ТОП

IMG_6936

Тортески го искара Шилегов: Службеници од Градот ги носите со вас како да ви се слуги

Александар Тортески, кандидат за градоначалник од „Твоја партија“ за Град Скопје му реплицираше на Петре Шилегов кандидат од СДСМ, дека користењето на вработени од Град Скопје за приватни потреби е тешка злоупотреба.„Во однос на начинот на трошење на парите на граѓаните го гледам и во овие емисии кои ги правиме сега. Вие надвор имате службеници од градот кои ги носите со вас како да ви се слуги, а ние ги плаќаме. Тие ви се лични секретарки, кои земаат плата од Градот а ви ги носат тефтерите. Тоа можете да го направите ако се вработени во вашата адвокатска канцеларија или приватен секретар. Не може вработена во вашиот кабинет да биде овде надвор и да ви го носи тефтерот. Тоа е тешка злоупотреба на службената положба“, рече Тортески„Во моментов е 2:05 кога ја снимаме емисијава, во моментов сум се уште сегашен и иден градоначалник“, рече Шилегов.„Овде не сте градоначалник, овде се кандидат за градоначалник и не смеете да ги мкнете вработените од Градот а ние да ги плаќаме. Ви ги носат вас тефтерите и вас на пауза ви сугерираат што треба да кажете. Со мои средства од фирмарината добива плата“, му врати Тортески.

Скопје | пред 4 години

51584929144_5dfd3d58c9_k

Владата донесе куп одлуки: Променети и протоколите за заштита од коронавирус!

Соопштение до медиумиОд 112-та седница на Владата: На културно-уметничките настани во затворено се дозволува до 50% публика со две дози вакцина; Децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште; Спортистите пионери, младинци и кадети можат да ги организираат натпреварите без задолжителен сертификат за вакцинацијаВладата на Република Северна Македонија, на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од КОВИД-19 протоколите.На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата.Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму.Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба.Владата на Северна Македонија денеска ја прифати информацијата на Министерството за здравство дека ќе бидат обезбедени потребните количини дезинфекциони средства во изборните единици за претстојните локални избори како одговор на барањето на Државната изборна комисија.На оваа седница Владата ја разгледа информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг на Република Северна Македонија.За оваа цел Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од 6 (шест) месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите од непосредното соседство и Светската анти-допинг агенција (WADA) со цел размена на искуства од кои ќе произлезат препораки за најдобра пракса согласно релевантни индикатори по што ќе изготви компаративна анализа со можни решенија и препораки за организациската поставеност и фискалните импликации заради основање на Агенција за анти-допинг на Република Северна Македонија.Основање на Агенција за анти-допинг произлегува и од обврските од Меѓународната конвенција за борба против допингот во спортот на УНЕСКО што нашата земја ја потпиша во 2008 година и која, меѓу другото, има за цел да ја намали фреквенцијата на допинг супстанци и останати забранети допинг средства и методи, да ја засили допинг контролата со примена на најнови технологии за неговото откривање, да ја гарантираат ефикасноста на санкциите кои се преземаат против оние кои применувале допинг, како и да соработува со спортските организации на меѓународен план во борбата против допингот.

Македонија | пред 4 години

pino

Падна нова пресуда за Пино Секондо

Кривичниот суд одново и досуди 19 години затвор на Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за помагање во убиството на Пино Секондо. Ова доаѓа откако претходно Апелација и ја укина прсудата и случајот се судеше одново со напатствија да се проложат нови докази. Ѓорѓиевска останува во притвор, а адвокатите ќе поднесат нова жалба.=Ѓорѓиевска која одново е осудена како соизвршител на убиството останува во притвор до правосилност на пресудата или евентуална нова одлука. Нејзиниот адвокат посочи и дека ќе поднесат одново жалба до Апелација со која ќе бараат укинување на пресудата.Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

Македонија | пред 4 години

244678234_294246435871005_6073475485637453502_n

Зимски бран на корона во Македонија не би требало да има, но Филипче не е сигурен во тоа

Министерот Венко Филипче смета дека бранот спласнува, односно дека се намалува бројот на заболени. Тој негира дека нема доволно термини за тестирање во државните здравствени институции, иако докторите постојано реагираат на тоа.„Бројот на новодијагностицирани случаи се намалува. Нема никаква гужва во ЦЈЗ ниту во Институтот. Претходно имаше редици. Лабораторијата е до Министерството за здравство. Не доаѓаат луѓе, значи термини има. Нема информации дека нема термини. Кога имаше потреба, алармираа Центрите и Институтот да се пуштат повеќе термини, рече Филипче.Според него, ако се заразат вакцинирани лица тоа е со полесно форма на болеста, па поради тоа системот не очекува силен бран односно притисок во болниците. Смета дека болниците се спремни и на тоа.„Во однос на очекувањата, навистина е тешко да се каже. Но сметам дека со оглед на тоа што овој бран беше силен и имаше голем број на новодијагностицирани пациенти и пациенти на кои им беше потребно болничко лекување само во градовите каде имаше низок опфат со вакцинација, а во градовите каде беше повисок немаше гужва во болниците, сега на територија на цела држава е пораснат опфатот со вакцинацијата, сметам дека силен бран не би требало да има. Но, тоа не значи дека не треба да сме внимателни и да ја пратиме состојбата. Очигледно е дека вакцинацијата го прави своето. Очигледно е дека има ефект од процесот на вакцинацијата, тоа е докажано“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

zaev-filipce

За две недели дополнителни рестрикции во Македонија, Филипче предложи мерка до Владата

За две недели, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека таа ќе биде наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти. Во однос на скринингот на училиштата, смета дека ќе започне од идната недела.„Моделот за скринингот е готов. Закаснивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следнеата недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-karpos

6 лица починаа и 130 нови случаи на корона се регистрирани

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 1.843 тестови преку: ИЈЗ-52, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Авицена-103, Биотек-100, Систина-49, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–27, Генеа-0, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-45, Ели Медика-15, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 970.Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 85134, Активни 3391Куманово 11714, Активни 548Тетово 10880, Активни 179Прилеп 9156, Активни 189Гостивар 7971, Активни 57Битола 7192, Активни 193Велес 6416, Активни 291Охрид 6037, Активни 224Кавадарци 6033, Активни 153Штип 5868, Активни 201Струмица 5813, Активни 196Кичево 4008, Активни 118Струга 3809, Активни 62Кочани 3343, Активни 121Гевгелија 2457, Активни 62Неготино 2328, Активни 21Свети Николе 1938, Активни 91Радовиш 1547, Активни 61Ресен 1545, Активни 44Крива Паланка 1504, Активни 122Дебар 1451, Активни 22Берово 1214, Активни 13Делчево 1127, Активни 41Виница 1056, Активни 45Пробиштип 942, Активни 39Валандово 830, Активни 16Кратово 606, Активни 55Богданци 561, Активни 18Крушево 534, Активни 11Македонски Брод 475, Активни 11Демир Хисар 458, Активни 30Демир Капија 411, Активни 3Македонска Каменица 319, Активни 27Пехчево 315, Активни 2Дојран 140, Активни 1

Македонија | пред 4 години

orce-kamcev-2

Падна одлука: Пред завршување на изборите, Камчев нема да излезе од затвор

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одби поднесената жалба замена на затворскиот со домашен притвор.Камчев неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција. Но, засега останува во истражниот затвор „Скопје”, во кој влезе пред шест месеци. Ваквата одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена.Притворот му е одреден за случајот „Плацевите на Водно”.

Македонија | пред 4 години

02102021_PVRSM_Zaev_poseta-na-manifestacija-vo-Kocani_2

Заев сака да дочека претседател на држава да е Албанец

На новинарско прашање околу најавениот предизвик од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети за нареден претседател на државата Албанец, премиерот Зоран Заев вели дека ќе го чека моментот кога граѓаните ќе бидат подготвени да изберат не Македонец во оваа земја.„Овде сите сме родени, татковци дедовци ни се родени и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на непосредни избори каде што гласаат граѓаните. Тоа не се договара политички, партиски. Тоа е невозможно“, истакна Заев.Тој вели дека сака да го дочека тој момент.

Македонија | пред 4 години

bugarski-pasos

Европска Комисија става “затка” на Бугарија за пасошите дадени на Македонци

За Европската Комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша. МИА побара одговор од Европската Комисија откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија.Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.-Натурализациите за кои прашување не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.Европската Комисија има регулации единствено поврзани за издавање државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош. Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.-Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции – без вистинска поврзаност со земјата, велат од портпаролската служба на Европската Комисија која се занимава со правда.Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Македонија | пред 4 години

ulica-volkovo1111-1

ФОТО: Кандидатот од Ѓорче кој молзеше крави пишал дека асфалтирал улица која на терен стои со дупки и кал

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски, кој бара втор мандат од граѓаните и во јавноста се прослави со молзење на крави, мета на критики од жителите на општината. Ова е вторпат како во неговата програма/отчет, како реконструирани и асфалтирани се пишани улици кои на терен се со кал и вирови. Овојпат, станува збор улица 7 во општината, која се наоѓа во Волково. Ако се види во програмата на Наумоски, таа помеѓу улиците кои добиле асфалт.„Асфалтирани се следниве улици.... и ул. 7 во должина од 85 метри“, стои во програмата/отчетот со кој бара гласови за нов мандат.На ова реагираше жител на општината кој живее на улицата која е асфалтирана само на хартија.„Градоначалникот бара трпение ,а ја пишал во својата програма дека веќе е асфалтирана, 4 години со трпение бевме сега една седмица пред избори срам ми е со кал на чевлите да гласам. Ул.7 Волково ,под пругата кај старото игралиште“, пишува тој.Ова не е единствена улица која Наумоски пишал дека ја направил, а на терен има кал, дупки и големи вирови по секој дожд.

Скопје | пред 4 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Скандал: ДИК обвинет за бришење на имиња од листи

Државната изборна комисија на гласачкото ливче место „Група избирачи ‘Шанса за Центар’ Јана Белчева – Андреевска, ставила „Група избирачи Јана Белчева-Андреевска“, пишува СДК.На денешната прес – конференција претставниците на Независните граѓански листи од Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Подобро за Тетово, Независни за Карпош – за заштита на Карпош, Стига е – фронт против рудникот и загадувачите на животната средина за Општина Струмица, Босилово и Ново Село, обвинија дека ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи.Тие поднеле и претставка до Народниот правобранител, обвинувајќи дека ДИК отворено застанала на страната на најсилните, а не на најдобрите, за намерно да создаде забуна кај гласачите.„Ние, претставници на независните граѓански листи кои учествуваат на овие избори сакаме да и укажеме на јавноста дека Државната изборна комисија (ДИК) е далеку од нивото на задачата да организира фер и демократски избори. Со своето досегашно постапување ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи и голем број граѓани кои се препознаваат во нас. И покрај нашите укажувања, за разлика од политичките партии, називите на нашите листи тенденциозно се тргнати од гласачките ливчиња, што е намерно создавање забуна кај гласачите. Исто така, на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата“, тврдат независните граѓански листи, обвинувајќи ја ДИК за пристрасност.Целиот текст на СДК.мк

Македонија | пред 4 години

petrovska-zivotna-sredina

Петровска контра Макрадули: Студијата за гасоводот на Водно ја немам одобрено

Не сум учествувала во издавање на ниту едно решение, ниту една дозвола кои што се предуслов за отпочнување на изградба на малите хидроелектрани. Токм спротивното, државниот секретар нема никаква надлежност врз сите постпаки кои што се однесуваат на издавање на дозволи или решенија. Ако бев вклучена во некакви валкани бизниси зад мене немаше да застанат толкав голем број на граѓански организации против моето неправедно разрешување како директор на инспекторато за животна средина, вели Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Скопје.Во врска со објавата на Јани Макрадули за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасоводот на Водно од 2011 година, таа вели дека таа истата ја нема одобрено.„Оваа Студија е работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била консултирана за заклучоците, ниту знам кога е одобрена од Министерството за животна средина. Сум дала одредени елементи и поглавја, меѓутоа не можам да застанам да кажам дека целосно ја поддржувам. Јас не сум ја одобрила и не сум застанала зад нејзе, рече Петровска за Студијата за гасоводот.„Гасоводот не требаше да помине, но јас како архитект тоа не можам да го кажам. Тоа требало да го кажат членовите од тимот кои што биле одговорни за влијанијата врз билошката разновидност“

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-130429

ХИТ ВИДЕО: Автомобили со раце се преместуваат во Скопје, за глас повеќе на изборите

Активистите од Зелен Хуман Град, на социјалните мрежи објавија видео во кое поместија автомобил. Автомобилот беше паркиран на велосипедска патека, а активистите се погрижија истата да ја ослободат.„ Не ни е прв пат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите. Од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, решивме да покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат 😉ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД сака вистинска безбедност за велосипедистите во Скопје“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-140830

(ВИДЕО) „Да си посетите психијатар“, Заев до активист од Левица во Прилеп

За време на одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание во Прилеп државниот врв положи цвеќе на меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“ во Прилеп.Освен државниот врв, на манифестацијата беа присутни и активисти на политичката партија Левица. Делегацијата мораше да ги заобиколува активистите на Левица кои беа во герила – акција и стоеја мирно пред местото каде што требаше да се положи цвеќе.„Зоки немаш лице да се појавиш овде, освен по странските држави. Славете си празник во Бугарија. Ова не е ваша територија“, рече еден од активистите додека Заев се поклонуваше пред споменикот.Премиерот одговори на провокацијата на активистот и му рече:„Да си посетите после психијатар“, на што активностот му предложи да одат заедно на преглед.

Македонија | пред 4 години

grubi-4

Ќе стане ли Груби од политичар познат инфлуенсер?

Првиот вицепремиер Артан Груби на фејсбук ги повика граѓаните да му се приклучат на социјалната мрежа ТикТок.Груби веќе има 1.300 следбеници, а на истиот објавува видеа од кампањата на политичката партија ДУИИсто така во неговите објави се белите патики кои ги носи секој ден и на нив е испишан бројот 3, број за Демократската унија за интергација.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања