаги до медиумите. Јас кажав каде ќе ја побарам правдата за ова што го прават на два дена пред избори? Од првиот ден до денешниот ден се води црна кампања на профилот каде градоначалникот треба да си ги претставува своите проекти. Сакаат да се зборува за теми за да се скрие тоа што го крадеа буџетот четири години. Ако јас сум имала дамка немало тоа да изелзе на два дена пред избори или јас да одам на избори за да се води црна кампања против мене“, додаде Арсовска.
Скопје | пред 4 години
Пред две недели Владата склучи договор за набавка на 40 лаптопи и 40 компјутери, како и компјутерска опрема и сервери, за кои ќе потроши 116.000 евра, пишува Фокус. Договорот е потпишан од генералниот секретар Мухамед Зеќири, а добитник на тендерот е Друштво за компјутерски софтвер, консалтинг, посредување, производство, трговија и услуги ИТ СОЛУТИОН М од Долна Бањица, Гостивар.Од Владата за „Фокус“ посочуваат дека компјутерите се потребни за вработени во Генералниот секретаријат и во канцеларијата на премиерот.-Согласно Планот за јавни набавки од 2021 година, а врз основа на барање од надлежниот сектор и одлука за набавка, спроведена е постапка за набавка за информатичка опрема. Компјутерите се потребни за вработените во Генералниот секретаријат и Канцеларијата на Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, ни одговорија од Владата.Падатоците од Централниот регистар покажуваат дека фирмата која го „лапна“ тендерскиот колач била регистрирана минатата година, поточно во мај 2020 година.Извор: Фокус
Македонија | пред 4 години
Утрово, во 6:30 часот, во близина на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, се случи сообраќајна несреќа, каде се преврте автобусот со вработени. Неофицијално, во автобусот биле вработени кои се враќале од трета смена.Во незгодата има и повредени лица, но се надвор од животна опасност.Од полицијата нема детали и се прави увид.
Македонија | пред 4 години
Неколку видно оштетени возила, уништен дел од споменик и шлеп служби се на терен кај Соборниот храм, по тешката сообраќајка која се случи вечерва.На терен се уште е полицијата која прави увид, а неколку лица се пренесени и во болница на лекување, поради повреди кои ги имале.Неофицијално, станува збор за возачи на автомобилите, од кои едниот има дваесетина години.Несреќата се случи помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“. Оштетен е и споменикот на Климент Охридски кој е поставен на булеварот, бидејќи едно од возилото удрило директно во него. Две од возилата не се во возна состојба.Засега од МВР нема детали за тоа дали има тешко повредени лица.
Скопје | пред 4 години
Земјиштето е приватно, стекнато кога работев во Ирак и кога не се бавев со политика, лагите нема да ви поминат, им порача Максим Димитриевски на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски и пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.Тој се осврна на прес конференцијата на која денеска СДСМ излезе со обвинување дека Димитриевски додека ја извршувал функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште.– И двајцата денеска излегоа со информација за моја наводна злоупотреба на службената положба за купување на државно земјиште. Кандидатот за градоначалник Илиевски во дебатна емисија дезинформира дека имотот сум го стекнал кога сум бил претседател на Советот во општината, додека пак пратеничката Тасевска дезинформира дека имотот сум го стекнал додека сумбил градоначалник. Пред да изнесувате вакви информации потребно е претходно да ги знаете фактите! Точно е дека имам земјиште, но за него се водеше постапка 9 години, а тогаш немав ништо со политика. Како и многу други мои сограѓани работев во Ирак, спечалив пари и купив земјиште, кое не е државно како што вие дезинформирате, туку е купено од приватно лице како и многу други купувачи од мојот град во тоа време кои купија имот на таа локација „Црвенки”. Ова земјиште е уредно пријавено, со документи и сите постапки како мој имот и тоа се гледа во мојата пријавена имотна состојба во ДКСК – вели Димитриевски.Тој им порача на Илиевски и Тасевска пред да излезат заеднички во јавност со дезинформации и обвинувања, потребно е подобро да се спремат.
Македонија | пред 4 години
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 211, Куманово – 32, Штип - 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.• Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.Направени се 2.900 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-26, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156,Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-135, Биотек-98, Систина-61, лабораторија Лаор-98, Синлаб-13, Ремедика-23, Плодност–16, Генеа-6, Никоб лаб-220, ВФВ Медикал-28, Ели Медика-24, Ројал Медика –4, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Kовид состојба 14.10.2021 (податоците се заклучно со 13.10.2021)Новозаразени: 421Тестирани: 2.900Оздравени: 395Починати: 13Вкупно дијагностицирани: 195.963Вкупно оздравени: 182.473Вкупно починати: 6.888Активни случаи: 6.602
пред 4 години
По вчерашната реакција на министерот за здравство Венко Филипче дека има доволно тестови и термини за тестирање за корона во државните институции, со нова реакција се јави докторот Ненад Лазаров, специјалист од Скопје.„На дневна база има повеќе тестови направени "на приватно" отколку "на државно" за време на цела пандемија, евидентно но несоодветно потенцирано, а рефлектира огромен проблем. Апелирам медиумите кои се грижат за народов, тоа да го потенцираат и објавуваат со секоја дневна статитиатика, бидејќи министерот рече дека има доволно тестови а матичните лекари молат за тестови цело време и зошто ако не си имал потреба и искуство по изјавата на министерот испаѓа дека ние сме лудаци кои не знаат што зборуваат... Јас моите пациенти не ги лажам, тестови нема, нема доволно ни приближно, исклучително ретко се случува да закажеш тест а чекање по неколку дена е неприфатливо.Цела пандемија ја пратија од свој џеб луѓето, срам да ви е“, напиша доктор Лазаров.
Коментари | пред 4 години
Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на телевизија, тоа се луѓето од улиците, од плоштадите, од полињата. Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден, напиша на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги. Тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата. Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас. Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток. Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени. Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината“, напиша Мицкоски.
Македонија | пред 4 години
Утрово снежна покривка е забележана во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле. Според видео камерите на страницата skimacedonia.mk најдебел слој на снег има на Стрежево и на Попова Шапка.Снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри. Според најавите на УХМР денеска и утре не очекува студенот време, со врнежи од дожд, додека за време на викендот се очекува мал пораст на температурите и сончеви периоди.Следете во живо:
Македонија | пред 4 години
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово - по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 85342, Активни 3323Куманово 11748, Активни 544Тетово 10890, Активни 183Прилеп 9170, Активни 183Гостивар 7981, Активни 65Битола 7210, Активни 197Велес 6441, Активни 290Кавадарци 6043, Активни 153Охрид 6038, Активни 206Штип 5873, Активни 195Струмица 5817, Активни 200Кичево 4023, Активни 131Струга 3812, Активни 63Кочани 3359, Активни 125Гевгелија 2460, Активни 61Неготино 2331, Активни 23Свети Николе 1942, Активни 90Радовиш 1553, Активни 57Ресен 1546, Активни 44Крива Паланка 1508, Активни 120Дебар 1451, Активни 22Берово 1214, Активни 12Делчево 1127, Активни 41Виница 1059, Активни 43Пробиштип 943, Активни 37Валандово 832, Активни 18Кратово 610, Активни 56Богданци 562, Активни 18Крушево 535, Активни 12Македонски Брод 476, Активни 12Демир Хисар 458, Активни 30Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 323, Активни 31Пехчево 315, Активни 2Дојран 140, Активни 1
пред 4 години
Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која важи за жесток критичар ја искоментира дебатата на кандидатите за градоначалници на Град Скопје.„Го прашуваат Бени и Камиказа актуелниов Шилегов зошто нема вециња на Кеј и во Центар, овој им одговара - поради барокот⁉️ Не, бе, овој Петросаурус какви глупости тресе просто Гоце ,,Вегета" за него е Ајфелова кула. Па, откако виде не може да се вади, зема да им дели лекции дека не смеело да има градби на коритото на Кеј, а Бени го потсети дека веќе има едно старо wc кај мостот Гоце Делчев. А, да...во Чаир се фали Шилегов дека го изградил бул.Х.Т.Карпош, а тој 90 отсто го изгради Коце. Срам те било, кажи бре на Коце е тој булевар!“, пишува Јоци.
Коментари | пред 4 години
Се ожени Маленко по петти пат, а ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/cile_ciki/status/1448027809994231809https://twitter.com/SolarNik/status/1448027029790728198https://twitter.com/tomebato/status/1448025265083408386https://twitter.com/TheFitzzz/status/1448021086109638656https://twitter.com/BabaMiRada/status/1448020452429938700https://twitter.com/gorskivenec/status/1448010028217217025https://twitter.com/TheFitzzz/status/1447988622213500930https://twitter.com/KralicaM/status/1447986675267801090https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1448007814715256833https://twitter.com/TR1k5teR/status/1447978545641402373https://twitter.com/wolf_forest_228/status/1447977784589029381https://twitter.com/mijajsmalava/status/1447969172428926988https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1447887468271919107https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1447956840667619329https://twitter.com/Professor_VA/status/1447947796498292736https://twitter.com/BozhoBozhovic/status/1447945271284060166https://twitter.com/LawBoy30/status/1447944452614541317https://twitter.com/Ibe_Palikukja/status/1447941325911957504https://twitter.com/SmoothManMk/status/1447913614682337283https://twitter.com/Aleksandermen/status/1447936581218734080https://twitter.com/IndijaMen1/status/1447926413789650947https://twitter.com/Ivan81592323/status/1447921219383218190https://twitter.com/denko_bt/status/1447913423250104322https://twitter.com/algorit007/status/1447909768350339072https://twitter.com/TheFitzzz/status/1447909728575709186https://twitter.com/NeSumNaKipar/status/1447900954628706310https://twitter.com/ServiceCrew_/status/1447897541450862594
Коментари | пред 4 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања